1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Производи од кои сте задоволни, а од кои не сте

Дискусија во 'Тело' започната од lily-prune, 10 јануари 2011.

  1. goddess.Of.chaos

    goddess.Of.chaos Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2011
    Пораки:
    1.059
    Допаѓања:
    1.029
    Производи за лице од кои сте задоволни, а од кои не сте

    Наспроти општата еуфорија, мене Здраве ништо арно не ми направи. Мислев делува ама за кратко се уверив дека си праам филм, или никакво дејство или полошо изгледаше местото. Нивеа освен ролонот, чат пат крем за раце или лабело, комплетно се останато ми е катастрофа. Плаво шише со портокалово капаче, ужас. Маскара од Есте Лаудер исто така ужас, како и моливчето за очи (во комплет одеа) којашто црна маваше на зелена и се исуши за рекордно брзо време.

    Задоволна:

    [​IMG]
    Од се што сум пробала за матирање, ова стварно делува, стопроцентно. Одма упива мрсното на т-зоната и стои со саати без никаков сјај. Одличен е серумот, свеж мирис, пумпица фалабогу, мразам да пикам прсти во кутичињата.

    [​IMG]
    Барав некое време кремаста седефаста сенка, прашав на форумов и препораката беше оваа, прекрасна е сенката. Не е скапа, дискретен сјај, многу природна земјена кафена.

    [​IMG]
    Теглава чуда прави. Ја штедам со сите сили зашто е најдобрата хидратантна крема евр што сум ја пробала, инстантно се осеќа на кожата. Немам зборови за кремчето, од текстура до мирис до конзистенција, преквалитетно. Не би ја сменила никогаш ама дебело треба да ја штедам од една до друга што не знам како и дали ќе ми успее. :D Фирмава многу ја сакам, имав крем за раце и термална вода, ролон за околу очи, се е врвен квалитет, но е скапа нажалост.

    [​IMG]
    Пилинг и пол, заносен мирис! :o

    [​IMG]
    И лабелцево, мајка ми ми го тупна на поклон демек, ама многу е убаво. :)
     
    На mims-89, Trendafilka и Sexybaby86 им се допаѓа ова.
  2. swrcii

    swrcii Нов член

    Се зачлени на:
    1 јули 2010
    Пораки:
    723
    Допаѓања:
    270
    Производи за лице од кои сте задоволни, а од кои не сте

    Незадоволна сум од:
    Голден Роуз маскарите (ја имам оваа розевата и порано онаа со златно капаче КАТАСТРОФА) посебно таа со златно капаче абе никаков ефект.., едино од црвената сум задоволна и многу ефтина е.Исто незадоволна сум од пудрата на макс фактор..не ми одговараше на мојата кожа ептен свети и леплива е, и доолго фалената здраве и медика идеал...добри се за некое мозолче, но за друго никако! едино ако имаш премрсна кожа...
    Задоволна сум од нивеа млекото за тело, дебора сите пудри и кармини, исто и едно моливче на Мода во поголемите пафримерии го нема за срека во едно продавниче го најдов :D за 70 денари мрсно, и многу пушта црно..презадоволна:)
     

    Прикачени фајлови:

  3. Chimera

    Chimera Популарен член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2013
    Пораки:
    982
    Допаѓања:
    1.624
    Производи за лице од кои сте задоволни, а од кои не сте

    Ииии официјално од денес, влегувам во групата на презадоволни корисници на кремот Здраве, аман луѓе чудо е кремов, денес прв пат го ставив и вееднаш лицето омекнува, ама секундарно :D значи презадоволна сум од кремов и плус од глициринскиот сапун за лице.
     
    На A-j-a му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Tambolina

    Tambolina Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 февруари 2013
    Пораки:
    38
    Допаѓања:
    12
    Производи за лице од кои сте задоволни, а од кои не сте

    Задоволна сум од

    -Рицинусово масло од Галафарм

    -Четките од Орифлејм за блендирање и коректор
     

    Прикачени фајлови:

  5. LilBaby

    LilBaby Популарен член

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    3.458
    Допаѓања:
    7.886
    Производи за лице од кои сте задоволни, а од кои не сте

    Задоволна сум од еднобојното руменило на Флормар.
    Уште еднаш Флормар не ме разочаруваат со нивните производи. Барем јас не забележав светки, можеби се минијатурни. Трајно е, и бојата му е идентична со перлите кои долго време ги користев.


    [​IMG]

    Задоволна сум и од оваа маскара, веќе спомната во истоимената тема. Си ја пронајдов за мене совршената маскара и не ја менувам. За ефтини пари ми ги прави совршени трепките, кои ми се сиромашни и малечки.
    Сликата не лаже. :!:


    [​IMG]
     
    На Hipster, Sexybaby86 и Doozy им се допаѓа ова.
  6. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    17.819
    Допаѓања:
    102.689
    Пол:
    Женски
    Производи за лице од кои сте задоволни, а од кои не сте

    Навистина убави ги прави трепките , според сликава гледам , а и доста ефтина е , блазеси ви вие што можете да си купите производи од Есенс овде кај што живеам во Гр ги нема :@
     
  7. PinkGir123

    PinkGir123 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2012
    Пораки:
    1.125
    Допаѓања:
    759
    Производи за лице од кои сте задоволни, а од кои не сте

    Задоволна од следниве производи:
     

    Прикачени фајлови:

    • images (1).jpg
      images (1).jpg
      Големина на фајлот:
      3,2 KB
      Прегледи:
      809
  8. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.071
    Производи за лице од кои сте задоволни, а од кои не сте

    Презадоволна сум од минералната пудра во прав на Артдеко, лицето го прави стакло. Доволна е само бб крема или пак некоја крема за лице како подлога и одозгора со голема густа четка за пудра во прав да се нанесе на лице. Го прави лицето мазно, многу лесно се нанесува, не се собира и не се прават грутки на некои места (тоа сепак многу зависи и од четката), се чувствува леснотија и свежина на лицето и многу е погодна за топло време кога секоја пудра се растекува од фацката.
    [​IMG]

    Презадоволна и од ајлајнерот на Артдеко. Многу е лесен за нанесување и неверојатно е траен. Остава интензивна црна боја.
    [​IMG]

    Не сум задоволна од коректорот на Артдеко. Многу слаба покривност за таа цена :Down:
    [​IMG]

    Многу сум задоволна и од козметиката за нега на лице и тело од Лавера, ама за тоа ќе напишам во „Омилени продукти на месецот„ :)
     
  9. anabel-a

    anabel-a Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2011
    Пораки:
    3.333
    Допаѓања:
    15.497
    Производи за лице од кои сте задоволни, а од кои не сте

    На прво место ми е млекото за чистење на лице од Balea.
    Некои си минимални 100-тина денари го земав ми се чини, а ми го освежува лицето како ништо друго претодно. Значи дефинитивно најголем дел од прозиводите за лице на Балеа ми годат.
    [​IMG]

    Руменилото за лице од Maybelline - 62 rosewood, втора на листата.
    Убава природна розева боја дава, јас како што сум бела, да не речам бледа во фацата - ми стои одлично. Доста е трајно и има преминимални светки, не се приметуваат воопшто. Дава на свежина, како и да е.
    [​IMG]

    Tрето нешто, од кое сум најзадоволна е маскарата на GOSH - Show me volume. Совршена е во секој поглед! Јас обично многу тешко се прилагодувам на одреден тип маскара, ама оваа е предобра, не планирам во скоро да ја сменувам. Т.е, четкичката со сигурност ја задржувам.
    :D
    [​IMG]

    Коректорите на Gosh и Maybelline ми се секогаш на листата производи од кои сум задоволна, не би ниту нив да ги менувам. Покривни, трајни, вредат за секој денар.
    [​IMG]
    [​IMG]


    E сега, има две групи проиводи за лице што никогаш повторно не би ги купила со сигурност, за разлика од овие горе што ми се ол тајм фејврит и не ги менувам.

    *Производи од Авон, што беспотребно ги нарачував.
    Пудри со мат ефекти што врска немаат, пудри во прав, тушеви што немаат ни Т од туш и разно разни други тралалајки. Ќе си патентирам ново именце со make up no-no's, специјално за нив. Значи сите овие во иста корпа.

    *Друга група ми се ББ кремите на Римел, поужасно нешто немам користено. Барем за моето лице, беа претешки и не малце не вредат за цените. Не сакам да верувам дека ради нив почнаа нагло да ми излегува свега свачега на лицево.
     
    На Hipster му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.592
    Производи за лице од кои сте задоволни, а од кои не сте

    Незадоволна од оваа маскара на Гош. |(
    GOSH Irresistible Intensity Mascara
    [​IMG]
    Беше на 50% попуст на ДМ, околу 215 ден. јас се залетав мислејќи дека е супер (а за уште 100 ден. ќе си земев совршена маскара на Мејбелин, ама ајде...). :^)
    Маскарата е ужасна. Ниту течноста внатре има добра структура, дури мислев да не ѝ поминал рокот на траење. Четката е исто глупава и нема никаква корисна намена.
    Маскарите на Голден Роуз се подобри од оваа, ова е 100% утнат производ.
     
  11. rainlover

    rainlover Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2010
    Пораки:
    969
    Допаѓања:
    632
    Производи за лице од кои сте задоволни, а од кои не сте

    Каков шопинг сум направила пред некоја недела во ДМ Сити Мол, супер ми дојде купонот -15%, земав се' што ми дојде при рака, и што ми треба и што не ми треба, небаре без пари даваат :lol:

    1. Дневната крема Afrodita Calendula - дефинитивно мојата нова дневна крема. Преубава! Нареден пат ќе ја земам и ноќната.
    [​IMG]

    2. ББ крема - Garnier - збогум и кажувам на пудрата кога станува за дневни излегувања.
    [​IMG]
     
  12. cvetce93

    cvetce93 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јануари 2011
    Пораки:
    1.434
    Допаѓања:
    575
    Производи за лице од кои сте задоволни, а од кои не сте

    Задоволна сум од 2 во 1 тоникот и гелот за чистење лице, преубава ми ја остава кожата на лицето и конечно се ослободувам полека но сигурно од тие ужасни црвени точки што ми се прават од сонцето [​IMG]

    По незнам кој пат кажувам, презадоволна од маските за лице на Балеа, не сум видела дали ги има во поголемо паковање мислам не, па затоа секогаш си купувам залихи
    [​IMG]
    [​IMG]
     
  13. kala21

    kala21 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2013
    Пораки:
    1.895
    Допаѓања:
    15.405
    Пол:
    Женски
    Производи за лице од кои сте задоволни, а од кои не сте

    Подобро нешто нема за моево лице :)
     

    Прикачени фајлови:

  14. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.777
    Допаѓања:
    22.415
    Пол:
    Женски
    Производи за лице од кои сте задоволни, а од кои не сте

    1.Сенките на Гош ми се едно од подоброто нешто што сум го купила.
    [​IMG]
    Јас ја имам кафената, и дефинитивно ќе земам уште некоја боја.
    На почетокот не бев нешто воодушевана од боите, темната ми беше многу темна, а светлата пресвтла,амакога убаво ги насенчав со четката многу нежна и убава боја се добива.
    Посебно трајноста им е на ниво, без подлога одоздола стојат вела вечер и не се собираа на капакоот онаа грозна линија.
    Цена некаде околку 300 денари, ама вредат секој денар.
    Гош ме изненадуваат се повеќе и повеќе со квалитетот

    2.Max Factor Face Finity All Day Flawless 3 in 1 Foundation премногу добра пудра со одлична трајност, без камена, во прав ништо си стои како недобрена цела вечер.
    Цена 800денари

    и
    3. Лаковите со многу густи светки на голден роус
    Имам гелни нокти ама стари се веќе 5-6 недели, и пошто слаба сум со време па и пари за да ставам нови, за да не се познава дека ми се многу пораснати си о пополнив со лаков.
    Од што се густи светкитеделуваат како гел, ептен убаво доаѓа,ем ефитно ем убаво и среден изглед.
    За цена од 50 денари си ја вршат и повеќе од добро работата.
    [​IMG]
    [​IMG]

    A не сум задоволна ич од дезодорансите за пазуви и Балеа и еден на Гош, првите убаво мирсаат ама немаат никаква трајност, другиов ни тоа ни тоа, лош и јак мирис за дезодорас.
    Не беа скапи,ама џабе кога не ги бива.
     
    На drugarka му/ѝ се допаѓа ова.
  15. wolf4e

    wolf4e Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2010
    Пораки:
    2.285
    Допаѓања:
    1.893
    Производи за лице од кои сте задоволни, а од кои не сте

    Hе сум задоволна од овај коректоров на Eсенc,го имам тој што 3 во 1 и од него сум презадоволна,па се надевав дека и овај ке е добар,но не покрива ништо ни подочници ни акни ништо,а и тешко се размачкува,џабе го купив :doh:

    [​IMG]
     
  16. anu6kaa

    anu6kaa Популарен член

    Се зачлени на:
    3 август 2010
    Пораки:
    1.314
    Допаѓања:
    429
    Пол:
    Женски
    Производи за лице од кои сте задоволни, а од кои не сте

    од каде ја купи? колку пари? :)
     
  17. RainDrop

    RainDrop Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јули 2012
    Пораки:
    129
    Допаѓања:
    20
    Производи за лице од кои сте задоволни, а од кои не сте

    Поминат и е рокот сигурно, на неа пишуваше произведена 2010, а рок на употреба 2 години од дата на произвотство, имаше уште три типа и јас земав друга која беше од 2012.
     
  18. charliee

    charliee Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 март 2012
    Пораки:
    816
    Допаѓања:
    716
    Пол:
    Женски
    Производи за лице од кои сте задоволни, а од кои не сте

    иич не сум задоволна од-
    -новине лакчиња на голден роус со светките/многу брзо се сушат
    -од маскарата од ла колорс ватерпруф
    -од маскарата на jullu rose буквално е течна
    -колекција за акни себа мед
    задоволна од-
    -дав сапунчето
    -нивеа кремите
    -сјајчето од вери ми пинк ми прфект
     
  19. nevesta

    nevesta Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 март 2010
    Пораки:
    286
    Допаѓања:
    110
    Производи за лице од кои сте задоволни, а од кои не сте

    кај ја најде маркава ? кај нас ја има? очајно ја барам ама без успех :(
     
  20. rainlover

    rainlover Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2010
    Пораки:
    969
    Допаѓања:
    632
    Производи за лице од кои сте задоволни, а од кои не сте

    Најдобриот гел за миење лице што го имам користено. Таман за мојата пресува кожа. Со години го користев Nivea Oxygen Power, ама дефинитивно ќе го сменам на некое време со овој на Балеа.
    [​IMG]

    Уште еднаш се уверив дека Гарниер шампоните, регенераторите, маските не се за мојата коса и незнам уште колку шампони треба да пробам за да се уверам дека за мојата коса подобар шампон од Wash&Go нема. Ги земав шампонот и регенераторот со Алое Вера, не само што косата ми е мрсна веќе наредниот ден, туку полна сум со првут :tmi:
    [​IMG]