Не најдов ваква тема, затоа ја отворив, ако има затворете ја. Значи вака, имам широчки стапала, притоа носам број 40.. Не можам штикли да си облечам и некои чизми. Едноставно нога не влегува! Имам широки листови можеби од тоа е. Не можам само сандали да носам. Сакам да сменам! Ако знаете, кажете ми начин да ги ослабнам инаку не можам да продолжам со патики па веќе голема сум ! :/
Не можеш да си ги прошириш стапалата, нема начин за тоа. Едноставно ќе си бараш широки обувки, мајка ми има широки стапала и ретко ретко да и се погодат некои, ама на пример за една вечер може да се издржи,ако ти е за излегување, иако после е цела со плускавци.
и јас носам 39/40-ка и имам големи листови па ногата ми е преслаба, до листовите биди сигурна не е дебелината на ногата... јас едвај наоѓам тесна салонка и сл бидејќи се ми е огромно од страна. и обично салонките се широи во страна, или мене ми се чини
Па што знам.. инаку знам дека некогаш не ме собира во некои патики, а за штикли да не правиме муабет :/
се најдов и јас значи исто имам проблем со широкиве стапала,боље кажано ШЛАПАТАРКИ. за патики немам проблем,носам 37/38. И скоро секоја патика ме фаќа. Ама штикли.. онака широка бабинска 40ка,друга форма никако,само со полиција епа,нема чаре од ова,свашта сум пробувала.А колку се нервирам кога ќе видам убава штикла,пробувам и никако не иде греотка.
И јас имам широки стапала и имам проблем со обувките. Секогаш земам еден број поголем но да не бидат отворени во позадината. Тоа е што да се прави.
Девојки немојте да се навредите,јас мразам широки стапала,нема посебна причина само од себе ми е така,ама не се секирајте не ги оценувам луѓето според стапалата.
Ќе си правиш вежби за стапала, горе-доле, лево-десно, стегни ваму, стегни таму... Редовно за да си ги затегнеш мускулите, па со текот на времето покомпактни ќе ти бидат.
Многу ме интересира, како тоа покомпактини ќе ти бидат??? Од нога 40, 37 не се прави со вежби!!! Факт е дека со текот на годините стапалата посебно кај жените се зголемени. Генетика тука си има голема улога ама и онаа фазата кога сите бевме во широки патики не ни помогна многу. Начин да се стеснат стапала нема, освен ако не изигравате маќеата од Пепелашка, па сецни палче ваму, сецни пета таму. И јас немам мала нога, носат 40-41 зависи од калап, ама луѓе бре па се наоѓаат броеви барем денес. Најбитно е да не ги мачите нозете, да ги пикате во ненормално тесни кондури. И за девојки со поголеми стапала денес може да се најде апсолутно се од чизма, до штикла и сандала.
кажете ми каде може да се најде? ..сандалки нигде неможам да најдам се е до 40 а јас носам 41 ств сум загрижена незнам што ќе правам ://
Како ли ќе носам штикли ова лето? Имам еден пар од нова година, обична црна салонка и тие на среќа ги најдов во кои ме собра. За брзо ќе одам по нови сандали а и штикли по можност од ониее на полна пета високите во една боја што се, али тешко да влезе во тие моево ноџиште, а баш ми е криво дека нема да ги имам