Јас сум ПРОТИВ солариумот!!! се што е вештачко се разбира дека има недостатоци. ако не сум грешка мислам дека во Австралија со закон е забранет солариумот поради тоа што за рекордно време многу жени со рак на кожата пријавиле дека претходно оделе на солариум. не не не. еднаш да пред одмор ако веќе ептен неможиш да издржиш ма да јас имам премногу бел тен и издржувам да не појдам на солариум и малку по малку од 10 минути сончање во дено добивам преубав бронзен тен. само треба да бидеш трпелив солариум - НЕ !
Јас одам 3-4 пати годишно по 15 мин на солариум, обично некаде на почетокот на јуни за да фатам малку боја, оти бела си сум. Неможам таква да се гледам, ко сирење
Сум против солариумот ! Јасно ми е ајде, сакале да фатат боја за матурска, за некоја блиска свадба што им е важна и слично и океј ајде да одат, но не ми се јасни оние што преку целата година одат на солариум за да одржуваат некој тен и покрај тоа што се свесни колку е штетен, а уште повеќе со онаа постојана употреба кои тие ја практикуваат. До душа ни природното сончање не е здраво веќе, озонските дупки се проширени, го нема веќе оној заштитен слој кој што некогаш го имало и ги штител луѓето од ултравиолетовите зраци кои за разлика од тогаш се многу големи. Па затоа и кога се сончаме на сонце треба многу да се внимава. Да се обрне внимание на заштитните фактори и најмногу на тоа во кој период од денот се изложуваме од сонце. Процентот на луѓе заболени од рак на кожа се повеќе се зголемува, и треба да се разбере дека сето ова не е шала и не е како што било некогаш. Многу јасно дека исончаниот темен тен стои дека дека поубаво , но ако за да го добијам истиот треба да си го ставам на ризик здравјето и да се изложувам било на ултравиолетовите зраци од сонцето, било на солариум- НЕ ФАЛА. Здравјето ми е скапоцено.
ПРОТИВ!!!! Штетно е сонцето, а не па солариумот. Солариумот е канцероген апарат кој може најлесно и најбрзо да предизвика малигнен меланом(рак на кожата), исто од солариумот може да се предизвика и пребрзо стареење на кожата, пеги и бенки, а и забрзано умирање на епителните клетки. И можно е нарушување на здравјето. Жал ми е што ги набројав штетните страни на солариумот, но јас не гледам позитивни. Спојлер И немојте да мислите дека туку така само зборувам за ова, ова го учев на училиште бидејќи учам за козметичар и многу добро ги знам нековите позитивни и негативни страни(кои ги има повеќе) Па ако сакате здравјето да си го ставите на повелете, но сепак пред да одите на солариум размислете.
до сеа дискутиравме за колку време може да се поцрни ова она..а сеа ме интересира уште нешто,за тие што имаат искуство.бојата што се добива колку време стои,за колку време паѓа??седи 1месец ил подолго,зошто така е од сонце обично
Devojki imam premnogu bela koza i golem problem so sonceto naednas vcrvenuvam ako ne koristam krem so faktor 50. razmisluvam za solarium dva pati da pojdam pred odmor dali ke fatam boja ili samo ke izgoram kako i so sonce.Ako ima nekoj sovet za "belive" slobodno da mi kazi.isto taka koristev kantarionovo maslo lani zaedno so losion od deborah cosmetics so 50 faktor i ne izgorev voopsto no bojata sto ja dobiv od masloto bese kafeno-crvena bas kako zemja. [mod-kirilica:1g9bir2m][/mod-kirilica:1g9bir2m]
Ако решиш да отидеш на турбо солариум, штом си толку бела, како за прв пат немој подолго од една минута.
најдобро е да се консултираш со козметичарките во салонот каде што ќе одиш, а како што знам најмалку 5 третмана се доволно за да фатиш боја бар мене така ми рече таа од силуете најдобро прашај си
ПРОТИВ!!!!!!!и тука нема што да се коментира,ги знаеме последиците од користењето солариум,значи не зборувам за често дека само за тоа сум против туку за никакво да нема.исто имам прочитано податок дека девојките што почнуваат да користат солариум уште во 20тите имаат 70%поголем ризик да заболат од карцином на кожа,така да не фала!а и да не биде најлош случај карциномот има уште други 300та кожни болести кои се тешки за лекување!
леле ме испоплашифте искрено,само што наполнив 16год а веќе сум била доста пати во солариум и планирам да продолжам ама страв ме фати ,ств може да ми се деси нешто или мала е веројатноста ?
Одам во солариум 5 пати годишно и тоа сега, овој период.Како припрема да не се испржам на плажа зашто сум прозирна, не бела Имам еден другар кој по 1 саат се печеше во солариум..мислам сеуште тоа го прави. Јасно е дека се што е претерано е штетно. Пет минути пет пати годишно, не е некоја голема штета. Напротив, поштетно е пет пати да прошетам на +40 С по горештините. А тоа дека предизвикува рак на кожа-јас сум пушач. Цигарите предизвикуваат рак на белите дробови. Епа ај да земеме да отидеме на планина и ништо да не правиме за свое лично задоволство само за да не се разболиме. На крај ке се сопнеш од камен и ке умреш..ако ти е шкртнато така.
Се изначитав глупости на темава. Од горење, до пржење на органи, па умирачка од 10 третмани годишно итн. Единствено нешто за кое се согласувам е дека има реакција на кожата, како што може да се појави и од крема. Солариумот е штетен ако се злоупотребува постојано. Што значи ако не се појави реакција на кожата, за некој што посетувал солариум еднаш годишно, не сум чула да скинал конци. Бојата која што се добива од солариум е вештачка. Што значи е припрема за одмор, а не е боја што се добива од сонце. Оние што се со побел тен, како што сум јас, не горат. После 20 минутно кварцање во капсула, потемнуваш веднаш, но затоа ако не идеш на одмор и не се сончаш на сонце бојата ќе ти падне за месец. Затоа не можеш да изгориш во капсула, на неонка која што е не е пуштена на максимум. Тие што работат со капсулите знаат колку и како и по колку минути. Не можат органи да ти спржат. Значи негативности на солариумот се: - Можна е алергија која што излегува уште по првите минути. Решение: Стануваш и си одиш. - Бојата која што си ја добил не трае повеќе од месец. Решение: Одиш на одмор и се сончаш на сонце. - Кварцањето во салоните е скапо. Во помалите салони најефтини третмани се 5 за 1000 денари. Позитивни работи: - После 20 минути, бојата веднаш излегува. - Не можеш да поцрвенеш па да поцрниш. Солариумот не е исто што и сонцето. - Се сончаш до малото прсте на ногата. Што значи се кварцаш во танга. - Од мое искуство солариумот ги гори мозолчињата буквално сегде. За време на третманите и после два месеци од нив не ми се појавија мозолчиња. Заклучок: Не смее злоупотреба на капсулата секој ден. Тука немаме смртни случаеви зашто луѓето немаат пари за кварцање секој ден.
Јас сум против солариумот имам слушнато многу негативни работи, од болести,алергии,страдање на јајници....и уште многу други работи. Иако имам бел тен,не би отишна на солариум.
Леле мене како ми се оди пак - почна да ми паѓа бојата од летото, а си се сакам кога сум потемна. Можно е деновиве да одам да добијам некој есенски тен- сепак не личи да си пресончан во ноември