Се практикува со четка со природни влакна на сува кожа, обично наутро пред туширање. Кожата се четка од рацете и стапалата спрема срцето за да се стимулира лимфниот систем и да го убрза процесот на исфрлање на токсините. Исто така ги отстранува и мртвите клетки на кожата и со тек на време станува мазна. Како што читав по странски сајтови и форуми на многумина им помогнало да го намалат целулитот,стриите и ја затегнува разлабавената кожа на трудници на оние кои нагло ослабеле. Еве еден клип да видите од прилика како изгледа тоа (инаку треба да бидете скроз голи кога се четкате) http://www.youtube.com/watch?v=JoTBP_WJy9E Четката треба да е од природни влакна, не од синтетички. Алтернатива е луфа. При четкањето треба да се избегнуваат деликатни места како брадавиците, гениталиите и повредена и воспалена кожа. Дали некој од вас го практикува сувото четкање? Чекам пофалби и поплаки. На странскиве форуми читам само пофалби и затоа ќе си почнам, но со луфа. Ако знае некој каде да најдам четка со природни влакна му благодарам однапред.
Вакви четки има во Космо-Тинекс и никогаш не ми беше јасно за што се користат ама сега ДА. Четкање на суво ако почнам ќе споделам искуство
Леле исто и јас, ги гледав четките ама благе везе немав за што служат. Претпоставував за бањање, ама јас си имам убава ракавица плус долги раце па не сум им обрнала внимание многу многу. Го изгледав видеото и ми делува многу интересно, фино размрдување од сабајле посебно пред работен ден. И онака имам слаба циркулација па ова претпоставувам добро ќе ми дојде кога веќе ме мрзи да вежбам од сабајле. Ќе си набавам сигурно четка и ќе пробам, нема што да изгубам.
Многу е убаво ова Почнав редовно да го практикувам. Имам многу слаба циркулација и постојано ладни екстремитети и ова наутро ми помага и ме буди.
Почнав пред околу една недела со четкање и вежбање. Кратко е времето, но ја чувствувам кожата малце позатегната. Се надевам дека ќе ми помогне да го намалам целулитот.
Ајде ја активираме малку темава ако може. Јас почнав со суво четкање многу одамна. Фатив некаков ред недела-две и после тоа имав некои обврски, па престанав и толку беше. Не продолжив. Ја изгубив и четката при пренесување натаму-наваму. Сега сакам повторно да почнам, па ме интересираат вашите искуства. Дали некоја од вас редовно го практикува сувото четкање? Колку време ви одзема? Дали имате некакви резултати? Од каде купувате четки?
Мојата четка е од орифлејм поодамна ја имам купено ама не ја користев. Искрено не знам дали и колку е исправно, но на неколку места прочитав дека треба да се применува два пати неделно по 10тина минути и тоа го практикувам. За резултати е сеуште рано, но ако ги има секако ќе споделам.
Го правев ова едно време, како препорака за стимулирање на лимфниот систем и со тоа имунитетот и подобрување на квалитетот на кожата. Потоа ми се смачи и баталив. Го правев навечер пред туширање и потоа знам дека требаше да се тушираш со топла па со ладна или млака вода. Делуваше ефективно на изгледот на кожата, па и таму каде целулитот ми е видлив така што кожата ми беше некако помазна.
Сега не го правам ова од чиста причина што немам време. Кога бев средно тетка ми ми даде книги за убавина и здравје напишани од 70-те и 80-те. Книгите беа сеопфатни, со универзални правила за нега и грижа, кои еве до ден денес не се сменети. Покриваа лице и тело, козметика, типови кожа на лице и посебна грижа за нив, одење на козметичар, околу основна хигиена, спортување и држење, шминка, избор на облека по тип на тело и фризури по тип на лице, значи основите...Во нив првпат прочитав за сув пилинг на тело. Се прави или со четка со меки влакна или со фротирска ракавица. Јас правев со фротирска ракавица, специјални четки тогаш не ни се продаваа, по истиот принцип кој е овде опишан. Значи од краевите на екстремитетите кон средината на телото и со кружни движења на дланката на сува кожа. На 3 дена негде го правев.. Ефектите беа следниве: -кожата е подобро снабдена со крв и со отстранети мртви клетки од неа (нема првут и сл). На изглед беше побела, нежна и мазна/сјајна. - немав студени раце и стопала заради лоша циркулација - бидејќи редовно вежбав и некогаш имав воспалени мускули, ми помагаше побрзо да ми помине болката во мускулите - ако редовно се прави визуелно приметував дека целулитот изгледа подобро, порамно
Јас најмногу би практикувала за подобрување на циркулацијата и намалување на видливоста на целулитот. Од тоа што имам читано, може да се прави два до четири пати неделно пред туширање. А има и луѓе што го прават ова наутро за поттикнување на циркулацијата. Треба да се внимава колку се притиска со четката/ракавицата затоа што на некои делови од телото кожата е потенка. Сметам дека ако помалку се притиска со четката/ракавицата, може почесто да се практикува сувото четкање. Тоа секако зависи и од чувствителноста на кожата. Не треба да се практикува ако имате многу чувствителна, иритирана или оштетена кожа.
Четката треба да биде со природни влакна. Мојата мислам дека ја купив од дм, не се сеќавам точно, со долга дршка за полесно да стигнеш сегде да се поминеш.