1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Вашата прва менструација

Дискусија во 'Тело' започната од rockstar, 25 септември 2010.

  1. vitanova3159

    vitanova3159 Активен член

    Се зачлени на:
    6 јули 2012
    Пораки:
    12
    Допаѓања:
    0
    a dali otkako kje dobijam kje rastam uste ili mn pomalku ??
     
  2. Wonderfulx

    Wonderfulx Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јули 2013
    Пораки:
    48
    Допаѓања:
    11
    Пол:
    Женски
    девојки имам 14 години и 9 месеци значи ближам 15 години а уште немам добиено. искрено не сакам да добијам ми е страв дека нема да се извишам затоа што сум ниска и сакав да ве прашам дали после добијаната менструација се расте?
     
  3. ariela09

    ariela09 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 октомври 2012
    Пораки:
    945
    Допаѓања:
    1.765
    Нема врска ова. Јас бев ќепек коа добив сеа сум прилично висока. Кога добиваш ништо не се менува, само стануваш жена и добиваш дозвола да забремениш.
     
  4. hristijana-13

    hristijana-13 Активен член

    Се зачлени на:
    6 мај 2013
    Пораки:
    23
    Допаѓања:
    2
    Родена сум на 4 Август, а добив менструација на 14 Јули, такада имав 12 за 13 години.
    Се вратив од излегување со другарките во 10ипол и бидејќи лето, не се оди на школо, си седев некаде до кај 4 сабајле. И пред да си легнам отидов до ВЦ и видов мал темно кафен круг ама не му дадов многу значење па си легнав после тоа. Другиот ден попладне, забележав пак и тоа многу голем круг и ми текна ...Цркнав од радост бидејќи веќе повеќето од моите другарки имаа добиено, а ја и уште 2-3 немавме :wasntme:
     
  5. simonna.a

    simonna.a Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 февруари 2013
    Пораки:
    4.449
    Допаѓања:
    32.641
    Пол:
    Женски
    Јас ја добив сабајлето пред да тргнам на училиште...се проверив убо и бев информирана и знаев се како треба да правам....тоа беше некаде декември месец-минатата година на 15 години :^)
     
  6. atala

    atala Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2011
    Пораки:
    1.163
    Допаѓања:
    940
    Пол:
    Женски
    Јас првпат добив менструација на 12 години на 10-ти јуни 1995 -та година на последниот ден од 5-то одделение кога бев на училиште втора смена,а јас добив сабајлето! :D :) Иако мајка ми убаво ме информираше за сето тоа јас сепак бев многу изненадена затоа што не ја очекував уште,мислев дека треба да ми дојде на 14 години исто како на мајка ми,иако една моја соученичка и моја подалечна роднина веќе имаше добиено на возраст од 11 и пол години,јас мислев дека рано ми е дојдена,иако мајка ми ми имаше кажувано дека нејзината добра пријателка добила уште на 9 години,во мојата свест беше зацртано дека ми е рано и пкрај тоа што јас бев развиена и многу висока,а и срамните влакна долу сосема ми израснаа неколку месеци пред да добијам! :P Кога видов крв на гаќите јас не и кажав веднаш на баба ми,туку кога мајка ми се јави на телефон од работа,јас и кажав на неа дека не сум сигурна дали е тоа или сум искрварила бидејќи не сум миена долу и баба ми слушна,па отидовме во ВЦ да провериме и таа ми рече дека навистина е тоа и ми даде влишки и чисти гаќи и потоа направивме еден адет со тоа што ме натера да седнам на вреќа со брашно и да кажам:Како што е брашното бело така и гаќите да ми се перат! ;) :rofl: А,втората,пак менструација што ја добив во мојот живот беше вистински циркус! :tmi: Јас ја добив по 41 ден,на 20-ти јули и ја добив одзади на газот кога се избришав видов крв,па читав во Народниот лекар што ми е и мислев декаимам хемароиди и дека ќе умирам,па ставав тоалетна хартија,прокрварив и напред,но ни на крај памет не ми беше дека сум добила менструација!Потоа ги сменив гаќите,ги ставив крвавите во машина и ви чистите пак ставив тоалетна хартија и вечерто кога мајка ми дојде од работа и покажав и и кажав дека сум мислела дека имам хемароиди и дека ќе умирам,а таа ми рече:Па,менструација ти дошло,бре дете! :o :tmi:И баба ми влезе со крвавите гаќи да праша кој ги ставил во машината и многу беше смешно што и двете беа со крвави гаќи во рацете! :D :tmi: Ете, и за мене беше шок,иако бев добро подготвена за такво нешто!
     
  7. Moon.Girl

    Moon.Girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 август 2013
    Пораки:
    143
    Допаѓања:
    156
    Јас првата менструација ја добив 5 дена пред да напунам 14 години поклон за 14 роденден :lol:
    Бидејќи бевме на летен распуст ја добив додека бев дома и бидејќи бев информирана за се земав влошка и си ја ставив и ништо не ми беше чудно :)
     
  8. Anne15

    Anne15 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 февруари 2012
    Пораки:
    762
    Допаѓања:
    244
    Пол:
    Машки
    Рано ептен.Четврто одделение бев.Се спремав за на училиште и одам во WC гледам темно кафена течност на гаќичките. Се зачудив и ми текна.Ама си велев не е можно да сум добила,премногу е рано.
    Не бев воопшто исплашена. :geek: :geek:
     
  9. sofijanoka

    sofijanoka Популарен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2013
    Пораки:
    2.652
    Допаѓања:
    15.512
    Пол:
    Женски
    6то одд мислам беше...дома си бев,без паники и такви ствари... :)
     
  10. the.one

    the.one Популарен член

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    564
    Допаѓања:
    797
    На 10 години, летото помеѓу 4то и 5то одделение. Бев на одмор за Грција со моите. Нормално за се бев информирана веќе и немаше простор за паника, и кажав на мајка ми, ми даде влошка и до крајот на одморот не се бањав.
     
  11. richgirl998

    richgirl998 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2012
    Пораки:
    320
    Допаѓања:
    286
    Беше лето и таа вечер требаше да одам на концерт и одам во WC и гледам крв на ѓаќичките. И, кажав на мајка ми, ми даде влошки и така нервозна бев таа вечер дека за прв пат добив :lol: Мислам дека имав 12 години. Петто за шесто одделение ќе одев.
     
  12. Victory15

    Victory15 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 септември 2013
    Пораки:
    69
    Допаѓања:
    160
    На 12 години у аеродром :D само што се враќавме од Верона
     
  13. Macedonian08

    Macedonian08 Активен член

    Се зачлени на:
    9 септември 2013
    Пораки:
    15
    Допаѓања:
    1
    9 дена пред да наполнам 12 години :D Лани лето, на 31 јули :rofl:
    Информирана бев за се, така да не се плашев, напротив-се радував што станав голема женска :D :rofl:
     
  14. Femina777

    Femina777 Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2013
    Пораки:
    534
    Допаѓања:
    236
    Јас добив на 10 години на летниот распуст и веднаш и кажав на мајка ми и воопшто не ми беше срам :)
     
  15. Rama

    Rama Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2011
    Пораки:
    5.419
    Допаѓања:
    54.706
    Пол:
    Женски
    На неполни 13 год, срам ми беше да и кажам на мајка ми, вешто криев неколку месеци па и кажав :D
     
  16. Lovely93

    Lovely93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 септември 2013
    Пораки:
    2.637
    Допаѓања:
    2.017
    Пол:
    Женски
    Си дојдов од школо, мислам дека бев седмо одделение, имав 13 ипол годинки и кога отидов во веце приметив едно крукче темна крв на гаќичките, а инаку друго ништо не осетив. Ама знаев дека е тоа тоа бидејќи скоро сите мои врснички имаа, јас ја очекував во секој момент дури се нервирав зашто јас сеуште немам, и одма ѝ кажав на мајка ми и таа само ме праша дали знам да ја наместам улошката и тоа беше тоа. Бев пресреќна, ама извесен период ми беше срам од татко ми и брат ми, ја молев мајка ми да не кажува ништо. :lol:
     
  17. angelaxD

    angelaxD Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 септември 2011
    Пораки:
    47
    Допаѓања:
    46
    Во декември 2010 прва година средно бев, 14 години имав скоро 15, седевме дома со мама и отидов у wc и што да видам, не се испаничив, земав влошка и веднаш и кажав на мама и од тогаш се дружиме со другачката што не ја сакам :)
     
  18. Gioia

    Gioia Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јули 2011
    Пораки:
    626
    Допаѓања:
    598
    Летото 4 за 5 одд.кога бев! Многу рано ми се виде,иако бев информирана апсолутно за се,ама бев прва од другарките и чудно ми беше...
    Башка ми започна со проблеми,огромни и нередовни крварења..
    Во лошо сеќавање ми е...
     
  19. Seashell31

    Seashell31 Популарен член

    Се зачлени на:
    21 септември 2013
    Пораки:
    736
    Допаѓања:
    728
    Пол:
    Женски
    Многу рано ми дојде.Летото помеѓу 4-то и 5-то одделение.Имав 10 години за два дена 11.И од тогаш кога дојде не престана до денес :D .А тогаш бевме во Икеа во Солун и нешто ми беше чудно цело време и после кога видов... :tmi:
     
  20. aleks26

    aleks26 Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 јули 2012
    Пораки:
    309
    Допаѓања:
    97
    Пол:
    Женски
    Беше летен распуст,5 за 6 одделение,бев доволно информирана и кога дојде смирено ја дочекав,свикав по мајка ми кога и кажав следуваше една голема насмевка и веднаш ми донесе влошка,но тука почна и мојот кошмар никако неможев да ги поднесам и прснав да плачам четири дена,како болес да имав не станував од кревет се додека не се оттарасам од таа ‘‘проклета‘‘влошка.Ова беснило траеше неколку месеци по ред и кога идеше времето за добивање мајками косата и одеше в таван,но помина за брзо се помирив со влошките.