девојки имам 14 години и 9 месеци значи ближам 15 години а уште немам добиено. искрено не сакам да добијам ми е страв дека нема да се извишам затоа што сум ниска и сакав да ве прашам дали после добијаната менструација се расте?
Нема врска ова. Јас бев ќепек коа добив сеа сум прилично висока. Кога добиваш ништо не се менува, само стануваш жена и добиваш дозвола да забремениш.
Родена сум на 4 Август, а добив менструација на 14 Јули, такада имав 12 за 13 години. Се вратив од излегување со другарките во 10ипол и бидејќи лето, не се оди на школо, си седев некаде до кај 4 сабајле. И пред да си легнам отидов до ВЦ и видов мал темно кафен круг ама не му дадов многу значење па си легнав после тоа. Другиот ден попладне, забележав пак и тоа многу голем круг и ми текна ...Цркнав од радост бидејќи веќе повеќето од моите другарки имаа добиено, а ја и уште 2-3 немавме
Јас ја добив сабајлето пред да тргнам на училиште...се проверив убо и бев информирана и знаев се како треба да правам....тоа беше некаде декември месец-минатата година на 15 години
Јас првпат добив менструација на 12 години на 10-ти јуни 1995 -та година на последниот ден од 5-то одделение кога бев на училиште втора смена,а јас добив сабајлето! Иако мајка ми убаво ме информираше за сето тоа јас сепак бев многу изненадена затоа што не ја очекував уште,мислев дека треба да ми дојде на 14 години исто како на мајка ми,иако една моја соученичка и моја подалечна роднина веќе имаше добиено на возраст од 11 и пол години,јас мислев дека рано ми е дојдена,иако мајка ми ми имаше кажувано дека нејзината добра пријателка добила уште на 9 години,во мојата свест беше зацртано дека ми е рано и пкрај тоа што јас бев развиена и многу висока,а и срамните влакна долу сосема ми израснаа неколку месеци пред да добијам! Кога видов крв на гаќите јас не и кажав веднаш на баба ми,туку кога мајка ми се јави на телефон од работа,јас и кажав на неа дека не сум сигурна дали е тоа или сум искрварила бидејќи не сум миена долу и баба ми слушна,па отидовме во ВЦ да провериме и таа ми рече дека навистина е тоа и ми даде влишки и чисти гаќи и потоа направивме еден адет со тоа што ме натера да седнам на вреќа со брашно и да кажам:Како што е брашното бело така и гаќите да ми се перат! А,втората,пак менструација што ја добив во мојот живот беше вистински циркус! Јас ја добив по 41 ден,на 20-ти јули и ја добив одзади на газот кога се избришав видов крв,па читав во Народниот лекар што ми е и мислев декаимам хемароиди и дека ќе умирам,па ставав тоалетна хартија,прокрварив и напред,но ни на крај памет не ми беше дека сум добила менструација!Потоа ги сменив гаќите,ги ставив крвавите во машина и ви чистите пак ставив тоалетна хартија и вечерто кога мајка ми дојде од работа и покажав и и кажав дека сум мислела дека имам хемароиди и дека ќе умирам,а таа ми рече:Па,менструација ти дошло,бре дете! И баба ми влезе со крвавите гаќи да праша кој ги ставил во машината и многу беше смешно што и двете беа со крвави гаќи во рацете! Ете, и за мене беше шок,иако бев добро подготвена за такво нешто!
Јас првата менструација ја добив 5 дена пред да напунам 14 години поклон за 14 роденден Бидејќи бевме на летен распуст ја добив додека бев дома и бидејќи бев информирана за се земав влошка и си ја ставив и ништо не ми беше чудно
Рано ептен.Четврто одделение бев.Се спремав за на училиште и одам во WC гледам темно кафена течност на гаќичките. Се зачудив и ми текна.Ама си велев не е можно да сум добила,премногу е рано. Не бев воопшто исплашена. :geek: :geek:
На 10 години, летото помеѓу 4то и 5то одделение. Бев на одмор за Грција со моите. Нормално за се бев информирана веќе и немаше простор за паника, и кажав на мајка ми, ми даде влошка и до крајот на одморот не се бањав.
Беше лето и таа вечер требаше да одам на концерт и одам во WC и гледам крв на ѓаќичките. И, кажав на мајка ми, ми даде влошки и така нервозна бев таа вечер дека за прв пат добив Мислам дека имав 12 години. Петто за шесто одделение ќе одев.
9 дена пред да наполнам 12 години Лани лето, на 31 јули Информирана бев за се, така да не се плашев, напротив-се радував што станав голема женска
Си дојдов од школо, мислам дека бев седмо одделение, имав 13 ипол годинки и кога отидов во веце приметив едно крукче темна крв на гаќичките, а инаку друго ништо не осетив. Ама знаев дека е тоа тоа бидејќи скоро сите мои врснички имаа, јас ја очекував во секој момент дури се нервирав зашто јас сеуште немам, и одма ѝ кажав на мајка ми и таа само ме праша дали знам да ја наместам улошката и тоа беше тоа. Бев пресреќна, ама извесен период ми беше срам од татко ми и брат ми, ја молев мајка ми да не кажува ништо.
Во декември 2010 прва година средно бев, 14 години имав скоро 15, седевме дома со мама и отидов у wc и што да видам, не се испаничив, земав влошка и веднаш и кажав на мама и од тогаш се дружиме со другачката што не ја сакам
Летото 4 за 5 одд.кога бев! Многу рано ми се виде,иако бев информирана апсолутно за се,ама бев прва од другарките и чудно ми беше... Башка ми започна со проблеми,огромни и нередовни крварења.. Во лошо сеќавање ми е...
Многу рано ми дојде.Летото помеѓу 4-то и 5-то одделение.Имав 10 години за два дена 11.И од тогаш кога дојде не престана до денес .А тогаш бевме во Икеа во Солун и нешто ми беше чудно цело време и после кога видов...
Беше летен распуст,5 за 6 одделение,бев доволно информирана и кога дојде смирено ја дочекав,свикав по мајка ми кога и кажав следуваше една голема насмевка и веднаш ми донесе влошка,но тука почна и мојот кошмар никако неможев да ги поднесам и прснав да плачам четири дена,како болес да имав не станував од кревет се додека не се оттарасам од таа ‘‘проклета‘‘влошка.Ова беснило траеше неколку месеци по ред и кога идеше времето за добивање мајками косата и одеше в таван,но помина за брзо се помирив со влошките.