1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Вашата рутина за нега на ноктите

Дискусија во 'Тело' започната од kristii, 17 октомври 2010.

  1. kristii

    kristii Популарен член

    Се зачлени на:
    10 април 2010
    Пораки:
    1.650
    Допаѓања:
    1.706
    Би сакала во оваа тема да размениме мислења,да се советуваме,да прашуваме и друго за тоа како вие ги одржавате ноктите.

    На пример јас,имам многу проблематични нокти и многу ми се кршат,значит еден период ке ми бидат убави и ке ми се скршит некој а понего и сите .Никогаш не можам да ги дочувам убаво ноктите.А иначе ги лакирам многу често во зависност од облеката таков лак и практикувам.


    П.С Како што погледнав,немаше ваква тема,видов дека има видеа за нокти и нокти за матура али не конкретно за тоа како ги одржават ноктите.До колку има веке ваква тема,или мислите дека не е убава би ве замолиле без коментари да ја избиршите.Поздрав :)
     
    На unlucky му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Fearless

    Fearless Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 септември 2010
    Пораки:
    944
    Допаѓања:
    1.344
    Нокти

    Има еден многу добар крем за кршливи нокти, српски Dicla се вика, јас од Зегин го купив и сакам да кажам дека е премногу ефикасен, веднаш има резултати. Ноктите одма се поцврсти посјајни, преубав е. Има малку социјалистички мирис :) но битна е примената.
    И јас имам премногу кршливи нокти, но со кремов некако ги доведувам во ред. Инаку ставам лакови за поцврсти нокти, за побрзо растење ама до сега сето гола вода било.
     
  3. swety

    swety Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2009
    Пораки:
    90
    Допаѓања:
    5
    Нокти

    јас за моите нокти не користам нисто природно ми се цврсти само ги полирам и лакирам има на аура лакови за зацврстуванје на нокти е сега колку се ефикасни незнам исто и за кремот дикла имам доста слусано дека е добар инаце узивам во средуванје на нокти психицки се одмарам :D
     
  4. kristii

    kristii Популарен член

    Се зачлени на:
    10 април 2010
    Пораки:
    1.650
    Допаѓања:
    1.706
    Нокти


    А колку пари е тој крем?? И каде е Зегин,по што не сум од ск,па во наредна прилика кога ке појдам ск сакам да го купам кремот.
     
  5. starfish

    starfish Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2010
    Пораки:
    4.833
    Допаѓања:
    10.128
    Пол:
    Женски
    Нокти

    Јас имам проблем со лупењето одн.цветање на ноктите. Како слоеви ми се прават, и многу лесно можам горниот слој да го извадам, и после тоа ноктот ми е никаков, кршлив.
    Често ги лакирам, постојано поточно. Сигурно три пати неделно ги брипам со ацетон и повторно ги лакирам. Се мислам дали е можно да е од ацетонот?
     
  6. SOVRSENSTVO

    SOVRSENSTVO Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2010
    Пораки:
    2.790
    Допаѓања:
    1.556
    Нокти

    Зегин аптеките мислм дека ги има во сите градови а и мене не интерсира колку кошта тој крем позз :*
     
    На cokolado му/ѝ се допаѓа ова.
  7. 2468

    2468 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2009
    Пораки:
    4.497
    Допаѓања:
    2.836
    Пол:
    Женски
    Нокти

    само што ги скратив и ги истурпирав едно ууубаво со сите 3 турпии од орифлејм :lol: и сега како ми блескаат :o сестра ми ме праша да не сум си купила нов сјај за нокти :D
    си ги сакам ноктите во моментов :$
     
  8. kate21

    kate21 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 декември 2009
    Пораки:
    4.220
    Допаѓања:
    3.852
    Пол:
    Женски
    Нокти

    Фала богу имам прекрасни нокти(едино нешто кај мене кое нема да му најдам маана никогаш)цврсти ми се, брзо ми растат и имаат убава форма, спрема долгиве прсти мои :$ :) И често знам да ги средувам, нема шанси да ми ги видите нелакирани, тоа ептеееееен ретко. Инаку, за Дикла кремот, во пп која праша, го има секаде, баш некни една другарка моја купи, и вели дека и помага доста за поцврсти да и се. Јас имав едно време крем за раце и нокти од Орифлејм ама не знам сега дали уште постои, убав ми беше тој, ама не верувам уште да се произведува :?:
     
  9. blueeparadise

    blueeparadise Популарен член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2010
    Пораки:
    3.542
    Допаѓања:
    6.308
    Нокти

    Ја некако иам мали прсти, па не ми стојат нешо ептен долги нокти. а и споро ми растат ноктите и не ми растат многу големи, онака.а ги турпијам најобично, ме мрзи да се бафтам со креми и такви ствари, неам ни време, со ова школово аман хаха.средно кршливи ми се, еднаш ги чував 2 недели и ми се скршија после.а и мн ми се виткаат ме нервираат.лак ептен ретко ставам, а коа ставам ептен светло розев и плав обожаваам :D а и моиве дома а посебно татко ми ме замара не ми дава лак да стаам така да.. -.- ама ај :)
     
  10. Strumfeta93

    Strumfeta93 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2010
    Пораки:
    2.191
    Допаѓања:
    3.856
    Нокти

    Јас користам сјај кој ги зацврснува ноктите, не дозволува да се превиткуваат или кршат и е многу ефикасен. Го порачав од авон и многу сум задоволна од него.. најчесто практикувам француски маникир или само сјај.
     
  11. GeorGinnA

    GeorGinnA Популарен член

    Се зачлени на:
    20 октомври 2010
    Пораки:
    667
    Допаѓања:
    2.007
    Нокти

    Е кога веќе се спомна темава едно големо фала на мајка Природа за моите нокти :rofl: :rofl: :rofl:

    Немам проблеми со нив зашто ми се цврсти и многу бели,често добивам коментари во стилот дали користам бел молив или сл. зашто мене секогаш ми се или со сјај премачкани само,евентуално француски маникир имам,или еднобоен лесен лак,не сакам шарки,слатко ми изгледаат на други никти ама мене не ми е таков стилот едноставно и не ги сакам на моите нокти.

    Имам слушнато дека е убаво за ноктите еднаш неделно да се тријат со кора од лимон,нешто како природен пилинг иде ,башка им давало и сјај убав.Не сум пробала но имам слушнато задоволни реакции ;)

    Така да ако некој проба,нека споделува тука мислења:) :* :* :*
     
  12. kate-the-great

    kate-the-great Популарен член

    Се зачлени на:
    26 октомври 2010
    Пораки:
    1.473
    Допаѓања:
    1.833
    Нокти

    Мммм обожавам да си ги средувам ноктите :) :) :)
    имам повеќе од 30 лакови хаха сјаеви потхранувачи
    украси за нокти
    И немам проблем со растењето благодарение на пивскиот квасец :inlove:
     
  13. Dushica-sk

    Dushica-sk Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.048
    Допаѓања:
    3.924
    Нокти

    Ќе купам после Дикла или некоја крема или гел . Сега имам сив лак , како металик му доаѓа и од страните по 2 бели црти . Многу често почнав да се лакирам и жути ми се , ми се листаат некои ( мислам вака се вика тоа :lol: ) Видов и лимон негде дома па и со тоа ќе ги потсредам . Морам повеќе да ги негувам и помалце лакирам :) Инаку како форма многу ми се свиѓа таа што ми е , и сакам долги да ми се :)
     
  14. HeidiDiWalt

    HeidiDiWalt Популарен член

    Се зачлени на:
    29 мај 2010
    Пораки:
    1.163
    Допаѓања:
    1.513
    Декорација и нега на нокти

    Бидејќи ноктите ги одржувам долги, не ставам надградба, и сама си правам маникир - сама и си ги лакирам и декорирам, дојдов до идеја да споделам искуство, со останатите кои си ги негуваат ноктите природни. :)
    Овде може да оставаме предлози за декорација на ноктите на рацете, како и вашата рутина на негување на ноктите.


    Јас користам хартиена турпија со која ја регулирам должината, и хартиена турпија со која ја рамнам надворешната страна на ноктот.
    [​IMG]

    Купка за нокти правам еднаш неделно, моментално ја користам купката на Лореал. Имам сличен сад за нега на ноктите како овој само бел со малку поинаков дизајн и многу е практичен.
    [​IMG]
    Но пред да го добијам, купка на ноктите правев во обичен сад со вода
    [​IMG]

    После третманот, ноктите ги мачкам со Nail Experts гелот од Avon, за кој повеќепати имам пишувано, и од кој сум пре-задоволна.
    [​IMG]

    На крај следува лакирањето или декорацијата на нокти. Лакови никогаш доста =).

    Вчера си купив и многу интересен печат за принтови на ноктите на кој посебно се радувам..
    8) Вака изгледа:
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]

    Моите омилени декорации, бои и лакови :) -

    [​IMG]

    [​IMG]

    [​IMG]

    [​IMG]

    [​IMG]

    [​IMG]

    [​IMG]


    * Сега за сега се доста...
    * со подетални информации ќе се јавиме подоцна :lol:
    Поздрав :*

    Од центарот на Скопје- Сијка Пиштолова
     
    На unlucky, figgiMK, SpoiledBaby и 2 други им се допаѓа ова.
  15. viki85

    viki85 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2010
    Пораки:
    68
    Допаѓања:
    21
    Декорација и нега на нокти

    ноктите често ми пожолтуваат зашто сум пушач и за тоа користам лимонов сок, а против пукање го користам лакот на seventeen (со плава боја), навистина помага. за декорација одам на маникир зашто имам две леви раце кога се работи за декорирање :worried: и не знам да залепам ни сликички, ни да го нанесам оној печатот, а баш е убав и практичен. инаку од лакови најмногу ги користам оние на revlon, seventeen, max factor, а сега ги пробувам и оние на avon што се сушат брзо, и навистина се добри :)
     
  16. thinkerbell

    thinkerbell Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2010
    Пораки:
    1.834
    Допаѓања:
    11.102
    Пол:
    Женски
    Нокти

    здраво девојки... јас сум нова на форумов, ама од поодамна следам што се случува затоа што мн корисни информации наоѓам.
    Инаку морав да искоментирам тука... :) мн си ги сакам ноктите мои, цврсти ми се само мн споро ми растат и мн се нервирам. од летото ги пуштам и се на се 3-4 мм се израснати. Си закажав на коззметичар да си ги наравам со гел за да бидам раат месец два од лакирање :) .
     

    Прикачени фајлови:

  17. Dushica-sk

    Dushica-sk Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.048
    Допаѓања:
    3.924
    Нокти

    Си ги средив ноктите , не ми се лакирани со некој посебен лак . Прво со турпија ги средив , со лимон ги направив , па крема за нокти , па витамински гел , па третман за јакнење со некоја лила нијанса .
    И така :) Да се пофалам не ми се веќе жолти . Го постигнав саканиот ефект :lol:
     
  18. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.809
    Нокти

    Многу сакам убаво средени нокти, ама мразам долги нокти и исто гел. За среќа моите се добри, и не ми треба гел а и знам дека самиот тој ги уништува многу ноктите.
    Значи класичен френч или безбоен лак на ноктите ми е a must. И секогаш ми се со нормална, природна должина. Нешто како на сликава.
    [​IMG]
    За вечерно излегување многу сакам црвен лак.
    Ама долги нокти е - е :shake: Веќе откако ќе ми потпораснат станувам нервозна. Не сум способна ништо да правам, ниту садови да измијам, па ни да се избришам - знаете каде, да ми простите :)
     
    На Annath и julie77 им се допаѓа ова.
  19. Fendi

    Fendi Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    16
    Допаѓања:
    4
    Нокти

    Практикувам само француски маникир или во една боја да ми се лакирани ноктите обично црвена. Сама си ги правев ноктите пред да излезе новата врста на лак за нокти која се викa Shellac
    [​IMG]
    Презадоволна сум и пола година само таков лак користам нај долготраен лак за нокти некогаш направен. Миење на садови и ред други обавези од тој вид сјајот и перфектноста на бојата и ноктот се задржува и после 2 недели, има ефект на гел и го прави ноктот поцврст. Интересно е тоа што од горе на Shellac може да ставиш друг обичен лак и после да го избришеш со ацетон, Shellacот ќе си стои перфектен од долу- не можеш да го избришеш со ацетон.
    Интересен ми е и MINX, го немам пробано зошто не можам да го најдам дизајнот кој го сакам. Не е лак него нешто во стил на хартија која со помош на UV зраци се лепи на ноктот.
    p.s. Samantha го има во Sex and The City 2 :inlove:
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
     
  20. Fendi

    Fendi Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    16
    Допаѓања:
    4
    Нокти

    Shellac го има само во салони зашто се става со помош на UV апарат. Мене ми го ставаат во еден салон во Софија (таму живеам), а би требало да го има и во Македонија сепак не е нов продуктов го има една година на пазар па можда и повеќе. Тука во Софија скоро сите Beauty салони го предлагаат.