Можеш @Вереничка нема карти од 400-500.. има по ново неделни ама не верувам да мислиш на нив Тоа си ставаш колку сакаш пари и користиш.
Прашањето ми е дали можам да си ставам пари и да се возам.Како цифра наведов 500,значи небитно колку,ставам пари и се возам
На ова се однесуваше моето пишано, дека нема такви Можеш колку сакаш да ставиш, до 6000 мислам беше...
Постојат. Сите студенти на приватен вадат За државните е бесплатно нели... Се вадат секаде каде што има за сликање, бит пазар, железничка, шумарски итн
Карши Рамстор, на железничка, кај хотел Карпош, кај Педагошки факултет, кај ГТЦ, во Влае трговскиот, не ми текнува други.
Абе феминки кај треба да се оди за продолжување на важноста на студентска картичка на кое место поточно? И колку пари е?
Зависи од каде си. Секоја општина има скоро. Ти треба само потврда за редовен студент, индекс и пријавата што ќе си ја пополниш на лице место. Не се доплаќа ништо.
Може онаму каде што имаат за сликање, погоре има напишано локации. Барањето го пополнуваш, носиш индекс, потврда и картичката. Не се доплаќа ништо.
Мене ништо не ми е јасно, срам не срам ќе си прашам. Извадив студентска во октомври 2016, важи или не важи? Едни ми викаат да други не. Не живеам во Скопје па не знам како што ќе биде кога ќе дојдам. Дали од почеток треба да вадам нова или некој друг процес е? Ако не важи дали треба да чекам до февруари кога ќе запишам летен семестар па да извадам потврда за р.студент или може со зимски семестар? И како да се возам во бус ако треба да чекам до запишување на летен. Ја претерав знам Фала однапред
Вадиш нова потврда од факултет 100-150 денари таа што е за редовен студент, со потврдата индексот и картицата од ЈСП одиш и ти ја продолжуваат за цела 2017та година. Инаку сега ти е невалидна.
Да помогнеме на нашите сограѓани да се вратат автобуските државни линии 9ка и 19ка! Кликнете на линкот, барам време помало од 1 минута https://docs.google.com/forms/d/129...bhA_pf9bweiJ6wDE/viewform?edit_requested=true