право ѓеврече исечено на пола и внатре намачкано со зденка. потоа како тост се става под тостер 6-8 минути за да се стопи зденката и малку да се потпече ѓевречето. го јадам со јогурт. њам!
Ако сакам само да поминам со нешто суво си правам тост или мачкам нешто на леб,а ако сакам да ми личи на ручек а брзо да биде туна со марула,или јуфки си варам, па најбрзо е
Тост , тестенини , нешто мачкано на леб мармалад, мед и слично , леб со маргарин и одозгора кашкавал и во микробранова.
Наинтересни од тие набрзинка јадења ми се печени лепчиња,сечам лепчиња(стар леб е најдобро) на кришки ги редам во тава,и во друг сад ставам јајце со салама,сирење малку кисело млеко и оригано ги преливам и печам..мммммм сите ги обожаваат
јас кога сум во брзање си правам пица-лебчиња,така си ги викам. Сечам неколку криши леб и одзгора им ставам кашкавал рандан,шунка,кулен или пушено месо,печурки,оригано и одзгора кечам.Ги ставам да се печат додека се стопи кашкавалот и ете ти јадење
На лето,најчесто правам сендвич со кришки од домат,танко исечени и парчиња сирење,малку сол и готово.На зима си ги правам брускетите-лепче печено со кашкавал,мајонез,салама или нешто такво,малку оригано и тоа е тоа.Нешто слично се на пица-лепчињата на Ана-Банана.
Нешто мачкано(паштета,путер,ајвар,кајмак,крем...),омлет,житарици... А оние инстант(како и да се викаат) одвратни ми се..Еднаш имам пробано кај братучетка ми пире и втор пат сигурно нема...