Јуфки

Дискусија во 'Рецепти' започната од nedzma, 3 јануари 2011.

  1. nedzma

    nedzma Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2010
    Пораки:
    681
    Допаѓања:
    185
    Пол:
    Женски
    Како вие ги приготвувате јуфките? Некој посебен рецепт за нив?
    Јас прво ги варам па потоа во тавче ставам зејтин се загрева и ставам една шака јуфки ги пржам па ги претурам во тенџерето со останатите, ги оставам така да се поварат уште 5 минути и се превкусни.
     
  2. stilas7

    stilas7 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јули 2010
    Пораки:
    853
    Допаѓања:
    443
    се редат јуфки во тавче за печење,ред јуфки малку зејтин и сирење,па пак ред јуфки и зејтин и сирење и се така додека го наполниш тавчето.потоа го ставаш тавчето да се потпече во рерна,така да малку да заруменат јуфките.пред тоа ќе зовриеш вода и одкако ќе поруменат јуфките зовриената вода ја истураш во тавчето со јуфки кои што треба да бидат покриени со водата.се печат додека да изврие водата и потоа можат да се конзумираат.вкусни се кој сака нека проба. :*
     
    На IamSexyAndIKnowIt, Cka, ana-banana и 4 други им се допаѓа ова.
  3. rainlover

    rainlover Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2010
    Пораки:
    969
    Допаѓања:
    606
    Ауу син ми во последно време како термит е кога се јуфките во прашање, според него уфки, уфки :D
    Јас си ги правам на наједноставниот можен начин... ги пропржувам на масло, да заруменат, треба да се меша постојано за да не загорат, ги прелевам со вода, да се залијат, ги посолувам и варам додека не испари целата вода.
    Со сиренце и кисело млеко, ммм и јас не останувам рамнодушна :lol:
     
    На IamSexyAndIKnowIt му/ѝ се допаѓа ова.
  4. lovely91

    lovely91 Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2010
    Пораки:
    492
    Допаѓања:
    269
    Мајками преубави ми ги прави :lol:
    најпрво ги реди губите во тепсија и ги печи на рингла со малку масло,додека не заруменат ,и после им турива вода и ги остава на ринглата да си се варат во тепсивчето,кога ке се намали водата и добро кога ке изварат ги трга става сирење и кога ке се стопи сирењето мх мх преубави се навистина :D
     
  5. SexiLy

    SexiLy Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2011
    Пораки:
    345
    Допаѓања:
    900
    Пол:
    Женски
    Обожавам јуфки!
    Сите кои ги пробале онака како што ги правам ги пофалиле...
    Знам дека им се допаднале затоа што многу пати после пробувањето побарале пак да им зготвам.
    Освен приготвувањето, важно е од кој производител ќе купите јуфки.
    Тетовски јуфки имате во секој маркет или продавница, побарајте го пакувањето. Во тава ќе ставите зејтин прво и ќе ги запржите на тивко. Повеќето треба да добијат кафеавкаста боја, никако црна :)
    После ги полевате со вода колку да се покријат, значи не до врв од тавата.
    Ако се запржат пред варењето, зејтинот не дозволува да се лепат. Обично и кога се варат шпагети се става малку зејтин.
     
  6. eli25

    eli25 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    1.767
    Допаѓања:
    4.616
    Кулинарски прашања, совети и брзи идеи

    Kaко се прави потпечена јуфка?
     
  7. Bajaderka

    Bajaderka Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јануари 2010
    Пораки:
    325
    Допаѓања:
    337
    Кулинарски прашања, совети и брзи идеи

    Во тенџерче ќе зовриеш вода со сол. Во тавче ќе ги пропржиш малку јуфките, да заруменат, ги попаруваш со зовриената вода со сол, да дојде нивото на водата малку над нив, за да не ти бидат премногу разварени. Ги ставаш во заграна рерна и ако сакаш од време на време ги пормешуваш(јас не ги мешам). Брзо и едноставно. :) Bon appetit
     
    На IamSexyAndIKnowIt и eli25 им се допаѓа ова.
  8. soncenceto.matea

    soncenceto.matea Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 февруари 2012
    Пораки:
    210
    Допаѓања:
    47
    Кулинарски прашања, совети и брзи идеи

    Одкако ќе ги свариш јуфките во вода со малку сол,ги редиш во тавиче за печење половина од нив,па на средина можеш да ставиш малку сирење па озгора другата половина од јуфките,ги печеш на 200 степени 8-10 минути и ги вадиш и им ставаш 1-2 матени јајца озгора и ги допечуваш уште 5 минути,јуфките се заруменуваат и се многу вкусни ручек за половина час ммм...
     
    На baby-star и eli25 им се допаѓа ова.
  9. sesilija

    sesilija Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    4.100
    Допаѓања:
    11.716
    Кулинарски прашања, совети и брзи идеи

    Ставаш јуфки во тавче за печење и ги попрскуваш со малку масло.
    Ги ставаш во загреана рерна да поруменат тие врз кои паднало маслото.

    Во меѓувреме во тенџерче загреваш вода со сол и малку масло колку да ти ги прелие јуфките
    (околу 1 центиметар над нив)

    Кога ќе поруменат го вадиш тавчето од рерна, и врз нив ја полеваш претходно зовриената вода.
    Враќаш пак да се пече се додека “не си ја земат водата“ и тоа е тоа. :)

    Додека да го пратам мислењето- два различни начини, ќе те збуниме сега :D
     
    На eli25 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. eli25

    eli25 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    1.767
    Допаѓања:
    4.616
    Кулинарски прашања, совети и брзи идеи

    ^Хехех,ама да знаете откако го прочитав првото веднаш ги ставив,а другите начини нареден пат :)
    Тенк ју :)
     
  11. macence85

    macence85 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 август 2010
    Пораки:
    1.217
    Допаѓања:
    786
    Во солена вода што врие додавам зависно колку сакам да зготвам јуфки да се варат. Претходно не ги запржувам или нешто слично. Кога ќе видам дека се омекнати, ја истурам водата и ги запржувам со загреано масло во кое имам додадено ситно искршена јуфки. Чекам да ја сменат бојата кон црвенкаста па ги додавам кај варените. На страна кршам сирење и матам едно јајце заедно со сирењето. Го додавам сето ова кај уште жешките јуфки и ги вракам на рингла мешајќи постојано додека сиренцето и јајцето не се соединат со јуфките. :inlove:
     
  12. Lacrimosa

    Lacrimosa Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2010
    Пораки:
    1.830
    Допаѓања:
    2.788
    Јас само си ги варам и после тоа рендам сирење. Стандард.
    Превкусно е, башка таман студентско јадење. :D
     
    На Bright му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Bright

    Bright Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    2.554
    Допаѓања:
    5.420
    За губи прајме муабет? :wasntme: :lol:

    1. Варени со сирење
    2. Малце потпечени во тавче, па вода за да се сварат + вегета

    И да, студентско јадење No.1 заедно со макароните :)
     
  14. kravce

    kravce Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    1.782
    Допаѓања:
    8.164
    Ги варам, ги цедам, ги ставам во некое тавче, им додавам сирење, масло, малце јогурт и јајце, се потпечува некаде 10минутки и готовоо :D вкусни се, јас сум манијак по тестенини 8)
     
  15. black-angel

    black-angel Популарен член

    Се зачлени на:
    14 декември 2009
    Пораки:
    1.939
    Допаѓања:
    1.357
    Пол:
    Женски
    Многу ги сакам , ги јадам со сирење
     
  16. IviA

    IviA Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 септември 2010
    Пораки:
    217
    Допаѓања:
    22
    Јас ставам во тенџере да се зоврие вода во неа ставам масло и сол , во загреана тепција ставам од јуфката и ја потпекувам во рерна , кога ке стане румена ја полеам со зовриената вода и ја враќам во рерна додека да се свари и да испари водата ;) Потоа рендам сирење одозгоре :)
     
  17. girl-miri

    girl-miri Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    6.925
    Допаѓања:
    9.354
    Пол:
    Женски
    најчесто ги пецам малце во рерна со малце масло и потоа турвам варена вода и да се варат така и потоа може малце маст...
     
  18. Nana19

    Nana19 Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 септември 2012
    Пораки:
    2.145
    Допаѓања:
    2.696
    никој нема јадењо јуфки со црвен пипер? ауу нешо најубаво одкако ке се потпече јуфката во некое тавче ставате малце зејтин да зоврие убаво и кога ке зоврие му турате една лажица црвен пипер и со тоа ја попарете јуфката наместо со вода и ја вракате во релна уште неколлку минути и утепајте се од јадење нема нешто поубаво ви препорачувам на сите да пробате и после тоа само така ке си ја правите
     
  19. jacqueline.s

    jacqueline.s Популарен член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    1.614
    Допаѓања:
    6.184
    Пол:
    Женски
    Не е активна темата подолго време гледам. Ме интересира некој дали знае каде можам да купам од оние рачните машини за правење јуфки? Знам порано купуваа, баба ми има, ама не знам кај би можела да најдам и дали уште се продаваат.
     
  20. Mishela

    Mishela Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    7.735
    Допаѓања:
    18.699
    Пол:
    Женски
    Се продаваат, секако.
    Обично ги има во такви пластичарски продавници каде има инвентар за во кујни и балкони, мислам дека ме сфати на кои дуќани целам. :lol:
     

Сподели ја оваа страница