Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Абортус

Дискусија во 'Бременост' започната од Spidy, 8 декември 2009.

?

Дали го поддржувате абортусот?

  1. Да, секој има право на избор

    1.605 глас(а)
    72,8%
  2. Не, никако

    600 глас(а)
    27,2%
  1. Val-Dim

    Val-Dim Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 ноември 2013
    Пораки:
    1.783
    Допаѓања:
    61.411
    Случајно ја видов темава!!! Одамна сум го надминала времето на бременост, па ретко ги отварам овие теми!!!

    На прашањето „Дали го поддржувате правото на абортус?“ одговорив - Да, секој има право на избор!!!
    Тоа е мое мислење и сметам дека нетреба да и се мешаме во изборот на ниедна жена!!! Секоја жена има право да реши дали ќе го роди детето или не!!! Поважно од абортусот е она што следи пред него т.е. како да не се случи моментот абортус!!! Во денешно време има многу начини за да не се дојде до одлука за абортус - а тоа е контрацепција!!! Мислам дека секоја жена уште пред да започне со својот сексуален живот треба добро да ја „простудира“ оваа тематика - за свое добро!!!
    Лично, два пати во животот сум останала трудна и имам две деца.
     
    На tessie му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    10.979
    Допаѓања:
    133.571
    Aко е бедно да се радуваш дека бројот на абортуси од 30 000 паднал на 5000, океј бедна сум. Според тебе, треба да се 60 000 абортуси сега, па да треба да се радувам? Леле колку сум мизерна :)

    Доволно е жените да можат да влијаат на нивните мажи да стават кондом. Потешко на вазектоомија, ама имаме двојки кои им е страв да не им раскинел дечкото, па ајде без кондом. Треба на жените да се влијае. Ако не виде, пишав дека со зголемување на образованието, се намалува бројот на абортуси. Значи, да се чукнат прво у глава, пред да се чукаат :) И 99% зависи од жената. Ако има желба за секс, колку е тешко да даде 300 денари за апчиња, за цел месец, или па еднаш годишно по 3000 за абортус. Сакаме да им кажаме на жените дека имаат право на абортус, ама не и дека треба да се едуцираат.

    Крива е државата што не знаат за контрацепција или не ја купуваат, не се криви што на 16 шират нозе пијани.
    Место да организираат кампања ДА за абортусот, да ги дадаеа парите за едукација на шупливите средношколки што значи кондом, а и да ги викнеа нивните мајки на едукација за да научат да зборуваат со ќерките, а не само да има викаат - до половина само фаќање, повеќе не. Вау. Мисла на денот. После им се тресат рацете кога потпишуваат дека ги прифаќаат ризиците од абортусот на ќерка им.

    Иначе, ако има помалку родени и помалку абортуси, значи дека луѓето имаат помалку секс, а? Не значи дека научиле за заштита?
     
    На anakonda88, Rama, tessie и 4 други им се допаѓа ова.
  3. bebaa

    bebaa Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јануари 2011
    Пораки:
    2.735
    Допаѓања:
    4.589
    Пол:
    Женски
    Навистина не ме интересира толку статистиката затоа што животот на едно бебе неможам да го гледам како само број.И не неможам да го сварам тоа тврдење дека мајката требало да има право да одлучи за животот во утобата нејзина дали да го задржи или не.Мене ми е тотално исто дали е бебето надвор од стомакот или во него,тоа е живо.Има срцева реакција од пета шеста недела (кога се абортира тоа веке чука)другарками на прегледот кога требаше да абортира кажа дека се предомислила и докторката и кажа супер тогаш честитам и сега можеме да ја чуеме срцевата реакција штом не абортираш.Кога го чула срцето неможеше да верува дека тоа срценце сакала да го убие.Аи предходно штом расте се развива тоа е живо.Дали е со сите органи развиено или сеуште не тоа е живо.Постојат доктори кои се против абортусот и го тврдат тоа.
     
    Последна измена: 29 ноември 2014
    На SnowWhite8, Rama, janickaskopje и 4 други им се допаѓа ова.
  4. SexiLy

    SexiLy Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2011
    Пораки:
    500
    Допаѓања:
    2.108
    Пол:
    Женски
    Доколку се земе бројката на абортуси во изминатите 10 години - поточно од 2003 може да се забележи дека станува 6000 илјади абортуси на годишно ниво или 12% од живородените деца што се регистрирани на годишно ниво. Има одредени флуктуации меѓутоа не станува збор за бројка што го надминува бројот на живородени како што ти промашуваш. Бројката не отскокнува драстично што значи дека можеби станува збор за едукација, а можеби е природна селекција иницирана од страна на идните родители.
    Тоа значи дека имаме бројка што е горе - долу иста. Многу ми се допаѓа како размислуваш и донесуваш заклучоци дека жените во 2014 се поедуцирани од жените од 2010, меѓутоа забораваш дека во 2010 има опаѓање на абортусите на годишно ниво. Што значи напредокот во сексуалната едукација не ти е релевантен одговор бидејќи денес се подостапни информациите, а воедно и поголем број на извршени абортуси имаме.

    Те молам психолошките муабети и малограѓанските муабети „зошто оваа вака или онака“ задржи ги за себе бидејќи ова е јавен форум, а доколку дебатираме треба дискусијата да се води на одредено ниво. Нема потреба да го наметнуваш твојот ограничен интерес за сметка на твојата сигурност.

    Сексуалната едукација кај жените е подеднакво значајна како кај мажите. Со негативни и песимистички ставови како “тешко тоа, о пусто турско“ допринесуваш да жените се единствените залагачи и виновници за настанатата состојба. Промени си го гледиштето и почни со агресивна едукација на мажи.
     
    Последна измена: 29 ноември 2014
    На Hipster му/ѝ се допаѓа ова.
  5. MaggieTatum

    MaggieTatum Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јули 2012
    Пораки:
    651
    Допаѓања:
    509
    Пол:
    Женски
    Чекај, сериозно?? :fubar: Не знам ни што да кажам на ова, тешко ми е да сфатам дека некои луѓе вака размислуваат, а и дека и јас имав слично мислење пред 2-3 години (facepalm) Луѓе дај пазете што зборувате, нема смисла ова... Нормално дека ќе ви е сеедно, нема вие да го носите тоа бебе. А и како бе, ако нема право жената да одлучи, кој има?? Зборуваме за жив човек тука, не за фетус, туку за жена/девојка која од x причини не може и не сака да го роди бебето.. Може да се финансиски проблеми, може да се проблеми со партнерот, може да е силувана.. :fubar: (ова последново како сосема да го заборавате :^))
    А и има огромни ризици во врска со раѓањето, исто како што има и со абортирањето.. Сметам дека важно е да се знаат сите можни компликации пред да се одлучи тој голем чекор, ама на крај краева одлуката останува на жената што го носи тоа бебе!

    Јас сфаќам дека сите имаме различни мислења и не можеме сите да се согласуваме, ама ко ќе видам протести на тв, за тоа како не треба да се убива детето (кое btw не е ни родено) и воопшто не се зема правото (и во некои случаи, животот) на жената, искрено ми се темни пред очи.

    п.с. го избришав името на членот кој го цитирав зошто не се однесува само на неа..
     
    На Madam-A и danielka0507 им се допаѓа ова.
  6. danielka0507

    danielka0507 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 октомври 2011
    Пораки:
    422
    Допаѓања:
    308
    Пол:
    Женски
    Страшно е тоа некој да се прави толку паметен, да се осудува да дава мислења, а при тоа абортусот да го споредува еднаков на чедоморство...
    Малку повеќе литература драги девојки Вам ви треба..Читајте...

    Ги гледам податоците и се прашувам..Ако се забрани абортусот, дали во тој случај драстично ке се зголемат бројките на живородени деца на сметка на намалената бројка на абортуси????
    Бројката на живородени деца ќе остане иста, а во иднина и помала...Абортуси имало, има и ќе има...Независно дали ќе биде забрането или не правото на абортус...
    Само од образовниот и моќниот систем на една држава ќе зависи дали таа жена ќе го изврши во специјализирана устонова, со стерилни инструменти од страна на искусни професионалци и ќе нема последици за понатака..или пак во некоја сомнителна замрачена ординација...со прљави инструменти..од некој доктор или надридоктор болен за пари...
    Фала богу ако е забранет абортусот, во статистиката ќе има бројка 0 за извршени абортуси (евентуално оние со аномалии, а можда и тие нема да смеат да ги извршуваат)..П анекоја будала ќе мрси раце и ќе вика..Ете...гледате...
     
    На Hipster и MaggieTatum им се допаѓа ова.
  7. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.168
    Допаѓања:
    156.555
    На Sunflowers, SnowWhite8, Hipster и 6 други им се допаѓа ова.
  8. calliope

    calliope Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2011
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    15.993
    Пол:
    Женски
    Наредно нека направат да чека жената да дојде до 8ми месец, па тогаш да прашаат дали е сигурна. :^)
    Па, едни Јеховини Сведоци знаат колку е лимитот!

    Одличен пример како се наметнува илузијата дека се има право на избор кое се обидуваат да го ускратат со игра на емоционална карта.
    Смешно е што про-лајфериве прават тоа да изгледа демек одлуката за абортус не бара ништо повеќе вклучување мозок од едно обично одење на кафе.
    Подобро е да не си родител отколку да си лош родител.
    Истиве што тука (не зборам само за форумов, туку насекаде) кукаат против абортус, ќе ги сретнеш со муабети од типот како овој мајка му не го воспитала, оној бил насилник пошто родителите немале време за него, ќе се прават душебрижници што детето расне во мизерија, се мрзне и едвај преживува со еден оброк дневно, ама битно ќе цутат булки пошто се добило новороденче плус. majkaterezasosvetlinavopozadina.jpg
    Ако не е некој спремен да биде родител, дали емоционално, психички, финансиски итн., никој нема право да му се меша во одлуката, а најмалку некој што утре врска ќе нема кое дете „го спасил“, ниту пак некогаш ќе се заинтересира да му помогне ако треба.
     
    На Hipster, Waka-waka, SexiLy и 4 други им се допаѓа ова.
  9. Barbie-mwa

    Barbie-mwa Популарен член

    Се зачлени на:
    20 декември 2009
    Пораки:
    1.237
    Допаѓања:
    528
    Пол:
    Женски
    Јас абортирав пред 3 дена, 8ма недела бев и сега ме интересира колку време после абортусот можам да имам секс, да не се повредам нешто или што знам. Ве молам некоја што има искуство да пише имам уште некои прашања околу кои се трудам да најдам одговори. Незнам дали ќе ме подржите или не, но си имав своја причина!
     
    На zekzeki му/ѝ се допаѓа ова.
  10. bittersweet

    bittersweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2010
    Пораки:
    2.134
    Допаѓања:
    64.797
    Пол:
    Женски
    Причините си се твоја работа, никому не си должна да даваш отчет.
    Секс најдобро е барем 2 недели никако да немаш а после уште 4 секогаш со кондом, едно си подложна на инфекции а друго затоа што многу лесно после абортус се останува повторно бремена.
     
    На crazylady, WORRIED.BT, Barbie-mwa и 2 други им се допаѓа ова.
  11. Olgitsa

    Olgitsa Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јули 2013
    Пораки:
    177
    Допаѓања:
    797
    Налетав на темава па сакав само да прашам што бидна со законот бесмислен ??
    Дали навистина е забранет абортус, или само ние луѓево меѓу себе некој чул нешто , не дочул, друг додал, трет одзел нешто.. па се направи целата таа фама..
    Не дај Боже еве утре се деси нешто , иде пример Марија во амбуланта, бара упат за абортус .. што ќе и каже матичниот лекар?? :?:
     
  12. Daleron

    Daleron Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јули 2014
    Пораки:
    2.996
    Допаѓања:
    16.413
    Пол:
    Женски
    За кој закон зборуваш!?
    За измислиците на баграта наречена новинари или шпекуланти за поголема читаност (гледаност)!
    Си важи уште стариот закон, нема ама апсолутно никаква тотална забрана.
     
  13. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    10.979
    Допаѓања:
    133.571
    Затоа мразам новинари. Ги лажат луѓето, а овие читале недочитале, и ке нрправат некоја глупост. Инаку, ако некој го интересира и не знае, има закон, објаснето е се.

    И МОЖЕТЕ ДА АБОРТИРАТЕ без проблем.
     
    На Daleron му/ѝ се допаѓа ова.
  14. kaja001

    kaja001 Активен член

    Се зачлени на:
    29 ноември 2013
    Пораки:
    35
    Допаѓања:
    3
    Devojki Dali nekoj znae kolko cini abortus vo sistina, ili vo nekoja druga privatna klinika? I nekoj sovet kade bi bilo najbezbedno. Vi blagodaram
     
  15. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    19.782
    Допаѓања:
    325.048
    Пол:
    Женски
    Пред неколку год беше околу 7000 ден.Сега незнам.
     
    На dromka и kaja001 им се допаѓа ова.
  16. m.i.g

    m.i.g Популарен член

    Се зачлени на:
    21 декември 2012
    Пораки:
    1.082
    Допаѓања:
    5.781
    Пол:
    Женски
    Во Плодност 9000 ден
     
  17. compassion

    compassion Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 септември 2014
    Пораки:
    28
    Допаѓања:
    66
    Пол:
    Женски
    Многу работи во животот дојдат непланирано и го сменат текот на нашиот живот. Ги прифаќаме и се адаптираме на новонастанатата ситуација. Посебно кога се работи за дете. Децата се дар. Тие имаат иста вредност, без разлика дали се планирани или не. Ти велиш дека сега не е најдоброто време, но верувај ми дека Е, бидејки ти се случува сега. Сите ние го имаме истиот почеток, во утробата на нашите мајки. Лично, не верувам дека абортусот и донел добро на некоја жена. Многу малку се зборува за тоа дека абортусот психички ги осакатува жените, а со себе носи и бројни други ризици врз здравјето на жената. Ете сакав да ти го кажам сето ова, немој да избрзуваш. Не е секогаш така црно и невозможно. Една жена, една мајка има сила од Небото која ја води напред кога се работи за нејзиното дете. Се надевам дека добро ке размислиш и ќе ја донесеш најдобрата одлука за тебе.
     
    На makedonkamak, Abeja, merida и 5 други им се допаѓа ова.
  18. sarickaaaa

    sarickaaaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 февруари 2015
    Пораки:
    21
    Допаѓања:
    3
    Пол:
    Женски
    може некој што абортирал да ми каже што како му се случуваше .. боли ова она ... подетално ?
     
  19. mariz

    mariz Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 март 2014
    Пораки:
    17.235
    Допаѓања:
    76.247
    Пол:
    Женски
    Nemam iskustvo no dokolku dojde nekoj do vakov izbor mora da odi na konsultacii kaj ginekolog, toj najdobro kje objasni kako odi taa procedura, dosta zavisi i kolku e bremena devojkata koja saka da abortira. A za bolenje sigurno e pogolema psihickata bolka otkolku fizickata bolka... Sepak dokolku se abortira vo rana bremenost ne bi bolelo, sega stavaat i anestezija... No dokolku treba da se abortira vo podocna bremenost toa e prav poragjaj...
     
    На dromka му/ѝ се допаѓа ова.
  20. ocicka2014

    ocicka2014 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2014
    Пораки:
    4.151
    Допаѓања:
    13.515
    Пол:
    Женски
    Бремена си?