Незнам зошто најголемите противници за абортус се млади, немажени и никогаш трудни останати девојки!!?? Колку се они со нивното неискуство компетентни да критикуваат и филозофираат?? Подржувам абортус дефинитивно, секој има слободна воља за да си го креира животот и да обере дали му дошло време да стане родител.
@Sashko1992 Воа твојто испадна сакам кажам незнам речам. Дури после сите твои постови сванав дел од твоето мислење.
I vo brak, nemora samo vrska. Ima ednostavno nisko inteligenti lugje, ne razbiraat zashtita i dvajcata. Zenata ne bila na ginekolog otkako rodila, a mazot nema vo plan da kupi kondom, bidejki so tie pari mozhe nekoe pivo da si kupi i ete gi se namnozile kako staorci, a decana smrznati, bosi i polugladni. Ne e sekoj za roditel, i definitivno sum za abortus. Ako mozesh da mu pruzish zivot na toa dete, togash cuvaj go, a ne da go macish i maltretirash, za na kraj da umre po bolnici ili da stane nekoj delikvent, psihopat i slicno, bidejki se nashlo vo problematichno semejstvo kade ljubovta ja gledaat na tv samo.
Сигурно постојат многу причини поради кои многу жени размислуваат за абортус како излез од проблемот. Но дали абортусот е решение? Дали е излезот? Абортусот не може да биде решение, затоа што е убиство. За абортусот нема оправдување. Ако дојде до несакана бременост постојат многу други вистински решенија без жената да стане убиец на своето бебе. Можеби е во очајна ситуација, но сепак треба да размислува и одлучи трезвено. Не треба да донесе одлука за абортус пред да го види вистинското лице на абортусот. После абортусот во сад лежат деловите од телото на бебето. Дали би сакале Вашите раце и нозе да Ви бидат отсечени од телото? Дали би сакале Вашиот череп да биде продупчен од страна на „доктор“ кој потоа го вшмукува Вашиот мозок? Дали би сакале Вашето тело да биде потопено во остар солен раствор што полека го гори Вашето тело до смрт? - Ова е вистинското лице на абортусот.
Од кај ги најде овие глупости за сечење раце и нозе? И останатите? Фетусот во 6та, 7ма недела е толку мал што ниту се продупчува череп (нема ни формиран череп), ниту раце и нозе се сечат. Легален абортус не се прави на формирано бебе, со сите телесни органи и конечни димензии.
Абе доста со тоа мајката била убиец. Можеби ја донела најправилната одлука. За мене пак убиец е да го родиш и да не му пружиш родителска љубов, убиство од највисок степен, кој почуствувал на своја кожа знае. Едноставно има милион причини зошто детето не е добредојдено во моментот. За заштитата, најдобро е апстиненцијата секако, се друго носи некој ризик. Ме вади од кожа ова убиец - убиство. Иначе подржувам и јас абортус, само сметам да се размисли добро затоа што може да остави последица па жената да не може да забремени, поризично е кај оние кои првпат го прават.
Информирај се подобро те молам ! Никој не насочи дека плодот е во 6-7 или во 20 недела !!! Секој си има право на свое мислење , а тебе ако не ти се допаѓа моето мислење слободно игнорирај го !
Тоа што ти го пиша не беше мислење туку куп невистини кои требаше да поминат за факти. Никој не ти брани да бидеш против абортус, дури ни причини не ти бара. Абортус во 20та недела е нелегален, освен доколку има медицински индиции дека плодот не е во ред. Дискусии се водат за право на абортус кога ќе дојде до несакана бременост, а не откако поминала половина од истата.
тука дефинитивно најголеми филозофи се оние што имаат најмалку искуство и зборување на памет колку сакаш,неупатени и дефинитивно необразовани ,никој нема право да осудува туѓо мислење,но јас сум запрепастена на количината на проста раја што пишува на темава
Кога се зборува за абортус сите ги асоцира на некоја тинејџерка што не знае што прави. Но,забораваме дека тоа го прават и жени во брак. Би ги осудиле ли сопствените баби и мајки? Голем дел од нив имаат абортирано заради тоа што не можеле да чуваат трето дете од финансиски или други причини,само што тоа го криеле. Тоа не значи дека се монструми и лоши мајки. И друга работа, абортус не смее да биде забранет во земја во која децата без родители не се заштитени. После 18 тие се препуштени на улица. Никој не би сакал да го осуди детето на таков живот.
Дека секој си има право на избор, да, се сложувам. Лично од мене не сум за абортус. Ако немаш во главата не се сексај. Или користи заштита. Јас никогаш не би абортирала, никој нема да ми е крив ако на грешка останам бремена. Чим имаш во главата да имаш секс со некого, ќе имаш и да одгледаш едно дете. Затоа прво се мисли, па се прави. Е сега ако ради некои други причини треба да се абортира океј е. Финансиските причини се стварно глупава причина, сега е барем лесно за работа на секој чекор никнуваат кафулиња, па лесно може да се најде работа било каква. А да не го сакаат мало бебенце, јзк да му е. Ама разни људи, разни чуди.
1.Некои противнички на абортусот пишуваат колку е тоа нехуман гест итн. итн. и дека детето зачнато мора да се роди (во тема за или против абортус); 2.После тоа,истите противнички на абортус,коментираат како е тешко да се одгледува деца од финансиски аспект ,па дури ако некоја се жали дека е во таква ситуација тогаш и ќе и речат па што се мажеше,па што така неподготвена остана трудна (во тема проблеми со свекрви,брак,снаи,золви,финансии и сл) и 3.истите противнички на абортус ќе коментираат дека не може секој да биде родител,дека родителот мора првин да е психофизички здрав и финансиски спремен за деца...итн итн...па како тоа има родители што ги занемаруваат децата...па зотшо воопшто ги раѓале...итн итн (во теми од секојдневието)...... .....хипокризија до бескрај. П.С. НАМЕСТО ДА СЕ САТАНИЗИРААТ ЖЕНИТЕ ШТО ИМАЛЕ АБОРТУС,ОБИДЕТЕ СЕ ДА ВЛИЈАЕТЕ НА ПОДИГАЊЕ НА СВЕСТА ЗА СЕКСУАЛНИОТ ЖИВОТ,ЗАШТИТА ОД С.П. БОЛЕСТИ И НЕСАКАНА БРЕМЕНОСТ.
@larrachi Кондомот не ти гарантира дека нема да останеш бремена. Се случува да пукне и? Нели си имала заштитен секс, имаш во главата и сега шо ќе правиш? На 18-19 години ќе чуваш дете или ќе тркнеш до аптека по Норлево и после некој ден по тест да провериш да не си бремена? И да, поддржувам абортус.
Јас сум ЗА правата на жените. И бев ЗА абортусот се до моментот кога видов како се прави абортус и ПЕКОЛОТ низ кој поминува ДЕТЕТО. Абре луѓе тоа е дете, а таа што го носи му е МАЈКА. Дури и кокошките имаат поголем мајчински инстинкт од некои човечки суштества. Ако треба десет ќе родам и ниедно не фрлам. Господ ако ми го дал да го родам ќе го родам. Па уште да имало абортус во петти, шести месец, па дури и покасно.... Па што не го роди па нека го фрлат низ пенџере детето. Ох Господе на каде оди светот!!! Идиотизам без граници
Ако те силува некој , ќе му го родиш детето? Ако ќерка ти остане трудна у осмо, да го роди детето? Ако детето ти е болно, и ќе живее како билка и со илјада маки, ќе го родиш да преживува, а не да живее?
Не зборувам за абортус до 8 или максимум 12 недела од бременост. Ете до тогаш го поддржувам изборот на жената. Заборавив тоа да го спомнам. Ама се што е после 12 недела кога бебето има еазвиен нервен систем и чувствува болка, кога абортусот се изведува со претходно касапење на беберо дел по дел, па се вади дел по дел..... Ни на душман не му посакувам таква судбина а не па на неродено бебе. Или да не спомнам како извефуваат абортус во трето тромесечје од бременост. Ете тоа не го поддржувам јас и не треба да се прави според мене. Ако е детето плод на силување пак има друг избор- дај му шанса да живее и дај го во дом на крај на краиштата. До 4 недели тоа не е сеуште формирано бебе и ете се прифаќа абортус, макар што јас не би го направила на мене.