Мамички, дали некоја знае колку млеко отприлика е потребно на едномесечно бебе со тежина околу 3600гр. бидејќи моментално сме на комбинирано, малку цица од мене, малку се молзам и на крај и давам адаптирано Аптамил 1 но бидејќи секогаш различно ми цица и различно успевам да измолзам сакам да знам колку АД да и приготвам на крај за да не биде гладна. Засега отприлика и давам од 80-100мл на оброк (вкупно мајчино и Ад) ама незнам дали и се малку или многу бидејќи има денови кога знае да се покака 2-3 пати но има денови кога ич не кака и незнам дали од што е гладна или не.
Ние почнавме со хипп па го заменивме со лактовит. Но, колку и да не се препорачува менување на млекото-принудена сум и лактовитот да го сменам поради начинот на подготовка. Сите останати горе-долу слично се подготвуваат само лактовитот бара многу повеќе вода. Ако за хумана 1 со 3 лажички се става 90 мл вода за лактовит се става 110 мл. Исто и за 4 лажички - хумана со 120 мл , лактовит со 150 мл (припремен оброк излегува 170 мл)... На кутијата лактовит пушува 4 лажички од втор месец, што според мене е премногу. 170 мл за бебе од втор месец??? Тоа ми дава до знаење дека млекото е слабо а само ќе му се дува стомачето.
На секое ад млеко пишува отприлика колку треба да испие бебушот во зависност на воздраста. Не дека е строго определена граница (секое бебе за себе), ама горре долу тука некаде е потребата од млеко. Доколку цица и додаваш ад (и ние правиме така) нема теоретски шанси да погодиш колку да направиш млеко. Некогаш ќе испие повеќе некогаш помалце. Јас на таа воздраст правев по 60 мл од кои се случуваше да фрлиме половина, а некогаш го пиеше цело шишенце. Во однос на столицата ќерка ми кака на два дена и тоа зелено а и да и давам повеќе ад нема да пие што значи дека е сита. Ако е мирно бебувчето тогаш нема потреба за паника.
Ти благодарам АНИНА , и јас исто мислам како тебе ама сепак реков да прашам некој поискусен Ч). Иначе баш денес бевме на преглед и според тежината супер си напредува (3860гр) , па ни рекоа да продолжиме вака, ни повеќе ни помалку, а тоа значи околу 80-100мл според мои проценки , како што викаш секој оброк е различен така да кога воопшто несака да цица почнав да и правам 75мл. од АД да не ја мислам дека е гладна а во упатството пишува и по 90гр за нејзината возраст ама сепак си викам да не и е многу бидејќе АД е потешко за варење. Иначе откако ќе ја нахранам си спие како топче ама сега гледам има поголем апетит и се буди на пократки интервали отколку претходно. Порано со маки ја будев за да јади а сега таа ме буди мене Ч)
Ве молам за мислење доколку некоја мајка имала вакво искуство.Моето бебе е три месеци, се роди 3300 и сега е 5250 , треба да пие АД млеко, пробавме со хипп комбиотик се изнафрли направи алергија , сеа го пробав и со аптамил 1 ,пак се изнафрли, детето е алергично на некоја состојка во АД млекото ,сеа треба само да цица ,ама некако малку качува не знам што да правам
Јас би ти препорачала ова прашање да го поставиш на една група на ФБ, групата се вика соба за доење, а на прашањата одговара Др Јулија Илиевска и многу корисни совети дава во врска со доењето. Инаку мојата ќеркичка сега има 16 месеци, а тежи само 9 500гр, но сеуште цица. Јас го имав истиот проблем со ненапредување ама некако издржав, а сега едноставо не сака да јаде и нема друго решение. На 3 месеци тежеше 6 100 и после тоа напредуваше ептен слабо, но никогаш не ја понудив со АД. Прашај ја Др Јулија и верувај дека подобар совет од неа нема да можеш никаде да добиеш. Не се секирај за тежината, колку време трае еден подој?
Според мене твоето бебе супер напредува. Бебето треба да ја удвои родилната тежина на 6 месеци ,а твоето веќе има 5250 што е супер. Продолжете да цицате и уживајте, ако си е весело бебето значи се е во ред.Следи ги пелените боја на каката, нивната тежина. Мој предлог и да се консултираш и со докторката од соба за доење на фб.
Некако ме утреши, но испага дека напредува по 600 гр месечно,мислам дека е малце ,кратко цица 6-7 минути ,некогаш плаче мислам не се дојадува ,млеко имам ,а пијам и хипп мама за доилки ,сепак Мелинара Ви благодарам за убавите зборови и совети,Поздрав
На моето бебе му давам Хип Комбиотик досега супер беше се,но еве веќе 3 ден како ми повраќа значи повеќе повраќа и тоа се случува еднаш во денот.Одкако ке му дадам млеко го почекувам да ждригне,но ми се има случено и кога ке ждригни да ми поврати.Во што е проблемот да не знае некој?
Па само 3дена се,почекај уште некој ден па ако прави пак така или смени го млекото или разговарај со педијатрата ама првин почекај нека помине една недела да не е до млекото.
Ако повраќа малку, тоа е само вишикот го повраќа ама ако повраќа повеќе тогаш не го прима тоа млеко. Јас на син ми на почеток по препорака на лекарот му давав Новалак млеко, на почеток си пиеше без проблеми но после недела две на неколку пати ми поврати многу, и јас му сменив со Хумана и му се смири повраќањето.
За 5 дена правиме 7 месеци. На АД млеко сме само пред легнување, ноќниот оброк...и евентуално сабајле (а може и овошна каша)значи не секогаш тој утринскиот. После преку ден одиме солени благи домашно правени каши, фрутолино...битолско-несквик. Вие како сте со АД млекото на оваа возраст?
majki ve molam za sovet imame 2 meseci i edna nedela od pred eden mesec sme na adaptirano mleko ja pieme humana 1 ama povejke od 70 do 90 ml nemame ispieno rodeni sme so 3040 gr a pred edna nedela imavme 4230 gr. inace imame strasen problem so grcevi koga gi ima voopsto ne saka ni da jade so sila ke jade 30 ml mleko zagrizena sum zosto sega bi trebalo da pie po 120 ml melko ve molam za sovet
Немој да се водиш според табелата на пакувањето на млекото. Син ми никогаш не пиеше млеко како што пишуваше на табелата. Штом има грчеви, смени го млекото. Јас на син ми му давав Хип и немаше никаков проблем од млекото. Еднаш пробавме да го смениме млекото. Му дававме Лактовит Плус, ама од него почна да има грчеви, па пак се вративме на Хип.
Ми треба совет од вас кое АД млеко да и го давам на бебушка. Јас ќе продолжам да ја дојам, ама заради недоволно млеко принудена сум да ја дохранувам. Со кое млеко да почнам? Јас по препорака зедов Нан1, почнав да и давам 2-3 пати во денот и како за почеток добро го прифати. Ми требаат ваши мислења за тоа кое млеко е најдобро т.е со најмалку штетни состојки.
Јас АД млеко го земам ХИП-ОРГАНИК и сум задоволна, и давам од него само во ноќните часови бидејќи навечер слабо имам млеко. А сонце6 не се владеј по дозата на кутијата. Тука пишува од 3-4 месеци треб по 180 мл да се пие млеко, а ние по 60-70 мл пиеме и горе-доле добро напредуваме. Секое дете различно е.