Амерички крофни и амерички палачинки

Дискусија во 'Рецепти' започната од marijagjakovska, 20 август 2010.

  1. marijagjakovska

    marijagjakovska Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јули 2010
    Пораки:
    33
    Допаѓања:
    2
    дали има некој рецепт за амерички крофни и амерички палачинки..а, и за тие мафините?
    :) ;) :) :) :)
     
  2. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.945
    Допаѓања:
    26.848
    Мајка ми има рецепт за амерички крофнички, многу лесно, брзо и едноставно:
    1 шолја од 200 гр. кисело млеко или јогурт
    2 шолји брашно
    2 мали лажичиња ракија (било каква, ова за да не "пијат" многу зејтин крофните)
    2 јајца
    1 пециво

    Се меша смесата во подлабок сад и кога ќе стане со средна густина, само се зема со мало лажиче тесто и се пушта со сад со загреано масло. Се пржат, а потоа се знае - чоколаден прелив, мед, шеќерен прав, по избор.
    Bon appetit ! ;)
     
    На Sm.real му/ѝ се допаѓа ова.
  3. marijagjakovska

    marijagjakovska Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јули 2010
    Пораки:
    33
    Допаѓања:
    2
    Амерички крофни

    Потребни состојки:
    1 Шекер лажичка/ки
    1 парче пециво
    200 милилитри Млеко
    2 кесички Ванилин Шеќер
    200 грама Брашно
    2 Јајца

    Се матат јајцата. Постепено се додава шеќерот и ванилата.
    Кога јајцата убаво ке бидат изматени, се намалува брзината на миксерот,
    постепено се додава млекото наизменично со брашното и 1 прашок за пециво.
    Од брашното ставаме по потреба (не мора точно како што е назначено, може и повеќе)
    се додека не се добие густо тесто (отприлика како за мекици)
    Се пржат веднаш, во врел зејтин. Со мало лажиче се обликуваат во форма на топче.
    Нема да коментираме колку се вкусни, зашто ова е трет пат како ги правиме и едвај успеавме да ги сликнеме пред да се изедат :)


    Амерички палачинки

    Потребно:
    3 jaјца
    250g брашно
    1,5dl јогурт или кисело млеко
    2,5dl млеко
    2 лажици шеќер
    1 лажица сол
    2 лажици прашок за пециво

    Подготовка:
    Состојките ги мешаме и ги оставаме да стојат 10 минути па ги печиме во тавче. Ги премачкуваме со џем, мед или било што друго вам што ви се допаѓа.


    Палачинки со фил од ванила

    За крем
    - 500 мл млеко
    - 100 гр шеќер
    - 1 пудинг од ванила
    - 100 гр мелени ореви
    - 2 ванилини шеќери
    - 50 гр путер
    - 50 гр шеќер во прав

    за тесто
    - 250 гр брашно
    - 1 јајце
    - 3 дл вода

    Во тенџере ставаме 1/2 литар млеко, а во мензурата ставаме 1 децилитар. Тенџерето го ставаме на оган. Во млекото додаваме 100 гр шеќер, промешуваме и оставаме да зоврие. Во меѓувреме во мензурата со млеко додаваме пудинг и промешуваме. Во садот за матење ставаме 1,5 дл. вода. Кршиме едно јајце, го ставаме во садот и матиме со миксер. Потоа кон смесата го додаваме брашното и продолжуваме да матиме со миксерот.

    Откако млекото ке зоврие, смесата за пудинг полека ја истураме во тенџерето и непрекинато матиме со жица за матење на тивок оган. Кога смесата ќе се згусне, го тргаме тенџерето од оган и го ставаме на работната маса. Го оставаме пудингот да се излади. Потоа тавата на која ќе ги пржиме палачинките ја премачкуваме со масло за јадење. Кога тавата доволно ќе се загрее, смесата за палачинки ја истураме во неа. Откако палачинката ќе се испече од една страна, ја превртуваме да се испече и од другата страна. Кога ќе се испече и од другата страна, палачинката ја ставаме на една чинија. Истото го правиме додека не ја потрошиме смесата за палачинки.

    Откако пудингот ќе се излади го истураме во сад за матење. Додаваме 50 гр. путер и со миксер матиме смесата да се соедини. Потоа ги додаваме мелените ореви. Матиме со миксер. Кога филот е готов, започнуваме со филувањето на палачинките. Од филот нанесуваме на палачинката и го размачкуваме на една половина од неа. Најпрво ја превиткуваме на половина, а потоа и на четвртина. Филуваните палачинки ги редиме на чинијата.

    _________________________________________________________________________________________________________


    вчера јас и мајка ми правевме амерички крофни,и испаднаа мноогу вкусни!

    еве рецепт:
    1 лажичка шеќер
    1 пециво
    200 мл млеко
    2 кесички ванилин шеќер
    200 грама брашно
    2 јајца

    Се матат јајцата.Постепено се додава шеќерот и ванилата.кога јајцата убаво ке бидат изматени,се намалува брзината на миксерот,и постепено седодава млекото неизменично со брашното и 1 прашок за пецво.од брашното се става по потреба( не мора точно какошто е нанзачено,може и повеќе)се додека не се добиегусто тесто(отприлика како за мекици)

    Се пржат веднаш,воврел зејтин.сомало лажиче се обликуваат во форма на топче.После се става шеќерво прав и чоколаден прелив.

    значи мој коменатр за рецепвов:МЊАМ!!!
    :D ;)



    фала trendafilka! :)
     
    На katka-slatka му/ѝ се допаѓа ова.
  4. KuklickaSk

    KuklickaSk Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    1.174
    Допаѓања:
    845
    Мафинсот ги имаш во Кам Маркет готови. Само се меша смесата и се печат . Мн се убави.. Инаку и во Америка се јадат така готови од кутија .
     
  5. blondini

    blondini Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јули 2010
    Пораки:
    29
    Допаѓања:
    10
    Амерички крофни и амерички палачинки!

    Recept za amerikanski cokoladni mafini (proban e milion pati)
    potrebno:50 gr,seker,1 vanila,100gr.margarin(moze i pola,znaci 125 gr.),1 jajce,2dl.mleko,2 mali laziki kakao,150 gr,brasno,1 pecivo,200 gr.cokolado za gotvenje(polovina seckano,polovina topeno)
    Se mati margarinot so sekerot i vanilata,ne mora mnogu da se mati,potoa se dodava jajceto,pa rastopenata cokolada,potoa 200 dl.mleko i 2 lazicki kakao.Se dodava brasnoto i pecivoto.Na kraj se dodava seckanata cokolada.Ne mora mnogu da se mati,odnosno mafinite ne treba das e matat i da se mesaat mnogu,toa e pravilo.
    Potoa se pecat vo tava za mafini,dokolku nemate hartieni kosnicki,ke namackate so margarin,se pecat 20 min na 180 stepeni,odkako ke se izvadat se ostavaat malku da se izladat,zasto ke se skrsat,mnogu se krevki.
    Po zelba moze da se premackaat odozgora so cokolado,i taka dobivate,dvojno,ili trojno cokoladno zadovolstvo!:))))
    A,sum go pravela istiot recept bez kakao i isto taka e vkusno,samo sto inaku izgledaat!Probajte nema da zazalite,vetuvam!
    Dobar apetit!
     
  6. sexymama

    sexymama Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    96
    Допаѓања:
    30
    Амерички крофни и амерички палачинки!

    sinoka pravev americki palacinki , ne od ovaa recepta , imam druga
    2 jajca , 300 dl mleko , 260 gr brasno , 1 pecivo i sol malku(samo sto jas staviv poveke , da bidat soleni) ,gi izmativ prvo jajcata pa potoa dodadov mleko i na kraj brasnoto i pecivoto
    se przat na namasteno tavce kako palacinki, stavav so kutlaca , se stava samo na sredinata od tavceto
    ubavi bea , samo naredniot pat ke gi napravam blagi kako sto i treba ;)
     
    На marijagjakovska му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Macushka88

    Macushka88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 септември 2010
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    4
    Америчките палачинки треба да бидат дебели и пуфкасти. најдов еден совршен основен рецепт на кој потоа ќе можете да му додадете нешто плус по ваша желба
    Состојќи за 8 послужувања

    190 g бело брашно
    10 g прашок за пециво
    6 g сол
    10 g бел шеќер
    295 ml млеко
    1 јајце
    45 g путер или маргарин за готвење стопен

    Упатство

    1.)Во голем сад, измешајте ги брашното(убаво е да си го просеете бидејќи така палачинките се пуфкасти), прашокот за пециво, солта и шеќерот. Направете си како бунарче на средина и турете го млекото, јајцето и путерот. Мешајте додека не стани мазно, хомогено.
    2.)Загрејте го тавчето за пржење ставете наместо масло малку путер да се растопи. Мене најубаво ми е на средна температура да ги правам. Турајте од смесата со црпалка. Во зависност од колкава е црпалката толку палачинки ќе добиете.хехехе :D Треба да се кафеавкасти на двете страни и послужете ги жешки. најубаво одат со јаворов сируп но мислам немаме таков во Македонија барем јас немам видено а сум барала по маркети. наместо тоа можете да си ги јадите со мед, или со шербет. јас си правам домашен сируп(шербет) 2 шојли шеќер 1 шоља вода да изврие и му додавам екстракт од ванила понекогаш малку рум или некој друг екстракт само колу да мени мирис неколку капки и такааааа.
    Пробајте и кажете ми. Мене и на ќерка ми ни се омилени :D
     
    На SunnyGirl2, She и Kasija им се допаѓа ова.
  8. marijagjakovska

    marijagjakovska Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јули 2010
    Пораки:
    33
    Допаѓања:
    2
    го има некој традициноналниот рецепт за амерички палачинки.. ??
    :]
     
  9. Kasija

    Kasija Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 декември 2009
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    0
    Фала многу Macushka88 за рецептот за американските палачинки- преубави се, немам зборови :) :) :)
    Јас ги филував со ако може да се рече мој домашен мармалад од јаболки. За негова подготовка е потребно следново: 1 чаша вода, 2 средно големи јаболки муцо, 3 лажици темно кафеав шеќер и малце цимет. Многу е убав мармаладот зошто со него палачинките се посочни.
     
  10. BoaVista

    BoaVista Популарен член

    Се зачлени на:
    23 август 2010
    Пораки:
    2.826
    Допаѓања:
    7.930
    Пол:
    Женски
    Ги правев вчера и мноооогу се вкусни, лесно и брзи за правење ;)
     
  11. She

    She Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2010
    Пораки:
    106
    Допаѓања:
    52
    Ептен убави испаднаа. Ги правев вчера и неможев да допрам со јадење :lol:
    [​IMG]
     
  12. ljubicicaa

    ljubicicaa Популарен член

    Се зачлени на:
    14 декември 2010
    Пораки:
    1.539
    Допаѓања:
    528
    ај да прашам ама да не се смеете, овие американскиве палачинки во какво тавче ги правите???? во тоа за обични палачинки?? :lol:
     
  13. She

    She Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2010
    Пораки:
    106
    Допаѓања:
    52
    Да, во истото тавче како и обичните палачинки :)
     
  14. TammyDeyn

    TammyDeyn Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 март 2011
    Пораки:
    181
    Допаѓања:
    236
    Хах ај и јас да прашам едно (веројатно) смотано прашање :)

    Како измеривте 6г сол?!
    иии 45г путер :o
    :rofl: :rofl: :rofl:
     
  15. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    3.725
    Допаѓања:
    3.541

    Има едни мали дигитални ваги. Си има и стандарди колку гр собира една мала кафена лаж. колку супена.....
    Како и да е и мене ми е смешно и никогаш не мерам
     
    На TammyDeyn му/ѝ се допаѓа ова.
  16. TammyDeyn

    TammyDeyn Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 март 2011
    Пораки:
    181
    Допаѓања:
    236
    Фала ти :)

    Значи сега тоа 6г моажм да го преведам во една лажица сол, иии путеров како со нож кога ќе земеш да намачкаш, отприлика едно редче?!

    Можам така? :rofl: :rofl: :rofl:
     
  17. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    3.725
    Допаѓања:
    3.541

    Да можеш така, 1 мала лаж сол а путер едно редче ама малку подебелко не толку тенко. Или проста математика - 1 путер е 250гр па дели и сечи на крај :D
     
    На TammyDeyn му/ѝ се допаѓа ова.
  18. INSIDIOUS

    INSIDIOUS Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јули 2011
    Пораки:
    705
    Допаѓања:
    500
    Млекото какво? Кисело или обично?
     
  19. Sun.shine

    Sun.shine Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 април 2011
    Пораки:
    223
    Допаѓања:
    101
    Јас го знам истиот рецепт за амерички крофни ама со јогурт наместо млеко, вака
    2 јајца
    1 шоља јогурт (250 мл)
    2 шољи брашно
    1 пециво
    обичен и ванилин шеќер по желба (ако се јадат како десерт, а вкусни се и како солена закуска)

    Ја правев неколку пати рецептава, превкусни се и многу едноставни за подготвување :)
     
  20. starfish

    starfish Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2010
    Пораки:
    4.609
    Допаѓања:
    9.472
    Пол:
    Женски
    Јас ги имам правено два пати по рецептот на Macushka88 и морам да ви кажам дека клучна улога во вкусот има брашното.
    Првиот пат ги правев со брашното на Жито Лукс, излегоа, ама не беа толку убави.
    Денес ги правев со Воденичар брашно и прекрасно испаднаа, прсти да излижеш.

    Инаку сум ги правела и по еден друг рецепт, ама тие некако помрсни беа, а овој рецепт е одличен!!!!



    Ги пoлеав со домашен сируп од јагоди и вишни. Се удавив, буквално.
    Сега не можам да мрднам. :tmi:
     

    Прикачени фајлови:

    • Photo0581.jpg
      Photo0581.jpg
      Големина на фајлот:
      21,1 KB
      Прегледи:
      694
    На Smilly, Mayyya и mims-89 им се допаѓа ова.

Сподели ја оваа страница