Анализа на крв-толкување резултати

Дискусија во 'Здравствени проблеми' започната од femina21, 13 јули 2010.

  1. femina21

    femina21 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2010
    Пораки:
    36
    Допаѓања:
    0
    Правев анализа на крв и во резултатите кај MCHC каде што нормални вредности се од 320-360 мене ми е 280...Дали некој знае да ми каже што значи ова и колку е опасно?
     
  2. Loly5

    Loly5 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јули 2010
    Пораки:
    49
    Допаѓања:
    3
    Јас колку што знам MCHC е средна вредност на хемоглобинот во црвените крвни зрнца. Ако имаш помала вредност од дозволеното или имаш недостаток на железо во крвта или имаш знаци на анемичност. Ама за секој случај прашај некој постручен со сигурност да ти каже.
    Поздрав
     
  3. Lolipop23

    Lolipop23 Популарен член

    Се зачлени на:
    21 март 2010
    Пораки:
    1.385
    Допаѓања:
    1.446
    MCHC ја покажува концентрацијата на хемоглобин во еден литар еритроцити( не во 1 литар крв ). Да нормалните вредности се од 320-360 грам на литар. Е сега твоето мислам дека не е алармантно, незнам што ти кажал докторот треба него да го прашаш. Мислам дека се работи за анемија може ќе треба да земаш витамини
     
  4. vaseprilep

    vaseprilep Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јуни 2010
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    3
    доколку некој знае би сакала совет. Серумското железо ми беше тројка (3), што беше многу ниско. Пиев тотхема, семе од коприви и слични работи, па се покачи на 12, се до следниот менструален циклус кога нагло ми падна овој пат на 4. Хемоглобинот и еритроцитите се покачија и се во нормални граници но серумското железо упорно ми паѓа. Имал ли некој сличен проблем и како го решил?
     
  5. Iva-Mici

    Iva-Mici Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    1.162
    Допаѓања:
    214
    Само со семе од коприва,а зашто нагло ти паќа незнам,исто така јади повеќе боранија(знам дека е гадна ама тоа е ) и спанаќ. Поздрав
     
  6. Annath

    Annath Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    5.366
    Допаѓања:
    5.632
    Пол:
    Женски

    И јас го имав истиот проблем. Докторот ми кажа дека е тоа од преобилните менструални крварења, затоа што јас навистина обилно крварам при менструација, и тоа првите три дена, се случуваше две до три пакетчиња влошки да потрошам првите денови. Гинекологот ми препиша Дабростон таблети кои ги пиев 6 месеци, заедно со терапија на база на железо, и имаше резултати. Ако е кај тебе истиот случај, т.е крвариш многу обилно, консултирај се и со гинеколог, на своја рака немој да ги земаш, сепак се работи за хормонски таблети.
     
  7. doktorka-an

    doktorka-an Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 мај 2010
    Пораки:
    1.079
    Допаѓања:
    313
    за намалено количество на железо и хемоглобин ве молам не користете само лекарстав потрудете се и со богата исхрана со тие недостатоци....лекарствата оставете ги за на крај
     
  8. kiki4kablondy

    kiki4kablondy Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 март 2010
    Пораки:
    349
    Допаѓања:
    124
    Денеска правев анализа на крв,матичната ми е на одмор,има некој работи што не ги разбирам а ми се покачени ке може ли некој да ми ги протолкува

    RDW 14.7 H%
    PDW 17.5 H%
    MO 12
    WBC 10.8
     
  9. polzela

    polzela Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 март 2011
    Пораки:
    24
    Допаѓања:
    2
    КРВНА СЛИКА

    Правев крвна слика ама докторката ништо не ми кажа нити ја виде убаво.Па сакав некого да прашам ако знае да ми каже холестеролот ми е 5,8 дали е нормално или е висок и триглицеридите ми се 2,2.Исто така во диференцијална крвна слика има ознака Li(%) тоа ми e31.7 дали и тоа е нормално,Инаку сум 35недела бремена па ако може некој да ми каже фала однапред
     
  10. Ferhunde-87sk

    Ferhunde-87sk Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 септември 2010
    Пораки:
    154
    Допаѓања:
    36
    КРВНА СЛИКА

    Обично, ги има границите на нормала за сите работи од страна, пример ако холестеролот ти е 5,8 од лева страна треба да стои од колку до колку е нормално, па така и сама ќе можеш да си оцениш дали се е нормално или има нешто покачено или намалено
     
  11. FemmeBrunette

    FemmeBrunette Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 ноември 2011
    Пораки:
    100
    Допаѓања:
    36
    Има ли некој што се разбира од имунолочки анализи на крвта? Што значи ЦРП? И што би значела покачената вредност на ЦРП ако вредностите се од 0-10, а во случајов е дури 60,310!
    Молам за помош, однапред благодарам.
     
  12. la-chicka

    la-chicka Популарен член

    Се зачлени на:
    21 април 2010
    Пораки:
    1.318
    Допаѓања:
    1.539
    Јас колку што знам ЦРП покачено значи дека се работи за некаква инфекција... Некој што подобро знае нека ме поправи ако грешам :?:

    Еден пример
    (другарка се сомневаше дека има кламидија, и на гинеколог и рекоа пред да правиме микробиолошки испитувања, испитај крв, ако ти се покачени ЦРП и леукоцити, тогаш дефинитивно се работи за инфекција :?: (немора да значи дека твоево е нешто вакво, само пример беше ова)
     
    На Zlatusko му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Zlatusko

    Zlatusko Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 април 2010
    Пораки:
    531
    Допаѓања:
    675
    Ц-реактивен протеин е главен индикатор за акутна инфекција или инфламација. Исклучок е бременост кога CRP има секогаш високи вредности.
     
  14. FemmeBrunette

    FemmeBrunette Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 ноември 2011
    Пораки:
    100
    Допаѓања:
    36
    Фала на сите многу. Се работи за моја многу блиска особа, па некако ме опуштија одговориве. Благодарам!
     
  15. gocedelcevstip

    gocedelcevstip Активен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2011
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    0
    imam problem so masnotii te , i dobrite i losite mi se zgolemeni, pa ve molam za nekoj sovet, vo vrska so ishranata i nesto slicno.

    [mod-kirilica:551yk2ol][/mod-kirilica:551yk2ol]
     
  16. The-Queen

    The-Queen Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јули 2010
    Пораки:
    2.098
    Допаѓања:
    2.203
  17. moonlight-girl.55

    moonlight-girl.55 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2010
    Пораки:
    1.260
    Допаѓања:
    1.049
    Железото пред 2 месеца ми беше 4,2.
    Сега на овие резултати, знам дека докторот ми заокружи се да се испита од крвта, а посебно железото.
    Мене ми земаа крв од прст, и на овие резултатите, ама баш нигде јас не гледам железото да ми се спомнува. Има хемоглобин нормално, а железото ... Каде е?!?!
     
  18. Adelcheto

    Adelcheto Активен член

    Се зачлени на:
    23 мај 2012
    Пораки:
    51
    Допаѓања:
    3
    се бележи серумско fe провери пак :*
     
  19. sencence

    sencence Активен член

    Се зачлени на:
    2 март 2012
    Пораки:
    74
    Допаѓања:
    7
    Пол:
    Женски
    Железо не се испитува преку прст само венски,јас бев анемична и постојаного испитувам железото.Само хемоглобин и обична крвна слика преку прст.
     
    На Twinkles и Adelcheto им се допаѓа ова.
  20. moonlight-girl.55

    moonlight-girl.55 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2010
    Пораки:
    1.260
    Допаѓања:
    1.049

    Па знам дека и мене претходниот пат од вена ми земаа крв. На овие резултати гледам дека нема. Добро, дали е идиот докторов или што го треснало не знам, јас отидов за железото да ми го проверат! :@
     

Сподели ја оваа страница