1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Анализа на крв-толкување резултати

Дискусија во 'Здравствени проблеми' започната од femina21, 13 јули 2010.

  1. MarchelineAmaru

    MarchelineAmaru Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јули 2010
    Пораки:
    2.255
    Допаѓања:
    1.343
    Покачување на креатин киназа во серум?
     
  2. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.025
    Допаѓања:
    198.999
    Пол:
    Женски
    Обично при мускулен замор, односно интензивна физичка активност може да се јави покачена вредноста на овој ензим во серумот. Зависи и колку е покачена. Ако немаш интензивна физичка активност подолг период, може ќе треба да ги повториш анализите.
     
  3. lolyta777

    lolyta777 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2011
    Пораки:
    2.337
    Допаѓања:
    6.899
    Пол:
    Женски
    Пак јас :lol:
    За железо пијам Хемобит плус т.е пиев.
    Неколку дена не се напив бидејќи заклучив дека од нив ми е тешко, ми се лоши и повраќам и на своја рака си ги прекинав и не примав ништо друго за Fe 3-4 дена.
    Минатиот месец железото ми беше 18, а сега т.е. на резултатите од вчера само 10, ама ОК си викам сепак 9-ти месец сум. Инаку добро се чувствувам, не се изморувам добро, ниту пак сум нешто исцрпена, а разбрав демек тоа биле симптомите поради недостаток на Fe.
    Со првата бременост пиев сируп Легофер и добро се сеќавам дека немав никакви нус појави како сега со Хемовит-ов, па ме интересира ако некој знае дали може на своја рака да ги заменам капсуливе со сирупот или сепак да си вртам по д-ркиве (д-рката што ми е мат. гинеколог е на одмор цела недела, тек во понеделник ќе одам на контрола, а не сакам да ја замарам мојата матична општа д-р).
     
  4. MarchelineAmaru

    MarchelineAmaru Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јули 2010
    Пораки:
    2.255
    Допаѓања:
    1.343
    Горна граница е 80 , а кај мене е 85.
    Денес ми дијагностицираа уште и тешка форма на гастроптоза ,скелетната мускулатура периодично атрофира ,па се враќа во некојаси "нормала" , а никој не знае да ми даде точна и целосна дојагноза.
    Се плашам да не станува збор за некое автоимуно нарушување...
     
  5. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.025
    Допаѓања:
    198.999
    Пол:
    Женски
    Ако ти е подобро од Легоферот, слободно земи го, макар што Хемовитот содржи и Б12 и фолна киселина кои помагаат во ресорпцијата на железото. Важно е на некаков начин да го надоместуваш железото онака како што тебе ти одговара. Многу ти е намалено, ама добро, се очекува тоа во бременост. Сепак, земи Легофер и пиј, да си имаш резерви, за да не одиш на породување со ниско железо.
     
    На lolyta777 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. sencence

    sencence Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 март 2012
    Пораки:
    94
    Допаѓања:
    14
    Пол:
    Женски
    Сакам да ги прашам форумгиките ако некој знае дали е предуслов за дијабет шекер 6.1 овојпат ми е покачен а претходните анализи беше 5.2 Редовно правам контрола во лабараторија бидејки имам проблем со тироидната а покажа овојпат и пролактинот висок.Ве молам дали некој знае да ми каже?
     
  7. eva11

    eva11 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2011
    Пораки:
    1.851
    Допаѓања:
    757
    од 4,5 до 6 е нормално да е секерот во крвта така да не се пласи не е страшно
     
  8. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.050
    Немаш место за паника, нормално е на гладно да е до 6. Тебе тука негде ти е. Може да си јадела доста благо или ако си вечерала подоцна па да се појави. Ако сакаш да си раат, оди по една недела пак провери.
     
  9. lolyta777

    lolyta777 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2011
    Пораки:
    2.337
    Допаѓања:
    6.899
    Пол:
    Женски
    Ќе се надоврзам на постов за да си прашам пак нешто.
    Продолжив со Хемовит-от баш поради причините кои ги наброја Анатх со тоа што почнав да ги пијам навечер од прилика еден час пред да си легнам, секако дека претходно имам и вечерано бидејќи во упатството пишува дека се конзумираат со храна (до душа и гладна сум, ми се јаде, нема шансли да си легнам не вечерана :$ :lol: ), вака не ми се лоши и немам никакви тегоби ниту проблеми со желудникот во текот на ноќта.
    Дали грешам, може ли да се пијат навечер или мора наутро?(ништо не пишува во упатството)... или пак се замарам со глупости |( :?:
     
  10. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.025
    Допаѓања:
    198.999
    Пол:
    Женски
    Не, не е важно кога ги пиеш, важно е да не ги мешаш со кафе, млеко и млечни производи, а се препорачува после јадење. Јас обично после ручек ги пијам, затоа што ручекот обично не содржи ни млеко ни млечни производи. И мене ми се случуваше во бременоста од Фероглобинот (Хемовитот се исти како нив по состав) да ми се лоши и да повраќам, особено во третото тромесечие, иако си ги пиев после јадење.
     
    На lolyta777 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. NoellePage

    NoellePage Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2011
    Пораки:
    910
    Допаѓања:
    1.767
    Нема врска кога ги пиеш. Мене на пример исто како тебе мн мн телото не ми ги поднесуваше, завршив со опасно сува столица и за малку и некој хемороид што не закачив од толку тешки што ми беа. Па удрив мн јако на природна база, ама ете ти тоа ти е не е доволно само со природни продукти да земаш замав, сепак мн повеќе се троши во бременост,па ги прекинав. На контрола баеги ми беше паднато, па на тот-хема ампули 10 дена сум после 2 и те како на подобро одма ми беше покачено, ги растварав во сок со поручек и вечера, касна вечера :D така да ништо не ми е а далеку посилни се од Хемовитот, ама одат само на рецепта.

    Е сега,за ручек Мамавит витаминчиња си пијам,па се мислам дали од кога ќе завршам со железово да продолжам само со витаминиве, или пак и со екстра железо како Хемовитов?!
     
  12. lolyta777

    lolyta777 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2011
    Пораки:
    2.337
    Допаѓања:
    6.899
    Пол:
    Женски
    Јас само Хемовит пијам и Магнезиум шумливи таблети 2х1, ништо друго. Еве на средина на 9-ти сум и матич. гинек. ми кажа да си ги пијам до крај на бременоста т.е до самото породувања, а после ќе сме виделе што и како ќе пијам во зависност од крвната слика.
    Значи јас на Хемовит ќе бидам до самиот крај :)
     
  13. NoellePage

    NoellePage Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2011
    Пораки:
    910
    Допаѓања:
    1.767
    Со среќа и со лес да си ја износиш бременоста и да си се породиш. И многу среќа и здравје за малото ангелче
     
    На lolyta777 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Skackay

    Skackay Активен член

    Се зачлени на:
    5 јули 2012
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    Proveruvajne na krv

    vaka sakam da prasam nesto denes si zedov krv si napraviv cela krvna grupa i na onoj listot sto ti proveruvat krv odpozadi pisuvase samo KRV i ja imav dva ++ moze nekoj da mi odgovori sto znaci toa .. izvinete na smetejneto:))
     
  15. ribce27

    ribce27 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 декември 2011
    Пораки:
    203
    Допаѓања:
    54
    mchc

    здраво,ми треба одговор од лица кои се разбираат од резултати од крв.крвната слика ми беше добра но мцхц или концентрацијата на хемоглобинот во крвта покачена,сакам да знам што значи тоа и зошто е така.имав циклус за време кога испитував крв дали е поврзано со тоа?фала :)
     
  16. nice.girl9090

    nice.girl9090 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2010
    Пораки:
    348
    Допаѓања:
    69
    Кога ја добив анализата на крвта имав покачени GOT(AST) и GPT(ALT) . Тоа колку што знам се црнодробни ензими. Ме интересира што може да значи нивното покачување ... и како да се намалат ???
     
  17. Lolipop23

    Lolipop23 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 март 2010
    Пораки:
    5.514
    Допаѓања:
    27.298
    Пол:
    Женски
    Да, тоа се ензими - аминотрансферази кои се продуцираат во црниот дроб и се индикадоти за црнодробни заболувања (посебно ALT). Сепак не мора да значи дека ако ти се благо покачени дека имаш проблем со црниот дроб, можно е да е од некои лекови, од претерано консумирање алкохол или од интензивно вежбање (се продуцираат и при оштета на мускулите). Сега не знам, колку се покачени твоите, ако е 2-2,5 пати над нормалните вредности мислам дека нема потреба од паника. Ако се доста повисоки треба да се консултираш со лекарот твој, може да е жолтица, не дај боже! Исто треба да се земат в предвид и други фактори, како вкупни протеини, билирубин, ама тоа треба да го види лекарот.
     
  18. kate-the-great

    kate-the-great Популарен член

    Се зачлени на:
    26 октомври 2010
    Пораки:
    1.473
    Допаѓања:
    1.833
    Денес правев анализа на крв ,нема да бидам во можност денес да одам кај матичната а пребарувачот Гугл ме замисли малку ...

    На што укажува намалени
    GRA% 49 ( граница 50-90)
    и
    PCT 0.160 (граница 0.200-0.500)
     
  19. new

    new Активен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2012
    Пораки:
    12
    Допаѓања:
    1
    Бидејќи во оваа тема дискутирате за крвна слика ќе ве замолам да ми помогнете во врска со едно прашања.
    Треба да испитам крвна слика, е сега сакам да ве прашам каде во Скопје (по можност во Аеродром, Центар) има лабаратории кои работат со сини картончиња, и колку пари од прилика земаат за испитување на крвна слика.
     
  20. martinuska

    martinuska Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2010
    Пораки:
    3.095
    Допаѓања:
    3.747
    Општи здравствени проблеми - прашања и одговори

    CMV IgG +positive

    Ај нека ми го објасни некој ова погоре :)