1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Анализа на крв-толкување резултати

Дискусија во 'Здравствени проблеми' започната од femina21, 13 јули 2010.

  1. SIM.S

    SIM.S Активен член

    Се зачлени на:
    16 август 2013
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    0
    Направив анализа на крвта, ќе може некое толкување? :(

    ALT 25 (30-65)
    BUN 1.70 (2.50-6.40)
    AST 10
    GLUC 4 (4.1-5.9)

    WBC 8.2 (3.5-10.0)
    RBC 4.46 (3.80-5.80)
    HGB 130 (110-165)
    HCT 0.353 (0.350-500)
    PLT 244 (150-390)
    PCT 0.188 (0.100-0.500)

    MCV 79 (80-97)
    MCH 29.2 (26.5- 33.5)
    MCHC 368 (315-350)
    RDW 12.4 (10-15)
    MPV 7.7 (6.3-11)
    PDW 9.4 (10-18)
    Благодарам однапред :)
     
  2. expert

    expert Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 август 2010
    Пораки:
    402
    Допаѓања:
    266
    ^
    Пу, пу да не те урочам, ;) резултатите се идеални. А што те натера да правиш крвна слика?
    Да не те буни тоа BUN што е пониско од нормалното, можеби си ситна девојка, можеби малку се храниш, можеби малку вежбаш и се движиш.
     
  3. SIM.S

    SIM.S Активен член

    Се зачлени на:
    16 август 2013
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    0
    Вирусна пневмонија ми рече докторката и поради тоа, него ме буни PDW тоа нешто со тромбоцитите е ... некако пониско од нормалното :) исто и MCHC Покачено малку :D
     
  4. expert

    expert Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 август 2010
    Пораки:
    402
    Допаѓања:
    266
    Тие се гледаат во споредба со целосните бројки на RBC и PLT кои ти се нормални. Вакви минимално намалени бројки може да има заради истата причина која ја спомнав погоре, слабо се храниш, можеби многу пиеш вода.
     
  5. butterflysk

    butterflysk Популарен член

    Се зачлени на:
    24 мај 2013
    Пораки:
    1.719
    Допаѓања:
    3.358
    јас правев крвна слика пред некој месец и ми рекоа дека е добра али мене ме збунија некои работи
    значи PLT тромбоцитите ми беа супер али она другото сврзано со тромбоцитите нивното движење во крвта ли како беше PDW , беше повишено, и докторката ми вика остај тоа тоа не се гледа се гледа бројот на тромбоцитите, ми вика тоа дека си правела на хематологија затоа таква детална анализа на друго место немало да има таква :?: е ај сега :^)
     
  6. Beautiful-Princess

    Beautiful-Princess Популарен член

    Се зачлени на:
    28 јануари 2012
    Пораки:
    755
    Допаѓања:
    372
    Пол:
    Женски
    Девојки едно прашање. Свекрва ми правеше крвна слика и моноцитите и се 36.4% (н.в. 0.0-9.0), а гранулоцитите 34.8 (н.в.42-85). Ај ќе ве молам подетална анализа.
     
  7. vickyy90

    vickyy90 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2011
    Пораки:
    1.487
    Допаѓања:
    1.073
    Ова го најдов на интернет мислам дека убаво и разбирливо е напишано,има и референтни вредности
    http://www.lepotaizdravlje.rs/zdravlje/savet_strucnjaka/krvna-slika-sta-su-normalne-vrednosti
     
    На Beautiful-Princess му/ѝ се допаѓа ова.
  8. vickyy90

    vickyy90 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2011
    Пораки:
    1.487
    Допаѓања:
    1.073
    Женски ај некоја што знае може ли да ми објасни што значи ова

    resultat - ref.
    AHDL 0.85 LO - 1.00-2.00
    TGL 7.21 HI - 0.30-1.70
    CHOL 6.4 HI - 4.1-5.2
    GGT 54 HI - 5-50
    Third 5.35 HI - 0.400-4.00
     
  9. Li0ness

    Li0ness Популарен член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2010
    Пораки:
    1.057
    Допаѓања:
    1.817
    Каде што пишува HI вредноста е покачена, каде што пишува LO, намалена е.

    HDL e „добар“ холестерол AHDL...?
    TGL -триглицериди-покачени
    CHOL треба да е холестерол (покачен)
    GGT (гама глутамилтрансфераза)-ензим на црниот дроб-покачен
     
  10. MarijaPetrovska1

    MarijaPetrovska1 Нов член

    Се зачлени на:
    25 декември 2013
    Пораки:
    15
    Допаѓања:
    0
    Мајка ми постојано ме тера да одиме да ми земат крв да провери некои ствари јас одбивам пошто она незнае дека пушам и сл. И несакам да дознае.. Во последно време ме прашува и дали сум имала сексуални односи јас постојано ја лажам и викам не...Сакаше на гинеколог да ме носи и тоа одбивав многу ми е страв да не дознае.. Затоа решив тука да прашам што се испитува преку земање крв што може да види...? :(
     
  11. Twinkles

    Twinkles Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2014
    Пораки:
    647
    Допаѓања:
    980
    Доволна е само една капка крв за да се провери крвната слика.Кога станува збор за лабораториски испитување на крвта, тоа подразбира два вида на анализи.
    Едните анализи се состојат во испитување на видот, бројот, односот и изгледот на крвните елементи (црвени и бели крвни зрнца и крвни почки). Таа анализа е позната како крвна слика.Со другите аналзи се проверува биохемискиот состав на крвта и врз основа на тие анализи се утврдува функцијата и состојбата на поедни органи и ткива.
    За да се провери крвата слика доволно е да се земе крв од прстот, додека за поопсежните биохемиски анализи на крвта, потребно е да се земе крв од вена на раката.
    Како функционира црниот дроб и каква е неговата состојба покажуваат неколку анализи на крвта, како мерење на нивото на ALT, AST, гама GT и билирубин.А Со клиничките тестови преку крв и урина, бременоста може да се открие.. :) Ама ако те тера да одиш на гинеколог , она не мора со тебе да седи внатре на прегледот , ке бидеш само ти и тој/таа. И ако му/и кажеш да не кажува ништо на мајка ти , тоа ке биде така , тоа ке си остане ваша тајна. Зашто медицинските лица ја чуваат медицинската тајна..и подобро е за тебе да одиш пошто веќе имаш секс..сепак тоа си е твое здравје и ти се грижиш за него :)
     
  12. n1k0la

    n1k0la Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    203
    Допаѓања:
    87
    Вака, зависи од брендод на цигари кои ги пушиш, но некои содржат ацетон. И при проверка на крвта, нивото на ацетон ќе ти биде зголемено(секако ако цигарите го содржат), исто така нивото на ацетон во крвта е зголемено и кај дијабетичарите. Обично оние поевтините содржат ацетон.
     
  13. MarijaPetrovska1

    MarijaPetrovska1 Нов член

    Се зачлени на:
    25 декември 2013
    Пораки:
    15
    Допаѓања:
    0
    Фала ви многу :)
     
  14. sheis

    sheis Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2013
    Пораки:
    357
    Допаѓања:
    243
    Пол:
    Женски
    Здраво феминки! :)
    Ај ако може некоја да ми каже дали е во ред еритроцитите во крвда да ми се 12??? а и холестеролот ми е 3.3... се плашам да не ми е нешто... утре ќе одам кај матчната ама до утре ќе побудалам од паника... :(
     
  15. n1k0la

    n1k0la Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    203
    Допаѓања:
    87
    Мислеш седиментација на еритроцитите ти е 12, така?
    Во границите на нормалата е, без грижа. До 20 е толерантно.
    И холестеролот ти е нормален до 5.2 е нормално.
     
  16. sheis

    sheis Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2013
    Пораки:
    357
    Допаѓања:
    243
    Пол:
    Женски
    да тие ми се 12 :) а холестеролот ми е под граница... се надевам не е страшно :) правев диети па ми се намали многу..
     
  17. littleflower

    littleflower Популарен член

    Се зачлени на:
    20 февруари 2012
    Пораки:
    708
    Допаѓања:
    1.480
    Не знам дали овде одговара прашањево, но ме интересира дали има лабораторија во Скопје да може да се повика од дома да земат крв? Важно ми е...
     
  18. andrijance90

    andrijance90 Активен член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2013
    Пораки:
    84
    Допаѓања:
    8
    Sheis зависи референтната вредност на седиментацијата колкава е , во некои лаборатории е 10, некаде 12. Според мене без плашење али 12 е малце високо, најддобро е да е под 10 иако и до 10 се толерира али ова веќе е покачено .

    Иначе за феминкава погоре мислам Авицена нуди такви услуги јави се прашај за сигурно :)
     
  19. littleflower

    littleflower Популарен член

    Се зачлени на:
    20 февруари 2012
    Пораки:
    708
    Допаѓања:
    1.480
    Ако има некој што се разбира во медицина да ми одговори, уште поубаво. Леукоцитите ми се качени на 10. Тоа е горна граница. Поради што се качуваат на ова ниво?
     
  20. n1k0la

    n1k0la Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    203
    Допаѓања:
    87
    Леукоцитите се одбраната на нашиот организам, значи тие ги напаѓаат страните тела што навлегуваат во нашиот организам со цел да му наштетат(вируси, бактерии) и т.н.
    Кога тие се зголемени значи дека во нашето тело најверојатно е присутно некое заболување. Кај тебе не се зголемени, на границата се, најверојатно поради настинка или пак некоја блага инфекција што ја имаш или пак си ја имала неодамна.