1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Анализа на крв-толкување резултати

Дискусија во 'Здравствени проблеми' започната од femina21, 13 јули 2010.

  1. viki-dete

    viki-dete Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јули 2013
    Пораки:
    686
    Допаѓања:
    765
    Пол:
    Женски
    Леукоцитите истотака можат да се благо зголемени доколку најадена си давала крв. Но, како и да е во твојот случај нема потреба од грижа, на границата се.
     
    На Imparkt му/ѝ се допаѓа ова.
  2. ilovemedicine

    ilovemedicine Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2014
    Пораки:
    163
    Допаѓања:
    695
    Пол:
    Машки
    Леукоцитозата се јавува најчесто од следните причини: анемија,користење на одредени лекови, пушење цигари,Инфекции, Инфламаторно заболување (како што се ревматоиден артритис или алергија)леукемија,Тежок ментален или физички стрес итн.Твоите резултати не покажуваат високо ниво на леукоците т.е нема наод >10.Нема потреба од паника.
     
  3. eleni27

    eleni27 Популарен член

    Се зачлени на:
    16 декември 2011
    Пораки:
    1.473
    Допаѓања:
    8.168
    Пол:
    Женски
    Правев крвна слика, се е ок, освен
    Седиментација 26 (реф помала од 12)
    АСО 349,2 (реф. помало од 200)
    ЦРП 4,0 (реф помало од 3,0)

    Што покажува ова, читам ама некако не ми е баш јасно? :worried:
     
  4. poenta

    poenta Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 ноември 2013
    Пораки:
    5.012
    Допаѓања:
    35.978
    Пол:
    Женски
    Имаш покачена седиментација.Границата е до 20.Влијание има и некакво крварење ако си имала,пр.менструација,проблеми со заби.Резулатите однеси ги кај матичната и ќе објасни подетално.
     
  5. ilovemedicine

    ilovemedicine Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2014
    Пораки:
    163
    Допаѓања:
    695
    Пол:
    Машки
    eleni27 напиша:Правев крвна слика, се е ок, освен
    Седиментација 26 (реф помала од 12)
    АСО 349,2 (реф. помало од 200)
    ЦРП 4,0 (реф помало од 3,0)

    Што покажува ова, читам ама некако не ми е баш јасно? :worried:



    Pokaceno CRP zaedno so sedimentacija upatuva na vospalitelen proces ili infekcija vo organizmot.Isto taka ASo e pokaceno sto usete poveke upatuva na toa deka postoi infektiven proces.
     
  6. TheSecret

    TheSecret Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2011
    Пораки:
    4.247
    Допаѓања:
    7.977
    Пол:
    Женски
    Каква случајност :lol: и јас скоро правев испитувања на АСО ЦРП и седиментација и мене ми се покачени..Всушност ми беше покацено АСО па отидов на реуматолог и ми кажа да испитам седиментација и ЦРП па ако се покачени да отидам за најверојатно да ми даде терапија така да деновиве ќе одам па ќе видиме што ќе биде....
    Иначе АСО ако е покачено е знак дека имаш или си имала инфекција од стрептокока, најчесто се јавува на грло и нос..ако си била настината и ти биле отечени крајниците, Тоа се уствари антитела на таа бактерија па затоа се покачуваат кога имаш таква инфекција за да го одбранат телото од таа бактерија, доколку не се лечи може да достигне до огромни вредности при што можеш да добиеш некое реуматско заболување (затоа најчесто за АСО се оди на реуматолог), инаку не паничи не ти е многу покачено, мене ми е 530, што ни тоа не е многу за разлика од луѓе на кои им е покачено 5000-6000, сепак појди на лекар ;) а ЦРП и седиментација можат да бидат покачени од некое воспаление , но не се показател за какво точно воспаление станува збор, мене најверојатно ми се покачени заради тоа што имам воспаление на тироидната жлезда, затоа пијам еутирокс (ама тоа е сосем нешто друго)...еве ти нешто повеќе ако сакаш да прочиташ
    http://doktori.mk/element/view/50a1660b11579/CRP-reaktiven-protein-vredna-laboratoriska-alatka
    http://doktori.mk/element/view/4ec3ec6ae74f0/sedimentacija-na-eritrociti
     
  7. eleni27

    eleni27 Популарен член

    Се зачлени на:
    16 декември 2011
    Пораки:
    1.473
    Допаѓања:
    8.168
    Пол:
    Женски
    Да бев настината, поточно имав црвено грло, па пиев антибиотици, па еве сега ме е отецено грлото. Ајт сега само уште ова ми фали по лекари да се завлечам. Сега кај треба да одам? Матичниот ми е троа неупатен, се правам на приватно, баш од такви како него. А може и мене тироидата не ми е во ред, треба и тоа да испитам, ама тоа ќе биде другиот месец, сега не сум во можност :@
     
  8. SunnyGirl2

    SunnyGirl2 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 ноември 2012
    Пораки:
    5.400
    Допаѓања:
    5.849
    Најчести анализи:

    Седиментација - нормална вредност 10 и 20mm/h ,доколку вредноста е поголема тогаш во организмот има жариште на инфекции.
    M (20-50 год) 3-13 mm/h
    M (над 50 год) 2-23 mm/h
    Ж ( 20-50 год) 4-24 mm/h
    Ж (над 50 год) 5-28 mm/h

    Крвна слика - Пред се се одредува бројот на еритроцити, леукоцити, тромбоцити.

    RBC - Еритроцити (црвени крни зрнца) кои го пренесуваат кислородот од градниот кош кон останатите делови на телото.Нормална вредност:5-6 милиони/mm3. Намалена вредност на еритроцитите може да е знак за анемија или пак губење на крв поради крварење, а зголемување на еритроцитите може да се јави и кај сосема здрави особи.
    WBC - Леукоцити (бели крвни зрнца) служат за одбрана на организмот од бактерии, вируси.Нормална вредност:5-10.000 милиони/mm3.Резултатите пониски од граничната вредност најчесто е знак за вирусни инфекции, а зголемување е знак за бактериски инфекции.
    PLT - Тромбоцити (крвни плочки) нормална вредност 250.000-400.000 милиони/mm3.Зголемен број на тромбоцити доведува до крвно згрутчување во кардиоваскуларниот систем, а намалување се јавува при хемотерапи, малигни заболувања, хепатитис Ц.
    Hb- Концентрација на хемоглобин во крвта е зависно од полот. Како просечна вредност за мажи се смета од 140-180 g/L, а за жени 120-160 g/L.
    Глукоза - Гликемија го покажува количеството шеќер во крвта.Нормална вредност 3,33 до 6,10mmol/l.
    Hct - удел на крвните ќелии или хематокрит во вкупната количина крв.
    MCV - Среден обем на еритроцити.
    MCHC - Средна концентрација на хемоглобин во еритроцити.
    RDW - Ширина на дистрибуција на еритроцитите, сортирање на еритроцити по големина.
    MTV - Просечен среден обем на тромбоцити

    Состојба на црниот дроб
    Во внатрешноста на црниот дроб се чисти крвта и се разградуваат супстанци кои се најважни за живот.Три најважни ензими се GOT чија нормална вредност е 5 до 15u/l, GPT - 5 до 19u/l и GGT со нормална вредност 4 до 18 u/l.


    Состојба на бубрезите
    Urea- Нормално 1,7-8,3 mmol/l
    Креатинин - нормално мажи 62-106, жени 44-80 umol/l

    Панкреас
    S-алфа амилаза - нормална: 28-100 IJ/I
    U-алфа амилаза - нормална: - 0-450 IJ/I Зголемено ниво укажува на пореметување на функцијата на панкреасот(производство на инсулин)

    Железо е еден од есенцијалните олигоелементи во организмот, составен дел од хемоглобин, миоглобин и многу ензими.Главно складиште на железото е ретикулоендотелниот систем, црн дроб, коскена срж, бубрези.Концентрацијата на железо во серумот е определен од неколку фактори вклучувајќи апсорпција од црева, депонирање во цревата, црниот дроб, слезина и коскена срж, губење хемоглобин и синтеза на нов хемоглобин.
    Заедно со хемоглобинот, еритроцитите и параметрите кои ја одредуваат морфологијата на еритроцитите(MCV, MCH и MCHC) пружа увид за состојбата на коскената срж.Определување само на железото нема никакво значење за дијагноза на анемија.
    Нормална вредност: мажи 10,6-28,3;жени 6,6-26,0 umol/l

    Штитна жлезда
    - Лачи хормон тироксин (Т4) и триодтироксин (Т3).Двата се неопходни за добра работа на метаболизмот.Се мерат вредностите на Т4 хормони и слободен FT4 кој не е врзан за белковини.Нормална вредност на вкупен T4 хормон е 58 - 161nmol/l, а на FT4 тироксин е 10.3 - 23.1pmol/l.

    Масти во крв
    Холестерол нормална вредност < 5,2; Висок > 6,2 mmol/l
    HDL холестерол(добар) нормален > 1,54; Низок < 1,0 mmol/l
    LDL холестерол (лош) нормален < 2,6; Висок > 4,1 mmol/l
    Триглицериди нормална вредност < 1,7; Висока > 2,3 mmol/l
    Електролити
    Натриум (Na) - 139-154 mmol/l Намалено ниво кај бубрежно болни
    Калиум (К) - 3,8-5,3 mmol/l Зголемено ниво кај бубрежно болни
    Анализа на крв би требало да направите барем еднаш годишно иако немате никакви здравствени проблеми, затоа што раното откривање на болеста е од пресудно значење за поуспешно лекување.
     
    На Edie.S и baby-star им се допаѓа ова.
  9. SunnyGirl2

    SunnyGirl2 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 ноември 2012
    Пораки:
    5.400
    Допаѓања:
    5.849
    еве ги моите резултати јас незнам да ги прочитам,доколку некој знае нека ми ги прочита...од утринава ми се,бев да ми земат крв и мокрача
    (не ми се чека до понеделник кај матичната да одам да ми ги каже резултатите)
     

    Прикачени фајлови:

  10. Speechless

    Speechless Популарен член

    Се зачлени на:
    14 април 2010
    Пораки:
    4.240
    Допаѓања:
    5.686
    Пол:
    Женски
    Девојки јас имам преголема сендиментација, дури ме фаќа страв :(
    Од нормално 20, јас имам 45.
    Некој да не знае нешто окулу ова зашто би ми била толку накачена
    (да кажам болна сум последниве неколку дена, па заради тоа е? ) И дали е лошо? :(
    Бев кај матичната, ама таа ништо не збореше само препишуваше... |(
    (сега иам терапија 4 дена со инекции само тоа знам )
     
  11. femina90

    femina90 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    3.997
    Допаѓања:
    2.346
    Имам малку пониско MPV, другото е во граници, онлајн доктор да толкува? :D
     
  12. sweet-cherry

    sweet-cherry Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 јануари 2011
    Пораки:
    3.537
    Допаѓања:
    28.794
    Пол:
    Женски
    Денес земав крв, па резултатите сега ги гледав, горе долу ми се добри резултатите, ама леукоцитите ми се на граница, а тромбоцитите ми се многу покачени.
    Знам дека при покачени тромбоцити може да се јави згрутчување на крвта и тромб, ама што може да е причинител?
     
  13. OlgicaSK

    OlgicaSK Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2014
    Пораки:
    19
    Допаѓања:
    1
    Креатинин - крвна слика

    Здраво на сите! сакам само да знам што е тоа креатинин - кога се прави нели крвна слика? ајде знам дека холестерол е мрснотии, глукоза е шеќер, триглицериди се масти, мрснотии, незнам више како се викаат дури...
     
  14. LusySkyDiamonds

    LusySkyDiamonds Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2013
    Пораки:
    784
    Допаѓања:
    822
    Мене на резултатите кај леукоцити и еритроцити пишува доста. Како е можно ова? Што значи? Протеини во мокрача + Знае некој?
     
  15. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    5.813
    Допаѓања:
    38.290
    Пол:
    Женски
    Вака во петокот забележав потечени жлезди на врат, на препоните и на влезот од вагината.Сите се болни и доста големи, бев на лекар вчера, ми правеа крвина слика и се покажа покачена седиментација 25/50 беше резултатот и покачено лимфозно нешто, не ја ни разбрав што е тоа.Ми рече дека се работи за стрептокока и дека од неа имам воспалени ена лимфни јазли и ми препиша антибиотик да го пијам до петок па да отидам на контрола.Испив две таблети до сега, ама нема никакво подобрување, ме болат жлездиве ми се плаче, посебно таа на влезот на вагината, не можам да седам луѓе, јас таква болка у живот немам осетено.Ми рече дека нема потреба од гинеколошки преглед, зошто жлездите не се лоцирани само ви интимнта зона, а и секако добив и не можам да одам на гинеколог.Ве молам некој ако има искуство со ова, да ми одговори, дали е сериозно, колку време ќе треба додека да почнат да ми сплануваат отоците и дали може некако да си ја олеснам болката.Пишав и на друга тема но нема одговор, ве молам некој совет.Инаку другите делови од крвната слика се супер, се ми е во нормала.А и да напоменам дека имам гангрена на заб кој моментално се лекува, дали може да е поврзано некако?
     
  16. tweety26

    tweety26 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2010
    Пораки:
    1.650
    Допаѓања:
    2.279
    Пол:
    Женски
    Правев анализа на крвта и би сакала ако на некој не му представува проблем да ми каже нешто околу резултатите.Ќе напишам само што мислам дека треба...што е помало поголемо...
    Ви благодарам однапред.
    WBC - 10.0 REF (3.5-10.0)
    MPV - 7.8 REF (8.0-11.0)
    и за мокрача пишува вака...
    -албумен (слабо,следи) така тука напишале
    -леукоцити 20-25
    -епителни кл. само + има
    што значи ова се?
    Друго се ми е да речеме во ред.Нешто ми е на граница ама пак ок е.
     
  17. Daleron

    Daleron Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јули 2014
    Пораки:
    2.996
    Допаѓања:
    16.411
    Пол:
    Женски
    WBC Се леукоцити (бели крвни зрнца) тие се зголемуваат кога организмот треба да се одбрани од некоја бактерија. Кај тебе вредноста не е голема најверојатно е моментална.
    MPV Просечен волумен на тромбоцити.Може да предизвика крварење но и тие ти се на долна граница што не е загрижувачки.
    Леукоцитите во урината се покачени, направи уринокулура.
    Уствари не знам по кои референтни вредности се израчунати нормално е до 5.
    Ретки епителни клетки има во секоја урина.
     
    На tweety26 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. tweety26

    tweety26 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2010
    Пораки:
    1.650
    Допаѓања:
    2.279
    Пол:
    Женски
    Прво да напоменам дека анализиве ги правев поради бременост,нели редовни.Ама може ли некој да ми каже дали е се во ред или има нешто што не е...
    CAM00011.jpg CAM00011.jpg CAM00010.jpg CAM00011.jpg CAM00010.jpg CAM00009.jpg CAM00008.jpg CAM00007.jpg
     
  19. xxAngelxx

    xxAngelxx Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2010
    Пораки:
    1.516
    Допаѓања:
    968
    Пол:
    Женски
    Ќе може ли некој да ми каже што значи ова *NIT пишува дека ми е позитивно...?
     
  20. mariz

    mariz Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 март 2014
    Пораки:
    15.750
    Допаѓања:
    72.664
    Пол:
    Женски
    Od sto moze da se pokaceni enzimi AST i ALT vo krvta? i dali nad 100 e alarmantno? Granica na dvete mi pisuva deka e 31 najvekke... :)