1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

ББ и ЦЦ креми

Дискусија во 'Лице' започната од Lilit, 13 март 2013.

  1. MilanoRedHead

    MilanoRedHead Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 ноември 2012
    Пораки:
    169
    Допаѓања:
    20
    Од бб на Гарниер која има поголема покривност (која повеќе боја има и изедначува)- таа за брчки или таа во високата тубичка?
     
  2. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.586
    Допаѓања:
    80.673
    Пол:
    Женски
    Таа во тенката висока тубичка е попокривна, но е наменета за мрсна кожа и во составот има алкохол. Ако имаш чувствително лице, не ја купувај подобро.
     
    На MilanoRedHead му/ѝ се допаѓа ова.
  3. bubac

    bubac Популарен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2013
    Пораки:
    884
    Допаѓања:
    1.865
    Пол:
    Женски
    Направете најдобрата ББ крема сами и уживајте во совршенството на вашата кожа
    Дали имате млеко за сонце, течна пудра и хидратантна крема? Што чекате, направете сами ББ крем!
    Во козметички царството не постои простор за дискусија: ББ кремот е најдобриот изум на модерната козметика! Тоа е крема која му дава на лицето свеж тен, го штити од сонцето и ја хидрира кожата, а може да се направи и во своја верзија. Што е ќе признаете многу пожелно, со оглед на нејзината цена во продавница, која понекогаш ги надминува трошоците и на “вистинската” пудра.
    Потребно:
    Крема за заштита на кожата од сонце
    Хидратантен крем за лице
    Течна пудра или крем пудра
    Подготовка:
    Во празна кутија од пудра ставете 1 лажичка крем за заштита од сонце, хидратантен крем 1 лажица, 1 лажичка течна или крем пудра (а можете да направите комбинација од двете, ако ги имате).
    Сите компоненти добро измешајте ги, така што ќе добиете изедначена боја. Ако сакате кремот да биде со поголем пигмент , додадете повеќе пудра. Исто така, ако мислите дека таа е премногу светла, додадете малку бронзер (ако го имате во вид на камена) и ставете го во мешавината.
    Ако сакате во кремот можете да додадете и спреј за фиксирање на шминка и вашиот ББ крем е подготвен!

    izvor> zdravjeizivot.mk
     
    На macence4 и SparkyAngel им се допаѓа ова.
  4. rainbowec

    rainbowec Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2010
    Пораки:
    795
    Допаѓања:
    5.083
    Пол:
    Женски
    Јас го користам ББ кремов од Oriflame и супер ми е. ;)
    Го изедначува тенот, без маснотии е па не ја мрси кожата и има СПФ 30.
     

    Прикачени фајлови:

  5. Sky-butterfly

    Sky-butterfly Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 декември 2013
    Пораки:
    3.391
    Допаѓања:
    60.806
    Периодов користам ББ крема на Гарниер, таа во долга тубичка, за комбинирана/мрсна кожа, има и фактор 20 или 25 беше, не сум сигурна.
    Сега за сега сум задоволна, убаво ми го матира лицето, само некако ми е тешка, ко пудра да сум ставила на лице, она што обично ја користам. А сакав малку полесно нешто. Вероватно е затоа така и покривна. :/
     
  6. crazylady

    crazylady Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    5.198
    Допаѓања:
    8.431
    Од авон ББ кремата ја има некој пробано ?
     

    Прикачени фајлови:

    • P4110164.jpg
      P4110164.jpg
      Големина на фајлот:
      111,2 KB
      Прегледи:
      351
  7. Beauchamp

    Beauchamp Популарен член

    Се зачлени на:
    4 септември 2011
    Пораки:
    1.930
    Допаѓања:
    5.607
    Пол:
    Женски
    ^ Јас јас имам пробано. Ужасна е искрено.
    Ни на бб крема ни на пудра личи, некој си сјај во боја дава и ништо друго. Не вреди ни денар , и да го изедначуваше тенот бар малце али ни тоа :)

    Мене вакво искуство ми остави, нека пишат и други сигурно има различни искуства.
     
  8. anggell

    anggell Популарен член

    Се зачлени на:
    2 ноември 2011
    Пораки:
    4.791
    Допаѓања:
    8.853
    Пол:
    Женски
    Содржи ли парабен ?
     
  9. savana

    savana Популарен член

    Се зачлени на:
    18 август 2010
    Пораки:
    1.770
    Допаѓања:
    9.567
    Пол:
    Женски
    Пудра за лице

    Што мислите за оваа бб крема ? [​IMG]
     
  10. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.071
    ^Нема парабен. Општо мислам дека сите производи на Каротен немаат.
     
    На anggell му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Giovanna

    Giovanna Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2011
    Пораки:
    1.944
    Допаѓања:
    10.075
    Од Каротен приметив дека има и CC крем, тој е со 50 спф и нијансата е од лајт до медиум, додека на BB кремот е од медиум до лајт и е со 25 фактор.
    Е сеа пошто никогаш баш не ја разбрав разликата помеѓу овие креми, ако може некој да ме просветли што е?
    CC кремот беше само некои 50-60 денари поскап.
     
  12. Waka-waka

    Waka-waka Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2010
    Пораки:
    2.263
    Допаѓања:
    8.695
    Која од овие две ББ креми е посоодветна за многу, многу сува кожа? Сите обично ми прават лишаи на носот и челото,дури и со супер хидратантна крема одоздола.

    [​IMG]

    [​IMG]

    Ако имате и некој друг предлог,добро дојден ми е. :)
     
  13. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.071
    CC e color correcting, повеќе е сконцентиран да покрие пигментациски недостатоци, додека ББ е повеќе ко за нега, наместо пудра, значи нуди покривност плус нега, хидратација бла бла бла... Јас барем вака ги сфаќам од тоа што сум читнала. :lol:
    Waka Waka јас имам сува и двете ми одговараат. Лореалот би рекла дека е малку по тешка, повеќе покрива, а Деборава е со по лесна стуктура. Можеби Лореалот ќе ти прави лишаи затоа што се упива и станува сува по некое време, така да Дебора ти е подобар избор. Исто Гош ја пофалив во некоја тема, супер е и таа, структурата и е како крема не би требало да ти ја досушува кожата. Можеш и на Каротен да ја пробаш прелесна и е структурата и доста е хидратантна, ама ништо не покрива, едвај некое црвенило.
     
    На Giovanna и Waka-waka им се допаѓа ова.
  14. simoncelicius

    simoncelicius Популарен член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2011
    Пораки:
    3.538
    Допаѓања:
    7.835
    Пол:
    Женски
    Ајде aко некоја ја користела/користи на Каротен CC кремата нека сподели импресии :)
    Таман се решив да ја земам оваа со 25ка фактор, ама сега читам не прекрива ништо.
    Оваа CC би требало да е попокривна, не барам кој знае колкава покривност сепак крема е ама барем да даде убав изедначен тен :)

    И оваа не сум ја загледала кај нас, ја има?
    [​IMG]

    И уште нешто зарем оваа на Гарниер за мрсна кожа има волку голема покривност? :o :o :o
    Имам по некоја акничка ама мене лицето во споредба со оваа девојка ми е стакло. Ако навиистина е оваа покривноста како на видеово во 5-тата минута да ја земам одма :D
    http://www.youtube.com/watch?v=Ir0kjycCpqk
     
  15. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    17.906
    Допаѓања:
    103.072
    Пол:
    Женски

    Оваа на Гарниер јас ја купив во Гр , 10 евра ама не сум многу задоволна,за прекривноста е ок ама боите се многу темни ако имаш светол тен.Треба да си исончана па тогаш ќе ти биде ок

    [​IMG]
     
  16. Madilyn

    Madilyn Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јуни 2014
    Пораки:
    138
    Допаѓања:
    126
    Денес после многу исчитани препораки ја земав оваа на Гарниер - Miracle skin perfector за комбинирана и мрсна кожа.

    Веднаш ја испробав и можам да кажам засега дека сум презадоволна. За мојава мрсна кожа е одлична. Има добра покривност како за бб крема. Имам чисто лице, без акни, ми се нафрлува во ПМС ама ништо страшно, ми требаше нешто да ми го изедначи тенот. Ја земав Medium нијансата ама ми беше некако розеникава па со малце камена пудра не се познава ништо. Кремата дава мат изглед и нема потреба од камена пудра доколку не сакате.
    Ми издржа околу 3 саати на сонце, не ми се пренесе на облека/мобилен што е еден огромен плус и има заштитен фактор 20, значи и повеќе од погодена за на летниве горештини.
    Исто така не е воопшто скапа јас ја земав 295ден. од Зегин.
    Ја препорачувам, нема да згрешите. :D
     

    Прикачени фајлови:

    • IMG_02182.jpg
      IMG_02182.jpg
      Големина на фајлот:
      186,9 KB
      Прегледи:
      409
    На an4ii му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Heidy

    Heidy Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2011
    Пораки:
    210
    Допаѓања:
    68
    Пол:
    Женски
    Јас да ја пофалам ББ кремата на Carroten! 25ка фактор,сосема доволен за секој ден (за на плажа ќе размислам), убав мирис, без парабени, доста покривна (за разлика од нивеа, гарниер и bourjois што ги имам користено). Прво ми изгледаше малце светла,ама кога ќе се намачка се прилагодува,не се познава дека имаш нешто ставено,а сепак покрива. Ја користам наместо течна пудра (а пред тоа користев пудри на лореал со средна покривност).
    Читав разликата што е:

    http://fashionista.com/2013/04/the-difference-between-bb-cc-dd-creams#3&

    изгледа додека не пробаш,нема да знаеш што е разликата :^)

    Така да ако некој има искуство со CC кремата на Carroten нека пише, за на плажа би ја земала!
     
  18. LegalAlien

    LegalAlien Нов член

    Се зачлени на:
    31 мај 2014
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    Добри се кремиве за тинејџери? Која би била најдобра? :)
     
  19. MandyLane

    MandyLane Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 август 2011
    Пораки:
    3.599
    Допаѓања:
    23.119
    Пол:
    Женски
    Вчера ја купив, испробана ми е само еднаш денеска, така да не знам мислењево колку ми е веродостојно, но да си го кажам мојот прв впечаток.
    Минимално покривна, скоро воопшто, повеќе е како обична крема за лице отколку bb крема или пак пудра, далеку од тоа... но сепак го изедначува денот и дава еден убав, здрав сјај на лицето.
    Иако има една нијанса, која мислев дека ќе ми биде премногу светла, поради фактот што е многу малку пигментирана се прилагодува на тенот.
    Значи, препокрива минимални црвенила и нерамномерности на тенот, во глобала не е како да немаш ништо ставено, сепак се забележува одреден ефект.
    Пишува дека дава мат ефект, но не би се сложила, кожата веднаш светнува на места каде и онака е помрсна.
    За на плажа е секако супер, со оглед на тоа што е фактор 50.

    И, во комбинација со солиден коректор за покритични делови и за подочници, како и малку камена пудра, за дополнителен ефект, кремава е одлична за дневна шминка, или "no-makeup" makeup што го викаат...
    :)
     
    На mims-89 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. DivineFM

    DivineFM Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јули 2014
    Пораки:
    203
    Допаѓања:
    122
    Пол:
    Женски
    Девојки дали некој ја има користено Eveline бб кремата и како сте задоволни?
    Сакам нешто да ми го изедначува тенот,но да е лесно и да не ми го мрси лицето. Ај ве молам некоја препорака,после планирам да купам. Може и цц,и да ми кажете која е разликата помеѓу бб и цц :*