1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Баклава

Дискусија во 'Рецепти' започната од bella.gk, 24 декември 2010.

  1. pikolino

    pikolino Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 март 2012
    Пораки:
    154
    Допаѓања:
    55
    Баклава 500гр кори 300гр ораси сецкани 250гр шекер 4 јајца 2 лазици брашно 200гр гриз Се прави фил од јајцата шекерот брашното и оревите се заедно се промесува ,потоа се зема една кора се попрскува со зејтин и гриз па се става друга кора и таа се попрскува со зејтин и гриз и се става 3та кора на таа се става од филот и се мотка како ролат со сите кори се постапува исто кога ке се заврши со моткане со остар ноз се сеце баклават и се пеце на 220степени додка да зарумени потоа се остава на 80 степени околу 1саат и се вади од рерна шербет 500гр шекер 300гр вода се зоврива и се пари едно топло едно ладно прекрасен вкус и лесна и брза е за правенје пријатен апетит :*
     
  2. mariatim

    mariatim Популарен член

    Се зачлени на:
    29 април 2010
    Пораки:
    1.151
    Допаѓања:
    12.529
    Пол:
    Женски
    800gr.koри 400гр. шеќер,400гр.зејтин,8 јајца,2 пецива,2 ванилин шеќер ова се мати и се мачкаат корите со филот(по две кори обично,ги премачкуваш со изматениот фил)и врз последната го истураш останатиот дел ја сечеш и ставаш да се пече!! шербет..1кг.шеќер 800гр вода. ШЕРБЕТОТ ТОПОЛ,БАКЛАВАТА ЛАДНА!!јас ја обозавам мн е убава и ке ја правам сега за нова година
     
  3. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.222
    Допаѓања:
    41.456
    Oгромна благодарност до Aнат што одвои време да ми даде прекрасен рецепт за баклава :bow: :bow: :bow:

    па решив да ја споделам рецептава, мене ми изгледа мнооогу вкусно, и ќе ја правам :)
    3аслужива да биде споделена :$


    БАКЛАВА СО УРМИ-AHAT

    Кг кори
    250г путер или маргарин
    200г сечкани ореви
    200г сечкани бадеми
    200г потпечени и мелени лешници
    3 филџани масло
    400-500г урми
    2-3 лажици презла
    ќесичка прашок за пециво
    200г рендано чоколадо за готвење
    рендана кора и сок од два портокали
    филџан кисела вода

    Во три длабоки чинии се става:
    I - шеќер
    II - киселата вода, сокот и кората од портокал и ренданото чоколадо - убаво се меша
    III - оревите, бадемите, лешниците, презлата и прашокот за пециво

    Оваа баклава е како ролат, за секој ролат требаат по три кори.
    Се топи маргаринот/путерот во масло, служи за прскање на корите.

    Како се прави ролатот:
    Се става една кора, се прска со мешавината од масло и путер/маргарин, се прска со многу малку шеќер (од првиот сад)
    се става втора кора, се прска со мешавината од вториот сад
    се става трета кора, се прска со мешавина од масло и маргарин, се прска со мешавината од ореви.. и на крај се ставаат урми,
    половинки само на едниот крај од кората, по цела должина. И се витка ролат.

    Така се тера со сите кори. Се реди во длабок плех за печење, и се сече. Кога ќе се исече, се посипува со остатокот од маслото
    и маргаринот, и тоа убаво да навлезе меѓу парчињата (таму каде што се сече баклавата).

    Се пече во загреана рерна на 220 степени 10 минути, а после се намалува на 180 степени и се пече 30-40 минути, зависно од
    рерната. Се остава да се олади.

    Шербет се прави од литар вода и 1200г шеќер, кора и сок од еден лимон и ќесичка ванилин шеќер. Да врие точно 7 минути.
    Со жежок шербет се попарува оладената баклава.
     
    На Annath му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    22.955
    Допаѓања:
    198.661
    Пол:
    Женски
    Мило ми е што ти се бендиса, навистина е прсти да излижеш... можеби малку покомплицирана за правење, ама вреди, вкусот е фантастичен. :) :) :)
     
    На ludoto19 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. esperansa777

    esperansa777 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јули 2012
    Пораки:
    923
    Допаѓања:
    1.858
    Пол:
    Женски
    a има ли некој рецепт за баклава со афион
     
  6. Hopeful

    Hopeful Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2010
    Пораки:
    997
    Допаѓања:
    1.467
    Еве еден од мене, поточно од мајка ми :) .

    Баклава со афион

    Потребно:

    200-250 гр афион
    500 гр кори за баклава
    гриз (за посипување)

    Фил:
    4 јајца
    250 гр шеќер (1 чаша за чај)
    125 мл масло (половина чаша за чај)
    125 мл млеко (половина чаша за чај)
    половина ќесичка прашок за пециво

    Шербет:
    1,5 кг шеќер
    вода (колку да се покрие шеќерот)
    1 ќесичка ванилин шеќер
    рендана кора од 1 лимон

    Приготвување:

    Афионот се пече околу 15 минути.

    Фил:
    Јајцата ги матиме со шеќерот, па мешајќи ги додаваме маслото, млекото, прашокот за пециво и печениот афион. Се’ се мати добро за да биде изедначена смесата.

    Корите ги редиме една врз друга, не ги виткаме во ролати како за класична баклава (макар што би можело и така).
    Секоја кора ја попрскуваме со масло и ја посипуваме со гриз, а на секоја четврта-петта кора ставаме/размачкуваме од филот. Најгорната кора ја попрскуваме само со масло.
    Баклавата се пече во загреана рерна на 200 степени. Колку време се пече, не знам точно :$ , ќе видиш отприлика кога ќе биде готова.

    Шербет:
    Се прави од 1,5 кг шеќер и вода колку да се прекрие шеќерот (точна количина не знам, нема напишано :) ), 1 ќесичка ванилин шеќер и изрендана кора од 1 лимон. Се вари и се остава да врие околу 7-8 минути.

    Баклавата треба да биде топла и да се попари со топол шербет.

    Се сече прво на коцки, па секоја коцка на пола за да се добијат триаголници, но можеш и по твоја желба да ја исечеш.

    Добар апетит :) .
     
    На Lovely, esperansa777 и Annath им се допаѓа ова.
  7. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    7.745
    Допаѓања:
    130.779
    Пред некој ден правев баклава - спонтано излезе, не планирав, ама многу се погоди :)

    Јас ставив:
    700 грама готови кори (иако и 500 беа доволно, јас имав купено за пита и сите ги ставив :D )
    300 грама ситно сецкани ореви
    300 грама рендано чоколадо
    150 грама мелена плазма
    250 грама путер

    Ги виткав во ролат.
    Ставав три кори премачкани со растопен путер една над друга. На третата во линија ставав мешавина од ореви, чоколада и мелени бисквити и кората ја виткав во ролат. Кога ги свиткав сите кори, од горе го додадов остатокот од путерот.

    Кога ги испеков, додека беа топли ги прелеав со ладен шербет направен од:
    500 милилитри вода
    400 грама шеќер
    сок и рендана кора од половина лимон

    По мој вкус лимонов премногу се чувствуваше и следниот пат кога ќе решам да правам, ќе правам со портокал :) Инаку шербетот не е којзнае колку, јас не сакам многу шербет, па затоа направив помалку.
     
    На stetoskop и Annath им се допаѓа ова.
  8. Christina.A

    Christina.A Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 април 2012
    Пораки:
    552
    Допаѓања:
    354
    Да споделам и еден мој рецепт за баклава. :)
    500 гр. кори
    1 кг. шеќер
    750 мл. вода
    5-6 лажици гриз
    1 лажица какао
    сецкани ореви по желба колку сакате :)
    Фил:
    Се става на оган да зоврие 250 гр. шеќер и 250 мл. вода,потоа се додаваат 6те лажици гриз,какаото и оревите и се меша додека не згусне.

    Постапка:
    Корите ги одвиткуваме од паковката и ги сечиме на половина. Потоа земаме една кора попрскуваме со малку масло и ја виткаме на половина. Во десниот ќош од кората ставаме од филот една лажица и виткаме во триаголници,го фаќаме ќошот каде е ставен филот превиткуваме нагоре,па налево,па накај нас и така се додека не се свитка цела кора. (мислам дека ме разбравте како) Така ги виткаме и преостанатите кори. П.С филот треба да е топол.

    Шербет:
    750 гр. шеќер и 500 гр. вода да зовријат на оган.

    Баклавата ја печеме на 200 степени додека да добие црвеникаста боја. Ладната баклава се попарува со жежок шербет,малку изладен.

    Се надевам ќе ја направи некој и ќе му се допадне. :)
     
    На Annath му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Srce-123

    Srce-123 Активен член

    Се зачлени на:
    5 јуни 2013
    Пораки:
    52
    Допаѓања:
    7
    Барав низ форумов и не можев да најдам тема за бакла,поточно за начини за приготвување на бакла!Па ако знае некој нека каже ве молам!! :$ Случајно ако во некои градови поинаку ја викаат еве слика,па ги чекам вашите предлози и рецепти..Фала однапред позз.. :*
     

    Прикачени фајлови:

    • images (8).jpg
      images (8).jpg
      Големина на фајлот:
      7,7 KB
      Прегледи:
      309
  10. ocila

    ocila Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 април 2012
    Пораки:
    5.513
    Допаѓања:
    1.900
  11. sweet.woman

    sweet.woman Популарен член

    Се зачлени на:
    30 декември 2010
    Пораки:
    1.225
    Допаѓања:
    744
    сето тоа со миксер ли се мати? и дали со свежи вишни се прави питата?
     
  12. hello-kitty.90

    hello-kitty.90 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 октомври 2013
    Пораки:
    2.922
    Допаѓања:
    20.469
    Премногу ја сакам онаа турска-албанска баклава сукана,па ако има некоја феминка од таа националност да подели рецепт би и била благодарна :*
     
    На drugarka му/ѝ се допаѓа ова.
  13. di-di3

    di-di3 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 септември 2013
    Пораки:
    25
    Допаѓања:
    5
    а колку кори одат во баклавата ? :rofl:
     
  14. Alondra

    Alondra Популарен член

    Се зачлени на:
    17 март 2011
    Пораки:
    1.083
    Допаѓања:
    2.352
    Ме интересира дали некоја феминка има испробан рецепт за баклава со мак (афион)?
     
  15. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.000
    Пол:
    Женски
    Еве ја рецептата за нашата (на далеку позната :lol: ) баклава бајадера

    - 600 грама кори
    - 500 грама лешник (потпечен, ситно мелен)
    - 220 грама маргарин
    - 150 грама зејтин

    - 700 грама шеќер
    - 600 милилитри вода
    - лимон и ванилин шеќер
    (ова е за шербетот - водата и шеќерот треба убаво да вријат, а парчињата лимон се ставаат на крај)

    Се редат две кори на дното и се посипува од измелениот лешник. Потоа пак се става кора (ама една) и се става од лешникот. Така се редат додека не се потрошат корите. Тоа се става во плех (татко ми и димензии запишал - 18,5 на 37,5 :D ) и пред да се пече се сече на правоаголни парчиња. Се полева со топол зејтин и маргарин (претходно измешани) и се покрива со две кори за да не изгори. Се пече на 200 степени околу 50 минути (ама тоа зависи од рерната). Откако ќе се испече, горните две кори се фрлаат, а баклавата се попарува со врел шербет додека е топла. Парчињата лимон се распоредуваат по целата баклава и се остава еден ден да отстои.

    Многу едноставна, а многу вкусна :)
    [​IMG]
     
    На Annath, bittersweet, Hipica и 4 други им се допаѓа ова.
  16. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.011
    Пол:
    Женски
    Пред некое време за прв пат направив баклава....кога видов колку е лесно се запрепастив.
     
  17. ALISA0000

    ALISA0000 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2014
    Пораки:
    13.554
    Допаѓања:
    151.192
    Во пресрет на празникот Прочка отварам нова тема за баклавите
    Оваа година направив баклава со 500 гр кори а филот го поделив на 3 дела -нутела ,сникерс,и чоколадната
    Прво пригответе си ги филовите
    Во едниот (сникерс)ставив кикиритки толчени и рендано чоколадо
    Во другиот (нутела)ставив мелен и толчен лешник ,рендано чоколадо милка ноисет
    Во третиот (чоколадниот) ставив мелени ореви и рендано чоколадо
    Земаш една кора ја премачкуваш со предходно растопен путер и зејтин,врз неа ставаш втора кора па фил ,и моташ ролат
    Се така додека имаш кори
    Потоа се сече на парчиња и се полива со еден растопен путер
    Се пече на 150 степени негде 30-40мин
    Потоа се вари шербет
    -500 мл вода со 1кг шекер и ванила се става да заврие Од како ке заврие се остава уште 5-7мин да врие и се полива баклаватс
    Ако сакате крцкава баклава одите ладна баклава врел шербет,кога ке се оладе растопувате 300 гр чоколадо за кување и ја поливате
    20210312_004132.jpg



    20210312_004148.jpg

    Ајде да ве видам вас домакинки
     
    На Annath, NPN и manako1 им се допаѓа ова.
  18. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.136
    Допаѓања:
    4.106
    Каде да најдеме фил од фстаци за баклава? Бидејќи гледам дека во некои скопски слаткарници почнаа да прават вистински баклави со фстак - се зеленеат и однадвор и одвнатре, а не како до сега само одозгора да изрендаат малку а останатото ореви.
     
  19. drugarka

    drugarka Популарен член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2011
    Пораки:
    1.418
    Допаѓања:
    4.979


    Ја гледав, ме интересираат неколку работи кој знае да ми каже.
    1.какво брашно користите тука кај нас?
    2. Дали за скроб користите нишесте?
    3. Сум приметила сите прават во вакво тавче (знам кога сум пробала од луѓе што прават во ваква тава - без разлика на формата, поубаво се пече, отколку во обична. Дали има да купам на битпазар? Знам на една комшика и ја правеа по нарачка...

    Нешто се опседнав со баклавиве, сакам да пробам да сукам...
     
    На Antolinaa му/ѝ се допаѓа ова.
  20. piksooki

    piksooki Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2015
    Пораки:
    1.806
    Допаѓања:
    10.921
    Пол:
    Женски
    Знае ли некој рецепт за турската баклава :lol: Превкусна е, како ли ја прават :lol::inlove: