1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Белешките на Лајла Грејс и на неа сличните

Дискусија во 'Слободно време' започната од Miss-dior, 22 октомври 2012.

  1. mackica1

    mackica1 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2012
    Пораки:
    469
    Допаѓања:
    1.721
    Пол:
    Женски
    @buba4e89 Се почитува различното мислење ако е логично и ако држи, у спротивно мало морген...Кај е критичкото мислење? Сакаш да кажеш да нема критики и секој што сака да прави и да се занесува без усул? Општ хаос ќе настанеxDмоеш да замислиш..Ќе се занесуваш колку што ти е чергата, ако не си талентиран ќе трпиш критики и ќе очекуваш да бидеш спуштен на земја и да го препуштиш местото на талентираните а не кој ми стигна стана "пример" за "младиве" (овие неупатениве, неостварениве, толпата, просекот..)наместо да се стремaт кон квалитет од просечни испод просек идат... Не се работи за различни вкусови или различни погледи на животот па да ги почитуваме различните мислења, туку за општа неписменост, очигледно е...што е најтрагично и немора да си професионалец у таа област за да го увидиш тоа.. до толку е...
     
    На ForeverYoung, Hipica и buba4e89 им се допаѓа ова.
  2. Catherayn

    Catherayn Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2014
    Пораки:
    197
    Допаѓања:
    185
    Пол:
    Женски
    Жива меѓу мртвите

    Е тој дечко да го задржиш, девојко!
    Кога ќе го најдеш тој што сака да прави се со тебе, како на пример да пие, е тој дечко да го задржиш, девојко!


    :!:
     
  3. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.169
    Допаѓања:
    177.063
    Пол:
    Женски
    @mackica1 ствaрнo тaлентирaн зa виспки мислењa се стaнувa oд бебешки нoзе. 90% се сoглaсувaте сo тoa штo ќе гo кaже еднa, a другите не гo кaжувaaт свoетo мислење. Се прaвите премнoгу пaметни. А сите јa имaте лaјкнaтo стрaнaтa инaку кaкo би друкше критикувaле.Мaдa сееднo нaучив декa нa фoрумoв не дaј бoже дa пишеш и искaжеш свoе мислење oдмa пoчнувa пaметувaњетo и нaметнувaњетo мислење кoлку нa брoј дa се луѓетo oкoлу вaс и oдмa нaпaѓaте. Бoже сaчувaј. Тoлку oд мене,прoдoлжете тепaјте се пoнaтaкa.
     
    На blonde_supergirl и JustFun им се допаѓа ова.
  4. Purelove92

    Purelove92 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 март 2015
    Пораки:
    753
    Допаѓања:
    2.872
    Пол:
    Женски
    Жива меѓу мртвите:

    Знаев дека е неволја, но се заплеткав во неа!
    девојкава утре,задутре ќе помисле Taylor и ги краде текстовите, па кога ќе виде дека и лајлица има пишувано за невољата....некој нека повика брза помош...инфракт....оффф наши ПИСАТЕЛКИ.

     
    На Hipica му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    10.251
    Допаѓања:
    124.595
    Ќе ја послушам Лалја и ќе се омажам за првата пијаница што ќе ми налета во животот. Да живее Лајна, Лајла де, и сите живи меѓу умрените на гробишта.
     
    На ToksycznaReakcja, WarriorAngel, JustFun и 4 други им се допаѓа ова.
  6. Catherayn

    Catherayn Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2014
    Пораки:
    197
    Допаѓања:
    185
    Пол:
    Женски
    Тој да го чуваш бе лепотице ! :rofl::clap:
     
    На Hipica му/ѝ се допаѓа ова.
  7. calliope

    calliope Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2011
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    15.989
    Пол:
    Женски
    Мене само општо не ми е јасен феноменот да се воспеваат раскинот, патењето (дали тој по неа или обратно) и депресијата ко да се нешто прекрасно.
    Зошто бе, на пример, не земе некој/а да пишува на друг начин, малце поблизок до реалноста?

    Нешто у стил:
    Денот ѝ беше прилично досаден. Ги налакира ноктите со евтиниот лак, се сликаше со книга и вино за на интернет, а потоа уредно ја врати книгата на место и си пушти Северина да се развесели.
    Собата се гушеше од чадот на меко Родео, а таа рокна уште една чашка од Смедеревката што ја начека три литра за стотка и се осети ко Кери Бредшо.
    Нешто по 16 часот, тој пристигна. Беше стегнат и намуртен, а од кругот под мишки се ширеше слаба непријатна миризба. Ја поздрави млитаво, ѝ рече да свари кафе и отрча во клозетот.
    Клозетот и кујната ги делеше еден ходник, па додека таа го вареше кафето, се трудеше да ги игнорира звуците на благото потпрднување што идеа оттаму. Шуштењето на готовото кафе се измеша со звуците на казанчето, нешто ко синхронизиран оргазам.
    Сега ходникот мирисаше на кафе, какачка, дим од цигари и дезодорансот кој го имаа добиено на подарок, но не го сакаа, па го користеа за замаскирување миризби.
    Тој го испи кафето и отиде да легне. Таа се мислеше дали да легне до него за да се плодат, но ѝ текна дека тој не беше истуширан.
    Наближуваше 17 часот, а со тоа и времето за сериите.
    Таа воздивна.
    Како Мехмед може секогаш да е учтив, среден и згоден, си помисли.
    Животот не беше фер...
     
    На ivimis, Snowbell, Offspring и 64 други им се допаѓа ова.
  8. mackica1

    mackica1 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2012
    Пораки:
    469
    Допаѓања:
    1.721
    Пол:
    Женски
    А кој тоа се замара и тепа? :D темата е поставена за разменување на мислења нели? Само што ти премногу лично ги сфаќаш коментариве...
     
    На Viktorijaaa5, Hipica, Captain-Omni и 3 други им се допаѓа ова.
  9. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.169
    Допаѓања:
    177.063
    Пол:
    Женски
    Хмм, по што заклучи дека премногу лично ги сфаќам?
    Очигледно ти моето го сфати така. Штета.
     
  10. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.777
    Допаѓања:
    22.418
    Пол:
    Женски
    Зашто скокаш како лавица која си го брани малото. Или си и некоја другарка Марија или бетер роднина. Само тогаш можам да разберам.
    Во спротивно само ќе останам збунета, посебно ако двете бројки во никот соодветствува со годината на раѓање. Тогаш веќе станува алармантно.
     
    На CameliaMiller, tessie, sparklie и 6 други им се допаѓа ова.
  11. anel

    anel Популарен член

    Се зачлени на:
    2 февруари 2015
    Пораки:
    583
    Допаѓања:
    19.937
    Пол:
    Женски
    Девојчиња, ја читам темата неколку дена и се си мислам по возраст не ми е местото да коментирам тука, ама сепак ќе си дозволам.Прв пат за Лајла слушнав кога една моја внука (девојче од 18 год) имаше напишано статус на фб дека Петре М. Андреевски би се превртувал во гроб кога би знаел дека Лајла издава книга. Реков да видам што пишува, отворив страната на фб, прочитав два - три текста, не можам да кажам не ми се допадна стилот зашто таа нема стил, тоа се украдени мисли од попаменти луѓе вметнати во неколку реченици прилагодени за деца во пубертет. Децата паѓаат на нејзините текстови зашто не знаат всушност од каде потекнуваат тие мисли. Повеќе не прочитав ништо од неа нити од некој како неа. Многу попаметни работи сме пишувале ние во нашите тетратки кога сме биле заљубени, ама не сме се замислувале големи поети или писатели.
    Не знам зошто си губите време и енергија со коментирање на вакви квази писатели, кои се уфилмале дека се некој и нешто, па и под псевдоним пишуваат. Мене не ми смета турбофолк, се додека некој не ме присили да слушам. Не ми смета звезде гранда или пинк звезде, се додека имам mtv и vh1. Не ми сметаат турските серии додека имам избор да вклучам hbo и fox. Ни Лајла не ми смета кога никој не ми брани да го читам Достоевски и Толстој.
    Проблемот е многу подлабок отколку што изгледа. Денешниве деца не знаат што е квалитетна литература. Лубовта кон пишан збор се создава од мали нозе, почнувајќи од семејството, преку образованието. Вредноста на некое дело не може да се утврди со еден час обработка на лектира (пр.Ана Каренина). Јас имав професорка во средно која знаеше да ти всади љубов кон книгата, посветуваше многу внимание, да те води низ делото, да те насочи како да размислуваш, да ја доловиш суштината многу подлабоко отколку со едно читање на задолжителна лектира. Зборот ми е, шунд секогаш имало и ќе има, работата е како да ги научиме нашите деца да направат правилен избор, да се научат да селектираат квалитетно од шунд, а тоа е комплексна постапка во која активно треба да земат учество родители, образование, општество. Ама со оглед на тоа какво ни е општеството нема скоро да биде тоа. Не се чудете на вокабуларот на Лајла, кога ние имаме луѓе кои ја водат државата(мислам и на власт и на опозиција), а имаат полош вокабулар од нејзиниот.
     
    На blackwave, wanderlust, ForeverYoung и 20 други им се допаѓа ова.
  12. taymomsen922

    taymomsen922 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 април 2015
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Женски
  13. XstrongerX

    XstrongerX Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јули 2010
    Пораки:
    1.714
    Допаѓања:
    5.087
    Пол:
    Женски
    ^ Кристина фаќај магла од тука оти можиш да и се фатиш на Моника, поочајна реклама не сум видела. Прај си то стандардното туркај ги гаќите ваљда ќе турнеш до некаде со така.

    Предлагам темава да се суспендира некое време :D
    Нашето критичко мислење стана многу ценето како алатка стекнување онајн популарност.

    Јас да ви кажам како извор прва рака дека двете се сосе ненормали. Ова мислам Мики секогаш мешаше простотилук со екстраваганција, опинок со цивилизиран човек.
    А Тиф.., овај Мом.,.Овај Анџел.. овај хахах не знам. Биполарност, болести бе ама не како тие не Курт Кобејн ниту пак на Мерлин, ни Монро ни Менсон. Сети се, Тина *уметничко име*, правилото е патиш откако ќе станеш популарен, а не за да станиш популарен.

    И оди побарај се за озбилно по психијатри, одмини го форумов, нека не те трае долго како фазата на адолесценција.

    Неписмени сте двете, еве вака кратка рецензија.

    Кристина - оперирана од самокритика. Моника - проста багра не е публика која ветува успех, помалку занесвај се. И Гулабица лета, ама во која насока е прашањето.
     
    На tina.stavrevska му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Cvekjence

    Cvekjence Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 септември 2010
    Пораки:
    175
    Допаѓања:
    201
    Луѓе, Белешките на ЛајНа Грејс на ФБ има околу 78.000 фанови :tmi: а оваа тенденција за вакви ефтини, празни, инстант книгичиња е одамна почната кај нас но и во светот...

    Зошто некој би се мачел да прочита маестрални дела како Ана Каренина, Мајсторот и Маргарита, Сто години самотија, да чита писатели како Стивен Кинг, Кастанеда, Кундера, Едгар Алан По, Марк Твен, Буковски или да го истражува космосот преку Карл Саган или да ужива во романчиња со научно фантастична содржина (би го издвоила Асимов). Па и на нашите простори малце ли е еден Венко Андоновски, Радован Павловски, Стале Попов како и Иво Андриќ, Црњански и нешто како Петре М. Андреески:

    Кога ја љубев Дениција,
    како да калемев светлина на мракот,
    како да топев снегови фатени во движење,
    како да станував единствен сведок
    за бакнежот меѓу металот и громот

    VS.

    Постојат личности кои држејќи те 5 минути за рака прават да се почувствуваш заштитено, прифатено и сакано. А постојат и онакви кои цел живот се тука само за да те потсетат колку си сама.
    3,196 people like this.

    Тоа ти е, инстант живот - инстант книга. Само колку нешто да се конзумира без да се знае неговата вредност, а сепак вредностите се различни кај секој од нас. Како денес нашиве деца ли ќе „преживеат“, кога на најгледаните национални телевизии во ударен термин одат Ѕвезде Гранда, Х фактор, Брачен судија, Гранд шоу? Баш жално...
     
    На UnordinaryOne, CameliaMiller, realGirl и 10 други им се допаѓа ова.
  15. Papillon.Papi

    Papillon.Papi Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2013
    Пораки:
    3.245
    Допаѓања:
    9.695
    Пол:
    Женски
    @Cvekjence не дека ја бранам, баш напротив, воопшто не ми се допаѓаат нејзините дела, но не споредувај баби и жаби. Едно е поезија, друго е расказ.
     
  16. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.818
    Не беше целта да се каже дека поезијата на Андреевски е подобра од расказите на Лајла. Поентата беше да се посочи дека едното ИМА литературна вредност, а другото НЕМА.
    Ете од По расказите да ги земеме како пример. Мене морници ме лазат кога ги читам и цело време се вртам да не ми скокне нешто од зад мене. Овие од Лајла кога ги читам само ме спотеруваат, ништо друго.
     
    На Cvekjence му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Papillon.Papi

    Papillon.Papi Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2013
    Пораки:
    3.245
    Допаѓања:
    9.695
    Пол:
    Женски
    Па да споредеше расказ од писател со расказ од Лајна Грејс, точна ќе беше споредбата...
     
  18. HarleyQuinn

    HarleyQuinn Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 мај 2015
    Пораки:
    207
    Допаѓања:
    861
    Пол:
    Женски
    Мене воопшто не ми пречи што расказите и се површни, затоа што секој различно си ја доживува љубовта и во тинејџерски години, сосема е океј тоа да ти се допадне, пред да созрееш бар малку .:lol: Најмногу ми пречи што 90% од нејзините раскази се преведени quotes кои претходно сум ги читала на tumblr. :nod:
    Тоа за кафените очи и дрогата на улиците, тоа за колку молитви виделе црквите а колку болниците... 500 пати минимум ги имам сретнато на интернетов. Ако е добар преведувач, не значи дека би била добар писател, just saying.
    А лично немам ништо против девојката, си издава книги, си успеала во животот на сметка на superficial луѓе кои не прочитале ниедна книга пред оваа и биле горди на тоа, па сега почнале за да бидат хипстери и за да бидат во тренд, си знае што народот бара, и тоа му го сервира. Да ги имав тие врски кои таа ги има, и јас ќе си издавав четива, ќе си правев пари, who cares ако се брукам самата себе, важно некој ги чита нештата кои што сум ги пишувала во ќенеф и си ги споделува на фб профилите.
     
    На buba4e89, blonde_supergirl, irenadaniel и 2 други им се допаѓа ова.
  19. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.818
    Мислам дека во случајов нема потреба од барање влакно во јајце.
     
    На Cvekjence и HarleyQuinn им се допаѓа ова.
  20. Papillon.Papi

    Papillon.Papi Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2013
    Пораки:
    3.245
    Допаѓања:
    9.695
    Пол:
    Женски
    Во случајов важно е да се омаловажуваат нејзините раскази. Логика што ќе ни е?