Бидермаерот претставува уште еден битен детаљ на невестата. Зависно од вкусот на невестата, може да биде од вештачко или свежо цвеќе. Бојата, големината, изборот на цветови... се тоа зависи од вкусот. Како изгледал вашиот бидермаер? / И како би изгледал на оние кои сеуште не се омажени? Какво е вашето мислење на вештачките бидермаери? Колку е битно изборот на цветовите да се поистоветува со изгледот, бојата и обликот на венчаницата? Се и сешто во врска со бедермаерите...
И јас не сум за класичен бидермаер, досадни се. Сите други ми изгледаат попривлечни, дури и бидермаерите со полско цвеќе ми се симпатични. Мене лично ми се допаѓаат бидермаери со гербери (Софија обожава гербери!!!) Или овие со сончогледи, веднаш мамат насмевка на лицето.
Никако стандард со рози и бисечиња многу ми се веќе некако иживеани и некреативни,едни исти.Cакам бидермаер голем,богат со цветови кои се разновидни и во појаки бои.
а колку ружи има во бидермаерот? пошто јас на последната свадба го фатив ама мислан дека ми беше падната една ружа.. и мајка ми одма со некои бабински муабети демек не било убаво и слично не дека многу верувам ама ја видов темава и ми текна
Тоа што го сакам е многу специфично да се објасни, зошто би имало многу малце цвеќе,се друго би биле додатоци (идеа која ја чувам на една/две слики),здравје кога ќе бидам невеста ќе ви покажам-сега за сега си ги чувам во архивата.Инаку еве некои што ми се допаѓаат:
Јас сакам нешто нежно, стегнато да не стрчи на сите страни, да одговара на венчаницата и најбитно мене да ми се допаѓа. Вештачки во никој случај! АУТ!!! Нешто вакво...
Свежи цветови во црвена боја. Никакви бисери и слични додатоци. Омилено цвеќе ми е зумбулот, но не знам дали ќе биде изводливо од зумбули да се направи истиот. Еве нешто што ми се допаѓа:
Еве го мојот, не се гледа убаво, ама на овој компјутер немам поубава слика. Беше со црвени ружи... исто како и китенката на момчето.
Мојот е со бело-портокалови цветови, зелени гранчиња и ливчиња од цветовите а одоколу е завиткан со бела мрежа и има бела машна.Многу е нежен, таков бил изборот на комшивката но јас го фатив и сега е мој Ако даде Господ еден ден и јас ке се мажам, па тогаш ке мислам јас каков сакам.За сега не се размислува на таа тема.