Биопсија на града

Дискусија во 'Здравствени проблеми' започната од lylaby, 12 април 2010.

  1. lylaby

    lylaby Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 март 2010
    Пораки:
    503
    Допаѓања:
    109
    Ме интересираат искуства на жени со циста на градата или откако осетиле некоја тврда грутка на градата кои се чекорите кои ги превземале понатаму(на кој доктор отишле,кои мерки се превземени ,резултати,кој е најдобар доктор од оваа област и колку се задоволни од истиот)Да бидам попрецизна ме интересира биопсијата доколку сте ја имале дали е болна постапката кај кој сте ја извршиле и дали има некои нус појави како болка непосредно по биопсијата.Однапред фала за споделените искуства !
     
  2. irenna

    irenna Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    2.592
    Допаѓања:
    1.586
    Пол:
    Женски
    Јас имам грутки на градите, кога ги приметив отидов на матичен, тој ми даде упат за на хирургија во државна, таму ми рекоа дека прво хируршки ќе ги извадат грутките па ќе им прават биопсија, се исплашив и долго време ништо не превземав. После некое време го сменив матичниот лекар и отидов кај новиот, тој ме прегледа и ме упати на ехо кај еден професор, јас бев цела во паника , ме виде професорот на ехо и ми кажа дека грутките не ми се дел од градите туку од кожата, дека и да сакам да ги отстранам нема хируршки да се интервенира на градите туку само површински на кожата и тоа со локална анестезија, уствари тоа биле масни грутки и не се опасни. Ме советуваше да не ги вадам бидејќи се безопасни.
    Незнам колку ти помогнав, нај неинвазивна метода е ехото, значи без боцкање и резови се гледаат промените на градата.Ако сакаш да одиш прво на ехо, пиши ми ЛП да ти дадам бројче од професорот мене што ме гледаше.
    Можеби некој друг има поголемо искуство со цисти на гради па ќе ти помогне повеќе. Поздрав
     
  3. lylaby

    lylaby Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 март 2010
    Пораки:
    503
    Допаѓања:
    109
    Фала за одговорот,не станува збор за мене туку за една блиска моја особа која најпрвин забележа грутка на градата ,направи пункција така го викаат тоа нели во државна и резултатите се негативни на малигни клетки,забележан беше хроничен маститис .Најдобар доктор на ова поле е др Крцковски нели па тој даде совет да се направи една мала хируршка интеревенција со цел да се земе од ткивото и да се прати на биопсија.Бидејќи грутката необично мн тврда а и доста длабоко стационирана со пункција не можело да се добијат јасн9и резултати....Е сега откако е направена биопсијата ,уште се чекаат резултати но местото е мн воспалено ,цела града модра и кр садови а болката уште трае иако има веќе 5 дена од интервенцијата...Во исчекување сме,но се прашуваме и што би можело да доведе до волкава болка и воспаление по зафатот.Посетен е докторот кој предлага уште еден зафат ,тоа биле крвни садови да ја стиснел крвта така вели он...Навистина чудно...некако и сомнително зар е можно да направиле некоја грешка во интеревенцијава...Чекаме резултати и се надеваме на најдобра можна варијанта -циста безопасна се разбира.....Би сакала да знам за кој професор се работи што ви го вршел ехото ако не е проблем?
     
  4. RainBow

    RainBow Форумски идол Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    12.673
    Допаѓања:
    12.975
    Пол:
    Женски
    Беатрис, а била ли болна биопсијата? Јас имам закажано за во јуни, ама ми препорачаа да не ја правам, туку директно да се извади грутката, па после да се испита. Инаку во државна ми го препорачаа Кондов за овие работи. А Крцковски бил во Систина и се знае таму каква е цената.
     
  5. lylaby

    lylaby Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 март 2010
    Пораки:
    503
    Допаѓања:
    109
    Па мислам дека зависи од тоа каде се наоѓа грутката колку ќе биде болно, дали е мн длабоко позади и сл.Постапката е 10-20 мин со локална анестезија ,во случајот на мојата пријателка беше болно бидејќи грутката беше мн длабоко и мн тврда ,а болката уште трае и денови после тоа,но индивидуално е верувам.Крцковски наводно е најдобар во оваа проблематика,тој освен во систина работи и во неколку др приватни клиники.А ако времето е на твоја страна сигурно поубаво во државна каде и не се потребни толку големи финансиски средства за зафатов.А зашто дури во Јуни сте закажале?Се надевам ќе бидете добра, и биопсијата ќе ви помине во најдобар ред со одлични резултати.
     
  6. RainBow

    RainBow Форумски идол Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    12.673
    Допаѓања:
    12.975
    Пол:
    Женски
    Па не е итно. По редовна постапка во јуни закажувале, а ако сакаш побрзо треба да си платиш. Мене ме советуваа да не правам на овие години биопсија, туку веднаш да се отстрани грутката, па да се испита. Мислам дека ќе си одам по државен пат, поради финансиите како што ги спомна. И сите што се добри се разбегале по приватниве клиники. Ретко во државна добар доктор да се најде. Се надевам дека ќе биде добра твојата блиска особа.
     
  7. karenin

    karenin Популарен член

    Се зачлени на:
    8 март 2010
    Пораки:
    1.426
    Допаѓања:
    2.072
    RainBow jas takva grutka zabelezav vo dekemvri i odma bev na pregled vo drzavna kaj doktor karagjozev. toj mi rece deka toa e zapusena zlezda i deka ne bilo nisto opasno - deka so tek na vreme se povlekuva samata od sebe, a i da ne se povleklo ne biilo opasno. no mi preporaca (deka mn. panicam) da si doagam na kontrola sekoj mesec. I idam mora i ete istoto go slusam. sea posledniot pat koga bev mi kazaa deka doktorot otvoril privatna ordinacija, i bev na pregled kaj edna doktorka, isto vo drzavna. i taa mi go kaza istoto, no taa i spomna deka ako se zgolemelo grutceto ke trebalo na operacija i nevideno me isplasi. ja prasav dali e nesto opasno, taa rece ne bilo ama znaete jas se presekov koga slusnav. i samo problemi nekoj vise nemozam da razmisluvam za toa... :worried: :worried: :worried:
     
  8. lalezzz

    lalezzz Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 април 2010
    Пораки:
    349
    Допаѓања:
    44
    devojki prvo da ve pozdravam i da vi posakam dobro zdravje.e,pa vaka -go imam istiot problem so grutce pod desnata pazuva 7 god.megutoa prvite cetiri ne mi pravese nikakov problem mozev samo so prsti da go napipam kako malo zrnce i ne mu obrnuvav vnimanie.no so tekot na vremeto se zgolemuvase imam cuvstvo kako orev da imam pod pazuvata,stana tvrdo i pocna da me boli poizrazito 2 nedeli pred dobivanje.i sega me faka strav.denes napraviv eho na dojki ,lekarot mi spomna za nekakva si mama akcesorija no ne e siguren i me prati kaj nekoj profesor da mi napravi punkcija.za utre imam zakazano i da vi kazam od samiot zbor punkcija se plasam .bidete ljubezni i kazete mi neso poveke za toa -boli li ,za kolku vreme se prai od prilika i sl.strav mi e,,,,,,,,
     
  9. lylaby

    lylaby Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 март 2010
    Пораки:
    503
    Допаѓања:
    109
    Пункцијата како што знам не е страшна траела кратко и можеби само малку да е болно или пак безболно,се прави со игла продрува во градата и зема течност која ја испитува после,со среќа утре и се да биде добро ,ова е се што знам за пункција може има некој кој е поинформиран.
     
  10. fan

    fan Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 февруари 2010
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    0
    jas imav grutce od 5-6mm, bev na punkcija na onkologija.Postapkata ne e bolna i zavisi od sposobnosta na doktorot da ja napravi . Jas se operirav od rak na grada 2003 i ete uste sum tuka so golema verba.Me operirase dr. Krckovski vo kogo imam najgolema doverba a eho i mamografija pravam vo Dijagnosticki Centar kade ordinira i dr Krckovski so dr Dimcevski. :)
     
  11. mila.mila

    mila.mila Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 март 2010
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    0
    znaci ovaa grutka sto ja narekuvate se vika FIbroadenom.Jas ja primetiv pred 3 godini i otidov na exo na dojki,ja kontrolirav na sekoj 4 meseci i bese oklu 2 sm.Nekoj doktori mi velea da ja odstranam bidejki bila nad 2 sm,nekoj deka ne e nisto strasno.I zakazav za biopsija.Inaku biopsijata e bezbola,nema nisto da osetis.Rezultatite se gotovi drugiot den,ako zakzas na privatno,inaku taka se ceka okolu 3 mesci za da ti zakazat,a za potoa za rezultati sigurno uste 3 :D .Za sreka moite rezutati bea dobri,izleze toa i sto mislevme Fibroadenom,toa e nekoj vid na dobrocuden tumor i ne se razviva vo rak.Doktorot mi rece jas da odlucam dali da go odstranam ili ne.Jas sepak se odluciv da go odstranam bidejki se sto e visok vo teloto e dobro da go nema :D .Operacijata e so opta anestezija i trae okolu pola cas, ne e nisto strasno,a rezot recisi ne se ni poznava,,
     
  12. karenin

    karenin Популарен член

    Се зачлени на:
    8 март 2010
    Пораки:
    1.426
    Допаѓања:
    2.072
    strav mi e decki mnogu, ama i jas si razmisluvam da si napravam eho - sepak sto si e sigurno sigurno e. a za toa otstranuvanjeto, potocno za luznata se poznava li mn. - izvini ama sakam da znam izvini mn.? i kaj koj doktor bese na privatno za operacijata, kolku e? pozz.
     
  13. lylaby

    lylaby Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 март 2010
    Пораки:
    503
    Допаѓања:
    109
    Ќе ве молам можете ли да ми раскажете подетално околу операцијата и целата постапка,на мојата пријателка дијагнозата и е рак на градата уплашени сме мн каква е вашата борба и на физичко и психичко поле,и ние планираме на операција кај крцковски....Однапред фала
     
  14. fan

    fan Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 февруари 2010
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    0
    prvo i edinstveno e vazno da se soocime so dijagnozata,.Treba hrabrost i samata si rekov ce preziveam.Dr. Krckovski mi objasni za tekot na operacijata i ponatamosnoto lekuvanje.Mi bese tesko , no sum hrabra licnost, Ne smee da se potklekne , so nadez i verba. Ja pominav operacijata dobro, hemoterapijata, i ednostavno prodolziv normalno so zivotot. Bev srecna sto mozam da nosam gradna proteza i ne dozvoliv da me sozaluva nikoj.Ne dozvoliv ni moeto semejstvo da strada, zasto bev silna, i veruvav vo dr. KRCKOVSKI. Se operirav 2003g. koga imav 42god. i den denes zalam za izgubenata grada i kvalitetot na kosata, no se nosam dosta dobro. Ednostavno se sto mi pravi zadovolstvo go pravam i za tie sto me poznavaat velat deka sum mnogu hrabra licnost.Solzi imase, no koga nikoj ne me gledase i na toj nacin si ja olesnuvav bolkata, ne dozvoliv nikoj da me vidi kako placam poradi mojata bolest.I deneska ne razmisluvam za toa zasto sakam da gledam na ubavite strani na zivotot sto go ziveam. Samo verba i nadez i ubavi misli. :)
     
  15. RainBow

    RainBow Форумски идол Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    12.673
    Допаѓања:
    12.975
    Пол:
    Женски
    Фан само сакам да ти кажам браво за храброста и дека ти се восхитувам. Додека го читав твојот пост ми се насолзија очите, но многу ме радува твојата храброст. Јас утре ќе одам во државна да видам дали фиброаденомот ќе се вади, бидејќи ми рекоа можно е да ми прави проблеми понатаму, а и ме боли и почна да се зголемува. Единствено што ме загрижува е тоа понатаму да не се појави рак на дојка. Ми рекоа немало потреба за понатаму да се размислува. Што ќе биде тоа, само изгледа организмот ми бил склон кон вакви работи. Посебно ме изнервира една докторка што не ме прегледуваше меѓутоа беше присутна на ехото, искоментира само, Леле сирота ќе треба уште на 35 год мамограф да направи, и тоа како јас да не сум таму. Затоа се исплашив само. Ама мислам дека нема потреба уште од сега да му ја мислам, па кај ќе ми биде крајот.
     
  16. Ariel

    Ariel Популарен член

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    3.173
    Допаѓања:
    5.781
    Не сум имала проблем со градите, но сум имала со јајниците, и сакам само да кажам дека најважно е ако се забележи било каква појава ВЕДНАШ да се оди на лекар. Што повеќе се чека - тоа полошо може да биде. Ниту една операција не ме плаши така како што ме плаши незнаењето што ми е, и што може да ми се случи (т.е. најлошото).

    Исто така не е лошо да се слушне и второ мислење. Мајка ми имаше некое топче на градата и лекарот што ја прегледа веднаш и закажа операција, после 2 дена од прегледот, но во меѓувреме таа отиде кај друг, и тој и рече дека не е ништо опасно, и дека само ќе и се повлече. Така и се случи.
     
  17. mila.mila

    mila.mila Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 март 2010
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    0
    Znaci otstranuvanjeto ne e nisto strasno,mene me pravea so opasta anestezija ama moze i so lokalana zavisi od doktorot.Operacijata mi bese vo 8 a vo 8 i 30 veke bev budna,i vecerta me pustija od bolnica.A za luznata ic da ne se sekiras,mene me pravea pred edna godina,i sega ne mozam ni da ja vidam luznata kaj e,nisto ne se poznava.Mene ne me pravea vo Skopja,bidejki sum od drug grad,a za vo Skopja mi go preporacaa Dr. Kondov.Inaku operacijata ne e ne privatno jas plativ samo okolu 2 000 den,samo biopsijata mi bese na privato okolu 3000 den.Sega neznam ti dali si pravela biopsija,ama sepak najdobor e da naprqavis biopsija ...pozzz
     
  18. lalezzz

    lalezzz Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 април 2010
    Пораки:
    349
    Допаѓања:
    44
    uf.strasna rabota covek da ne trgne po tie vrati ,najdobro ke bide, no i toa e -ete- del od zivotot.denes dobro pominav za razlika od devojceto sto bese pred mene.. :( zavrsiv so punkcijata.za nekolku saati rezultatot bese gotov i stanuva zbor za akcesorna dojka-nisto strasno. ako sakam moze hirurski da se sanira i odprilika bi me kostalo okolu 200-300evra .sega za sega i davam prostor uste da rasti bidejki ne sum pri pari ,bolkata ke si ja trpam a za ponataka ke vidime zdravje boze-neznam,no i da se odstrani pak ke se pojavi -ke me supcit samo. site vie sto ste primetile neso bilo sto idete na vreme sto porano toa poubavo
     
  19. irenna

    irenna Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    2.592
    Допаѓања:
    1.586
    Пол:
    Женски
    lalezzz мило ми е што добро си поминала. И јас се сложувам со тебе дека штом ќе се примети промена на дојките треба веднаш да се провери , да се отиде на лекар.
     
  20. simonicka88

    simonicka88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    0
    i ja da vi se priklucam na temava,kaj mene na majka mi isto i pravea biopsija na gradite, vo sistina, i rabottata kaj nea e sto i na dvete gradi ima poveke grutki,koga gi dobi rezultatite od tamu ni rekoa deka ne e nisto strasno , tuku deka se raboti za benigni tumorcinja koi ne se strasni, i deka so operacija moze da se otstranat, a ne e e potrebno...toa sto me plasi mene e dali mozat tie da prerasnat vo rak,....doktorite vikaat deka e masno tkive i deka ne e nisto seriozno, ama mene mi e nekako somnitelno.....ve molam kazete mi nekoi slicni slucki i sto mislite za ova.......jas gi pasuvam lugeto okolu mene dali e toa ustvari rak, ama tie dali od sozaluvanje mi vikaat deka ne i ie nisto....ve mozlam kazete mi.....

    fala vi odnapred
     

Сподели ја оваа страница