1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Боите на ѕидовите во домот!

Дискусија во 'Дом' започната од Minnie93, 12 февруари 2011.

  1. Izaabella

    Izaabella Популарен член

    Се зачлени на:
    13 декември 2010
    Пораки:
    1.303
    Допаѓања:
    7.301
    Пол:
    Женски
    Два зелени и два кремасти.
    Одлично ми одат овие две бои заедно, украсите и останатите елементи во собата ми се исто зелени и кремасти, освен тепихот кој што ми е кафеав.

    Зеленото ми го освежува просторот, а кремастата боја ми овозможува експериментирање и со другите бои.
     
    На Bright и MarchelineAmaru им се допаѓа ова.
  2. SexyPrincess

    SexyPrincess Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2010
    Пораки:
    254
    Допаѓања:
    132
    Кај мене цела соба е зелена. Но оваа година сакам да променам сакам два соседни ѕида да бидат зелени а другите два виолетови,незнам колку ке се поклопува со мебелот ама ми се допаѓа.
    Креветите ми се некако нежна портокалово накај праска исто и шкафот и бироата.
    Вака нешто ми се како на првата слика
    [​IMG]

    Што мислите ке се совпаѓа или ке штрчи виолетовата???
     
  3. MarchelineAmaru

    MarchelineAmaru Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јули 2010
    Пораки:
    2.255
    Допаѓања:
    1.343
    Добар контраст,но некако затвора таа боја.Подобро би било корална боја,далеку поскладно и понежно делува. Изборот е твој!
     
  4. LoVeR

    LoVeR Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2010
    Пораки:
    886
    Допаѓања:
    1.046
    Во план се моите да ми ја бојадисаат собата конечно,ми рекоја да изберам бои а јас одлучив розева и сребрена.....што мислите дали розевата боја во комбинација на друга боја освен сребрената би седела убаво и која боја дај предложете јас се одлучив за овие бои оти бирото ми е такво...
     
  5. mina

    mina Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2009
    Пораки:
    1.260
    Допаѓања:
    637
    Пред извесен период дома кај нас ѕидовите ни беа во зелена боја, овојпат се во портокалова боја (нијанса се потемни од праска боја) и убаво испадна!
    Многу се мислев за мојата соба во која боја да ги обојам ѕидовите и на крај се одлучив и јас за портокалово, можеби требаше лила или сино ама ај наредниот пат!
     
  6. thelittle17

    thelittle17 Популарен член

    Се зачлени на:
    31 август 2010
    Пораки:
    3.749
    Допаѓања:
    8.665
    Пол:
    Женски
    нежна љиљакова, очи одмара.. ептен е вака поубаво и многу ми се допаѓа :)
     
  7. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.121
    Пол:
    Женски
    Мојата соба е нежен ЉимУн. Беше оранџаста.. сега изгледа па ќе си ја освежам у ЉимУн боја, мада ме нервираше првиот пат кога ја видов... сега ме освежува... ок коа е зачистена убаво ме освежува иначе џаба :D
     
  8. Wild.Child

    Wild.Child Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.573
    Допаѓања:
    6.698
    Mоите ѕидови се зелени со жолто. Во собата имам портокалови декорации и изгледа доста интересно. Сепак се работи за детска соба, а јас сум дете. ^_^
     
  9. najubava2010

    najubava2010 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2010
    Пораки:
    1.619
    Допаѓања:
    4.653
    Бидејки јас и Петко баравме решние за нашата соба, да ни биде во исто време секси и примерна, се одлучивме да си ја направиме бело со црвено-бордо.
    Па сеа три ѕидови ни се чисто бели а еден е бордо, со црно/сивиот мебел, зебра прекривачот и уште некои детали дојде одлично, абе бонбонка ни е сега :lol: .

    Дневната е некоја крем/драп или како и да се вика, ходникот и трпезаријата се комбинација од кафена и некоја ептен бледа жолта, спалната на „старците“ е розева баш детска розева и така...
     
  10. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.671
    Допаѓања:
    97.722
    Пол:
    Женски
    Се мислам како да ја средам спалната моја ?Мебелот е светло кафеав..а ѕидовите се бели моментално,сакам некоја апликација за на ѕид..или еден ѕид со тапети...предлог???
     
  11. Shoe-Gal

    Shoe-Gal Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    368
    Допаѓања:
    178

    Исфарбај ги ѕидовите во некоја убава, пастелна боја, а на еден ѕид тапета :)
     
    На peperutce27 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. martinuska

    martinuska Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2010
    Пораки:
    3.095
    Допаѓања:
    3.747
    Кај мене во соба таванот е бел а ѕидовите две нијанси на розево. Едниот ѕид е наизменично темно и светло розево вертикално поставени линии со дебелина околу 20цм се линиите, а на темниот розев ѕид имам две хоризонтални светли линии негде на средина, а на светлиот розев ѕид имам две хоризонтални темни линии исто на средина. А тој ѕид кај што ми е прозорот е темно розев. Think pink ми е собата. :wasntme:
    Ходникот е две нијанси на црвено и бел таван. Спалната кремаста, дневната со крем тапети и две нијанси на крем едната потемна другата посветла. :)
     
  13. Cacy

    Cacy Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јули 2010
    Пораки:
    2.244
    Допаѓања:
    1.546
    Мојата соба е бела незнам дали да ја обојам :?:
    А и незнам каква боја :^)
    Со што се комбинира бојата на зидовите?
    Може некој да ми објасни?
     
  14. goddess.Of.chaos

    goddess.Of.chaos Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2011
    Пораки:
    1.059
    Допаѓања:
    1.029
    Низ куќа се бели, кај мене многу бледо жолто, повеќе накај праска. Ич не сакам бел ѕид, кај мене дома ќе си ги нашлапам крем/жолтеникаво/праска нешто ептен нежно, пастелно.
     
  15. Minnie93

    Minnie93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2011
    Пораки:
    68
    Допаѓања:
    50
    Па според мене мислам дека е подобро бојата да ти се совпаѓа со мебелот не мора иста но да не биде многу контрасно, само не ме прашувај која боја со која би одговарало :) :) :) :)
     
  16. starfish

    starfish Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2010
    Пораки:
    4.833
    Допаѓања:
    10.128
    Пол:
    Женски
    Јас со рацете зафатени околу средувањето на собата, решив еден ѕид да биде магента,
    [​IMG]

    еден ѕид да биде сив
    [​IMG]

    и останатите два да бидат бели. :)

    А да, и на едниот ѕид ќе имам рачно нацртан стрип од веќе проверен уметник.
     
    На LadyStyle му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Bright

    Bright Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    2.547
    Допаѓања:
    5.516

    Ќе го земам ова во предвид.. за мојот дом во иднина ;) :lol:

    [​IMG]
    уууу сакам вакво нешто! :inlove: и мебел и ѕидови и перници! (освен масата)
     
  18. MandyLane

    MandyLane Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 август 2011
    Пораки:
    3.588
    Допаѓања:
    23.028
    Пол:
    Женски
    Кај мене во соба ѕидовите се темно сини.
    А цел стан ( со исклучок на едното помало ходниче ) е во темно зелено и дреч светло зелена боја..
     
  19. Juicy

    Juicy Популарен член

    Се зачлени на:
    16 декември 2010
    Пораки:
    1.812
    Допаѓања:
    11.127
    Пол:
    Женски
    Во дневна ѕидовите се сиви, а во соба кај мене се црвени и љиљакови :)
     
  20. HoneyBun

    HoneyBun Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2010
    Пораки:
    503
    Допаѓања:
    973
    Пол:
    Женски
    Кај мене во соба спротивните ѕидови се во иста боја. Едните се зелени, а другите жолти. Плафонот е бел. Порано имав налепено постери, но сега ги тргнав и мислам дека така е подобро. Во последно време се чудам дали да нацртам нешто на ѕидот, онака некоја апликација.