Болки во грбот

Дискусија во 'Здравствени проблеми' започната од Katja.efremova, 18 февруари 2010.

  1. Katja.efremova

    Katja.efremova Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 декември 2009
    Пораки:
    662
    Допаѓања:
    56
    Женски знаете ли некој лек за болките во грбот..луѓе ме убиваат,во последните 2-3 месеци ми се дешава да неможам да спијам од болка,само на грб лежам и никако не ми одмара :? Бев на доктор,на масажер абе ништо не помага докторот ми вели од настинка и прехлада е тоа ,масажерката ме масираше 3 пати ме зема 1000 денари се на се и ми вели требаше до сега да ти поминат ама никако тоа да се деси :worried:ilent: Дали можеби некоја од вас има слични проблеми...да напоменам каква е болката,ме боли обично во половината од левата и десната страна на 'рбетот остра бола и неможам да се исправам некогаш дури,ме наплашија дека се бубрезите и не сум била уште да ми ги проверат.Во мегувреме вежбам јога и пилатес демек ми рече докторот ќе ми ги олеснало болките ама и од оа нема фајда..дај кажете некој лек ако знаете :? Фала однапред позз
     
  2. Bright

    Bright Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    2.548
    Допаѓања:
    5.328
    Пробај космодиск. Мама со години го фалит и е препрезадоволна! Вреди да се проба ;)
     
  3. jasmin

    jasmin Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 ноември 2009
    Пораки:
    60
    Допаѓања:
    24
    И мене ми се случува истото нешто. Во последните 2-3 месеци осеќам остра болка во половината и ми се ублажува само ако силно ја притискам таа област.

    Јас имам сколиоза (во горниот дел на рбетот) и мислам дека можно е тоа да влијае, а исто така во моментов поради обврски голем дел од денот го поминувам во седечка положба. Се надевам дека кога ќе почнам да вежбам ќе прекинат болките.

    А за Космодиск и јас сум размислувала само никако не дошол денот да се заинтересирам повеќе.

    Навистина непријатен проблем и ако најдам нешто што помага обавезно ќе пишам.
     
  4. AnjaF

    AnjaF Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2010
    Пораки:
    45
    Допаѓања:
    6
    Намалете ги болките со позитивни мисли

    Негативните, загрижувачки мисли имаат негативен ефект врз нашето тело и чувства и, спротивно, позитивните, мотивирачки мисли имаат благотворен ефект.

    Што си велите себеси?

    Општо е познато дека нашите мисли директно влијаат врз функционирањето на нашите тела. Нашите мисли веднаш се пренесуваат во емотивна или физичка реалност.

    Ова е добра вест сите оние кои имаат болки и проблеми со грбот. Тоа значи дека ние всушност можеме да влијаеме врз нашите тела и емоции. Внесувањето на позитивно размислување ќе му помогне на овој механизам и ќе поттикне себеизлекување, намалување на напнатоста, создавање на природни аналгетици (вклучувајќи и ендорфини) и ќе предизвика намалување на болките.

    Па, на што мислите во моментов?

    Откријте што мислите

    Можеби мислите дека постојано знаете на што мислите, меѓутоа поголемиот дел од нашите мисли ни поминуваат низ главата на „автопилот“. Толку сме навикнати на нив, што не ги ни забележуваме.

    Не е секогаш лесно да процениме дали нашите мисли имаат позитивен, стимулативен ефект врз нас, или имаат негативен, лимитирачки ефект.

    За да дознаеме, треба малку да истражуваме, на пример, дали некогаш сте се нашле себеси да си кажете или помислите некоја од следните негативни мисли?:

    „Никогаш нема да оздравам“

    „Треба да...“

    „Мора да...“

    „Тие треба да...“

    „Не можам да го издржам ова...“

    „Никој не ме разбира...“

    „Не е фер...“

    „Само да можев...“

    „Што ако...“

    Има многу типови на лимитирачки, негативни мисли. Заедничко нешто за нив е што тие се секогаш ирационални, не се базираат на докази.

    Затоа може да биде корисно да најдете доказ за она што го велите. Запрашајте се, „Дали е ова 100% точно?“ – многу е веројатно да откриете дека не е сосема точно. Ова е типично „Што ако...“ размислување. Предвидуваме нешта кои ќе се случат или проблеми кои ќе произлезат и потоа ја предвидуваме нашата немоќ да се справиме со нив. Тоа во никој случај не мора да е точно.

    Други лимитирачки мисли доаѓаат од еднонасочното размислување со „Мора да...“ „Треба да...“ изразите. Овој тип на мисли доаѓа кога мислиме дека нешто не е совршено и, според тоа, не е добро, или нешто не е како што ние би сакале да биде.

    На пример: „Тие требаше до сега да откријат од што ми се овие болки“. Или кога си вршиме притисок да завршиме задачи кои се надвор од нашите моментални можности, на пример: „Морам да го завршам ова...“.

    Резултатот може да бидат чувства на вина или стрес, кои потоа ќе предизвикаат напнатост и болки

    Што можете да сторите?

    Не можете да одберете какви мисли ќе ви дојдат на ум, но, можете да одберете игнорирање и отфрлање на негативните мисли, и фокусирање на повеќе позитивни мисли и позитивен аспект на животот. Можете да научите да ги менувате вашите мисли, така што вашиот потсвесен начин на размислување постепено ќе станува помалку негативен.

    Сè зависи од ВАС!

    Елиминирајте го негативното!

    Започнете така што ќе ги забележувате вашите мисли и начини на размислување. Често и ова е доволно за да ги исфрлите лимитирачките мисли (зборови) од вашиот речник. Избегнувајте мисли или изјави кои вклучуваат зборови како: треба, требаше, мора, секогаш, никогаш и што доколку?

    Нагласете го позитивното!

    Следната техника ќе ви помогне да ги пресретнете негативните мисли. Кога ќе забележите дека размислувате негативно употребете ја едноставната „СТОП“ и „ЗАМЕНИ“ техника за да ги уловите негативните мисли и да ги замените со мотивирачки зборови.

    Кажете си: „СТОП!“ – Вашиот ум ќе замолчи

    – потоа ЗАМЕНЕТЕ со поконструктивни зборови. Имајте спремна „база на позитивни пораки“. На пример:

    „Смири се, ова ќе помине.“

    „Лесно е да...(се опуштам, се справам со тоа, итн.)“

    „Се концентрирам на она што МОЖАМ да го сторам.“

    „Ќе правам чекор по чекор.“

    „Одбирам да...“ или „Би можел/а да...“ „Смири се, опушти се...“

    „Ќе најдам нов начин да го решам тоа.“

    „Имам многу техники за помош, ќе одберам една од нив...“ (на пр., релаксација, вежби, прошетка, читање на „базата на позитивни пораки“, топли/ладни облоги, итн.)

    Употребувајте ја „СТОП“ и „ЗАМЕНИ“ техниката во текот на неколку седмици и наскоро ќе забележите значајна промена во начинот на кој размислувате, и колку полесно ќе биде справувањето со проблемите и болките.

    Да се биде позитивен значи да се биде насочен кон позитивните аспекти на животот и кон она што можеме да го сториме за да си помогнеме себеси.

    Позитивните мисли не се луксуз – тие се неопходност за наша благосостојба!
     
    На zbogatinovska, rici.aaaaa, butterfly.fly и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. AnjaF

    AnjaF Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2010
    Пораки:
    45
    Допаѓања:
    6
    Bolki vo grbot imam i toa premnogu , go kradam kosmodiskot od majka mi :lol: i stavrno sega koga go nosam mi e po ok , na pocetokot me nervirase i nekako me potese , ama sega duri razmisluvam da si zemam i za sebe :oops: samo mi e malce stram.

    Inaku e vistinski lek i za bolki vo kicmata , ako ne e on koga dobivam neznam kade ke mi bide krajot :up:
     
  6. IviA

    IviA Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 септември 2010
    Пораки:
    217
    Допаѓања:
    20
    и јас имам болки во кичмата и тоа силни болки .неможам ни да седам ни да стојам ниту пак да се движам . Кога одам до тоалет одам целата додгрбавена :sweat: исто како стара баба :D . Денес бев и на лекар и ми дадоа антибиотици и 1 инекција . нема подобрување . Но ќе почекам и ќе одам на снимање ? И незнам дали од подграбавеноста што ја стекнав за 1 недела моето тело се насочи кон десната страна односно кога стојам исправено од под градите тој дел заедно со стомакот ми се искривени. Многу ми е страв да не останам ваква ;( .Се уште сум млада да одам како баба.
     
  7. malinavishna

    malinavishna Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јули 2010
    Пораки:
    28
    Допаѓања:
    9
    Да ова е период од годината кога ги чувствуваме промените на температурата. Јас по мене имам осетено, ако физички сум помалку активна ми се опуштаат мускулите и тогаш држењето на телото ми е неправилно, а тоа доведува до деформации, приклештување на нервите....Треба да се вежба, ама треба и мукает... :up:
     
  8. malinavishna

    malinavishna Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јули 2010
    Пораки:
    28
    Допаѓања:
    9
    А, да и пијте глукозамин (NO DOL) го има во аптеки, ја намалува болката......итн.
     
  9. zagrizena23

    zagrizena23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2010
    Пораки:
    21
    Допаѓања:
    0
    zdravo na site.I jas vejke nedela i nesto custvuvam na levata strana nazas nekoja bolka i koga lezam na grb i napred kaj srceto potocno povejke nakaj miskata.Ne znam dali e od nepravilnoto spienje ili od nekoja nastinka promena na vreme i sl.Site mi velat deka e od toa no mene me fajka strav da ne e nesto so srceto imam 23 god i si vikam nee e mozno toa no blagodarenie na mediumite stravot na site mladi za se ni e vlezen vkoski barem mene toa mi se slucuva za se se plasam.A ored mesec bev kaj maticnata me pregleda mi go naslusa srceto i ekg mi napravi i se bese vo red e dali ova mi se pojavi poradi promena navremeteo ne znam.Pa sakav da vidam i kaj nekoj od vas dali se ima pojaveno nesto slicno a dali bi se podobrilo da odam nekade na masaza?sto sovetuvate?
     
  10. IviA

    IviA Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 септември 2010
    Пораки:
    217
    Допаѓања:
    20
    загрижена23 нема потреба да се грижиш јас мислам дека тоа ти е од промена на времето или можеби си настината. Облекувај се потопло и пиј чаеви :D :D :D :D
     
  11. ANGELIKA81

    ANGELIKA81 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    0
    I jas cesto imam problemi so grbot, si pomagam so vezbi za grbot i se mackam so tecnost Lesana ili Alpa i krema Pamenol koi se na baza na mentol i se dosta efikasni. Gi ima vo site apteki i ne se skapi.


    [mod-kirilica:2nyf2seg][/mod-kirilica:2nyf2seg]
     
  12. al-vik

    al-vik Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 октомври 2010
    Пораки:
    284
    Допаѓања:
    96
    Преку ден речиси ништо не чувствувам, но секоја ноќ се будам со болка во грбот, и неможам да се мрднам ни лево ни десно од од толку многу што ме боли. Но неможам да определам дали е грбот или се бубрезите бидејќи болката е во тој дел околу бубрезите. Katja.efremova поодамна ја има отворено оваа тема но ме интересира беше на лекар минаа болките ?
     
  13. Dafnee

    Dafnee Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 декември 2010
    Пораки:
    326
    Допаѓања:
    1.892
    Да се надоврзам на темава, бидејќи веќе некое време осеќам силна болка во грбот, на десната страна, и имам некои симптоми кои укажуваат на инфекција на бубрег.. Ова од сопствено гугл истражување го заклучив и можеби има примеси на хипохондрија, ама многу сум успаничена. Болката е мн силна и не се смирува со никаква положба на грбот, па ни со масажа. Многу е моментално .Од друга стран ане ги чувствувам болките цело време, па се надевам потајно дека можеби е сепак само настинка.
    Како и да е, и сакла некое по стручно лице д аме упати во тоа ШТО ЗНАЧИ инфекција на бубрег, како се лечи, дали има трајни последици, од што се добива и дали има потреба да се плашам....
    Колку може да биде сериозно?
    И како точно се открива?
    Благодарам и ве молам за брзи одговори многу ми е итно.
     
  14. Nina24

    Nina24 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    667
    Допаѓања:
    303
    Не сум стручно лице, но знам, имав инфекција пред 4 години. Значи дека имаш некоја бактерија која најпрво ти била во долните мочни патишта - бешика... но не си ја излекувала и сега се качила нагоре кон бубрезите. Не е страшно ако одиш на микрибиологија да си ја испиташ мокрачата на време. Ќе откријат за која бактерија станува збор и ќе ти дадат соодветен антибиотик. Инаку болката би требало да е во долниот дел на грбот околу половината и е на моменти оштра, на моменти тапа болка, барем кај мене така беше. Значи, ако се сомневаш земи од оние чашки од аптека стерилни, мочкај одсабајле и право на микробиологија, ама мислам дека претходно треба да земеш упат од матичен, но не сум сигурна дали мора.
    Во меѓувреме пиј по 1 литар увин чај дома. Тој е одлична дезинфекција на мочни патишта, јади од оние сушените брусници и пиј мнооогу вода да ги плакнеш мочните патишта...
    Едит: АКо баш си сигурна дека е инфекциа, ако ги имаш сите они е симптоми како пецкање кога мочкаш, тогаш земи си одма додека чекаш резултати Цитерал. Тој антибиотик е со најширок спектар, така да за било која бактерија да станува збор, што ќе се види после, ќе бидеш покриена со антибиотик.А после ако треба може докторот да ти препорача друг антибиотик, ако има потреба да се смени. Сепак, за ова можеби е подобро да се консултираш.
     
    На Dafnee му/ѝ се допаѓа ова.
  15. sonce777

    sonce777 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јуни 2010
    Пораки:
    442
    Допаѓања:
    164
    Со години ме боли грбот,но последните денови многу.Пред неколку год на ренген бев ортопедот ми рече шипови,одев на терапија.Пред три месеци ми рекоа дископатија ама никакви мерки не преземав не се ни поварна да одам на контрола.Сега умирам од болки ама никако да се наканам на лекар да одам.Насабајле е најака болката се си мислам од креветот ми е и од лоша положба на спиење.Космодиксот ми го фалат ама никако ред да дојде да го купам за се имам пари само за моето здравје немам.Немарлива сум и се знам два три дена ке го носм и толку за се сум таква лекарствата ке ги пијам неколку дена и кога ми е подобро се занемарувам.
    Ова со грбот почнува да ме загрижува а и вратот вратните жили ми се укочуваат.
    Седам на работа неправилно и кога станувам од столчето умирам од болки.
    Незнам што да преземам.
     
  16. kostic

    kostic Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2011
    Пораки:
    52
    Допаѓања:
    13
    Најчесто болки во грбот се јавуваат поради дископатија која е резултат на сврзување на дел од пршлените а со тоа и потфаќање на дел од нервите кои поминуваат тука,или пак нивно искривување(спондилоза)поради недостаток на фосфор и калциум во исхраната.Профилаксата се состои во тоа да се има повеќе физичка активност на целото тело а особено да се применува вежба на висење односно истегнување со што би се одржала раздалеченост на вертебрите односно прешлените и не би можело да дојде до нивно спојување и потфаќање на некој нерв.Доста улога играат и специјални елеци кои го фиксираат држењето на телото како и елеци кои имаат магнетна основа,може и со космодиск да се проба но тоа малку би ви помогнало на поголем дел од вас. :)
     
  17. danichap

    danichap Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    1.104
    Допаѓања:
    9.481
    Порано и јас имав силни болки во грбот. посетив физиотерапеут, ортопед, направив снимања...
    кај мене помогна следново
    направив компјутерско мерење на стапалата и добив ортопедси влоски кои 100% одговараат на моите стапала.
    купив кинесио ленти кои интензивно ги носев на мојот грб цело лето.
    voltaren-маст која целосно ги неутрализира болките
    посетував и масаза кај професионален физиотерапеут и намалив физицка активност( кревање тески работи,секогас да пазам на исправен од...)

    за оние сто не патат од посериозно заболовање, овие совети би требало да помогнат
     
  18. majami

    majami Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 ноември 2009
    Пораки:
    17
    Допаѓања:
    4
    bolki vo kicmata

    Imam bolki vo kicmata od mnogu stoenje, ne mozam da se navednam, da se iskaslam, znaci samo odmor ili analgin I mi pominuva, megutoa rabotam sekoj den I bolkata e strasna. Me boli samo od premnogu stoenje. Nekoj sovet?
     
  19. martinuska

    martinuska Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2010
    Пораки:
    3.112
    Допаѓања:
    3.689
    bolki vo kicmata

    Отиди кај матичниот доктор, земи упат и сними ја кичмата па после можеш на ортопед да отидеш со снимките.
    Мене ме болеше и испадна дека имам дископатија |(
     
  20. 2468

    2468 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2009
    Пораки:
    4.498
    Допаѓања:
    2.681
    Пол:
    Женски
    Имам силни болки во грбот, на моменти неиздржливи и проследени со нагон на повраќање.
    Еве неколку денови ова ми се случува, и кога ќе се разбудам имам некоја тапа главоболка, а за грбот да не зборувам.
    Болката највеќе ја чувствувам на десната страна, ме болат дури и пршлените кога ќе се допрам.
    Што е со мене? Како да ја ублажам оваа болка, како да ја снема?
     

Сподели ја оваа страница