Нормално е да имаш страв,убаво објаснила Руси- што повеќе знаеш црвот повеќе те јаде. И јас со второво бев ко избезумена,во живот така не сум се тресела. Ама се тоа е нормално татка ми вика како влегло така ќе излезе така да мила мисли си на убави работи како ќе си се галкате со бебушот. Мисли си на првиот контакт и првата средба. Нема ништо поуваво на светов од тој момент кога ќе ти го стават главчето негово до твоето. Ајде со лесно и Господ да те чува тебе и твоето најмило,немој да мислиш на компликации да си ја оптеретуваш душичката,зошто сите вибрации ги осеќа во мешето
Мислев дека сум единствена Нели,тоа убива најмногу,психички,што би можело како би можело дали ќе биде добро? Многу се плашам И се е од тие читања по интернет,лоши страшни приказни,исто и филмови Мора да се тешиме да,ќе биде се добро!!! Уште колку имаш? Поздравче и фала ти
Фала ти многу мила многу сакам да мислам на убави работи,многу,сакам само се да биде во ред..Само ради неа се молам и се надевам дека кога ќе дојде денот ќе се смирам и нема да паничам многу ми е страв дека таа паника на породувањето ќе ми направи проблеми Ти се тргна ли тој страв кога отиде да се породиш вториот пат? Фала ти од срце сите да не чува
Не си единствена Инаку слушањето на туѓи негативни приказни обично лоша услуга прави Инаку иста недела сме, може и да се сретнеме зависи каде планираш да се пораѓаш, јас во Чаир највероватно. Поздравче, се читаме!
Користел ли некој вагиналети полигинакс?јас од денес почнувам со нив ради бело прање мн што имам,наводно инфекција некоја.И што може др да направам а да е на природна база?чаеви некои?
Joy она што мене ми помага намјногу за бело прање,е одмивање со чај од камилица или сода во 250 мл.една мала лажичка,се става и стварно чисти инфекции мириси бело прање од баба ми ми е лекот и вреди за сите пари па можеш да пробаш
Јас ама не ми помогнаа, ми помогна тоалета која ми ја направи гинекологот а со што појма немам ( сина течност). Пред пораѓај користев линекс фор лејди. На природна база одмивки со чај од камилица и вода со сода.
ЈАс завршив со вагиналетите и искрено приметив голема разлика т.с подобрување.Е сеа порано користев секојдневни влошки нонстоп се додека мајка ми не ме искара па ај реков ке ги прекинав и нив.Дали е тоа или вагиналетите незнам битно исцедокот го снема
Можно е и од секојдневните да е, никој не ги препорачува ама јас ги користам кога сум на работа......мене од вагиналетите ( било кој) ми поминувало ама краткотрајно, дај боже да трајно да ти помине.
Веќе 2/3 дена чувствувам нелагодност на грлово, како гнојна ангина, како да ми стој нешто и што и да јадам не поминува, колку и да е тврда храната и тоа што ми стои никако да слези надолу хехее, ме сваќате? Првин мислев од некоја храна и пробував и тврда и посува храна и течност ама не, изгледа е грлото, ама никаква друга болка не чувствувам, ни гласот ми е сменет ни ништо, само при голтање чувствувам.. Утре или петок ќе одам кај матичната, ама сакам и некое мислење од вас или идеја што да каснам напијам (во смисла на храна, не на апчиња, за апчиња ќе почекам да ми кажи гинекологот)
јас морам да се надополнам, како што поминува времево, од сабајле па еве до сега мене ми е лошо, неможам да јадам се ми мириса на киселина и устава ми мириса на железо, киселина уф одвратно цревата ми се превртуваат ама неможам да внесам ништо, се ми мириса неубаво.... :/
Исцеди 3 лимона во подлабока чаша/кригла и стави едно лажиче сода, ќе почне да врие. Пената со лажица ќе ја исркаш, а сокот ќе го направиш гаргара па ќе го голтнеш. Помага многу за да се ослободат тегобите
Јас скоро имав таква мака со грлото, како да ми стои нешто и неможам да голтнам, а немав други симптоми на настинка. Кога отидов на лекар ми рече докторката дека имам оток како алергиска реакција(иако никогаш во животот не сум имала алергија), ми рече да пијам лоратадин за алергијата и да прскам спреј Ангал за отокот, за 2 дена ми помина. Мораш да провериш на лекар од што ти е, дали е грло, крајници...ке те средат сигурно, не е тоа страшно Поздрав!
Бев истиот ден на гинеколог ме виде докторката, ми препиша Оспен и капки за нос. Ама истиот ден се истуриии од врнење и со такси морав да си појдам дома и не излегов цел ден, бидејќи без престан врнеше.. А наредниот ден веќе се почувствував подобро, и еве сега со грлото немам ни М од мака ама малку ме зафркава носот.. ништо страшно и нервозно, како што си имам синуси, ова не ми е проблем, сум имала поголеми маки хахахах А и кога ми ги препиша Оспенов јас се двоумев дали да ги купам, и кога не би врнело јас мислам дека немаше да ги земам... Во вториот месец од бременоста бев настината и со температура и се излекував со толчен лук секој ден по два пати, чај поретко и секоја вечер со ракија ме мачкаше мм, и и тогаш за 5 дена бев како нова
Мамички кој има искуство со испитување уринокултура?пред 10 дена правев крв и мокрача испитувања и дури денес матичната се врати од одмор и ги виде резултатите сум имала во мокрача кај бактерии +++ и ме прати во Авицена да испитам уринокултура,ми кажа можно да е бактерија ако е бактерија ќе мора антибиотик ако не е бактерија тогаш повеќе течности да пиеш,ама јас пијам многу течности зборот ми е некако што слушам со листерија со еден куп бактерии малку сум исплашена дури четврток резултати ќе пукнам додека да ги видам што викате вие има место за паника или ништо страшно?
kaj mene isto imase ++++,pa krv vo mokraca pa leukociti i na kraj na urinokultura ic nisto nemase nemoj da se grizis ,zemi si caj od brusnica i jas go piev i sto povekje voda
Мила во право беше ги земав резултатите денес и нема бактерии во урина ништо нема,само ме чуди мирисот на мокрачата е чуден јак ,ама може е од прелада зошто само се разголувам од жештини и само се потам и ладничко да е јас се потам с'клет невиден ме фаќа поздравче
И кај мене исто, немам правено сеуште испитување, ама мокрачата мириса чудно, како да немам сменето долен веш со саати и денови... ( извинете на описов ) а уствари 2 пати денот менувам баш заради таа миризба
Исто и јас женска само менувам и само се мијам непријатно ми е дури сама се осеќам уште неколку дена одам на работа мокрачата е не е друго,сигурно од прелада ни е си викам да имам инфекција на интима ќе чеша бело прање ќе имам ништо од тоа немам,али гаден мирис не се трпи... ќе пробам со увин чај и чај од брусница може ќе помогне пробај и ти поздравче