Mene gin mi rece da pijam uvin caj 36 nedela sum i mi objasni deka plodot sega neli udira na besikata mnogu no ne dovolno moze da ja ispraznime za da ne se zadrzuva i stvara ifnekcija da pijam preventivno uvin caj pozdravce
Јас три месеци по ред испитувам прво обична мокрача, па добивам резултати покачени леукоцити во урина.Па одма правам уринокултура на микробиологија и излегува дека немам ништо.Што е работава појма немам.Гинекологот вика некој греши ама па 3 месеци по ред ?!?!? Матичниот ми е на одмор до наредна недела па да ве прашам дали некоја имала искуство со оток на големите усни? Јас сум 31+3 и од пред некој ден приметив како да ми се отечени големите усни ко поиздолжени, читав по интернетов дека се дешава ама викам ај да си прашам.Немам болки ,печења,чешања и сл.
За мокрачата пијте увин чај или чај од брусница, доколку немате бактерија. Јас испитував мокрача во четвртокот и резултатот е добар, освен што бојата на мокрачата е жолта. Така беше и кога испитував мокрача првиот пат. Пијам чај од брусница.
Здраво мешиња, Ми треба помош од вас, ако некој имал слично искуство на моево. Моментално сум 27ма недела во бременоста, а веќе 5ти ден, имам трпнење, боцкање во десната дланка. Најмногу во два прста, ама се продолжува во целата рака, цело време како милион ситни игли да те боцкаат и струја да минува низ прстите. Болка никаква немам, само што е непријатно чувство и нормално раката не реагира исто на допир на нештата, како да губам осет од таа дланка, немам доволен стисок со неа и нон стоп боцкаа!! Се консултирав со гинекологот и ми појача магнезиум, наместо едно сега пијам 2 или 3 дневно, и плус шумачи таблети Калциум + Вит. Ц. Неговиот коментар беше дека е нормално, ама дека не треба да трае долго, повеќе од неколку дена. Ми рече ако за 3-4 дена не ми помине, ќе бараме друго чаре Ве молам доколку има некоја од вас слично искуствпо, нека сподели со мене. Ве поздравувам
Јас сум нова на форумов, ми касни неколку дена , но незнам дали да се радувам бидејки сопругот пие антидепресиви некое време, и незнам дали ќе има влијание на бебето а гинекологот не можам да го прашам бидејки ми е на одмор и сега незнам кај ми е глава. Доколку сте имале ваков случај пишете.Поздрав
консултирај се со друг гинеколог, консултацијата е бесплатна, не се наплаќа таа, барем во мојов град.
Девојки, дали некоја од вас имала проблем со хемороиди во бременоста? Мене ми се појавија ...сега веќе не ме болат, но останаа Спојлер како грозд околу аналниот отвор и изгледаат многу грдо Треба да одам на вагинален преглед и многу ми е непријатно и срам од гинекологот... Има ли некој начин за да се повлечат внатре, што да правам?
не сум имала проблем ама знам дека за хемороиди надворешни многу помага маст kuterid g или да се измијашсо ладна вода а за маста бидејки си бремена прашај дали смеешза време на бременост да ја користиш
Луѓе како да ја намалам болката испробав секако но никако до очекуван резултат пијам магнезиум,калциум,Болки во нозете огромни доколку спијам на страна морам да станам да се раздвижам 15 мин за да продолжам пак да спијам,или се вртам на грб само така не ме боли и тоа несвесно,знам дека не е убаво да се спие во таква положба што да правам
Женски дај кажувајте лек за киселини, ужасни се Пробав со сода бикарбона, семка од маслинка и ништо... дали некоја од вас има користено таблети за шмукање рупурут?
^^ BellaS, јас ги користам кога имам неподносливи киселини, и искрено, многу ми помагаат и ми ги смируваат киселините. И мене не ми помагаше ништо од споменатите работи, па земав Рупурут, сите доктори кои ги прашав за киселините ми ги препорачаа овие.
Најпрвин пробував со маслинки или пресно млеко, ако не ми поминеше шмукав рупурут и одма ми поминуваа
Мене ми помага: ладно млеко со 2-3 плазма, кисела вода (многу), бадем непечен јадам обавезно од сабајле, пробав со маслинка и земка - не помага! Кај мене ладното млеко најмногу ги ублажува киселините.
Од сабајлето сум настината.Цел ден на чаеви, цеден лимон, мед, и бонбони од ментол шмукам за грлото. Се осеќам малаксано некако сега, главата почна да ме боли, само мерам температура ми е страв да не качам, сабајле директ одам кај докторката. Па сакав совет, дали може парацетамол да се напијам ако добијам висока температура вечер, иначе 21 недела сум. Ви благодарам.
Апсолутно можеш. Тоа е и единствено што можеш. Јас пред три дена кренав 38 температура и мојата докторка рече комотно може парацетамол, дури и ако има потреба на 4 саати може (не мора на 8 ). Мој совет е пивни одма да не кренеш температура
Мене на сета мака почна да ме боли заб и мака мачам со хемороидите, кои откако останав бремена повеќе се воспалија, па некое чаре за нив?
navecer stavaj 3 suvi slivi vo ena caska polna so voda i na sabajle prvo izedigi slivite pa posle ispija vodata taka nekolku dena poz
оооф имам некои слаби болки во стомакот, пијам магнезол шумливи 2х150 мг, во упатството пишува дека се препорачуваат две шумливи на ден, дали би имало штета ако се напијам уште една шумеча
^^ Нема да ти штети, тоа се вкупно 450 мг дневно. Јас во осмиот месец добив прерани контракции па ми ја појачаа дозата од 250мг на 500 мг дневно и така пиев цел месец.