Бомбици

Дискусија во 'Рецепти' започната од TheCandy880, 10 декември 2010.

  1. TheCandy880

    TheCandy880 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2010
    Пораки:
    3.982
    Допаѓања:
    6.055
    Се ближи годишнина од брак на моите дома,па знам дека омилени им се бомбициве од слатки па ајде домаќинки предложете некој така полесен,едноставен рецепт за бомбици.Сакам да ги изненадам моиве дома мислам дека заслужуваат :) ако во случај има ваква тема слободно во канта множе да иде,разгледував па мислам дека нема :?:

    [​IMG]
     
    На Dushichka му/ѝ се допаѓа ова.
  2. wolf4e

    wolf4e Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2010
    Пораки:
    2.277
    Допаѓања:
    1.783
    Бомбици ?

    Kенди најдов овде
    http://www.coolinarika.com/recept/bombici
     
    На dancing.lady и TheCandy880 им се допаѓа ова.
  3. Annath

    Annath Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    5.366
    Допаѓања:
    5.632
    Пол:
    Женски
    Бомбици ?

    Имаш неколку рецепти за бомбици тука во оваа тема Колачи. Се надевам дека ќе најдеш некои што ќе ти се допаднат, а сите се многу лесни за правење ;)
     
    На TheCandy880 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. maja8

    maja8 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2010
    Пораки:
    2.251
    Допаѓања:
    1.337
    Бомбици ?

    Бомбици од Банани



    Потребно



    3 банани

    100 грама мелени бадеми

    100 грама мелени лешници

    50 грама кокос

    100 грама мелени ореви

    100 грама чоколада за готвење

    100 грама урми

    50 грама сусам



    Начин на подготовка

    Сусамот го ставаме во тенџере, тенџерето го ставаме на рингла и го пропржуваме. Бананите ги лупиме и ги ставаме во подлабок сад, а потоа со вилушка ги гмечиме. Во садот ги годаваме и мелените бадеми, мелените лешници, мелените ореви исто така ги ставаме и урмите предходно исецкани. Откако е готов и сусамот и него го додаваме во садот, потоа мешаме со лажица се додека не добиеме хомогена смеса. Чоколадата за готвење ја рендаме на ренде од покрупната страна на рендето во тањир, кокосот го ставаме во тањир и земаме од смесата правиме топчиња средно големи и ги валкаме во чоколадата или пак во кокосот. Бомбиците ги ставаме во книжни корпици.



    Добар апетит!
     
    На Anne15, TheCandy880 и jarec6 им се допаѓа ова.
  5. Blanca

    Blanca Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    725
    Допаѓања:
    478
    Бомбици ?

    Еве едни од мене, од време навреме ги правам

    200гр чоколада за готвење
    2 јајца
    200гр мелени бадеми (непечени) или мелени ореви
    100гр шеќер во прав
    50мл рум
    кокос

    На ситната страна од рендето ги рендаме чоколадите. ( Со оваа постапка ќе се набилдате :rofl: )
    Во садот ги додаваме мелените бадеми/ореви и промешуваме.
    Ги додваме само жолтките, пак промешуваме.
    Го додаваме румот и тогаш смесата ќе се соедини.
    Направените топчиња ги валкаме во кокос или нешто друго, по желба.

    Ако го сакате вкусот на румот - преубави се ;)
     
    На TheCandy880 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. trendy

    trendy Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 ноември 2010
    Пораки:
    285
    Допаѓања:
    161
    БОМБИЦИ ОД БАНАНИ
    3 банани
    100 грама мелени бадеми
    100 грама мелени лешници
    50 грама кокос
    100 грама мелени ореви
    100 грама чоколада за готвење
    100 грама урми
    50 грама сусам


    Начин на подготовка
    Сусамот го ставаме во тенџере, тенџерето го ставаме на рингла и го пропржуваме. Бананите ги лупиме и ги ставаме во подлабок сад, а потоа со вилушка ги гмечиме. Во садот ги годаваме и мелените бадеми, мелените лешници, мелените ореви исто така ги ставаме и урмите предходно исецкани. Откако е готов и сусамот и него го додаваме во садот, потоа мешаме со лажица се додека не добиеме хомогена смеса. Чоколадата за готвење ја рендаме на ренде од покрупната страна на рендето во тањир, кокосот го ставаме во тањир и земаме од смесата правиме топчиња средно големи и ги валкаме во чоколадата или пак во кокосот. Бомбиците ги ставаме во книжни корпици.

    ммммммммм многу фкусно ДОБАР АПЕТИТ!
     
    На TheCandy880 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. O.l.i.v.a

    O.l.i.v.a Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    160
    Допаѓања:
    115
    Рафаело

    300гр шеќер да зоврие со 2 dl вода, малку оладено
    Се додава:
    1 маргарин
    400 гр млеко во прав
    200 гр кокос

    Смесата треба да одстои 3-4 саати или наредниот ден се формираат топчиња. Во средина се става лешник и се валкаат во кокос.


    Урмашици

    6 лажици вода и 6 лажици шеќер се оставаат да зовријат како за слатко.
    Друго потребно:
    1 чаша ореви ( мелени)
    3 реда чоколадо
    Урми

    Урмата се дели на 4 дела ( по должина). Се прават топчиња, се расплескуваат и во средина се става урма. Одозгора се преливаат со шпикован шеќер.

    :mm:
     
    На TheCandy880 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. trendy

    trendy Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 ноември 2010
    Пораки:
    285
    Допаѓања:
    161
    БОМБИЦИ СО КИКИРИКИ
    * 200 грама Шеќер
    * 100 грама Чоколадо
    * 80 милилитри Млеко
    * 100 грама Маргарин
    * 200 грама кикиритки
    * 200 грама Бисквити

    ПОДГОТОВКА
    На пареа растопете ги чоколадото и шеќерот, а потоа додајте ги изронетите бисквити, кикириките и млекото.
    Во разладената смеса додајте го маргаринот.
    Убаво измешајте ја смесата и формирајте бомбици, кои ќе ги ставите во хартиени ќеси.
    [​IMG]
     
    На soledad и 2468 им се допаѓа ова.
  9. Zaljubena111

    Zaljubena111 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 февруари 2010
    Пораки:
    1.555
    Допаѓања:
    496
    Многу интересни ми се овие, тренди а и ефтини се може да ги пробам овие денови,
    колку броја излегуваат така од прилика,
    а како тоа на пареа:o, кикириките печени или не, и тие нели се рендаат или се сечат на парчиња? И ова со маргаринот во разладена смеса ме зачудува
     
  10. TheCandy880

    TheCandy880 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2010
    Пораки:
    3.982
    Допаѓања:
    6.055
    ^ е и јас сакав да прашам колку излаваат одприлика... :)
     
  11. bona

    bona Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 декември 2009
    Пораки:
    1.592
    Допаѓања:
    213
    еве и од мене еден рецепт за бомбици

    -300 гр бисквити
    -150 гр маргарин
    -150 гр мелени ореви
    -130 гр шекер во прав
    -2 банани
    -кокос

    Ставете го маргаринот да се растопи, потоа додајте го шекерот, оревите, изронетите бисквити, лупените банани, и измешајте добро, формирајте бомбици и валкајте ги во кокосот.

    ем лесно ем ммм... :mm:
     
  12. soledad

    soledad Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    346
    Допаѓања:
    131
    Еве и јас најдов неколку рецепти за бомбици :


    Чоколадни бомбици со цреши

    * 80 цреши од компот
    * 4 лажици ликер од цреши
    * 150 гр од млечно чоколадо
    * 100 гр црно чоколадо со 85% какао
    * 70 гр путер
    * 80 гр мелени лешници

    Начин на подготовка

    Црешите добро процедете ги а потоа додадете им 2 лажици ликер од цреши.Во посебен сад ставете ја искршената млечна и темна чоколада, додадете путер, 40 г од мелените бадеми и 2 лажици од ликерот од цреша.Оставете чоколадото да се стопи во микробранова за 1-2 минути.
    Растопеното чоколадо, измешајте го добро и оставете да се излади.Со раце формирајте бомбици па потоа направтете рамни крукови и во секој круг ставете по една цреша и повторно формирајте бомбица.
    Извалкајте ги бомбиците во мелени ореви, мрвици или кокос.


    Нугат бомбици

    *500 грама Чоколадо
    * 150 грама Лешник
    * 150 грама Бадеми
    Ставете ги бадемите во тенџере со врела вода.Откако кратко ќе провријат, истурете ја водата и бадемите прелијте ги со ладна вода, а потоа излупете ги.Бадемите и лешниците распоредете ги во тавче и ставете ги во загреана рерна на 10-тина минути.Откако малку ќе се оладат, излупете ги.Потоа, ф'стаците, лешниците и бадемите ситно исецкајте ги со нож.На пареа стопете 450 гр чоколадо.Одделете 4 лажици бадеми, лешници и ф'стаци, а остатокот измешајте го со стопеното чоколадо.Чоколадото што ќе ви остане изрендајте го и измешајте го со 4-ри лажици бадеми, лешници и ф'стаци.Со оваа смеса посипете ги бомбиците.


    Бомбици од кокос

    Потребно

    *200 грама локум
    *200 грама прав шеќер
    *200 грама кокос
    *1 лимон

    Начин на подготовка

    Локумот го ставаме во подлабок сад и со рака го стискаме се додека не омекне. Откако ќе биде омекнат се додаваат шеќерот и кокосот и продолжувме да мешаме. Лимонот го цедиме низ цедалка и него го додаваме малку по малку за да не ни се омекне премногу тестото. Откако се е добро измешано се прават топчиња и се валкаат во кристал шеќер. Топчињата се ставаат во корпици.
     
  13. jarec6

    jarec6 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јуни 2010
    Пораки:
    860
    Допаѓања:
    781
    100 шеќер во прав
    100 грама сецкани ореви
    200грама кокос (од кој 50 грама оставате за валкање)
    200грама мелени бисквити
    Се полеваат со 300мл млака вода и се замесуваат.Излегуваат околу 40бомбици,ефтино,посно,а колку се вкусни немам коментар,а и воопшто не се скапи.
     
  14. XstrongerX

    XstrongerX Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јули 2010
    Пораки:
    1.583
    Допаѓања:
    2.958
    Пол:
    Женски
    Бомбици - мои :D

    200 гр мелени бисквити
    150 гр желе
    150 гр суво грозје ( чудно ама повеќе ми се допаѓаат со бело ;) )
    150 гр ореви
    6 супени лажици какао
    9 супени лажици шеќер
    2 шолји млеко ( грешка кај почетници мислат дека не е доволно , е па е , добро размесете ја смесата ќе видите и сами :) )
    100 гр кокос
    Сувото грозје, желето и оревите ситно се сецкаат , смесата се меси и се оформуваат топчиња. Се валкаат во кокос ( некои 100 гр )
    Инаку кај мене излегува , една голема чинија незнам колку точно , почнав еднаш да ги бројам , околу 60 мислам , ама зависи од големината
     
    На EMoonlight му/ѝ се допаѓа ова.
  15. firequeenn

    firequeenn Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 декември 2010
    Пораки:
    1.119
    Допаѓања:
    1.638
    кај мене се појави желба за правење бомбици ..редовно ги правам ,,штрумфетите,, вечерва не излегов и се занимававме со баба ми :D
    еве го мојот рецепт :
    2 филџани масло
    2 филџани шеќер
    2 јајца
    (1 пециво и една ванила се ставаат во 450 г брашно)
    смесата се промешува и се меси со раце додека не се добие хомогена смеса
    кога ќе биде се рамномерно , кога нема да има грутчиња , ќе сетите на раце тоа почнуваат да се прават бомбиците ... се ставаат во едно караванче кое е направено со масло ..
    во меѓувреме додека бомбиците се печат во рерна се прави шербет од 300 г шеќер и 300 г вода и се остава да се излади шербетот ...
    одкако бомбиците ќе бидат испечени се поливаат со шербет рамномерно и се остава 15 минути да упие шербетот ..
    совет + : ( ова го открив пред малку .. ставив кора од лимон во шербетот и ги полеав бомбиците со тоа , беа уште повкусни ) :) се прајдоа моите еве ги се жалат :D
     
    На TheCandy880 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. unhappyy

    unhappyy Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 април 2011
    Пораки:
    320
    Допаѓања:
    129

    Апетит ми се отвори њам њам..мора да ги направам :)
     
  17. julie77

    julie77 Популарен член

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.323
    Допаѓања:
    10.436
    Еве ви личен рецепт од мене, едноставни и лесни и вкусни бомбици

    Еден или два шлага да се изматат...убаво погусто...во нив се додава шеќер во прав, мелени бисквити, мелени ореви или мелени бадеми, рендана бела чоколада, ванила малку...сега некој ако сака може и топено темно чоколадо да стави по желба, а може и така да се остават. Да се измеша се и да се добие смеса не многу цврста ни мека, за да можат убаво да се замесат бомбиците, во фрижидер да се стегнат се ставаат...После може да се стопи црно чоколадо и една по една бомбица да се брцне во неа да има ко прелив на нив .
     
  18. kallias

    kallias Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    1.859
    Допаѓања:
    917
     
    На bona му/ѝ се допаѓа ова.
  19. macence85

    macence85 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 август 2010
    Пораки:
    1.217
    Допаѓања:
    754
    Поубави бомбици од овие здравје..ама сум скромна :D . Се викаат чоколадни бомбици и се прелесни за правење.
    Ви треба 175 гр слатка павлака, 300 грама чоколадо, 30 гр путер и 3 лажици ликер, од што сакате од тоа.
    Павлаката ја превривате и гододавате веке растопеното чоколадо. Путерот исто го растопувате и го додавате во смесата. Потоа е ликерот и тоа ако сакате го додавате, ако не-не. Убаво ја измешувате смесата и ја ставате во замрзивач 3 часа. После 3 часа ја вадите и правете топчиња со лажица. И тоа е тоа. По желба може да декорирате. Јас тоа го правам така што ги шарам со бело чоколадо. Ем лесно ем превкусни се ;)
     
  20. Faline

    Faline Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2011
    Пораки:
    608
    Допаѓања:
    285
    Slatki

    Вака со мајками правиме бомбици кои се многуу вкусни.
    Дробиме бисквити кои потоа ги преливаме со цоколаден прелив направен од кукинско чоколадо,млеко и маргарин се мислам имаше ;) исто таака истиот чоколаден прелив што се добива можеш да го искомбинирташ со оние снегулките што се :)
     

Сподели ја оваа страница