1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Бомбици

Дискусија во 'Рецепти' започната од TheCandy880, 10 декември 2010.

  1. Kaylie

    Kaylie Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 октомври 2013
    Пораки:
    500
    Допаѓања:
    1.402
    Многу сакам да готвам, а бомбиците ми се најинтересни за правење. Во јуни имаше Garden party, која ја организират амбасадите од бившите југословенски држави и секоја земја си има свој штанд со типични јадења, вина и сл. Јас правев бомбици по класичната рецепта на баба ми:
    -300гр ореви(мелени)
    -300гр прав шеќер
    -1 јајце
    -2 лажици рум или екстрат пола шишенце

    Сето тоа се става нели во сад и се меси додека не се оформи голема топка. После кинеш од смесата и ги оформуваш топчиња. Обично искачаат по 30-40, зависи од големината.
    Леле тогаш се сеќавам три огромни чинии морав да правам и после мускулите ме болеа :D !
    Еве ви слика од тогаш:
    [​IMG]
    Инаку ги валкав во мрвици, кокос... со чоколадо ги преливав... :)
    Сега следни на ред ми се да ги испробам рафаело бомбиците. Поздрав! :hai:
     
    На sonce777 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. BelieberYeahh

    BelieberYeahh Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2013
    Пораки:
    1.443
    Допаѓања:
    2.205
    Пол:
    Женски
    ее да ве прашам да не знае некој еден рецепт..мајка ми ги имаше направено пред неколку години ама после го изгуби рецептот а преубави беа..се правеше нешто како патишпан ама многу мек беше се ронеше и така изронет му се става рум..можда имаше уште нешто ама нзз :)
     
  3. Divajn

    Divajn Популарен член

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    366
    Допаѓања:
    225
    Нутела тартуфи

    За смесата:
    250 г. црно чоколадо над 70% какао
    125 мл. слатка павлака со 35% масленост
    200 g. Нутела
    ( може да се додаде и малку рум )

    По желба : топено чоколадо, какао, кршени / цели лешници, уште Нутела

    Се загрева слатката павлака до вриење, и потоа се прелива врз чоколадото , претходно скршено на помали парчиња. Чекате некоја минута да се стопи, и мешате да добиете хомогена смеса. Потоа во истата ја додавате Нутелата, повторно убаво промешувате и ја ставате смесата во фрижидет да се стегне неколку часа.
    Добивате смеса за бомбици, и употребете имагинација, обликувајте и филувајте како сакате.
    Јас ги имам правено на неколку начини:
    - правев топчиња и секое го макав во топено чоколадо, па во кршени/мелени лешници, или топено чоколадо па во какао.
    - земав малку од смесата , ја расплескував со раце, ставав малку нутела и цел лешник, и потоа го обликував како топче.
    Откако ќе ги направите , ги враќате во фрижидер, и ги чувате до послужување :)
     
    На Konfetka му/ѝ се допаѓа ова.
  4. nikolija26

    nikolija26 Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 август 2014
    Пораки:
    174
    Допаѓања:
    590
    Сакам да ве прашам дали ги има правено оние бомбици штто се става степ па искачаат во боја.Ако знае некој нека пише.
     
  5. nevermet18

    nevermet18 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 мај 2014
    Пораки:
    5.208
    Допаѓања:
    13.034
    Пол:
    Женски
    Мајка ми еднаш правеше бомбици со банани, перфектни беа, но рецепт не знам, а би сакала да ги направам.
    Помош? :)
     
  6. poenta

    poenta Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 ноември 2013
    Пораки:
    5.012
    Допаѓања:
    35.978
    Пол:
    Женски
    Вкусни бомбици


    Потребни состојки:
    3 банани
    150гр. шеќер во прав
    150гр. мелени ореви (може и мелени бисквити, тогаш намалете на шеќерот во прав)
    150гр. кокос

    Подготовка:
    Испасирајте ги бананите со вилушка, додадете ги другите состојки и се добро измешајте да се соедини.Додадете ги мелените ореви. Направете бомбици и валкајте ги во рендано чоколадо или кокос.
     
  7. Viktorii4e

    Viktorii4e Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 мај 2013
    Пораки:
    137
    Допаѓања:
    258
    Aj kje ve molam Ako Znae nekoj recept za posni bombici ama bez orevi I leshnici ako mozhe.
     
  8. zoketo

    zoketo Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 септември 2012
    Пораки:
    139
    Допаѓања:
    128
    Пол:
    Женски
    Бомбици со банана

    2 свежи банани
    200 гр шекер во прав
    250 гр кокос
    250 гр мелени бисквити
    250 гр мелени ораи

    Бананите се пасираат во подлабок сад , потоа ги додаваме останатите состојки во садот и мешаме со рака. Откако ке се соедини смесата правиме топчиња од неа и ги валкаме во кокос ( чоколадни трошки мрвици мелени ореви ... )
     
    На joy1 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. poenta

    poenta Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 ноември 2013
    Пораки:
    5.012
    Допаѓања:
    35.978
    Пол:
    Женски
    Рум - бомбици

    Состојки:
    150 гр. чоколадо
    50 гр. путер
    150 гр. мелени лешници, бадеми и ф’стаци (мешано)
    2 лажици рум + 2 лажици кафеав шеќер
    2 лажици рум

    Подготовка:
    Чоколадото и путерот стопете ги на пареа. Додајте ги мелените јаткасти плодови и промешајте.
    Румот и шеќерот промешајте ги додека шеќерот не се растопи, а потоа додајте ја течноста во чоколадото и промешајте.
    Додајте уште 2 лажици рум, промешајте со дрвена лажица и со раце обликувајте топчиња.
    Добиените бомбици ставете ги да се оладат, а потоа извалкајте ги во цимет, какао или уште стопено чоколадо.
     
    На joy1 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. macalavica

    macalavica Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2013
    Пораки:
    3.014
    Допаѓања:
    4.712
    Пол:
    Женски
    Мене одсекогаш ме интересирало како излегуваат колачињата во боја, каква боја се става, може ли да се користи боја за јајца на пример? За степ прв пат читам овде???
     
  11. nikolija26

    nikolija26 Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 август 2014
    Пораки:
    174
    Допаѓања:
    590
    Незнам ни јас како се прават во боја, но сум слушнала дека некои кога ставаат степ искачаат во боја и биле многу убави...
     
  12. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    15.914
    Допаѓања:
    32.523
    Пол:
    Женски
    Бомбици со пудинг

    8 лажици вода
    16 лажици шеќер
    2 жолчки
    2 ванили
    100гр. маргарин
    4 пудинга од чоколадо
    200гр. мелени бисквити

    Во тенџере се ставаат водата, шеќерот, жолчките и ванилите да зовријат. Откако ќе зовријат тенџерето се трга од оган и се додаваат маргаринот и пудинзите. тенџерето се враќа на оган и смесата се вари 2 минути, постепено мешајќи. Се остава да се излади во фрижидер. Потоа се додаваат мелените бисквити. се меша со лажица и се формираат топчиња. Се валкаат во кокос.
     
  13. elenkata20

    elenkata20 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2016
    Пораки:
    196
    Допаѓања:
    241
    Пол:
    Женски
    Поефтини од овие мислам дека нема :

    200 гр алва = 30 ден
    100 гр кикиритки = 14 ден
    100 гр шекер во прав = 10 ден
    Бисквити 1 пакетче = 16 ден
    1 филџан вода (баш и немора цел,зависи колку е пресна алвата,ако е пресна одма лепи) сето го ставам во блендер и потоа во вангличка,и постепено се додава водата и се оформуваат топчиња и се валкаат што имаш..јас во кокос...ПРЕУБАВИ СЕ :)
     
    На bebaa и fallenangel им се допаѓа ова.
  14. fallenangel

    fallenangel Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2010
    Пораки:
    2.150
    Допаѓања:
    16.150
    Потребни состојки за помала доза:
    200 мл Млеко, 7 лажици шеќер, 50 грама маргарин, 100 грама чоколада за готвење, 150 грама мелени бисквити, мелени ореви или кикирики и по вкус додатоци сува брусница/ суво грозје/желе бонбони кој што има и си сака.
    Прво се става млеко, шеќер, маргарин и чоколадата за готвење во сад на оган да се растопи и да се добие течна чоколадна смеса. Потоа се додаваат мелените бисквити, ореви и додатоците. Се промешува целата смеса и се добива потребната цврстина за бомбици при ладење на истата и потоа ги обликувате . Можете да ги обложите со кокос, со шарени мрвици или во ситно сецкани ореви. Ако имам некоја прилика за приготвување обавезно ги правам и ќе ги има во соодветна тема Фемина Инстаграм.:)
     
  15. bebaa

    bebaa Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јануари 2011
    Пораки:
    2.708
    Допаѓања:
    4.580
    Пол:
    Женски
    Да ја освежам темава :).
    400г мелени бисквити,ги измешав со пола пакетче кокос. Потоа пола шол млеко и во него околу 50тина грама путер во микровална го стопив па го ставив и тоа во бисквитите.Сеуште не беа соединети убаво како меко тесто.Истурив пола тегло шербет од слатко и надробив пола тегло од слаткото од тиква.Можете било какво друго слатко да употребите.Испржив сусам малку ставив во смесата а во остатокот ги валкав бомбиците.Извалкав некои и во кокос.Превкусни се и со сусам и со кокос :)
    Други.
    Во 500г мелени бисквити
    1пакетче карамели
    2чоколада
    300г печени бадеми
    шол млеко
    200г мелен шекер.
    Карамелите и чоколадото ги топам во млекото на тивок оган.Заедно со мелените бадеми и шекееот и бисквитите ги мешам и топените карамели и чоколадото.Од смесата правам бомбици и ги валкам во мелени бисквити.Брзи и мн лесни.
     
    Последна измена: 28 ноември 2017
    На zhap4e му/ѝ се допаѓа ова.
  16. eli25

    eli25 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    14.719
    Допаѓања:
    122.039
    Прееска правев.
    -Бонбоњерки
    се прави шербет од 250 мл вода и 250 гр шеќер. Се додава 100 гр чоколадо за готвење, 3 гол лаж какао, 200 гр мелени ореви, 350 гр мелени бисквити и 100 гр кокос.
     
    На joy1, Ano и duffi им се допаѓа ова.
  17. Belgin1

    Belgin1 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2017
    Пораки:
    846
    Допаѓања:
    8.356
    Пол:
    Женски
    Еве еден лесен рецепт од мене.
    Јас мелав бисквити во блендерот, ставам гриз, малку шекер во прав, сецкани крем бананки, желе бомбони зависи што имам дома и замесувам со млако млеко.
    Ги правам топчињата и ги мотам со шекер во прав, чоколадни мрвици или во топена чоколада.
     
    На bebaa и Acka22 им се допаѓа ова.
  18. bebaa

    bebaa Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јануари 2011
    Пораки:
    2.708
    Допаѓања:
    4.580
    Пол:
    Женски
    Пакетче бисквити,пола тегло вишни од компот од вишни,две лажици шекер,две лажици какао,и една лажица маргарин.Бисквитите се мелат и се мешаат со останатите состојки.Превкусно испага.Обожавам да експериментирам блакца со бисквити оти омилени ми се.
     
    На joy1 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    19.364
    Допаѓања:
    317.427
    Пол:
    Женски
    шеќерот не го мелеш?
    Нема да крцка додека се јаде?
     
  20. snowflake5

    snowflake5 Активен член

    Се зачлени на:
    23 јануари 2018
    Пораки:
    49
    Допаѓања:
    88
    Пол:
    Женски
    Еве еден лесен рецепт IMG_20180129_015706.jpg
     
    На Acka22 му/ѝ се допаѓа ова.