jas imav stanavo mn farbi , kna pred 2 godini uzas. i sega crna se farbav i sakam da ja trgnam.. a koristam kokosovo gliss kolekcija arganovo svee.. :/
Мене не ми ја оштети , напротив некој сјај ми даде , а баш читав на нет дека не ја оштетува косата па затоа и се решив да ставам. Инаку одма се исфарбав ко морков ми беше косата
Неколку страни поназад ја најдов сликава, ама не најдов одговор. Со која нијанса од Garnier Color Sensation би се постигнало приближно нешто на ова, од темно кафеаво?
Evolution фарба бројче 8.21 (посветла е од на сликава), дали треба да се користи со 9% или 6% хидроген?
Девојки,едно прашање , вие што се имате префарбувано од плава во црна боја , колку пати требаше да се офарбате за да се постигне убава црна боја? Јас дека сеи мав бланширано пред скоро 2 месеца , на некои делови на косата иако прво се офарбав темно кафена па пред 1 недела црна , пак ми се познава плавото на некои делови од косата дали е од бланшот што сум го ставала? Инаку последно се фарбав со оваа боја но не сум задоволна воопшто
Моментално косата ми е темно плава, потемна кај коренот. Сакам да се офарбам бебешко плава. Предложете фарба, не е битна цената само да е квалитетна, да не ми ја оштети косата.
Веројатно можеш, ако ја измешаш бојата со појак хидроген (9%). Сепак консултирај се со својот фризер/ка за посигурно
Прво извади ја црната боја со деколоратор па потоа офарбај ја ваква боја , тешко на црната ништо друго неможеш да ставиш
Јас вчера повторно се офарбав во црно-теѓет боја бидејки ова плавото пак ми излезе и неможев да се гледам , ја користев фарбата на Rilken Cinemax 1.1 и супер ми покри , и се изнанадив и научив нешто што не сум го знаела , продавачката ми кажа општо за темните бои (темно кафена , темно црвена , црна, црна теѓет) дека ако сакате бојата да е потрајна и поизразена ако купувате само фарба во туба , да не додавате 9% хидроген туку 6 %. Јас така направив и она теѓетот ми е многу по изразен и косата по мека отколку кога ставав 9ка хидроген. Се надевам да остане така за овие 20тина дена