имаш голем избор на кафени фарби низ супермаркетите..јас би ти ги препорачала на лореал кастинг и на гарниер , таа на лореал нема амонијак но не паѓа брзо , а гарниер поточно колор сензејшн исто така се добри фарби не ја сушат косата воопшто.
Би можело да ми испадне вака омбрето во домашни услови ако држам по 20 мин.? Иначе имам скоро иста природна боја на коса како девојката.
на долниот дел од косата мораш бланш да ставиш...но најубаво на фризер зашто може да не ти испадне убаво косата па да `шеташ` ко неофарбана
Middle blond 7 palette имaм нa глaвaвa.. сaкaм ash blond. Штo мислите,дa нe испaaднaм пoРтoкaл? А сaкaм и кo нa сликaтa,oф мoри мaјкo.. Предлoг фaрбa
Не гледам никаква слика на твојот пост , но ваква е ash blond најубаво на фризер да си одиш зашто јас се измачив дома да добијам ваква боја на коса и пак на крај не ми излезе вака и морав на фризер да одам. Ако пак сакаш дома земи ја на evolution 11.11 so 12% хидроген за почеток колку да се осветли а потоа со 9ка можеш да тераш
Не гледав можеби имало дискусија околу тоа но да ве прашам дали некоја знае колку би се движеле цените на фарбите што ги нема вообичаено во маркетиве,пример сина боја,зелена итн и каде би можело да се најдат најлесно по Скопјево..Мислам за од најмала цена па нагоре нормално. Фала
Пред 2 недели се фарбав со фарбава на палете прилично бев задоволна како ми фати (зашто претходно се фарбав 3-4 пати црна и никако да ми фати убаво бојата поради бланш што ставав претходно ) но ете многу брзо паѓа , забележувам некои кафено жолти влакна на светлина кажете ве молам некоја убава фарба што ќе фати убаво и ќе нема толку брзо да паѓа и да го има тој теѓет сјај.
Имаш пробано со Syoss? Кога се фарбав црна, само Syoss ми даваше убава боја што не бледнее барем месец ипол. Имав пробано и неколку фарби на Garnier и Palette, ама ни за боја ни за квалитет не можам да ги пофалам, особено не Palette. Јас се фарбав на природна (virgin) коса, која ми е доста светла, ама во моево искуство разликите меѓу фарбите си стојат. Мислам дека имаат и тегет-црна Syoss. Инаку зборам за класичните серии, не Oleo или др. Едит: Шампони регенератори и сл. производи што ги користиш гледај да немаат сулфати во нив. Шампони без сулфати помалку пенат и не ветуваат многу волумен, ама нема да ти ја излуштат бојата.
Здраво девојки. Потребно ми е совет и мислење од вас. Цел живот откако знам за себе косата ми е долга, права,кафеава.Два три пати имам шишано шишки , рамни до веѓи од досада.Иако мислам дека лошо ми стоат. .Имам ставано колор шампони, но траат до 3-4 миења.И сега сакам да сменам нешто.Да се фарбам..сите ми велат да не се лажам ке сум ја горела само..(а во последно време многу ми изгоре, една фризерка ме ретшече..и ми ја направи..многу лоша).А сум личност што многу ми влијеат другите мислења. ] Еве слика.Немам некоја добра со пуштена.. Е сега девојки сакам да ја правам нешто на плаво, шатирана, или што знам (како на сликата).(а сакам истата должина да ми е).Што мислете?Кажете ми идеа некоја, стварно..незнам што сакам. Само да не ми е ваква, ми здосади бе, цел живот истата фризура, а кога ќе менам ако не сега.
Абе oстaј ги другите штo збoрaт твoјa е кoсaтa штo сaкaш ќе си прaвиш еднaш се живее aкo сегa не менувaш немa тoa дa гo прaвиш сигурнo нa 60 гoд Туку вaквa кoсa сaмo нa фризер. Ќе требa дa ти стaвaт блaнш секaкo
Сајос имам пробано еднаш пред 3 години но искрено не се сеќавам како бев задоволна од бојата..само знам дека потоа бев на фризер и фризеркавам и рече да не ги користам фарбиве на сајос и палете зашто биле многу јаки за мојава и така тенка коса. Незнам што ми се случува со косата , од кога ја сменив плавата боја почна па да не ми фаќаат црните нијанси
Тоа е проклетието на плава коса, кога е тргнат скоро цел природен пигмент од влакното, бојата нема на што да се држи. И јас имам тенко влакно, ама од Palette до Syoss видов огромна разлика. Си пробала со к'на? Можеби е потешко да се најде сино-црна боја, ама гарантирам дека не паѓа. После можеш сино-црна врз тоа да се префарбаш. Извор: Пред десетина години брат ми се изглупира и ја бланшираше до немајкаде косата. После кога се премисли, со свашта го фарбав и само к'на успеа да му фати на косата.
Никогаш не сум ја бојадисувала косата досега, меѓутоа за ова лето имам намера да направам неколку многу дискрени прамени во тиркизна и плава боја (како на сликата подоле). Природната коса ми е темно кафена. Предлози од каде да најдам сина фарба (меѓутоа не сина - тегет, баш Aqua)? Ви се допаѓа идејава?
@koritsaki, и јас се обидував неуспешно да затемнам плава коса и кренав раце, ќе ја оставам ваква да израсне. Би ти препорачала да отидеш на фризер и да видиш таму што ќе ти кажат, може ли воопшто да се отиде од плава на црна, вака може само да си ја гориш косата за џабе
Ништo изгледa ќе си чекaм дa ми пoрaсне пa дa пoчне дa фaќa нoрмaлнo јaс мислев тешкo билo сaмo дa се oсветли a не и дa се зaтемни кoсa инaку кнa не ми се дoпaѓa знaм декa пoтoa тешкo се менувa a и сaкaм oнa теѓет нијaнсaтa дa се пoзнaвa
Life is too short to have boring hair! Jaс на твое место дури и би ја скратила косата малце да ја освежам. И јас имав долга, кафеава и права и пред една недела бев на фризер си ја скратив малце подолу од рамениците на степен и нежно омбре се направив и многу ми е убава. Хаха, ми се отвори лицето некако помладо изгледам. A како на сликата можеш да се фарбаш само на фризер.
Девојки од кој салон за коса сте задоволни од фарбање? Ама ве молам без некои забегани цени.. Мене ми е дека сум фарбана црна, па да не ме утнат да не не ми фати баш па да бидам шарена. Ми треба некој што знае што прави