Вчера пак ја миев и сега е кафеаво црвена не е страшно црвена како што беше ама пак има некој блед црвен сјај.Ај баш ќе го пробам ова за отстранување на боја па ќе видам што ќе испадне
никогаш не сум ја фарбала целосно, ама еве веќе 1 ипол год. имам омбре три пати до сега ми е правено, ама ми здозади и последниот пат фризерката ептен ми го зафркна, и сега сакам целосно да се исфарбам ама ми е страв да не излезе шарена, горе ми е смеѓа (мојата) доле плава... има ли некој такво искуство да сподели?
тоа секако дека на фризер ќе одам, ама дури и фризерката ми кажа дека ќе ми биде шарена.. :/ затоа се решив да си почекам да ми потпорасне косата да го стрижам омбрето,и така многу брзо ми расти.. Али ме интересираше за некое вакво искуство
Јас па сакав вакво нешто да се офарбам,aма кога ве читам дека тешко паѓа црвената се предомислувам ..страв ми е после да не посакам да си ја вратам старата боја.
Ако сакаш ваква боја , офарбај се , само после ако сакаш да смениш мораш на фризер зашто црвената е специфична боја воопшто не се мислете кога имате желба да се фарбате , јас да ти кажам имам од сите бои ставано на косата , црна, кафена, црвена , лилјакова (кога постоеа тие лила фарбите на Палете) плава , сива коса...за на крај да одлучам да си се вратам црна , барем сега знам што ми стоеше што не
Не го пробав,останав така и гледам како поминува време од миење на миење веќе го нема тој црвен сјај.Значи многу зависи од пигментот.Наредно фарбање веќе нема да има ни трага од црвената боја
Здраво имам кафеава коса темна сакам со колор шампон да ја осветлам минатото лето пробав со портокалов две пакетчиња но не испадна сеа сакам да земам плав дали имате други методи на осветлување или нашчин на фаќање?
И најсветлиот колор шампон да го ставиш нема шанса да ти се осветли косата. За темна коса се знае - бланш прво па фарбање со каква сакаш боја
Јас се фарбав со Miss Magic и многу брзо ми падна бојата, а има точно 2 недели откако се исфарбав.. и воопшто не сум задоволна од таа фарба, од причина што на пакувањето косата беше махагони црвена, а мене ми испадна нешто измеѓу црна и љиљакова ( пред тоа се фарбав во intense - ruby red, од која исто така не сум задоволна бидејки и таа фарба брзо се одмиваше). Затоа, наредно фарбање palette!
Од искуство само да ти кажам дека веке помина година ипол и косава никако да си ја вратам на мојата природна..абе пола пола е . Пред една год се ишишав скроз плус се префарбав во црна и црната излезе скроз а оваа со стои така пола пола,незнам што фарба ке беше. Само ја изгорев ништо друго. Има во дм (од производите на дм) спреј за осветлување на коса од балеа 150 денари. Од темно кафеава полека полека се осветлува во светло кафеава. И јас се запрепастив со трансформацијата на овој спреј. Се прска два до три пати на мокра коса во неделата. За две недели почнува полека полека да се осветлува.
Се уште јa немaм прoбaнo нo еве денес ке се фaрбaм.. Мене пa мнoгу ми јa препoручијa фaрбaвa бaш црнaтa, декa не пaѓa брзo и сличнo. Амa aј ќе прoбaм пa ќе пишaм дaли ќе сум зaдoвoлнa или не