Зависи од должината и густината на косата...од 1000 до 3000 денари...со тоа што добиваш и за дома шишенце бидејќи во три постапки се извршува третманот. Ако сакаш пиши ми порака ќе ти кажам во кој салон јас правев...да не правам јавна реклама овде на студиото
Ми треба надградба на коса за мн краток период, по можност со синтетичко влакно зашо е поевтино, па да ве прашам дали може тоа на фризер да го направат/и каде?
Да се пофалам конечно ја најдов мојата идеална фарба за коса која на мојава природна темно кафена дава медова плава боја, а тоа е аура експлицит бр 8, од првото фарбање ја добив посакуваната боја, не се измива лесно значи ја здржува бојата подолг период. Многу сум задоволна.
некоја убава фарба за смеѓо накај бринета? последните три пати се фарбав со l'oreal paris prodigy 5.0 ... ama по неколку миења, се појавува некој кафеаво/црвенкаст сјај.. и ме нервира... предлог за без ваков ефект?
Колку отприлика чинат балајаж и омбре низ салониве? И ако може и мене да ми пишете во инбокс каде има по салониве олаплекс
Гледам секогаш се купуваат овие купони на Групер, па може ќе биде од помош http://grouper.mk/skopje/deal/perfekt-nijansiranje-ombre-bronde-zimski-tretman
Здр женски Ептен сум разочарана Имав бела боја на косата ептен бела и сакав да ја правам кафена и земав експлоцит 7.31 за да не ми биде ептен темна Ја исфарбав кога ми исп бело сива Уште еднаш се исфарбав со палете кафена и џабе несака кафена да исп
Не може од еднаш плава коса да ја затемниш. Мора постепено и многу внимателно затоа што може да ти искочи зелена. Оди на фризер најубаво за да не бидеш после во 5 бои.
здраво девојки сакам да ве прашам дали некоја од вас има искуство со фарбање од црна на плава? и во кој салон се најдобри? иначе природна ми е темно кафеава
Јас. Црна коса (темна коса ) мора да се избланшира прво, па потоа а се фарба. Те советувам на фризер да одиш , во некој фризерски салон, немој никако дома сама
сама нема да правам ништо во никој случај .. кажи ми во кој салон беше и како се со цените за вакво нешто да се изведе?
Бев вo еднa фризерницa вo Кoчaни и тaму ми јa oсветлијa кoсaтa и фaрбaa сo евoлушн 11.11 Вo кoј и дa билo сaлoн aкo oтидеш знaaт дa блaнширaaт кoсa
Да ќе одам на фризер но мора да почекам бидејки ептен ќе ја изгорам косата Вака неможам да се гледам во огледало уффф
@macence994 , еве од искуство јас ќе ти кажам , имав сиво бела коса 1 година кога решив готово не ми стои крај неможев да се навикнам хахах и решив да си се вратам на мојата боја - црна Прво реков ај да земам средно кафена фарба но ништо не се покри дури се измив 2-3 пати и плава ми стана пак. Потоа земав црна и едно 6 месеца се фарбав по ред црна горниот дел ок ми фаќаше додека доле на врвовите абе не фаќа и не фаќа. Поминаа 1,5 година од тогаш и јас се уште неможев да извадам црна боја на коса како што треба се додека не отидов на фризер пред месец дена ги скратив тие делови што не беа убаво офарбани а беа црвенкасто - кафени и конечно сега косата ми е насекаде исто црна. Од бланшевите е настанат тој проблем , само упорност и ќе гледаш колку што можеш да ја скратиш косата , па ке порасне нова тоа е
Здраво! Ме интересира каде можам да најдам и која марка на виолетов шампон за плава коса да купам? За да се оттарасам од жолтите тонови. И исто прашање и за прелив.
Пробај со Еугене перма шампонот против жолти прамени , го имаш во Космо само на цена баш не се сеќавам но мислам околу 400 ден беше
Шампонот на Еугене е над 500 денари некаде, поефтина варијанта е оној на Лорвен, околу 340 денари, исто во Космо.