Jaс се правев со колор шампон и убаво ми фати ама не очекувај некоја многу светла нијанса пороткалова ако имаш темна коса.Јас сум дарк блонд таква ми е природно и затоа ми испадна убаво .
Да ја осветли , но немој да очекуваш некоја гоолема промена , од црна 70% ми ја извади бојата и потоа косата ми беше темно кафено црвенкаста. Зависи каква потоа ќе сакаш да се исфарбаш , колку ќе сакаш да ја осветлиш. Имам поставено пред околу 2 години слика овде на форумов можеш да пребараш ако сакаш
Јас мојата коса со кна ја фарбам и по месец,два стои само кога подрасне коренот онака си стои црна,со кна не се ниту оштетува за разлика од фарба
Пa не , не јa oтстрaни целoснo црнaтa тешкo се oтстрaнувa дoбрo и тoлку штo се извaди. инaку не ми јa oштети ни мaлку кoсaтa не е тoлку јaкo кaкo блaншoт
Дали од кафеава коса не многу темна а не ни светла со бланш би ми излегла плава,ама не портокалова туку баш плава?
Се јавував во Hair vip studio и во Естетика-Чаир,за ваква да ми ја направат ми бараат 3000 Мене ми се чини многу или они си ја креваат цената?
Не знам бев на фризер но не можев дс издржам таква бела ми беше косaта и вчера бев ми ставија прелив и преубава ми е сега плава,но дали преливот ќе ми се измие?
Сакам да направам прамени низ косата, ама да бидат толку неприметливи што ќе делуваат како природно прелевање на косата. Еднаш отидов и го кажав ова на фризер, ме направи со бланш и имав жолти прамени и од тогаш баталив. Пред некој ден ги видов овие две видеа на инстаграм каде на широка четка нанесува нешто, ја расчешлува косата и девојката на крај има сосема дискретни прамени - 1)https://www.instagram.com/p/BDdrsmNv5H-/ 2) https://www.instagram.com/p/BDRYXmkP5CW/?taken-by=makegirlz&hl=en ВЕ МОЛАМ кој е поискусен во фарбање да ми каже како се прави ова, со што ја расчешлува (бланш, фарба?) и колку би требало да се држи, бидејќи крајниот резултат е токму тоа што го замислувам, само за една нијанса од мојата боја посветли прамени. Ќе поминам и кај мојата фризерка да ја прашам дали знае ова како да го прави..
Изгорено ми е темето на главата поради прејака фарба, ми испукаа жлездите, дали е нешто страшно што треба да ме загрижи или? Фризерката ми вели дека било нормална реакција ама сепак...
Не е страшно, ќе ти помине за ден два. Имав и јас еднаш таква реакција ама брзо ми помина. Во иднина внимавај на хидрогенот, можно е да е од него... Или смени ја фарбата сигурно е многу агресивна за темето а и за косата па ќе ти ја испржи уште толку. Сега негувај ја со некое масло или добра маска, храни го влакното, а за миење употребувај благ шампон. Ќе помине
секогаш со иста фарба (субрина професионална) ама овојпат на фризер со 6% хидроген... не знам може ставила уште некаков додаток и од тоа..
Aуу, па убава е таа, и хидроген слаб, чудна работа зошто таква реакција Миле ми текна, да не ти била тазе миена косата пред фарбањето?
Па ми беше претходниот ден ама брзо ми се мрси така да и не ми беше баш "пресна", а инаку да, практикувам на мрсна да се фарбам....
и мене тоа ми се направи , ми помина трк после месец , во иднина внимавај каква фарба користиш или воопшто не се фарбај за да не се случи истово . Ако можиш ставај колор , или фарбај се еднаш годишно како мене и не користи најак хидроген ...