Може ли некој да ми каже која марка е најдобра за фарбање црна коса? Јас имам темно кафеава коса,зеленкасто-кафеави очи и црни веги,дали би ми стоело убаво да се исфарбам скроз црна? Веќе неколку години се мислам и сакам но добивам совети од типот - немој,златна коса имаш ќе си ја расипеш, се ќе треба да ја фарбаш, ќе ти изгори косата,а и од дома не ми дават затоа прашувам за некоја убава и квалитетна фарба која нема да ми влијае штетно врз косата а во исто време и страв ми е дали ќе ми стои убаво.
Да, ќе ти стои црна секако, нема зашто да се мислиш, тоа коса е расте па и ако сакаш да смениш не е крај на светот. а за горење и оштетување, да знаеш дека пеглањето и фенот повеќе од фсрбите ја горат косата , ако сакаш квалитетна фарба ги препорачувам овие и Јас се фарбам црна 7 години, стопати се префарбував црвена, плава, кафена ама пак на црна си се вратив
здраво девојкии имам темно кафеави очи ,светол тен,темнокафеава коса и со некој прамен ко на портокалово...сакам да се исфарбам кафеава некоја посветла/потемна нијанса....само незнам каква нијанса на кафеаво би ми одговарала-некоја мала помош? Која марка е подобра Палетте или Гарниер?
Никогаш се немав исфарбано и ова лето после матура бланш, и портокалева скроз. додуша на грешка излезе толку портокалева и после наредниот месец црвена се напрајв ЏИШ. Онака ептен освежувачки ми дојде Иначе се фарбам со KEUNE и сум мнооооогу задоволна воопшто не ми е изгорена косата
Убаво би ти стоело на својата природна кафена коса да си направиш медово-плави прамени на фризер. Или пак, да се офарбаш во карамел, лешник боја. Подобри се фарбите на Гарниер.
благодарам за советот денес зедов од манлкиот дуќан miss magic 107 ...пошто не ми се чекаше до утре..па ќе ставам слики пред и потоа
Девојки планирам сега за свадбава да се исфарбам црна. Значи претходно црна ми беше косата, но една година ја растев демек мојата боја да ја добијам, арно ама, сега ми е како кафеава горе долу црна. И сега сакам да ве прашам некоја од вас феминка дали се фарба црна и со каква фарба некоја убава да ми препорача.
Најтемната од Olia е Deep Black 1.0, без амонијак се, големо е пакувањето и многу убава туба, лесно се стиска и нема да остане ни грам фарба која не можеш да ја искористиш. Ама зашто е без амонијак, бојата паѓа побрзо, иако рамномерно, јас би ти препорачала за црна коса фарби без амонијак не.
235 денари е Божице, бојата излегува убава и интензивна, ама бргу паѓа, не е како Еволушн или Кене да држи истата нијанса цело време, ама предост е што косата е убава и мека, не пресушена како со Еволушн на пример. Јас денес се фарбав пак со неа, овој пат ја пробав нијансата 6,3.
Јас прв пат ја гледам фарбава. Ја немам сретнато во маркетите. Ако може Трендафилче да ми кажеш колку пари е и дали е поздрава од другите фарби. (Јас не сум фарбана, ама може да изненадам )
Да се придружам во лајкувачите на новиот Гарниер, значи прекрасна фарба е. Си имам некоја мана секоја нова фарба што ќе излезе морам да ја пробам, некои се погодувале, некои биле тотални утки, во последно време се фарбав со Гарниер Нутрис и бев прилично задоволна од фарбата. Новава на Гарниер ми е сон, значи прекрасно мириса, косата ми е преубава е сега за трајноста, тоа сепак зависи од коса до коса а и не можам да очекувам некоја трајност од фарбите кога ја мијам косата секој ден, значи кај тие што се мијат на 3,4 или 5 дена нормално ќе има поголема трајност. Од мене има :up: :up: не планирам во скоро време да ја менувам, ја земав 5.25 frosty chestnut, првите неколку пати беше малку светла тук, таму додека ми ја покри предходно плавата фарбана коса а последниот пат ми излезе перфектна баш онаква како што сакав.
користам само палете но некако веке ми е здосадена црна боја коренот брзу ми расне и бојата ми е кафена кажете ми некој начин или метод да ја осветлам накај кафена за да не ја фарбам веке смачено ми е веке со фарбање
Девокии дали некоја има ги пробано фарбите на Авон ? Да ми каже дали се добри и дали вредат за парите ?
Да си кажам маката драги мои, се исфарбав пред некој ден и имам многу лошо искуство овојпат чинам најлошо досега. Се фарбам 10 години и повеќе и првпат ми се случува такво пржење на главата ужас... главата ми исчуре со 9ка хидроген а да беше 12ка не знам шо ќе беше. Фризер ми кажа дека тоа било реакција оти на тазе миена коса сум се фарбала. Утредента имав веќе ранички по главата и иако не се познаваат од косата на допир се осеќа и тоа многу. Еве и сега уште имам не ми се поминати ама се надевам ќе минат брзо. Тоа е, кога ќе се фарбате нека биде на немиена коса, знам дека повеќето го знаете тоа но ете да си кажам јас може има некој што не знае па да не се зезне оти зезнато е вкрај. Некои луѓе имаат среќа што немат бели влакна и можат да терат со природна коса а мене плус тенот ми е блед и не ми дава барем темно да идам ко болна сум така, инаку немаше да се мислам 100пати подобро е темна...