1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Брзи и лесни идеи за храна на роденденски забави

Дискусија во 'Рецепти' започната од SuperGirl8, 5 октомври 2014.

  1. SuperGirl8

    SuperGirl8 Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јули 2014
    Пораки:
    202
    Допаѓања:
    205
    Пол:
    Женски
    Најпрвин, се извинувам ако темава е дупла, непотребна, глупава..
    Ако е нешто од наведеново - канта!!
    Темава ја отворив, бидејќи не успеав да најам ваква тема.
    На сестрами и се ближи роденденот, па ме замоли да пронајдам некои интересни колачи, грицки, или било што, но брзо и лесно за роденденска забава. Пробав да најдам на гугл, но има само слики, нема рецепти.
    Па сакам да ве замолам да ми дадете некоја интересна, брза и лесна идеја :*
    Однапред благодарам!

    И, уште еднаш се извинувам ако темата е дупла непотребна или глупава.
    :*
     
  2. Twinkles

    Twinkles Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2014
    Пораки:
    647
    Допаѓања:
    980
    Јас знам за оние мали мини сендвичи.
    Од оној лебот интегрален што е (бел/црн) сеедно каков , или лепче Tosty се сечат крукчиња или мали коцкички . На тоа лепченце се мачка павлака, се става тенко парче салама и кашкавал одозгора. Одозгора може да си ставиш и некој зачин за вкус. На сето тоа се боде една чепкалка за заби. Интересно е, и вкусно,и секако брзо се прави :)
     
    На SuperGirl8 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.071
    Може да направите проја и да ја ставите во калапчиња за мафинки, или пак испечета во тавче ама да биде во тенок слој. После тоа исечете ја на мали парченца, ставете маслинка, саламче, кашкавалче по желба и со чепкалки набодете ги.
    Можете исто да исечкате кажшавал на поголеми коцкички, ставете краставичка може и кисела, морков, маслинка, салама и исто така на чепкалка забодено.
    Што ви паѓа на ум може да направите на ваков начин, на француско лепче со намаз и сувемеснат производ, фета сирење. Свежи печурки, извади им ги рачките, наполни ги со павлака и шунка, одозгора изрендај кашкавал и испечи ги. Многу убаво изгледаат.
    Пилешки прсти со сосчиња. Начос чипс со растопен кашкавал.
    Гледај да биде се во мини варијанта и набоцкано.
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    Овие похованите топчиња се прават многу лесно.
    Еден кг компири (или по желба колку сакаш) се варат, откако ќе се сварат се пасираат и се додава шунка, кашкавал, зачини се тоа по желба и малку брашно за да се спои смесата, потоа се валкаат во презла и се пржат на врело масло. Превкусни се, а еве уште еден рецепт за такви топчиња:
    http://www.srekja.mk/przeni-kjoftinja-od-kompiri/
    За проја ако немаш рецепт пиши ми да го постирам.
    Се надевам помогнав малку па пофали се после што направивте. :)
     
    На mal.ecka и SuperGirl8 им се допаѓа ова.
  4. SuperGirl8

    SuperGirl8 Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јули 2014
    Пораки:
    202
    Допаѓања:
    205
    Пол:
    Женски
    Ви благодарам за рецептите :*
    Јас си измислив еден вкусен рецепт, или незнам дали го измислив, можеби неко пред мене го измислил :lol:
    Мојов рецепт е благ, со банани..
    Бананите се сечкаат на крукчиња, дел од крукчињата се чоколадираат со бело, дел со црно чоколадо. А дел се оставаат како што се. Крукчињата се закачуваат на стапчето, и се декорираат по желба :rofl: Баш сакам ова да го пробам.. :D
    Ќе ви кажам како ќе испадне.. :)
    Поздрав :*
     
    На Twinkles и mims-89 им се допаѓа ова.