Бронхопневмонија

Дискусија во 'Здравствени проблеми' започната од betiboop, 23 декември 2009.

  1. betiboop

    betiboop Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 декември 2009
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    0
    Ve molam kazete mi nesto za bronhopnevmonijata. Bev gribosana primav tableti ZINAT imav kaslica i temperatura , kaslicata mi prekina. Malce izlegov nadvor i pak pocnav da kaslam se do den denes. me bolat gradite.

    Pozdrav

    Beti
     
  2. malecka15

    malecka15 Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    93
    Допаѓања:
    60
    brat mi pocina od pred 2 ned :( nema nikogas da go prebolam imase samo 25 , no ke ti kazam sto i da e samo hrabro
     
  3. mina

    mina Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2009
    Пораки:
    1.260
    Допаѓања:
    542
    Мислев да оворам нова тема но некој веќе отворил тема за оваа болест!
    Кај мојата 6 годишна внука е дијагностицирано бронхопневмонија! Кашлењето е сега намалено и високата температура исто така! Инфузија примаше денес и ќе прима и наредните три дена! Направено е ренген слика но резултати ќе има утре!
    Она што сега ме загрижува е нејзиниот претерано блед тен! Никогаш не била толку бледа и цело време сака само да спие! Возможно ли е преку ноќ да се влоши ситуацијата? Многу сум исплашена особено заради тоа што има многу слаб имунитет и многу е бледа! Ве молам за ваше мислење!
    Ме интересира вашите познавања и искуства во врска со оваа болест!
     
  4. FlameFairy

    FlameFairy Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2011
    Пораки:
    255
    Допаѓања:
    119
    Мајка ми имаше бронхопневмонија, за среќа сега е добро и е излечена. Капиларите и испукаа од образите од кашлање. Мина жал ми е за твојата вкуна се надевам дека ќе оздрави немам никакви совети или пак некои познавања, само сакав да ти го кажам тоа. Се надевам дека нема да има некој проблем со оглед на тоа што медицината е многу напредна.
     
    На mina му/ѝ се допаѓа ова.
  5. ph.orhideja

    ph.orhideja Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2011
    Пораки:
    385
    Допаѓања:
    759
    Пол:
    Женски
    Бронхопневмонија е воспаление на белите дробови и е една од посеризните бактериски инфекции,која може да биде предизвикана и од бактерии и од вируси.Може да се јави како компликација од респираторни инфекции, и од неправилно лекување на истите.Кај мали деца е доста честа,симптомите се кашлица,зголемена темп.,болки во стомак и една целосна исцрпеност на организмот.Се дијагностицира со слушање(искусни лекари веднаш ја препознаваат) но и со ренден снимка.Потешко за дијагноза е вирусната ,тешко е да се слушне,и затоа најдобро се гледа на рендген.Може да биде и пропратена со опструкција ,но денес има толку лекови кои успешно ја лекуваат,антибиотици со широк спектар на дејство.Лековите кои се даваат преку инфузија,најдобро делуваат во организмот.
    А за бледилото,немој да се секираш ,тоа е пропратен знак на болеста.
    Јас имам искуство со едното дете,а и доволно сум компетентна да коментирам на оваа тема,и мислам дека најдобро се лекува во болнички услови.Било во Козле или на Детска Клиника.
    После болеста,најдобро е барем уште две-три недели чување дома,за да не се повтори,поради намалениот имунитет.
    Посакувам се најдобро,и не се секирај тоа е дел од растењето на децата.
     
  6. sweetheart10

    sweetheart10 Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2011
    Пораки:
    152
    Допаѓања:
    158
    Ја имам оваа болест хронично од мојата 7ма година.Од искуство можам да кажам дека бледиот тен и слабиот имунитет се резултат на исцрпеноста на белите дробови, а и воедно цело тело.И да, сосема нормално е постојано да спие бидејки нема сила.А за влошување на состојбата преку вечер мислам дека не би требало, освен ако има прејака кашлица или температура 38-39 степени.Со неколку дена постојано лежење , а потоа 1-2 недели никакви физички напори, потполно ќе се излечи, значи нема потреба од паника :)
    До компликации може да дојде едниствено ако освен бронхопневмонија има и астма, но како што можам да забележам ти немаш спомнато такво нешто ;)
     
    На mina му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Ariel

    Ariel Популарен член

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    3.164
    Допаѓања:
    5.635
    Лекувањето зависи од степенот до кој е развиена болеста. Се согласувам дека во болнички услови најбрзо се лекува, но не е секогаш неопходно. Кај децата се развива многу брзо. Ќерка ми ја има моментално. Пред два дена беше сосема ок, вчера малку почна да кашла, денес кога се вратив од работа видов колку е саат. Сепак, не беше за лежење, туку почна да прима инекции.

    Инаку бледило, поспаност и прекумерно потење се карактеристични. Температурата зависи од причинителот. Може да биде и без температура. Како што пиша орхидеја, 3 недели по оздравувањето треба посебно да се внимава да не се повтори.
     
  8. mina

    mina Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2009
    Пораки:
    1.260
    Допаѓања:
    542
    Ви благодарам многу на сите што ми одговоривте! најнајнајискрено ми олесни на душата малку :whew: ! Се исплашив многу бидејќи побледе ептен и немаше сила за ништо! Таква ја немам видено никогаш и затоа се исплашив!
    Уште еднаш ви благодарам на утешните зборови бидејќи во моментов ми требаат! Се осеќам многу слабо,ама не сум важна јас...важно ми е ангелчето мое кое се надевам ќе ми оздрави наскоро! :*
     
  9. ph.orhideja

    ph.orhideja Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2011
    Пораки:
    385
    Допаѓања:
    759
    Пол:
    Женски
    Бронхопнеумоноија не може да биде хронична болест.Тоа е акутна болест која може да се јави повеќе пати,во зависност од имунитетот на организмот.
    Хронична е астмата,ХОББ(хронична опструктивна белодробна болест)е хронична,но пневмонијата во никој случај не е хронично заболување. .
     
  10. sweetheart10

    sweetheart10 Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2011
    Пораки:
    152
    Допаѓања:
    158
    Незнам зошто но кога првпат се соочив со оваа болест, докторите ми рекоа дека била хронична, односно цел живот ќе сум ја имала :o .Оттогаш се имам разболувано околу 5 пати и се помирив со фактот дека цел живот ќе ја имам..А астма-хронична ми дијагностицираа минатата година.За неа - како што е спомнато погоре сум 100% сигурна дека ми е хронична.
     
  11. ph.orhideja

    ph.orhideja Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2011
    Пораки:
    385
    Допаѓања:
    759
    Пол:
    Женски
    Вака да ти појаснам ,мислам дека кај тебе се работи за ХОББ-тоа е хронична опструктивна белодробна болест,затоа што пневмонија е воспаление на бели дробови,која е предизвикана од вирус или бактерија и се лекува.Не може ти постојано да имаш бактерија или вирус во себе и да си ги носиш, цело време да си болна.Ај кажи ми какви лекови пиеш постојано за да разјасниме некои работи.
     
  12. kristinamk

    kristinamk Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јануари 2011
    Пораки:
    28
    Допаѓања:
    2
    НЕ СЕ СЕКИРАЈ НОРМАЛНО Е ТОА ДА ИМАТ БЛЕД ТЕН МОЕТО ДЕТЕ Е 2 И ПОЛ СЕГА БЕВМЕ ОХРИД НА БОЛ. ОД БРОНХОПХ... ЛЕЗЕСЕ 5 ДЕНА ПОСТО БЕСЕ ПОЦЕТНА ФАЗА МАЛКО А ЛАНИ ИМАСЕ САМО 1 ,2 МЕСЕЦИ ТОГАС БЕСЕ ЕПТЕН БОЛЕН И МНОГУ ЗАФАТЕН НА 2 КРИЛА И ЛЕЗЕВМЕ 9 ДЕНА.
     
  13. ana-banana

    ana-banana Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2011
    Пораки:
    1.070
    Допаѓања:
    466
    Лани летото добив бронхопневмонија без ниту еден ден да кашлам, качив висока температура и кога отидов на лекар по прегледот лекарката увиде дека имам бронхопневмонија, па ајде на рентген сликање и разни прегледи, ми дадоа јака терапија и за 2 недели оздравев. Од денот кога качив температура дури после 3 дена почнав да кашлам. Со терапијата и со одмарање и слушање на лекарските совети за 2 недели бев како нова. Се сеќавам дека пиев панцев+клиндамицин(нешто така беа можеби името и не е баш точно ама така некако ми звучеа) +аминофилин и +едни мали половинка апче ги пиев за нив незнам како се викаа името им беше на Д ако не се лажам, а да и одев на инхалации со едни капки вентолин мислам се викаа ама после 4дена ги прекинав пошо многу се тресев од нив |( .
    Во истиот период и татко ми закачи бронхити и глупости ама од различна бактерија, тој не се придржуваше кон советите, не одмараше, продолжуваше со пушење иако му беше забрането и заврши во болница, неможеше 2 месеци да оздрави и со инатот негов сега има почетен стадиум на астма и е цело време со спрејови (незнам како се викаат)
     
  14. kiki-riki

    kiki-riki Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 ноември 2009
    Пораки:
    222
    Допаѓања:
    78
    ај помош оние што се разбираат имам проблем со дишенјето, матичниот вели дека е резултат на стрес, ми преписа лексилиум, интернистот вели активен бронхит (сто е тоа) на нет се што најдов за бронхитот е поврзано со кашланје (а јас воопшто не капшшлам) ниту имам температура??? ве молам објаснуванје )з лаици)
     
  15. rainlover

    rainlover Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2010
    Пораки:
    969
    Допаѓања:
    587
    Бронхопневмонијата може да биде предизвикана и од алергиски причинители, не значи дека секогаш се работи за бактериски или вирусни.

    Син ми минатата година во јуни имаше бронхопневмонија, лежевме во Козле, брисевите не покажаа присуство на бактерии, а IgE вредностите му беа околу 170 - висок степен на алергиска реакција, алергиските тестови на храна беа негативни, а во Систина правевме инхалациони на што не покажа дека е алергичен најмногу на полените - пред се' топола, затоа и бронхопневмониите се најчести во доцна пролет мај/јуни месец. Лани после терапијата во Козле цел јули пиевме Zyrtec, оваа година еве трет месец како му давам до крајот на јули.

    ЕДИТ... Кај сопругот кој исто така има проблем со алергиите лани како резултат на бронхитот, и интензивното кашлање со кој е проследен истиот од хоспитализацијата на инфективно, заврши на интерно одделение. Доби тахикардија, перикардот му беше проширен.
    Кики-Рики зборот ми беше дека органите се едни со други поврзани и од едно лесно преминува во друго.
     
  16. jance

    jance Активен член

    Се зачлени на:
    6 декември 2011
    Пораки:
    11
    Допаѓања:
    0
    Znae li nekoj od prilika kolku se sansite od zabolenite od ovaa bolest da pocinat.Denes doznav deka tatko mi e zarazen i treba da lezi vo bolnica,neznam sto da pravam ke poludam!:(
     
  17. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    3.714
    Допаѓања:
    3.518

    Многу мала, ризик е само доколку има слабо срце. Скоро сите лежат во болница или се на дневна болница доколку имаат бронхопневмонија затоа што се под јаки антибиотици и инфузии се примаат еднаш или 2 пати на ден. Секој ден се прави анализа на крв за да се видат леукоцитите и седиментација, да се види како реагира на антибиотици.....
    Нема потреба да се нервираш подобро таму да лежи отколку секој ден и по цел ден да се шета по болнички ходник
     
  18. jance

    jance Активен член

    Се зачлени на:
    6 декември 2011
    Пораки:
    11
    Допаѓања:
    0
    Fala me utesi malku,me fati panika deka koga pisav na google bronhopnevmonija mi otvori skoro sekoe vtoro ovoj umrel onoj umrel :(
     
  19. moonlight-girl.55

    moonlight-girl.55 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2010
    Пораки:
    1.260
    Допаѓања:
    1.049
    Јас го закачив ова чудо пред 5 години. Цела недела ме лечеа со инекции и 300 апчиња за на крај да видат дека имам бронхопневмонија |(.
    Иначе, секогаш имам мала температура, и тогаш знам дека и по неколку дена не ми се намалуваше, т.е си стоеше на 37,1-2-3 ... Не кашлав воопшто, а ниту пак се гушев. Две недели бев на инфузии, по две на ден, сабајле и навечер. Цел организам ми беше истоштен, не дека сум имала некој јак имунитет, али ова ме дотолчи. Оттогаш сум многу поосетлива на настинки, грипови и така.
     
  20. Maroon5

    Maroon5 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 август 2012
    Пораки:
    1.038
    Допаѓања:
    883
    И јас го закачив оваа чудо :@
    Првин имав бронхит, ни самата незнам од каде се појави :| , здрава права бев, прв брат ми имаше бронхит па јас, некни кога бев во една приватна болница ми кажаа ти не си за тука оди на заразно. И отидов, што отидов, наместо од таму да излезам излечена чинам повеке се разболев, ладно ладно, чинеш надвор си.
    Ми дадоа инфузии + едни апчиња, и сега ке дремам дома до понеделник :hai:
     

Сподели ја оваа страница