Вакцини: ЗА или ПРОТИВ

Дискусија во 'Бебе' започната од bebaa, 9 јуни 2012.

?

Дали сте За или Против вакцинирање?

  1. За

    714 глас(а)
    76,0%
  2. Против

    225 глас(а)
    24,0%
  1. yarre

    yarre Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    883
    Допаѓања:
    786
    Да, исплатени се огромни средства, што е еден од главните докази за штетноста на вакцините.

    Зошто ги земале парите?
    За третман на тие деца кои заболеле од вакцините. Колку коштаат третманите на тие лица? Пари кои пак завршуваат на медицински третмани и медикаменти.

    Жртвата што ја прави родителот за грижата на такво дете, тоа е гратис :(
     
    На D-Bjanchi и Glasna им се допаѓа ова.
  2. Glasna

    Glasna Популарен член

    Се зачлени на:
    24 мај 2012
    Пораки:
    1.047
    Допаѓања:
    2.178
    да се надоврзам нa yarre ...жртвата е што се принудени тие родители (од што им патат децата,а и самите тие како родители),да се откажуваат од сопствениот нормален живот,посветувајќи им се ден и ноќ на децата.Pаботните места ги напуштаат за да им посветуваат посебна грижа на децата,од социјално тешко дека можат да сврзат нешто.Eте зошто ги прифаќаат тие пари...
     
    На D-Bjanchi и Silver.E им се допаѓа ова.
  3. Silver.E

    Silver.E Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2013
    Пораки:
    2.226
    Допаѓања:
    5.276

    Еве ние отсратана објективно да просудиме кој кого нападнал, може ???

    Ти напиша, Оние кои се против вакцините да плаќаат казни, ако на детето сепак нешто му се случи.
    Моира врати: Во ред, но и тие да плаќаат доколку од вакцината му се случи нешто на детето.

    И кој тука кого нападна ?????
    Зарем ние слепи сме ?????

    Моира најкултурно и најфино ти напиша, ама ти од пусти инает и некултура мораше да вратиш и да се расправаш со неа, како и со сите впрочем.

    **

    Колку сте нехумани бе луѓе !!!!!!
    Зошто земале пари ?????
    Навистина, откако се десило нештото, џабе е се, но се работи за отштета.
    И со кола имајте несреќа, што ако сте останале без нога, нема да ви ја вратат ногата, но си има отштета, пример. Така функционираат нештата.

    А, убаво кажа Гласна, знаете ли колку пари, нервози, трчање, лекарства трошат тие родители ? На кој животот повеќе никогаш не им е ист.
    Навистина засрамете се колку сте нехумани и себични !!!!! :x
     
    На Mama25 и Glasna им се допаѓа ова.
  4. baby-star

    baby-star Популарен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2012
    Пораки:
    2.464
    Допаѓања:
    10.832
    Мори жено дај олади малку!
    На пример што потреба имаш сега да се караш и која си ти да судиш одстрана?
    Или можеби и ги браниш мислењата на Моира и сите кои се против вакцини?!
    Стварно не разбирам кој проблем го имаш со мене?
    Секое твое мислење одсега ќе го скролам и во иднина немој да ми се обраќаш повеќе!!!
     
    На andromedae му/ѝ се допаѓа ова.
  5. yarre

    yarre Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    883
    Допаѓања:
    786
    Искрено и јас се зачудувам на бројот на Македонски лекари кои секојдневно ја покажуваат својата поддршка во разгледуваањето на уставноста на задолжителноста на вакцината. Секојдневно се зголемува.

    Еве уште еден.

    ‘ СЛОБОДАТА НА ИЗБОР ТРЕБА ДА БИДЕ ЗАДОЛЖИТЕЛНА ! ‘


    Секоја медицинска интервенција (од примање на лекови до операција) која што се врши под притисок и за чие што одбивање пациентите ризикуваат плаќање на парични казни или затвор, е не етичка и е спротивна на човековите права. Сосема е јасно и научно докажано дека секоја медицинска интервенција може да предизвика и штетни реакции. Тука спаѓа и вакцинацијата. Негирањето на појавата на штетните реакции после вакцинација која што кај некои деца може да предизвика катастрофални неизлечиви последици, автоимуни болести, инвалидност, а во одредени случаеви и смрт (кои што впрочем се посочени и од страна на самиот производител на секоја вакцина), претставува брутално кршење на професионалната, моралната и етичката база врз која што се заснова медицината како наука и професија.

    Во денешно време, медицинската наука која што достигнува врвни дострели, за жал, нема пронајдено начин за откривање кај кои деца вакцините можат да предизвикаат штетни реакции. Професионална и етичка должност на секој доктор е да им објаснува на своите пациенти во што се состои интервенцијата како и позитивните и негативните ефекти од истата, но, Законот за задолжително вакцинирање доведува до ситуации кога многу медицински лица немаат друг излез, освен да го прекршуваат етичкиот код.

    Постојат солидни медицински истражувања кои што покажуваат дека не сите вакцини се сосема безбедни, докази кои што доведоа до укинување на Законот за задолжително вакцинирање во многу западни демократски земји. Во одредени земји, како на пример Јапонија, зголемениот број на доживотни инвалидски последици и смртни случаи предизвикани од одредени вакцини и поткрепени со солидни научни докази, доведоа до законско укинување на MMR и HPV вакцините. Овие научни докази мора да бидат земени во предвид и од страна на Македонските здравствени институции, пред да се соопшти со сигурност дали некоја вакцина е сигурна или не! Во сите овие земји нивото на информираност и едукација на луѓето во врска со штетните реакции на вакцините е на многу високо ниво и сметам дека, тоа истото треба да се постигне и во Македонија.

    Македонија е земја која што со сите сили и на многу полиња се стреми да биде дел од демократска Европа, но, тоа ќе го постигне во потполност со реформирање на здравствениот систем по пример на демократските земји и со апсолутно почитување на правата на луѓето да одлучуваат сами за своето здравје и здравјето на своите деца-поле на кое што за жал заостануваме многу. Ако, одредена медицинска интервенција е научно докажано прилично сигурна, не постои никаква причина истата да биде законски наметната без притоа да се дава простор за лична одлука. Имајќи го сето тоа наведено во предвид и по примерот на демократските западни земји во Европа и целиот свет, “ПОТПОЛНО ГО ПОДДРЖУВАМ УКИНУВАЊЕТО НА ЗАДОЛЖИТЕЛНОТО ВАКЦИНИРАЊЕ ВО МАКЕДОНИЈА”.


    Др.Фанија Пановска

    Специјалист по Пластична, Реконструктивна и Микро хирургија

    Токио, Јапонија

    Линк
     
    На Mama25 и Silver.E им се допаѓа ова.
  6. Silver.E

    Silver.E Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2013
    Пораки:
    2.226
    Допаѓања:
    5.276
    Ти можеш да се обраќаш и цитираш, ние тебе не можиме ?
    Ма немој...
    Очи му скокаш на кој сакаш, така да ако сакаш промени почни од себе си прво...
     
  7. discofilman

    discofilman Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2011
    Пораки:
    317
    Допаѓања:
    106
  8. mamita83

    mamita83 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 април 2014
    Пораки:
    355
    Допаѓања:
    426
    Моите родители се родени 1938 и двајцата баш ги прашав дали се сеќаваат на барем еден смртен случај или било какви оштетувања на некое дете од морбили, одговорот им беше не. Сестра ми и брат ми имаат прележано морбили, немале никакви последици. Е сега истражувањата покажале дека ризик за смрт од морбили е најголем кај новороденчиња до 1 година, а вакцината посекако не ги штити во тој период бидејќи не е наменета за деца под една годинка, а како што се покажа ниту имунитетот на стадото не ги штити бидејќи во општества каде вакцинирани се 99% од населението тој штит на заштита не профукционирал и имало епидемија. Мислам дека е ок да прокоментираме што мислиме за секоја вакцина одделно, неважно дали сте за или против, па ајде да почнеме од ММР која повеќето ја избегнуваат.

    Ме интересира кои се фактите кои кај вас кои сте за вакцинација ве убедиле дека вакцината е вистински избор? и покрај тоа што вакцините содржат токсини, и докажано е дека алуминиум има штетно влијание на функциите на мозокот.
     
  9. lans

    lans Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 ноември 2013
    Пораки:
    157
    Допаѓања:
    153
    Пол:
    Машки
    Moze nekoj da mi kaze dali ima metod za prijavuvanje na nesakani pojavi od lekovi, vklucitelno I vakcini? Dali pacientite ili doktorot prijavuva.ako prijavuva doktorot, dali mora dosledno da prenese ili on odlucuva dali e vredno za prijavuvanje?dali ima telefonski broj ili pismeno se podnesuva?
    Za ovakvo nesto zboram ama vo MKD
    https://yellowcard.mhra.gov.uk
     
  10. mamita83

    mamita83 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 април 2014
    Пораки:
    355
    Допаѓања:
    426
    Од пред некој месец и на граѓаните им е овозможено да пријават несакани дејства на следниот линк
    https://lekovi.zdravstvo.gov.mk/pharmacovigilances порано тоа можеа да го прават само здравстевени работници.
     
  11. yarre

    yarre Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    883
    Допаѓања:
    786
    Еве го наредниот лекар со поддршка за иницијативата.

    Човекот е одговорен, т.е заслужен само за она што е настанато под влијание на неговата свесност и слободна волја, односно на она што е предмет на волната одлука и избор. Тргнувајќи од начелата на хуманоста, а следствено на тоа и од еден од најзначајните етички принципи и вредности во медицината – “primum non nocere“, којшто го обврзува лекарот, пред се да не наштети на својот пациент, таму каде што тоа е неможно да се постигне заради одреден ризик поврзан со лекувањето или со некоја друга интервенција, во тој случај од лекарот се бара грижливо да ја процени можната корист или ризик по здравјето на пациентот и врз основа на тоа да донесе одлука.

    Повикувајќи, се исто така, на правото на пацинетот на информираност и самоодредување каде што спаѓа и согласноста од сопружник, старател/родител или застапник, но почитувајќи го наедно и човечкиот живот од самиот негов почеток, како лекар којшто тежи кон сочувување и одржување на независноста на пациентот, неговото достоинство и индивидуалност, јас во потполност ја поддржувам Иницијативата на родителите за укинување на законските одредби за задолжителна вакцинација во Република Македонија.



    Д-р Марија М.Станковиќ

    линк
     
    На ALISA0000 и Silver.E им се допаѓа ова.
  12. mamita83

    mamita83 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 април 2014
    Пораки:
    355
    Допаѓања:
    426
  13. yarre

    yarre Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    883
    Допаѓања:
    786
    Не дека не е добро да се повтори :) , ама линкот беше наназад.
     
  14. mamita83

    mamita83 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 април 2014
    Пораки:
    355
    Допаѓања:
    426
    Реков неинформираноста знае да направи проблем.

    Незнаев.
     
    На yarre му/ѝ се допаѓа ова.
  15. honey-bunny

    honey-bunny Нов член

    Се зачлени на:
    3 април 2014
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    8
    Оваа работа ја работи 30 години, со дневни вакцинирања на повеќе од 40 бебиња и и покрај сите промени кои настануваат во составот на вакцините, нема ниту еден случај со посериозни компликации, нарушување на здравјето или доживотна последица. Добило вакцина - кренало температура и готово сите против вакцините... Можеби ти треба да седнеш и да прочиташ малку повеќе за вакцините, зошто настанале, зошто се користа итн, а не само да се шират заговори
     
    На Filiposka му/ѝ се допаѓа ова.
  16. yarre

    yarre Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    883
    Допаѓања:
    786
    Прашањето беше многу јасно поставено. Прочитај го уште еднаш.
    Башка, ете можеш да предложиш заедички да ги прочитате уметоците од вакцините.
    Предлагам нејзината гаранција за безбедност, да ти ја каже откако заеднички уз кафенце, ке ги прочитате.

    Не ширам никаков заговор, само барам да си прочитате она што е достапно.
     
  17. D-Bjanchi

    D-Bjanchi Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 август 2011
    Пораки:
    35
    Допаѓања:
    31
    Убаво што постои оваа можност, туку што правиме со најголемиов број на родители кои се крајно неинформирани. За нив не постои назив на вакцина, туку ги идентификуваат по принципот, ахаа таа во рачето, таа во ноџето, таа со напивање. И да има последица, незнаат ни дека постои можност да се пријави, оти ваквите линкови им се достапни само на „секташиве“ кои се информираат на „интернетов“.
    Јас крајно почитувам родител кој вакцинира, но е добро информиран. Значи седнал, се заинтересирал, се распрашал и формирал мислење. Но, огромен процент немаат појма. Само функционираат како робови на системот. Добиваш покана, вакцинираш. Еве во ек на т.н. епидемија од морбили, се обложувам дека има добар дел кои не ни знаат дека деца им се вакцинирани со оваа вакцина, туку одма потрчале да си ја исполнат граѓанската должност.
    Како што веќе имам кажано и јас како бебе на неполни девет месеци сум прележала морбили. Без терапија, без последици. После година сепак ја примам МПР вакцина, за да ме заштити од заушки и рубеола. Па наводната заштита од заушки непрофункционира и си ги прележав и нив на шест годишна возраст.
    Рубеолата не ни била карактеристична за нашево подрачје и била една од најлесните детски исипни болести, со релативно висока температура три дена пред исипот (моментот кој ги плашал родителите е токму кревањето на температурата). Не било пожело да се намалува, поради тоа што на тој начин се спречува организмот сам да си се одбрани онака како што налага природниот пат. Ова го кажа пред некој ден докторка која гостуваше во Визита на Канал5. Не го паметам името. Она што постојано го потенцираше беше фактот дека справувањето со одредено вирусно заболување зависи од моменталната состојба на имуниот систем, а вакциналниот статус беше фино избегнат. И дека на родителите кои и барале нешто за да го зајакнат имунитетот на децата им кажувала дека нема потреба од неа да бараат нешто туку дека лекот се продава на тезгите на пазар.
     
  18. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    15.478
    Допаѓања:
    102.682
    Пол:
    Женски
    Иако се уште не сум мајка, ја следам оваа тема за вакцините и нивната поврзаност со аутизмот. Многу се крена прашина околу оваа тема, особено откако на некои глумии децата им разболеле од аутизам наводно после некоја вакцина. Велам наводно бидејки не постои 100% гаранија дека вакцината е причина за појавата на аутизмот. Јас лично сум ЗА вакцинација, и без размислување ќе ги вакцинирам моите деца. Имам во фамилија доктори, со над 35 години стаж и тие се за вакцинација. Не знам дали некој напишал претходно, не можам да ги читам сите постови, но дали знаете кои се ризиците од тоа да не ви се вакцинирани децата?? Вакцинацијата не значи тотален имунитет на болести туку доколку се фати болеста да нема посериозни последици по здравјето. Туберколозата пред да се измисли вакината беше смртоносна болест, малите сипаници исто. Сериозно сакате да си го изложите сопственото дете на тој ризик да ви умре не дај боже од мали сипанци??? Или да закачи туберколоза? Размислете малку трезвено, не потпаѓајте под влијание на популистички и помодарски трендови.
    Едиствено што не би ставила вакцина тоа е за ХПВ бидејки е сеуште во фаза на тестирање и се работи за внесување на канцерогени клетки во млад организам.
     
  19. D-Bjanchi

    D-Bjanchi Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 август 2011
    Пораки:
    35
    Допаѓања:
    31
    Браво за одлуката.
    А сега прочитај си го постот уште еднаш. Ама овој пат од крајот кон почетокот ;)
    П.С: Јас не сум била вакцинирана кога сум ги добила малите сипаници, а жива сум. Како е тоа можно?!
     
  20. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    15.478
    Допаѓања:
    102.682
    Пол:
    Женски
    Нема потреба од иронија и цинизам. Јас си го кажав мојот став и моето мислење. Си има вакцини кои со децении се примаат, и за тие сум ЗА. Од грип, и новокомпонирани вакцини не сум вакцинирана и за нив сум против, зашто не сме ние заморчина па да тестираат на нас. А за тоа дека од вакцина се добивало аутизам никаде не е потврдено, затоа што аутизмот (а во моја близина имам аутистично дете) не се добива од вакцина туку со аутизам се раѓаат, само што аутизмот со сите негови милион подформи се манифестира после 3 тата година од животот на детето. Убаво некој напиша, и обчен парацетамол има милион несакани дејства, пестицидиве со кои што се храниме полека ама сигурно ни го убиваат организмот. Јадеме плодови од земја озрачена од осиромашен ураниум и што ли уште не. Важно вакините се проблем. И не не ги набавуваат од Кина.

    Еве кои се вакцини во Велика Британија
    http://www.nhs.uk/Conditions/vaccinatio ... klist.aspx
     
    На darcy и oblace1 им се допаѓа ова.