1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Вашето дете во пубертет!- Вие???

Дискусија во 'Дете' започната од viku, 18 октомври 2010.

  1. viku

    viku Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    163
    Допаѓања:
    157
    Најтешкиот период за односите помеѓу детето и родителот. Кога ќе се додаде и МОДЕРНОВО време, ужас!
    Мајки, ајде со совети и мислења, за која тема е детето најосетливо, како се справувате?
    И пубертетливки, вашата гледна точка? Каде начесто запнува разговорот? Што ви е најтешко да им објасните на Вашите родители?

    Јас не сум родител на пубертетлија, ама имам внука која само се кара со родителите, и само кај мене се јавува за тушење! Кој и да го слушаш -во право е, ама не се сложува никаде работата! Како да се надминат проблемите???
     
  2. wolf4e

    wolf4e Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2010
    Пораки:
    2.285
    Допаѓања:
    1.894
    Jас имам керка 1год.што е сеуште мала за ова :) ама ке си кажам за мене,кога јас бев во пубертет исто така се карав воопшто не ги слушав дома,некогаш имав забрани,ама џабе :lol: одев на тушење кај стрина ми и таа со убаво ми објаснуваше како,што некогаш и подобро е така,зашо со викање ништо не бидува.вака така си се смирив,ама некогаш не е убаво да го врзеш детето премногу да не излегува,да се врати до 10 и сл.моите дома не беа воопшто строги,ама ете имаше моменти кога се карав со ними како и секое дете во пубертет.имавме другарка во друштвото што никогаш не ја пуштаа никаде,се и забрануваа и таа испадна најлуда во друштвото,прва фати дечко,на 14 год легна со него и ред други работи значи што повеке му забрануваш,тоа повеке се збудалува,како викаат,куче пуштено од синџир :?: а ние што родителите не ни забрануваа испаднавме повеке побрибрани за разлика од неа.мое мислење колку повеке го гушат на детето повеке се збудалува,а да го оставиш малку да разгледа да види,ке се извини и ке види дека пак родителите се во право,ова го кажувам во мојов случај,па се надевам ме разбираш што сакам да кажам :)
     
  3. viku

    viku Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    163
    Допаѓања:
    157
    И јас се сложвам со тоа. Треба малку повеќе доверба да се има во детето, да се остави на слобода, да учи од грешките (своите и туѓите). Треба контрола, секако ама да не го гушиш. Сепак децата во таа возраст многу тешко прифаќаат совет од мајка и татко, од сите да само од нив не. Тоа е некоја бунтовност која доаѓа во пакет со пубертетот. Јас бегав кај комшивката на тушење, внука ми се јавува кај мене, син ми кузнај кај ќе бара помош. Имаше една порака, многу слатка, вака нешто беше:

    4 години: „Мојата мама знае се“
    8 години: „Мојата мама знае толку многу“
    12 години: „Мојата мама можда сепак знае нешто“
    14 години: „Се разбира, мајка ми не го знае ни ова“
    16 години: „Мајка ми?!? Таа нема појма од ништо“
    18 години: „Старата е без врска“
    25 години: „Мајка ми можда знае нешто за ова“
    35 години: „Пред да одлучам ќе ја прашам мајка ми за мислење“
    45 години: „Би сакала да знам што би рекла мојата мајка за ова“
    65 години: „Се би дала да можам барем уште еднаш да зборувам со мајка ми“
     
    На Lolo5, Mïłëñã❣❣❣, Emceeee <3333333 и 8 други им се допаѓа ова.
  4. wolf4e

    wolf4e Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2010
    Пораки:
    2.285
    Допаѓања:
    1.894
    Mило ми е што имаме исто мислење во врска со ова :) а поракава:мама не знае ништо дур сум во пубертет,после сфакам дека не можам без неа :)
     
    На sonce777 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. viku

    viku Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    163
    Допаѓања:
    157
    Многу ми е јака поракава па сакав да ја споделам тука! Страшно колку е вистинита!
     
  6. pink4ever

    pink4ever Популарен член

    Се зачлени на:
    23 октомври 2010
    Пораки:
    1.042
    Допаѓања:
    1.012
    ахах.. да имам јас таква тетка се да можам да и кажам и + да не ми вика и + да не ме каже на мама.. woow...

    не е до нас.. вие ништо не свакате... и да ви објасниме вие сепак наоѓате нешто за контра да ни се спротиставите,, |(
     
  7. viku

    viku Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    163
    Допаѓања:
    157
    Многу сваќаме! Уште пред да кажете! Сме биле ние таму.
    Сепак проблемот го гледаме со различни очи, разликата е најчесто 20 години, и повеќе! Затоа имајте вие повеќе трпение за мајките, за и тие да можат да ви го кажат својот став полесно. А разбираат тие, сигурно, само треба малку повеќе да слушате што сакаат да ви кажат.
     
    На zalosna, Avril.09 и wolf4e им се допаѓа ова.
  8. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.818
    Јас за себе сметам дека сум во крајната фаза на пубертетот (бар се надевам :D ), но некаде во 2ра година средно, кога бев во ЕКОТ на пубертетот, дома беше бојно поле. Мајка ми со климаксот, јас со моето, уф... неиздржливо. Кавгите беа пречести, и 98% за глупости, се разбира |(
    Тешко, и за детето, а богами и за родителот.
    Најосетлива тема: момчиња, дефинитивно. Мнооооогу ретко разговарам за тоа со неа. Иако сега веќе се смирени страстите и многу подобро се разбираме, а и повозрасна сум, сепак постојат бариери.
     
  9. srculka

    srculka Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јули 2010
    Пораки:
    582
    Допаѓања:
    170
    Jас имав кризен пубертетски период во 7мо одделение и во 2ра година средно.
    Тие две години ми беа хаос од мојот живот.Ми се појавија оние бубачки во главата.
    Сакав само да шетам.
    Моите родители не знаеја како да се справат со тоа.Дома имавме секој ден кавги.
    Но тие никогаш не го употребуваат принципот на казна.Никогаш не сум била казнета од нивна страна.
    Никогаш не сум била тепана.Се справија со мене со добар заеднички разговор.
    Еден ден ме седнаа пред нив не смеев да мрднам и почнавме да разговараме што ми се случувало..едноставно зошто сум збесната.
    По избесно време целосно се стабилизирав,те.се вратив во нормала и повторно бев онаа истата јас.
    Мајка ми уште тогаш ми викаше дека:Мајката е секогаш во право,но тоа дека подоцна ќе сум го сватела.
    Така и испадна па сега си викам:Ех кога мама ми велеше така,а јас не ја послушав.
     
  10. viku

    viku Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    163
    Допаѓања:
    157
    Најлошо што може да се погоди „ист пубертет“ со мајката. Два вулкана дома.
    А за тоа со бариерите- мислам мајките ги поставуваат, не е до децата. Колку е мајката поконзервативна толку поголеми бариери! Јас барем така мислам!
     
    На Ragazzina, Rozich и Hipica им се допаѓа ова.
  11. pink4ever

    pink4ever Популарен член

    Се зачлени на:
    23 октомври 2010
    Пораки:
    1.042
    Допаѓања:
    1.012
    најлошо е кога ке почнат да зборат
    Ете четворки тестови сите 4 ке ги наредеш.. не учиш , не те гледам книга да си фатила - а нема врска, најмногу ми е тешко кога сум учела а вака ми зборат..
    или
    и ти да не имаш дечко а? па сега ми збориш за другите за да не ми кажеш дирекно
    или
    кај беше до сеа? нели е доцна? - а знаат дека секогаш си идам 11-30 или 12
    и пак викаат. :@
     
    На Lolo5 и blueeparadise им се допаѓа ова.
  12. annii

    annii Популарен член

    Се зачлени на:
    16 април 2010
    Пораки:
    3.327
    Допаѓања:
    5.841
    ^Подобро е родителите да те (ис)прашуваат отколку така да те пуштат да правиш што сакаш. Добро е кога ќе видиш дека се грижат за тебе. Можеш да видиш какви се уште не шетаат низ градот. Мое мислење за нив е дека дома воопшто нивните родители не ги седнуваат за да поразговараат.

    Во пубертет сум, може да се каже дека сум на почетокот. До пред една година се' ме нервираше. Сега сум добро. Само со брат ми се карам, но он сам си го бара. :!: На моите дома им кажувам за оценки, училиште, но не и за симпатии. :$
     
    На Xepp, Avril.09 и TheKiketoo им се допаѓа ова.
  13. Angelche

    Angelche Популарен член

    Се зачлени на:
    6 мај 2010
    Пораки:
    3.747
    Допаѓања:
    1.358
    Пинк4евер, нормално е тоа. Како поинаку ќе бидат информирани за напредокот на своето дете?
    Зарем е поубаво да дознаат од некој сосема трет дека нивното дете има слаба оценка? Или дечко на 14 години? Или...направило некоја глупост, ете примери? За тоа со учењето, во право се. Родителите го сакаат најдоброто за своите деца, сакаат да им овозможат живот каков што заслужуваат, одат на работа по 8 часа, си доаѓаат изморени, сето тоа за да им овозможат поубав живот на своите деца. Иако тие се неблагодарни, во повеќето случаеви. Сакаат да имаат подобар живот од нивниот, да не се мачат кога ќе пораснат, и да им го олеснат животот.
    И секако дека ќе те тераат да учиш. Родител ако не те изведе на правиот пат, кој ќе те изведе? Комшијата? Или тетката?
    Родителите им мислат најдобро на своите деца. И тие го имаат поминато тој период, на разбркани хормони, знаат како е, знаат дека 52526 нешта ви се вртат по тоа главата, и знаат дека тогаш всушност се оформувате како личност, затоа пинк4евер, тоа што го пиша беше неправедно. Јест да, понекогаш знаат да бидат досадни, но и тоа е за наше добро.

    Инаку на темата, вашето дете во пубертет + вие?
    Бидејќи тинејџерите се сфаќаат здраво за готово, и при секое повишување на тонот се чувствуваат невредени и им се повредува егото, најдобро е се да се реши со разговор, чисто пријателски, но сепак да си го задржите авторитетот, се знае јас сум родител ти си дете. Често знаат бурно да реагираат, а потоа да се каат за истата реакција, па затоа и треба да ги сфатите, ќе сфатат каде им е грешката и ќе се покајат. Ете, нека се стават во улога тие родител, и да имаат дете кое што ќе се однесува како нив? Како ќе им биде? Сигурно нема да им биде сеедно, и ќе се покајат.
    Ете, јас како тинејџер, никогаш не сум направила нешто што не би сакала моите деца да го направат, и никогаш не сум ја изневерила довербата на моите родители, затоа што го знаат начинот на кој што треба да му се пристапи на едно дете, и секоја ситница ја решаваме со разговор, во кој што јас можам да си кажам што мислам, што е правилно а што не. Ете, моите родители ми се пример за каков родител би требало да бидам во иднина. И се согласувам со annii, со секој збор што го пишала на темава. Тие не те држат под притисок, само сакаат да знаат што се случува со нивното дете.
     
    На italiana, Tenna, BeYourself и 2 други им се допаѓа ова.
  14. blueeparadise

    blueeparadise Популарен член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2010
    Пораки:
    3.545
    Допаѓања:
    6.311
    Абе, ае тапа е све. |( памтам порано коа бев мала ич не ми сметаа, сите ги сакав, сеа само нешто ме нервираат и ми сметаат.епа тоа ти е пубертет.ме фати негде од седмо, осмо сум сеа и во најлошата фаза сум на развитокот на пубертетот. :D се сакаш да знаеш, да слушнеш, да се шеташ, да пробаш нешто ново да седиш на компјутер до ниедно време, да искачаш до покасно.штета што тоа нашите најчесто не го сваќаат. родителите на мајка ми се ептен добри, никад не ја тепале колку што знам а ретко ја карале.мислам и бил дозволен излез колку што требало.а сега да видиме на нас шо ни прават.бар на мене, пошто некои од овие работи не се дешаваа на девојчињата од мое друштво. ;)

    - седмо одделение девојче на распуст, бев пуштана до 9 ипол.СЕКОГАШ! без исклучоци.ни родендени, ни концерти ни приредби ни ништо такво.еднаш нешто славевме летово за постоење нез колку години на населбата и во моето школо се славеше нешто и требаше другарка ми од клас да пее.има прекрасен глас, и и се јавив на мајка ми реков, мамо да пее па ќе дојдам а тогаш беше 9 и 15 имаше уште две точки и требаше да пее.и вика аха добро ама да се вратиш после одма.и пееше што пееше.и на сред пеење ми звони мајками, се раздрала што е ова, што ти реков ја на тебе?! и ја мамо ти реков да пее само, и незнам што ми рече и се вратив во 15 за 10, и коа влегов дома, што е ова каснење нема од дома да искочиш што ми муткаш што ме лажеш, а јасно и гласно и кажав и ми рече ДОБРО!! и има уште куп случки, не се секирајте не е само ова, со триста нивни испади.
    - секоја моја другарка не им чини. се здружив со една другарка, на мајка ми не и чинеше, а ми беше бфф, мада сеа не се дружам со нејзе.има едно ептен фино девојче што веќе се дружам 3 години и турчинка е ама скроз асално е девојчето не прави проблеми и ниеднаш се немаме скарано!и ми викаше дружи се поише со нејзе.доброо, и после некое време ми вика шо се дружиш со нејзе ти толку ајде полека она ќе те завлече белја ке ти направи и уште незнам што.почнав да се дружам со една другарка од клас добри станавме , а пред тоа ми викаше највеќе дружи се со тие од клас.и сега ни таа не и чини.Логика?
    - не ми е дозволено НИКАКВА шминка.дури ни римел.се шминкаме со другарками еднаш ама ја само со римел и сјајче да се сликаме и сум заборавила да симнам тоа од кај нејзе се враќам дома вика што е ова пак си се шљакала ти со другаркати?! а дали иам стаено два пати.
    - еднаш у живот стаив лак, и татко ми доаѓа што е ова, цела ке те намачкам со тоа! ќе те кажам на мајкати што се шљакаш тии! и не беше зезанција ;)
    -има мн напнати односи, стално се караат не со мене и цела фамилија, татко ми дрско се понаша со мене и без однос, и остај тоа што по 9102348102 ми се јавуваат татко ми уште дрско без никакво предупредување така наеднаш кај си ма ти ? со кого си бе ? само со неа кој има да не има машки?кај сте, ајде одма да си се вратила што е ова , а ја ни пола саат искочена и тоа петок!

    фиуу, ај оправдајте го ова понашање.. зз :) и извинете, ама страшно ми идат на живци ;)
     
    На Lolo5 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Scarlet88

    Scarlet88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    753
    Допаѓања:
    328
    И дома беа такви, не се секирајте! Ама кога завршив средно пак, се направија бубачиња! Еден збор не ми имаат речено,само каде, со кого, до колку! На такво прашање одговарам каде ќе сум, со кого сум, и не чекајте ме вечерва ;) ! Ме пуштаат ради тоа што имаат доверба во мене! А и јас, порано излегував секоја вечер и се враќав на сабајле, ама како што подостарев, сега излегувам 2-3 пати во неделата, и се враќам кон 1 сатот дома, поише не се издржува!.......Ќе ви помине и кефот и на вас! Колку поовеќе стареете, повеќе обврски ќе имате, и појаки журки ( не многу долги, но квалитетни)! Затоа не цвичкајте, не е крај на светот, животот е пред вас! :*
     
  16. Wild.Child

    Wild.Child Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.573
    Допаѓања:
    6.698
    Со оглед на тоа што сум во пубертет - Јас се` знам дома! :!: Јас сум за се во право, па дури и ако не сум прочитај го пак првото. :D
    Понекогаш бубачињата исчезнуваат, но во поголем дел од времето се присутни.
    Знам дека се родители и дека тие се одговорни за мене. Знам дека ми посакуваат само најдобро, дека би сториле се` за мене, но на еден начин сакам само да ме сфатат, да ме разберат дека ни мене не ми е баш лесно. Не сфатена од општеството, сама во толпата, секогаш причинител за кавги во семејството (знаете веќе како оди тоа)... Често си повишувам тон, во никој случај не употребувам навреди и вулгарни зборови, но сепак се` што сакам е да ме разберат како се чувствувам.
    Тие го поминале моето, но јас не сум го поминала нивното... :)
    Мислам дека еден отворен муабет би завршил работа, но не како родител со дете, туку како пријател со пријател. :) Најотворено, без фолирање и срам. Детето да биде слободно, да може да си каже се` што му лежи на душа. Верувам дека би помогнало. :)
    Со мајка ми го имаме муабетов, проблемот е кај тато...
    Дефинитивно имаме скроз различни ставови и размислувања, сеуште не може да ги сфати придонесите што ги носи поновово време па често настануваат големи дискусии.
    Инает, гооолем инает е дефинитивно, а и тој го вика истото за мене. Чаре - немаа! :)
    Јас излегувам жртва од истите (посебно ако сум во ПМС), често се расплакувам, нервирам, трескам врати, се симнувам кај баба, шетам по маало... ама за брзо време се смирувам. :D
     
    На blueeparadise му/ѝ се допаѓа ова.
  17. HoneyBun

    HoneyBun Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2010
    Пораки:
    503
    Допаѓања:
    973
    Пол:
    Женски
    Јас како 16 годишна девојка мислам дека моите добро ме воспитале.Иаку не применувале којзнае какви техники и методи.Мислам дека на една личност колку повеќе и забрануваш нешто толку таа повеќе тоа ќе го прави. :!: Моите од секогаш имале доверба во мене.Никогаш не ми велеле до 12 часот и дома.Едноставно јас самата знаев до колку да се вратам дома.Алкохол и цигари никогаш не ми забраниле,и јас самата знам дека се штетни и неможам да ги смислам.Но сепак понекогаш пијам и дома со татко ми пиво или како вчера по една чаша бело вино со ручекот.Никогаш не ме прашале каде и со кого одам,но јас скоро секогаш им го кажувам тоа. ;) Сега можеби овде некој на форумот ќе ме осуди бидејќи сум 16 години и носам штикли и понекогаш знам да облечам по некоја мини сукња или фустанче или пак затоа што сум имала врска од 11 месеци.Но верувајте баш тие работи колку и да биле лоши ме направиле тоа што сум.И никогаш нема да ја фрлам кривицата на моите родители поради тоа што јас сум отворена личност и секогаш сум директна.За некои тоа е дрскост,но тоа сум јас.
    Ние тинејџерите имаме многу емоции.Знам без причина на некоја балада да се расплачам,знам цел ден да бидам среќна поради ништо,знам колку боли предавство...Не сум воопшто конзервативна личност и мислам дека родителите не треба само да велат 'остајте ја-такви се годините'.Треба да не сослушаат и да не раберат и да ни помогнат. :!: Најтешок е овој период и овде се оформува личноста и физички и психолошки.Имам врсници кои немаат ни 17 а доживеале се и сешто во живото.Од смрт на некој блисок до развод и секакви трауми.Не се важни годините.Колку и години да имаш пак имаш срце и чувства. :)
     
    На Lolo5, Loritaa и Bunny05 им се допаѓа ова.
  18. blueeparadise

    blueeparadise Популарен член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2010
    Пораки:
    3.545
    Допаѓања:
    6.311
    Се согласувам и со Валјд, и со ХаниБан. Значи деца сме ( тинејџери.), онака еден од најбитните периоди, период на созревање и осознавање на битните работи од животот, и треба се повеќе да дознаеме за овој период и за периодите што ќе следат потоа. Да се навикнеме на проблемите што неспорно ќе ги имаме понатаму во животот, и да знаеме како да се соочиме со нив. Јас незнам родителите што ќе постигнат со разно-разни закани и забрани? Ќе постигнат спротивен и уште полош ефект. Детето ќе се затвори во себе, ќе стане бунтовно, ќе прави бељи надвор и ништо нема да им кажува. Во тоа малку време што ќе го има, ќе пуши, ќе се дрогира и се тоа. Но и покрај се, не се родителите целосните кривци за тоа. Родителите може да го воспитуваат и погрешно но и правилно. Но голем дел зависи од карактерот на детето, не секогаш значи дека ќе го носи карактерот на родителите и ќе се однесува како нив. Него може ко светец да го воспитуваат, а тој пак бељи да прави, небитно дали ќе биде надвор до 10 или до 1. Се зависи. Зависи од родителите, но и од самиот карактер, а потоа од околината и слично. И место родителите да ни понудат рака, да имаме еден искрен разговор со нив, како пријател со пријател тие си продолжуваат со забраните. Верувајте, повеќе ќе сватиме со еден добар разговор, без тајни, и од едната и од другата страна ( добро сега, може да има некои мали ситници што нормално ќе ги сокриеме. :lol: ) него ли со ќутеци и разни закани. Тоа се одразува со лоши последици. И сега во овој период, нормално дека ни е потребно да си излегуваме, во овој период се појавуваат оние поголемите љубови :lol: , најубавите, најискрените, тогаш си правиме друштва, се договараме каде да искачаме, едноставно во овој период треба да се ужива. А не постојано да не ограничуваат. И дете затворено во 4 ѕида, што ќе научи од животот? Како што викаат - улицата си е најдобар учител. Не ме сваќајте погрешно, не зборам за уличарите што по цели денови висат надвор. Надвор ќе се соочиш со најразлични ситуации од кои ќе извлечеш поука. А не вака, дома ќе седи ко муле некое и што ќе научи. Ќе го гледа телевизорот и се ќе научи.. Но и тоа искачање, сепак треба да биде во свои граници. Ни премалку, ни премногу. Баланс. И нормално дека ќе ни работат хормоните, па сега ни е најубавиот период, кога се ужива. И што мислат они, сме влегле во пубертет, хормоните на сите страни и ај сега од дома да не ги пуштаме да искочат. Ќе направат беља. Па, мајку му, родители сте ни, верувајте малку во нас! Иако сме деца, и ние си имаме свои чувства, сваќања и размислувања. Разграничуваме што е правилно, а што не. Правиме грешки, не велам не. Но кој е безгрешен? Вие да не сте поминале цела своја младост, без ниедна глупост и кикс? Како да не. Овој ни е најдобриот период, бар оставете не да уживаме во него и потполно да го искористиме! Не се повторува повеќе. ;)
     
    На HoneyBun и sonce777 им се допаѓа ова.
  19. Avril.09

    Avril.09 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2011
    Пораки:
    737
    Допаѓања:
    892
    Незнам дали сеуште се коментира темава, ама ја да си кажам.. пинк се изненадив со твоите постови, најмногу зошто и ја сум 13-14 години. Дали ја сум некаков дефект :D или сум во право незнам, ама свесна сум каква младина сме, колку е сменето моето однесување.. ама имам разбирање за моите дома,ги сваќам, па така и тие мене. На мајка ми слободно се и' кажувам и како што кажа некој над мене, подобро од мене да дознае а не од други. Неможам да го спречам пубертетот па затоа лесно губам контрола ама веднаш потоа кога сватам што сум кажала или направила барам начин да се извинам. :?:
    Но, секој има различно размислување, иако мислам дека колку толку треба да бидеме свесни за тоа што не' опкружува. Да, и ние имаме право на збор и понекогаш стварно сме во право..но најдобро ќе дискутираме за ова кога ќе осетиме на наша кожа.. :!:
     
  20. italiana

    italiana Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 декември 2009
    Пораки:
    31
    Допаѓања:
    13
    Е вака. Незнам темава дали е активна и дали некој ја чита ама јас ке искоментирам. Имам керка 13 години и се почесто сум во дилема дали постапувам правилно или не. Незнам зошто ама така се чувствувам. Релативно млада мајка сум имам 33 години и да им кажам на девојчињата кои ја читаат темава колку што им е тешко ним толку ни е и на нас родителите. Е сега иако ми е сеуште пресно сеќавањето на пубертетските денови кога си од другата страна на друг начин ги доживуваш работите. Во принцип керка ми не ја казнувам се трудам секогаш со разговор да настапам и сакам да и се доближам ама некако тешко ми оди. Признавам понекогаш и викам ама секако имам причина. Еве на пример во сабота наутро керками станува од кревет а креветот останува несреден а таа или си лакира нокти или си седи на фб или пак пред телевизор, или пак ме прашува што да облече кога ке излезе поручек после 5 часа или пак вечерта во 7,30часот. Е ајде де. Не оти јас не можам да го стокмам креветот ама нее во ред па без никаква обврска да се биде. Е сега ајде за последнава ситуација која ме мачи. Молам некои од девојките или пак мајка која го поминала со своето дете тинејџерсиот период да ми напише нешто. Керка ми од ништо не е ускратена значи слободно се однесува пред мене пошто јас така се однесувам со неа се е ок арно ама во последно време училиштето баш не и е интересно. Досега никогаш не сум ја казнувала и кога имала тестови со оценки послаби арно ама вложуваше труд. Сега има и неколку тројки, четворки и секако петки арно ама мене тоа ме повредува бидејќи се работи за нејзината иднина и сакам упорно да ја убедам со разговор дека треба да учи повеќе, да се залага итн.итн. И сега решив да и скратам од некое нејзино задоволство за да осети дека нешто не штима. Требаше да оди на излет со друштвото за 1 Мај ама јас и реков дека нема да оди затоа што сум незадоволна од нејзиното залагање на училиште и успехот. И сега не сум сигурна дали постапувам правилно. Сега денес ми вели јас не сакам со вас да дојдам на излет ке можели другарките да дојдат кај мене во дворот? И сега јас незнам...... Е сега секогаш ме прашува кога сака некаде да оди, јас и дозволувам ама секако мора да праша.Не сум сигурна дали ке роди плод оваа моја одлука на некој начин што ја казнувам керками? Е тоа. ајде ве чекам девојчиња, мајки, баби......поздрав