1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Ваш личен рецепт...

Дискусија во 'Рецепти' започната од free, 24 февруари 2010.

  1. Chupe

    Chupe Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2011
    Пораки:
    656
    Допаѓања:
    421
    Вчера ми се најавија гости а јас болна, не можам да мрднам до продавница и си викам ај да си направам нешто ама од се што имам дома и замислете испадна преубаво. Значи колач или тортица за со кафе/чај.
    Најпрво од 3 јајца+3лажици шеќер и три лажици брашно си направив пандишпан (прво белките ги матев со миксер заедно со шеќерот, а после ги додадов жолчкие и брашното). Во пандишпанот ставив и една рака кршени ореви, плехот го намачкав со маргарин кристал и го ставив да се пече на 250 степени околу 10/15 минути. Откако се испече го извадив и краевите ги одделив со нож од плехот и на чиста кујнска крпа го превртив плехот. Го сиеков на пола по должина и го поставив на чинија за торта. Првиот дел од пандишпанот го потурив со компот од праски(со сокчето околу 5/6лажици), па го премачкав со мармалад од модри сливи. Врз него го ставив и вториот пандишпан и него го потурив со компот и го премачкав со мармаладот. На крај изматив една белка со 3 лажици шеќер и со беланецот(треба да биде тврд како шлаг) го премачкав целиот колач. За да се зацврсне убаво, го ставив во комора околу 10 минути.
    И тоа е тоа, не ми остана ни едно парче за со утринското кафе. :lol:
    Пробајте и пишете како ви се допаѓа
     
  2. funkygirl

    funkygirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 септември 2010
    Пораки:
    238
    Допаѓања:
    408
    Јас иако мала,често знам да си направам нешто за себе,некад и од досада :D
    Ова јадење како рецепт сигурно постои,ама јас си го преформулирав- И да знаете омилено ми е !
    Потребно ќе ви биде:
    1 пакетче макарони ( најчесто дивела имаме дома 500 г)
    Златна мешавина на фриком - грашок,морков и пченка земам најчесто (половина ќесиче ќе ви треба)
    Шампињони-свежи, а не конзервирани
    и една туна во конзерва - зависи колку ви се јаде :D и колку ја сакате туната

    И почнуваме:
    Прво ги сецкам шампињоните и ги варам со сол.По варењето им ставам малку вегета и копар и ги оставам на страна.Додека ги припремам печурките,ги варам макароните.(Секогаш преферирам да не се варени мноогу,туку така малкучку живи). Кога ќе зовријат макароните веднаш ја додавате златната мешавина.Кога ќе се свари златната мешавина и макароните им ги додаваме претходно подготвените печурки и туната од конзерва(но заедно со маслото во неа).Преферирам пред да ја ставам туната да ја извадам во чинија и да и ставам лимон. Одкако ќе ја додадете и туната промешајте и готово е :)

    Мене ова ми е превкусно, и не е тешко за јадење. Содржи јаглехидрати од магароните и дава енергија и заситува. При тоа,кога го јадам ова за ручек не јадам леб,така да уживам хранејќи се здраво а притоа држам линија бидејќи сум спортист репрезентативец .
    Пробајте па,пишете коментар :D Поздрави
     
  3. Shelea

    Shelea Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    4.243
    Допаѓања:
    43.114
    Супа од тиква

    Потребно:
    300 грама тиква
    2 со средна големина компири
    1 главица кромид
    половина чешне лук
    маслиново масло
    бибер
    кари
    сол
    рендано козјо сирење

    Во тенџере со вода и сол варете ја тиквата заедно со компирот и кромидот. Кога ќе се сварат, исчистете ги од лушпи и непотребни додатоци :)
    Пресечете го зеленчукот на парчиња и измелете го во блендер.

    Во тава, згрејте го маслиновото масло, додајте го ситно исечканото лукче и пропржете на тивко за лукот да добие стаклеста боја. Истурете ја смесата од зеленчукот и промешајте.

    Посолете, додајте бибер и кари по вкус, и оставете ја да искрчка уште малку на среден оган, а по потреба додајте вода, во зависност колку сакате да биде густа.

    Кога ќе биде готова, сервирајте со рендано козјо сирење.

    Бон апетит!
     
  4. SOVRSENSTVO

    SOVRSENSTVO Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2010
    Пораки:
    2.790
    Допаѓања:
    1.556
    Ова ми е и едно од омилените јадења:
    Пилешки стек исецкан на коцќички се пропржува заедно со кромид, златна мешавина и печурки и се зачинува.
    Одкако месото ќе омекне вака приготвеното јадење се става во грнен ( глинен ) сад и се додава павлака, се размешува и се става во рерна да се потпечи. Кога ќе биде готово се вади и одозгора се ренда кашкавал и повторно се враќа во рерна само како да се стопи кашкавалот.
    Добар апетит ;)
     
    На DeMelo му/ѝ се допаѓа ова.
  5. CrAzYShAkA

    CrAzYShAkA Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јули 2010
    Пораки:
    86
    Допаѓања:
    65
    еве го и мојот личен рецепт и ептен брз
    на малце загрено маслоо ке ги ставите виршлитее да се испржат претходно исецкани на кругчиња отакако ке се попржат малце ке го додате кечапот и ке попржите малце и потоа ке го додадете претходно изрендираниот каскавал може и оригано да си додате и добар апетит
     
  6. Mayyya

    Mayyya Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    1.253
    Допаѓања:
    6.026
    Пол:
    Женски
    Еве еден рецепт за колачи/бомбици што вчера ги направив.

    Мелени бисквити (еден и пол ред - толку имав)
    Мелени ореви (во грамови не знам колку, ама 2-3 шаки)
    Сецкани суви смокви (нецело пакетче, една третина ги лапнав)

    Се замесува со шербет од околу 1 филџан шеќер и 1 филџан вода кој треба да проврие. Во шербетот ставив и две лажичка рум.
    Се прават мали топчиња и се валкаат во растопено бело и црно чоколадо. Се редат на хартија за печење или фолија.
    Од црното и белото чоколадо оставив по малку за украсување. Со лажица ставив од растопеното чоколадо во ќеса за замрзнување на ќошот и малку го засеков и со тоа ги ишарав топчињата. Откако ќе се изладат се редат во украсни хартиени калапи.
    Еве и сликичка :)
     

    Прикачени фајлови:

    На Annath и Serafima им се допаѓа ова.
  7. s.t.e.f.a.n.j.a

    s.t.e.f.a.n.j.a Нов член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2012
    Пораки:
    365
    Допаѓања:
    51
    јас сакам сосови и сува храна па често ја готвам

    Состав
    300 гр. шунка
    300 гр. сирење
    1 павлака
    1 тегличе мало печурки
    путер околу 2 лажици
    1 главица лукче
    сол и други зачини(оригано)
    Подготовка
    Се става прво шунката сецкана на мали коцкички да се пропржи во путерот , се додаваат печурките исто сецкани. Откако ке се пропржат убаво се додава сирењето. Од путерот сирењето ке се стопи и се додава павлаката кога ке се добие убава смеса се додаваат зачините меѓу кои е и лукчето убаво исецкано на најмали парченца(може толчено) и после зачинувањето сосот е готов
     
  8. starbucks

    starbucks Популарен член

    Се зачлени на:
    12 април 2011
    Пораки:
    3.064
    Допаѓања:
    6.663
    Се сечат на тенки кругови тиквички, модри патлиџани и компири. Во земјена тава се реди ред тиквички, ред, компири, ред модри патлиџани. Се става колбас исечен на кругчиња, ако не сте љубител, не ставајте. Врз нив се става кашкавал исечен на тенки парчиња. Потоа пак се става тиквички, модри патлиџани и компири. Се става зејтин, се ставаат зачини и се полива со вода. Се ставаат парчиња пушено месо или сланина и одозгоре пак кашкавал. Вкусот е феноменален. Денес им го правев на моите и многу ми го пофалија. Количината е произволна.
     
    На rrrrrrrrrrrrrrrrrrrr и dream.queen им се допаѓа ова.
  9. ocila

    ocila Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 април 2012
    Пораки:
    5.513
    Допаѓања:
    1.900
    свареш шпагети и полсе и соо со палвака,шунка,пармезан,печурки,краставички,

    Сендвич со павлака,мајонез,врат,кашкавал,домати,краставичи и на карја томатело,
     
  10. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    17.893
    Допаѓања:
    102.982
    Пол:
    Женски

    вкусно и лесно ми изгледа :) за вечер ке направам па се надевам ке биде успешно. Само што моментално немам калап за мафини ке го ставам тестото да се пече во правоаголно тавче :) ке ви пишам ;)
     
  11. veronikaveronika

    veronikaveronika Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 март 2011
    Пораки:
    188
    Допаѓања:
    132
    Јас секогаш ја правам во тавче и нема проблем. За ненајавени гости е одличен избор, за пола саат имаш вечера ;)
    Само сум приметила дека повкусна ми излегува кога наместо обично млеко ќе ставам или јогурт или пак кисело млеко.
     
  12. hermosa

    hermosa Популарен член

    Се зачлени на:
    7 декември 2011
    Пораки:
    3.490
    Допаѓања:
    8.288
    Пол:
    Женски
    Рецептот е швајцарски,ама јас малку си додавав состојки ,т.ест наместо Полнети печурки,ги направив Полнети печурки со брокули :D

    Најпрво го подмачувате плехот ,ги сечете дршките на печурките(јас ставам шампињони),ги полните печурките внатре со кашкавал,и ги распоредувате ,околку нив ставате брокули и исто можете и пак кашкавал да ставите и врз нив.
    Кога сето тоа ќе го завршите,мерите филџан вода и земате 1 кафена лажичка брашно ,го растопувате брашното во водата и со тоа го полевате плехот,и печете 15-до 20 минути.
    Превкусно е,прсти да излижете мјам мјам :inlove:
     
    На Mayyya му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Xepp

    Xepp Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2012
    Пораки:
    556
    Допаѓања:
    428
    Еве мој и на брат ми личен рецепт, значи не сум способна за некои незнам ти какви сосови за шпагети па евен еден ептен едноставен. Значи краставицаи рендана а може и ситно сецкана ( оние ренданиве ми се ново откритие, и е прееевкусно, што повеќе сос толку по убаво), павлака и мајонез. Се ставам од прилика, на што сакате да ви биде повеќе вкусто така правете ја ама сметајте дека павлака треба да има повеќе, околу четири лажички и две мајонез и пола краставичка, јас така ставам а може и повеќе краставичка. Е сега во шолја ја ставате павлаката и мајонезот, ама пред да го ставите мајонезот ако ви е густа павлаката ставате малце водичка и мешате мноогу убаво да дојде како полу течна ставате сол и повторно мешате и стават мајонез и повторно убаво мешате, кога е убаво намешано и без грутчиња и слични ствари е многу по убава и потоа ја додавате ренданата краставичка и повторно мешате но внимателно за да ренданите краставички не се распаднат. И за тоа време ќе ви се сварат шпагетките ги ставате во чинија и одозгора го ставате сосот и врз него во рацете убаво, многу убаво ќе иситните како во прав мерудија или нане две ливчиња. Абе послем тоа ти иде и чинијата да ја изедеш комплет.
     
  14. fairy88

    fairy88 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2010
    Пораки:
    1.504
    Допаѓања:
    7.490
    Чорба од пилешко месо.

    Се стават копани на варење и откако ќе се сварат ги чистам и ги враќам повторно во водата во која се вариле.Додавам ситно сецкан компир 2-3 компири, малку ориз, моркови печурки.Од зачини додавам сол, цр пипер и вагета.Одкако ќе се свари ја тргам чорбата од огинот и на крајот додавам многу свеж сецкан магданос и го оставам да омекне.Се јаде со исцеден лимон и многу е вкусна моментално неа ја готвам и затоа ми текна да ја напишам :D
     
  15. Chupe

    Chupe Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2011
    Пораки:
    656
    Допаѓања:
    421
    Последно што направив беше кофнички (и морам да се пофалам дека сите ми ги бендисаа)
    Пола квасец се растопува во вода околу 2 филџана с во тоа се додава 1 лажичка шекер, малце сол и една голема лажица брашно. Тоа се остава на кисне(да нарасне). Во ѓезве се става 300 мл млеко за се стопли и во него се крши едно јајце и се мати заедно со млекото. Во поголем сад за месење се става 500гр брашно и му се додава смесата со стасаниот квасец и млекото со јајце(измешаното). Се размесува убаво (тестото не треба да биде многу тврдо). Се остава да нарасне околу 40 минути. Откако ке стаса се размесува усте еднас и се остава усте 15 минути. По тие 15 минути се развлекува дел по дел на кори кои треба да бидат со дебелина од 1 см и кората ја сечете со нешто округло(јас тоа го правам со чаша). Како се вадат кругчињата така се пржат во поголемо количество загреан зејтин. Бидете внимателни многу брзо брзо се пржат. Вадете ги на хартија за да се исцеди непотребниот зејтин. На крај можете да ги поните со готварски шприц (со крем, мармалад, мед, кисела павлака и сл.)
    Јас лично им го отсекував горниот дел и ги полнев со мао парче кашкавал, куленче малце и кечап, а благите ги полнев со крем и ги посипував во шеќер во прав.
    Епа вуала, бон апетит ;)
     
  16. fairy88

    fairy88 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2010
    Пораки:
    1.504
    Допаѓања:
    7.490
    Ми текна да пишам и за пица бурек со готови кори :P
    Половина килограм кори од Кумановските за пита, потоа 200 гр шунка, 150 гр кашкавал, 150 гр кечап сето тоа се сечка и меша во чинија и се прави фил.
    Потоа корите се отвараат и во помала тавка како за бурек се намрсува убаво со зејтин и се ставаат3-4 кори одоздоле да ја покриваат тавката потоа се става половина од филот.Се тргаат уште 3 кори настрана, а остатокот од корите се брчкаат и се редат во круг во тавката.Од озгоре се додава остатокот од филот.Потоа во една чаша за чај се става 2 прста зејтин и се долива вода само не до горе туку 3/4 од чашата да е полна се додава и една мала лажичка сол и убаво се промешува тоа.потоа корите со фил се прскаат од озгора со водата да се потроши исто половина од течноста во чашата.Останатите кори се ставаат одозгора да се затвори бурекот и остатокот од течноста од чашата се сипува врз бурекот.Така подготвениот бурек се става во добро загреана рерна и се пече.Многу е важно да се премачкува горната кора со зејтин по потреба во тек на печењето за да не изгори.Проверено и многу вкусно се јаде топол бурек со јогурт мхмх прсти да си излижеш(Со овие фрази личам на Алачки :) )
     
  17. creshicka

    creshicka Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2011
    Пораки:
    2.152
    Допаѓања:
    5.709
    Пол:
    Женски
    Не знам колку е рецепт ама ако имате најавени гости и само 15 минути за да подготвите нешто за мезе ви го претставувам мојот личен рецепт ДОМАШНИ КУБЕТИ. Там та ра рааааааам.

    Загрејте ја рерната на 200.
    За тоа време кришки леб тенко исечете ги на коцки, големина по ваша желба.
    Во плех ставете хартија за печење.
    Наредете ги коцкичките леб и врз нив ставете масло за готвење, јас ставав врз секое парченце со лажичка масло.
    Врз маслото ставете зачини по вкус, јас ставив сол, и вегета, а може и оригано, ако сакате да се лути може буковац, или пак лук во прав.
    Печете ги нешто помалку од 10 минути додека да се испечат ама да не станат црни.

    ПРЕВКУСНИ СЕ. Купените кубети може вода да им носат на моите. 8)
     
    На Marchesa му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Marchesa

    Marchesa Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 мај 2011
    Пораки:
    308
    Допаѓања:
    965
    Една салатка што си ја правев летово, ми заменуваше ручек кога беше топло и не ми се јадеше нешто тешко. А сега ја правам, а ако сум поградна си земам тесто за пица му ставам зачини, сусам ова-она и го печам да добијам нешто налик на фурнаринки. :D
    Во салатата ставам ориз (од оној во кам, во кесички што се вари, една ми е доволна), една конзерва туна/сардина, марула ако имам во моментот, домати, кисели краставички, маслинки, златна мешавина знам да ставам некогаш ако немам свеж зеленчук, и секако дробени кикиритки. Се сецкам на ситни коцки, ставам малце маслиново и балсамико и готово е ;)
     
    На mims-89 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Angel-Adriana

    Angel-Adriana Популарен член

    Се зачлени на:
    28 август 2012
    Пораки:
    1.085
    Допаѓања:
    555
    Мојата е вака:
    купено готово тесто за торта, како се вика сега точно незнам
    врз тоа пудинг од ванила
    и врз пудингот јагоди. Да се остави во фрижидет 1 ипол или 2 саат и толку освежително благо! прсти да излижеш!
     
  20. Ilusionist

    Ilusionist Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2012
    Пораки:
    752
    Допаѓања:
    1.912
    Моето омилено.

    Во огноотпорен сад ставам малку масло. Редам тенки кругови домати, една половинка рендано сирење, потоа ставам пржени колбаси исечени на крукчиња (некогаш го правам и со сланина или чајна кулен и сл)
    Го ставам да се потпечи малку и потоа врз него ставам 3-4 јајца. На мојата доза. Јајцата цели не разматени. Одозгора посолувам со оригано или друг зачин по вкус.
    Печам....и потоа јадам како луда :D