Трпе пијан се враќа по полноќ и пред себе тркала една автомобилска гума. Трпана го прашува: – Зошто ти е таа гума, бе, глупак, па ти немаш кола?! – Те прашувам ли јас тебе зошто си купуваш прслуци?! Блажо влева у кафен'то, и а прашуе келнерката: ---Срцка, убава ли ти е домашната ракија... ---Каа мене е убава.... Блажо а гледа, и вика: ---Дај едно ладно пиво....
-Мамо мамо, зашто жените кога прават свадба се облечени во бело? -Па како бе синко, тоа им е најсреќниот ден во животот. -Ааа, сега сфаќам зошто мажите се облечени во црно.
Ѕвони некој на врата. -Кој е? -Мајсторот за прозори. -Па пред малку само што дојде еден мајстор за прозори -Знам, јас сум тој. Паднав...
Ќерката: Мамо, што е тоа брак? Мајката: Културен израз за посвојување на возрасно машко дете за кое родената мајка повеќе не може да се грижи.
Изјава на манекенка "Сакам да ги поздравам моите родители, особено мајка ми и татко ми" За мене немој газирано, пију лекови? - Ракија? Може!
Животниот пат на Блажо папучарот... ---Дека тргна Блаже.... ---Ами Мариче, Недела е си реку троа до кладилницата.. ---Испеглани ли се алиштата... ---Паа не.. ---А со просмукалката помина ли бре... ---Ами не Мариче... ---И дека че одиш ти... ---Де бре Маре.... ---Добро бе Блажо се заебавам еее, ај донеси ми едно ладно пиво од фрижидерот и оди, и нуму да си се обложил на ниа Аргентинците оти че играе сукал'то.....
– Ало! Пожарна? – Да, госпоѓо, повелете. – Јас скоро посадив цвеќе… – Госпоѓо, баравте пожарна?! – Да, барав. Tоа е мнoгу скапо, егзотично цвеќе… – Госпоѓо, баравте и добивте противпожарна служба, a не цвеќара! Кажете како можеме да ви помогнеме или спуштете ја слушалката и ослободете ја линијата!!! – Добро де, што ме напаѓате веднаш! На комшијата му гори куќата, па кога ќе го гасите пожарот, пазете на цвеќето.
Дечкото:Имаш многу убави заби. Девојката:Леле,фала многу. Дечкото:Како таа песната,еден лево,десно два,еден напред,назад сад.
Лежи Црногорец на плажа, ставил шешир на половиот орган и на шеширот натпис: ГЛЕДАЊЕ 5 ЕВРА. Поминале две дами, ставиле 5 евра, го кренале шеширот и погледнале. Едната дама прашува: – А колку чини малку да поработи? Црногорецот одговара: – Бегај таму, да сака да работи, не би просел.
Земјоделец си купил млад петел да му ги почитува кокошките. Го пуштил во кокошарникот кај другите кокошки, а петлето веднаш отишло да му се перчи на стариот искусен петел: – Од денес ова е мој кокошарник и ова се мои кокошки! Стариот петел му рекол: – Има уште сила во мене, не ме отпишувај така брзо. Ајде да се договориме вака: Ако успееш да ме фатиш во дворот кокошките се твои. Се согласило петлето, стариот петел тргнал да бега, а младиот да го брка. Фармерот ги погледнал од страна, ја извадил пушката и го застрелал новиот петел: – Тууу, што ќе беше ова?! Трет петел купувам и сите пе*ери се погодија!
Трпе и Трпана решиле да се разведат и на суд требало да одлучи чие треба да биде детето. – Трпано зошто мислите дека детето треба да биде ваше? – Па јас се мачев да го носам девет месеци, јас броев ѕвезди кога се порагав. – А ти Трпе зошто мислиш дека е треба да е твое? – Епа судијо, кога пиеш кафе од автомат во ходник и кога уфрлас паричка чие е кафето, твое или на автоматот?