1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Воведување на цврста храна кај бебињата

Дискусија во 'Бебе' започната од ROSII, 29 ноември 2009.

  1. Rabbit

    Rabbit Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 септември 2012
    Пораки:
    2.252
    Допаѓања:
    45.678
    Пол:
    Женски
    Мислам дека некоја мајка овде спомна дека црешите исто како вишните се 7+
     
    На Bibi 88 и joy1 им се допаѓа ова.
  2. chocolade

    chocolade Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јули 2014
    Пораки:
    2.215
    Допаѓања:
    6.882
    Пол:
    Женски
    Дали може да воведам тарана(посна), рогач, ц.цимет, павлака, абц кремсир? Имаме 7 месеци и 10 дена
     
  3. Пчела

    Пчела Популарен член

    Се зачлени на:
    3 мај 2015
    Пораки:
    453
    Допаѓања:
    1.437
    Пол:
    Женски
    Мајки едно прашање, кога можам да воведам 2 оброк? Малата си јаде убаво кога ќе и дадам доручек,па се мислам да не сака и ручек. Се доиме само после доручекот,вода и сок не пиеме
     
  4. slimy

    slimy Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2012
    Пораки:
    1.361
    Допаѓања:
    1.443
    Пол:
    Женски
    А да пробаш да ги вариш повеќе да омекнат и подобро се блендират.Јас секогаш го варам малку вишњата и никогаш досега не сум приметила лушпи, зашто да беше така син ми ич не јаде пасирана само многу блендирана ако има парченце веднаш повраќа и се дави.
     
  5. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    19.373
    Допаѓања:
    317.583
    Пол:
    Женски
    Цимет можеш.
    Рогач мн мн покасно,9+
    За крем сир и павлака незнам никогаш не сум дала такво нешто на бебе
    Тараната е еден вид тестенина и за неа би почекала
    Мое мислење е ова :)
     
    На zuto му/ѝ се допаѓа ова.
  6. zuto

    zuto Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2014
    Пораки:
    3.856
    Допаѓања:
    28.387
    Грашокот го убивам од варење, поубаво се лупи секако. Вишната не ја варам, свежа ја давам.
     
    На slimy му/ѝ се допаѓа ова.
  7. chache87

    chache87 Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2013
    Пораки:
    425
    Допаѓања:
    311
    Мајки од кои сливи давате на бебе? Јас купив едни суви ама пишува може да содржи глутен а бебе е 6 месеци
     
  8. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    19.373
    Допаѓања:
    317.583
    Пол:
    Женски
    Како може овошје глутен да има?
     
    На victoria му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Kaffe

    Kaffe Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 март 2015
    Пораки:
    549
    Допаѓања:
    663
    Пол:
    Женски
    Јас имам замрзнати, но при крај ми се и ме интересира какви суви сливи давате?
     
  10. victoria

    victoria Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 февруари 2010
    Пораки:
    1.943
    Допаѓања:
    28.796
    Пол:
    Женски
    Мораат да напишат дека може да содржи,ако таа фирма произведува, пакува производи што навистина содржат глутен поради инспекции.. Ако по случаен избор се земе тој продукт а поминал на трака кај што имсло производ со глитен, при анализата ќе се појави процент и ако произведувачот не напише вака, ќе си добие казна... :(
     
    На joy1 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. chocolade

    chocolade Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јули 2014
    Пораки:
    2.215
    Допаѓања:
    6.882
    Пол:
    Женски
    И мене малку чудно ми беше, комшика ми ми рече дека можело :^)
    А експандиран ориз дали смееме? И дали се дава како замена за обичниот ориз? Дали прави запек? Фала :f:
     
  12. Kitten

    Kitten Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    9.375
    Допаѓања:
    42.190
    Пол:
    Женски
    Тестенини малце понатака, после воведување глутенски житарици, отприлика после деветиот месец. Млечниве можеш откако ќе воведеш млечни производи, но да знаеш дека Абц има малку сол, а павлаката има многу емулгатори. Што се однесува до рогачот, тој е добра замена за какаото кое се дава после 12 месеци. Јас некаде читав дека може од 7-8 месеци па јас така и почнав, но искрено вкусов е далеку од какао, на мојава а богами ни на мене не ми се свиѓа.
    Експандиран ориз можеш.

    Суви сливи јас купувам од фирмата Агромакс (беровска фирма), природно сушени без додатоци.
     
    На joy1, zuto и chocolade им се допаѓа ова.
  13. Amorce2

    Amorce2 Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2014
    Пораки:
    398
    Допаѓања:
    1.618
    Пол:
    Женски
    Пред некој ден прашав ама искусните мамички не кажаа. Треба да почнеме со глутен, со што се почнува? И за трет оброк, третиот оброк треба да е млечен или нема правила? Што давате како трет оброк? Хелп :)
     
    На PUPICA му/ѝ се допаѓа ова.
  14. PUPICA

    PUPICA Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 јануари 2015
    Пораки:
    3.013
    Допаѓања:
    96.959
    Пол:
    Женски
    Istoto i mene me interesira.I mene ne me udostoija so odgovor ;)
     
    На Amorce2 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    19.373
    Допаѓања:
    317.583
    Пол:
    Женски
    Глутенот го воведов со бисквита на хипп па продолжив со јачменови снегулки ,изборот е твој.
    Трет оброк воведов во 8 ми месец како вечера и најчесто давам житарица со овошје,палента со кисело млеко или кисело млеко со житарици( мн ретко ова бидејки не и е вкусно),или готова нокна каша на хипп со бисквита или ванила(од тегла).Има нокни каши и од кутија но такви не сум користела :)
     
    На Amorce2, Пчела и PUPICA им се допаѓа ова.
  16. Kitten

    Kitten Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    9.375
    Допаѓања:
    42.190
    Пол:
    Женски
    Глутен може да се почне со спелта, вид на пченица која има помалку глутен. Јас почнав со лепче :) па продолжив со овесни и пченични снегулки.
     
    На НаталиЛили и LaDyDoLl им се допаѓа ова.
  17. azelea

    azelea Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2012
    Пораки:
    3.482
    Допаѓања:
    15.374
    Женски и ние стигнавме до оваа тема,деновиве почнав со полни пет месеци да и давам да пробува вкусови,имаме пробано јаболко,круша и тиква,нели се почнува со 2-3 лажички,но на цуца моја и се бендиса и и дадов 1/3 од кашичката,се надевам не е страшно.
    Ме интересираат неколку прашања,колку време може да стои домашно приготвена кашичка во фрижидер? Дали секој продукт мора прво да го дадам чист или може да го измешам со нешто што претходно пробала,на пример морковот сам или во комбинација? И со замена на оброк се почнува со 6 полни месеци така?
     
  18. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    19.373
    Допаѓања:
    317.583
    Пол:
    Женски
    @Jagoda123 конечно купив кус кус.Како ти го спремаш?
     
  19. Kaffe

    Kaffe Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 март 2015
    Пораки:
    549
    Допаѓања:
    663
    Пол:
    Женски
    Мајки домашно цвекло од кога и како почавте да давате? Исто и компир? Во некои табели е 6+, а во некои 7+
     
  20. Jagoda123

    Jagoda123 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 април 2012
    Пораки:
    2.467
    Допаѓања:
    11.105
    Пол:
    Женски
    Го ставам во чашка и го попарувам со зовриена вода. Чашката ја поклопувам со тацна и чекам околу 10 минути да набабри кус кус-от и да ја впие водата.
    Потоа со лажица ја тргам водата која е вишок и комбинирам со што сакам.
    Најчесто со јогурт или кис.млеко и додавам семки од тиква, масло од тиква. Некогаш комбинирам со урда, а многу ретко и со овошје, можеш и со зеленчук.. Со што сакаш. :)
    @Kaffe домашно цвекло и компир се 6+
     
    На TIGARCE86, Kaffe, zuto и 1 друга личност им се допаѓа ова.