Кај нас па друга ситуација,откако почнавме со цврста храна,во денот по 3-4 пати кака,не дека претходно не какаше ама по два пати,а сега знае и повеќе,од ништо не и се створило запек,само што ќе се најаде одма се празни,се надевам дека е во ред ова
Мајки ни дојде време за глутен, но со што да го воведам. Некаде читав со овесни снегулки, но баш сега читав во здрава храна за наше бебе некои мајки пишуваат дека овесните снегулки не содржат глутен.
Џабе се нервирав, денес си наплати за вчера... И супер столица, без проблем. И сега сум на дума - да и дадам пак банана, ама овој пат со усул - пола и измешана со повеќе вода, а не цела како претходно, или да ја одложам бананата за во иднина, и да дадам нешто друго... @azelea Супер е тоа редовно одење според мене - брз метаболизам.
А бе мамички одкако почнав да и давам лук и кромид на малата почна да и мириса здивот, што е мислам нормално. Е сега секојдневно слушам коментари како и мирисал здивот Да не сум и давала повеќе. Дали и вашите бебуши кога јадат лук им мириса здивот?
Па нормално дека мириса. Ти кога јадеш лук и кромид не ти мириса здивот? Јас не сметам дека тоа е нешто страшно, што знам. Ќе и миеш запчиња почесто А тие што коментираат, нека си зборат.
Majki, griz I palenta na koi firmi davate? Jas sega pocnav so voveduvanje na cvrsta hrana I pravenje na spisok na site potrebni informacii, pa sega za sega mi fali ovaa.
Колку е препорачливо количински за прв пат да се даде овошје? Со првото дете мака мачев со јадењењто,а второто сега има 5месеци и му дадов готова кашичка од јаболко и ја изеде пола тегличка и сакаше уште, па си мислам да не му дојде многу за прв пат?
Поради можност од алергија прв пат секогаш се дава малце. Замисли да е алергичен на нешто и од тоа нешто место 2 лажички му дадеш цела тегла? Може мн лоша реакција да има
Ма батали ги, ќе замерувам на бебе здивот како му мириса бе! Па нема дечковци да брка сега па орбит мастики да џвака. Лукче и кромидче е здраво да се јадат и да и даваш, а за тие што коментираат ич да не се замараш. Речи им: и вас газот ви смрди па си го носите
Мамички, ајде хелп малку. Бевме на одмор и касниме со воведување нови намирници, они денес прават 10месеци, може да ми кажете што ново можам да воведам од зеленчук, овошје и додатоци? Нешто и од 9 немам воведено, па ако има некоја мама време, ептен би ми помогнала
Мамички ај ве молам кажете со што комбинирате киноа, кускус,амарант и булгур. И начин на подготовка (се киснат прво па се варат или како..?). 9+ сме. Поздрав многу до сите. Ве читам стално, но немам време да пишувам
@wtff од овие јас давам само киноа и кус кус. -киноата ја варам.Отприлика на мал фиџан вода додавам голема лажица киноа.Кога е готова ке биде како распукана како лушпи да има.И со овошје ја давам. -кус кус не се вари.Ставам голема лажица во фиџан врела вода да отстои десетина минути.Кога ке набабри е готов.Ја процедувам водата и го давам исто со овошје.Мене само така ми ги јаде.Но можеш и со зеленчук или кисело млеко.Нема штета. Инаку сакам да прашам дали може ананас да воведам?Имаме 11+ месеци. И бидејки бевме на одмор ја одложивме рибата.Дали е во ред да почнам со пастрмка?Мора варена или може и печена ?