1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Воведување на цврста храна кај бебињата

Дискусија во 'Бебе' започната од ROSII, 29 ноември 2009.

  1. slimy

    slimy Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2012
    Пораки:
    1.361
    Допаѓања:
    1.443
    Пол:
    Женски
    сакам да прашам со што подготвувате кашички за бебето со пасатор или блендер со поголем сад што е?
    ние веќе од идниот месец после месеци сакам да почнам да му давам да проба овошје па сакав да купим и цела збунета сум гледам има сечко,пасатор и блендер и сега појма немам што да купувам особено ко. е поефикасен за месо кога ќе почне да јаде?
     
  2. leona83

    leona83 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2014
    Пораки:
    2.548
    Допаѓања:
    1.980
    Пол:
    Женски

    Ладно е, нема потреба во фрижидер. Овошјето оксидира за брзо време па би требало и брзо да се изеде, а зеленчук, месо неколку саати на собна температура и толку. Од денес за утре на бебе јас не давам.
     
  3. leona83

    leona83 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2014
    Пораки:
    2.548
    Допаѓања:
    1.980
    Пол:
    Женски

    Блендер ќе си купиш, со помал сад за да бленда и помала количина. Во темата воведување цврста храна јас прашав какви користат мајките и има некои препораки, провери.
     
  4. Cacuvche

    Cacuvche Популарен член

    Се зачлени на:
    8 март 2013
    Пораки:
    997
    Допаѓања:
    325
    Пол:
    Женски


    Изеде од морковчето ама со мое млекче измешано, чудно ми падна од првата лажичка оти не одбивало до сега ништо. Утре пак морковче имаме и на хипп ама му правиме домашно органско потоа одиме на пашканат.
     
  5. leona83

    leona83 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2014
    Пораки:
    2.548
    Допаѓања:
    1.980
    Пол:
    Женски
    Јас пашканат дадов дури пред 7 месец. Ориз, компирче, банана, модра слива можеш да дадеш. Тоа е зеленчук, не брзај толку. Нова намирница се дава по три дена ама не повеќе од 6 месечно на почеток.
     
  6. Cacuvche

    Cacuvche Популарен член

    Се зачлени на:
    8 март 2013
    Пораки:
    997
    Допаѓања:
    325
    Пол:
    Женски

    Даваме се по 3 дена, а и ние се снимавме со првото хранење.
     
    На leona83 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Cacuvche

    Cacuvche Популарен член

    Се зачлени на:
    8 март 2013
    Пораки:
    997
    Допаѓања:
    325
    Пол:
    Женски
    Од утре ќе даваме благ компир дали има некој искуство со тоа?
     
  8. Nova

    Nova Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    1.043
    Допаѓања:
    1.125
    ^ Да. Ќерка ми денед тоа јадеше: благ компир, просо, морков и кокосово масло.
     
  9. snegulkata

    snegulkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    2.834
    Допаѓања:
    28.330
    Денес и правев каша од овошје и пченкарни снегулки. Рецептот го прочитав од еден форум во тема со бебешки рецепти и исто добив совет од нашиот педијатар дека треба да воведам пченкарни снегулки во исхраната на бебето.
    Пченкарните снегулки отстојаа во врела вода петнаесетина минути, па блендирав, па пасирав (овде потрошив купа време а бебуш цело време плачеше ;( ) и на крај во кашата останаа ситни парченца од пченкарните снегулки (како ептен мали лушпички :^) ). Ми беше страв да и ја давам таква :$ , проба само три лажички и плачеше за уште ама мене пусти страв да не и застане некое мало парченце во грло.

    И сега сакав да ве прашам дали и во вашите каши од пченкарни и овесни снегулки остануваат такви ептен мали парченца? Смеам ли такво да давам на бебето или да си купам мелена пченка па да баталам снегулки.
     
  10. Nova

    Nova Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    1.043
    Допаѓања:
    1.125
    Бебето плачело за уште и ти си престанала. Ах еден стап за тебе! :)) Штом не се задавило од првата лажичка нема ни од другата, знам дека ти е страв ама нема шанси од снегулките да му застане парче и да направи беља, слободно давај.
     
  11. leona83

    leona83 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2014
    Пораки:
    2.548
    Допаѓања:
    1.980
    Пол:
    Женски
    Дајте слика од кои пченкарни снегулки давате, кој може:)
    Мајки почнав со жолчка, по препорака на др.давам преку еден ден, 1/8 три пати, па 1/4 итн. Заборавив да прашам дали во меѓувреме смеам да давам нова храна? Другарка ми вика ако е алергична и од малку и одма ќе покаже, да не сум губела време. Што мислите вие или како сте правеле?
     
  12. zuto

    zuto Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2014
    Пораки:
    3.856
    Допаѓања:
    28.387
    Мајки и мене ми рекоа да почнеме со цврста храна пред неколку дена и јас почнав денеска. Имам поголем блендер кој не ми ја изблендира добро храната, ама се снајдов со друг. Во меѓувреме порачав помал за помало количество храна. Почнавме со јаболко, син ми беше смешки. Ја "џвакаше" храната ама се лутеше оти му давав. Не изеде многу, дали половина лажичка се на се, оти почна да плаче па престанав.

    Е сега прашањето мое е: Со што да продолжам после 3 дена јаболко? Докторката ми рече со компир и да давам наизменично овошје па зеленчук. На интернет читам се и сешто, најразлично. Ваш совет ќе ве молам.
     
  13. Cacuvche

    Cacuvche Популарен член

    Се зачлени на:
    8 март 2013
    Пораки:
    997
    Допаѓања:
    325
    Пол:
    Женски
    Ние денес наполнивме 6 месеци, по колку оброци треба да јаде на ден, само еден, јас така мислам а маѓ ми вика по 2??
     
    На l-a-d-y-di му/ѝ се допаѓа ова.
  14. snegulkata

    snegulkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    2.834
    Допаѓања:
    28.330
    Море за 100 стапа сум (facepalm) Утре ќе си ја поправам грешката и ќе и направам повторно каша со пченкарни снегулки! Поздрав Nova :*

    Ние сме исто 6 месеци и јадеме по два оброка дневно, еден овошен и еден зеленчуков! Инаку оброците ни се помали (80-100гр) затоа сметам дека двапати треба да јаде. Преку цел ден цица кога сака и колку сака!

    Јас и давав првиот месец овошје (започнав со круша,па јаболко, па слива, банана и правев комбинации), потоа воведов и ориз, а при крајот на месецето започнав со зеленчук (компир, морков и блитва).
    Поделено е мислењето за тоа со каква храна да се започне,дали со зеленчук или овошје, но повеќето мајки одлучуваат да започнат со овошје бидејќи полесно го прифаќаат бебињата. И овде на форумот повеќето мајки започнале со овошје.
     
    На l-a-d-y-di му/ѝ се допаѓа ова.
  15. l-a-d-y-di

    l-a-d-y-di Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2013
    Пораки:
    839
    Допаѓања:
    488
    Пол:
    Женски
    Cacuvche во друга тема и јас истото го прашував, благодарение на snegulkata, од утре ке пробам со зеленчукова каша
    незнам дали да почнам со морков или со некој друг зеленчук^_^
    што мислите вие
     
  16. Nova

    Nova Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    1.043
    Допаѓања:
    1.125
    Можеш морков можеш и тиквичка.
     
  17. Nova

    Nova Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    1.043
    Допаѓања:
    1.125

    Јас само тој ден до наредниот не давав ништо ново. Алергијата на жолчката е моментална арно вика другарка ти.
     
    На leona83 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. * Zence *

    * Zence * Активен член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2014
    Пораки:
    75
    Допаѓања:
    180
    Пол:
    Женски
    Почнавме со пробување на вкусови дали смеам да дадам тиква на мојата цуцка имаме полни 5 месеци |(
     
  19. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    19.385
    Допаѓања:
    317.947
    Пол:
    Женски
    Да,смееш.
     
  20. meli23

    meli23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 септември 2013
    Пораки:
    107
    Допаѓања:
    122
    а тиквичка може да се комбинира со нешто или ?