јас му дадов кашичка и многу го сакаше дури повеќе и од јаболко, не давам сокчиња директно со кашичка.
Јас дадов кашичка од морковче и добро ја прифати, од второто давање ( првиот пат само лажичка дадов па може и немаше кога да покаже дали и се допаѓа).
мајки ние пробавме јаболко, морковче, компир и од денес банана, потоа што може да му дадам? и ме интересира гриз и палента од кога се дава
Јас почнав со киноа на скоро 7.5 месеци , за прв пат сварив мало кафено лажиче а потоа зголемував. Брзо се вари, околу 20 мин.ама јас секогаш малку повеќе ги варам. Просо завчера воведов, наредно планирам амарант па некои глутенски ( инаку имам воведено глутен).
Аха, значи сега за сега да воведувам само овошје и зеленчук претежно. А што со оризот, кога почнавте да го давате? За месо ми текоа на 6.5 месеци...
Ориз има и во купечките кашички и тоа 50% од нив е ориз, значи ако си дала купечка каша веќе е пробан ама сепак дај оривче слободно , може на оваа возраст, прво само чист а потоа комбинирај. Јас лично со месо почнав скоро на 7 месеци. А за да јаде месо мора да имаш воведено повеќе зеленчук, за комбинации.
За месо ќе подразмислам, оти ние уште се мачиме со јадењето. Овие два дена како да има мал напредок, оти почнав да му давам да јаде кога јадеме и ние, па успевам лажичка-две да му дадам малку. Може кога ќе се навикне на јадењето и ќе јаде малку повеќе тогаш ќе почнам со мевце. Купечка кашичка дадов само еднаш колку да пробам да не ќе ја јаде неа, ама немаше ефект па не знам дале се рачуна како да сум му дала. Ориз ќе почнам да му давам следно, може со компирче, морковче, тиквичка, брокула. Фала ви мајки.
Пиперка воведов околу 7.5 месеци, пченка можеш ( ама како, ќе ја вариме и блендираме?) а за цвекло ако имаш домашно можеш ако е купечко после 9 месеци- ова е инфо од здрава храна за деца. Зелената пиперка секогаш ја комбинирам со месото заради ц витаминот во неа.
Пченката е над 6. Грашок исчистен со лушпата е после 8-9. Пиперката зависи од мешето на бебушот, некои од 8 некои од 10. Цвекло нетретирано и домашно од 6, од пазар над 9.
Сега прочитав на фб ,овошјето пред употреба да се стави во вода и пола филџан оцет.Да отстојат 15 тина минути па да се измијат убаво.Оцетот убивал 98 посто од бактериите или пестицидите.