Значи тотално утнав со пченката ќе морам да барам друго решение. Што би било подобра варијанта, да ја дадам преку кашичка, или замрзната, конзервирана, полусварена....некоја од овие варијанти? Вие како ја давате?
Спанак дадов на 7 полни.И давам еднаш во 7-8 дена бидејки е потежок за бубрезите. Пченка давам на фриком замрзната по неколку зрна заедно со зеленчук и месо.
А да прашам јас за пилешко месо? Негде прочитав дека се дава од 6+? Нас на ред ни е палента па така да и кога би вовела тоа би било после 10 дена. Значи би имале негде 6 м плус 3 недели..
Рано ви е за месо.Од полни 7 со месо се почнува.И пилешко само домашно ако најдеш.Немој куповно полнето со хормони .
И јас мислев дека е рано но кога прочитав се подзамислив да не грешам. Пилешко нарачав од Хрватска домашни се убави
А на топлово како ке ви ги транспортират? Веројатно со ладилник. До тогаш можеш просо,киноа,праска,авокадо,кокосово...ако нешто од ова немаш дадено дај.
Убаво сомелено можеш да му ставаш по малку во кашите. Можеш во овошните, со житарици, со јогурт или кисело млеко...
Можеш да дадеш, безглутенски се и проверени. Имам пријателка што само тие ги дава, на детето до една година му немаше дадено ништо глутенско. Јас ги пробав кај неа, не се благи како плазмата. Затоа мојава госпоѓица само ја проба бисквитата и ја џитоса Навикната е на Плазма. И јас почнав пченка да давам деновиве, замрзната. Подобро е замрзната отколку во конзерва...сепак, се што е во конзерва има и некаков конзерванс. Но ме интересира @joy1 како ја даваш, со или без лушпа? Дека нели е 12+ ради лушпата, па јас почнав прво да ја стискам низ цедалка, вчера ја лупев...абе нерви искинав! Ако ја даваш со лушпа, имаше ли некаква реакција на стомачето? Туку дајте мами некој извор за домашно пилешко. Се утепав барајќи! Уште немаме пробано, само домашни јајца наоѓам, пиле не
Каде поточно ги има овие кекси, во кој маркет? Јас досега ништо такво му немам дадено, ни плазма ни хип... Ама штом викаш не се благи сакам да пробам оти мојов благо не може да смисли.
Пак јас со прашања Праски му дадов на малиот преку кашичка, немаше никаква реакција, супер ги прифати. Сега најдов свежи, добри се. Како се даваат, се обаруваат, или не? Чиа и амарант како давате? Како ги припремате?
Праски свежи. Јас се што е овошје давам свежо. Само зеленчукот до година треба барем обарен. Амарант се вари но немам користено, ќе каже некоја со искуство. А за чиа сте мали, тоа оди после една година.
Во Пρилеп пρашав во неκолκу аптеκи збунето ме гледаа,немаа појма за што пρашувам,а κога κажав деκа баρам за 8месечно бебе,оооо па можеш плазма да даваш веќе,беше одговоρот. Исто и во Тинеκс ги нема.
@Kitten наρедна недела одам Пρеспа на село κај баба ми,аκо успеам да најдам домашно пилешκо,се надевам ќе најдам аκо саκаш ќе ти пишам,и ќе земам и за тебе пиши ми лп позз
Средено е за транспортот, ми пристигна веќе. Но нема да можам да воведам до 7 месец нели. Валда нема врска што ке постои во замрзнувач?