1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Возачка дозвола (и сè е можно). Какви возачи сте вие?

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од Mandarinna88, 15 јуни 2010.

  1. jesicaalba

    jesicaalba Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јули 2011
    Пораки:
    138
    Допаѓања:
    25
    Возачка дозвола (и се е можно). Какви возачи сте Вие?

    Здраво до сите шоферки, особено до оние кои се нови во оваа работа. Положена сум еве веќе три недели и чекам за да се сликам за возачка дозвола. Во меѓувреме, со уверението можам само во мојот град да возам или може и низ државава?
     
  2. eva11

    eva11 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2011
    Пораки:
    1.851
    Допаѓања:
    757
    Возачка дозвола (и се е можно). Какви возачи сте Вие?


    хаха по закон додека не земеш возачка не смееш да возиш ако те застанат ако сака може да те казне ама не верувам и јас возев во градот додека да ми стигне возачката ама не ме имаат застанато сеуште а колку сум добар шофер па откако ке почниш сам да си возиш секојдневно ке увидиш дека си немал појма од возење и секоја наредна ден ти е искуство плус мене рикверцот ми е малку страшен сеуште некако немам прегледност наназадтаква е колата а на ретровизор немам навикаич да погледнувам
     
  3. Talita

    Talita Популарен член

    Се зачлени на:
    14 ноември 2011
    Пораки:
    941
    Допаѓања:
    1.396
    Пол:
    Женски
    Возачка дозвола (и се е можно). Какви возачи сте Вие?

    ^^ ако имаш потврда од полиција дека чекаш возачка дозвола,можеш да возиш :)
    А за во друг град мислам дека можеш и таму да возиш не сум многу сигурна ама 80% е така :)
     
  4. Dushica-sk

    Dushica-sk Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.048
    Допаѓања:
    3.924
    Возачка дозвола (и се е можно). Какви возачи сте Вие?

    Кога ќе се сликаш ќе ти дадат потврда и со таа ќе можеш да возиш :)
     
  5. Nika666

    Nika666 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    321
    Допаѓања:
    217
    Возачка дозвола (и се е можно). Какви возачи сте Вие?

    Културен возач сум, застанувам на пешачки, пуштам коли да ми се пикнат ако сакаат, не свирам, како сите што возат тука. Јас сум се само не Скопски возач. Енд Ај ем соу демн прауд оф дет ;)
     
  6. Gorgina

    Gorgina Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 септември 2012
    Пораки:
    38
    Допаѓања:
    12
    Возачка дозвола (и се е можно). Какви возачи сте Вие?

    Феминки да ве прашам во врска со тестовите, дали мора да се извозат сите часови па после да се полагаат или може и порано?
     
  7. jesicaalba

    jesicaalba Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јули 2011
    Пораки:
    138
    Допаѓања:
    25
    Возачка дозвола (и се е можно). Какви возачи сте Вие?

    Мора да се извозат сите часови па со таа потврда за завршена обука се пријавуваш во испитниот центар за полагање и на теоретскиот и на практичниот дел. :)
     
  8. wolf4e

    wolf4e Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2010
    Пораки:
    2.285
    Допаѓања:
    1.894
    Возачка дозвола (и се е можно). Какви возачи сте Вие?

    Cакам да ги прашам на оние што имаат веке возачка дозвола,како се навикнавте да возите сами од како ја земавте возачката? :wasntme:

    Jас никако да се опуштам,нон стоп сум нервозна па и кога возам со мажот ми,ме полудува само нешто мрчи :^)
    Cе ми се чини ке ме слика некоја камера за брзо возење,ке ми дојде полиција..... :rofl:
    Mалава назад фала богу мирна е,но јас никако не можам смирено да возам,вас како ви беше?
     
  9. Rubiii

    Rubiii Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    2.616
    Допаѓања:
    5.416
    Пол:
    Женски
    Возачка дозвола (и се е можно). Какви возачи сте Вие?


    По правило мора, и кога одиш да пријавиш тестови, треба да се приложи она картончето со датуми и потписи како доказ за извозени часови, ама во практика сите оставаат од 3 до 6 часа за од после тестови.
    Ова најубаво инструкторот прашај го, всушност тој и би требало сам ова да ти го предложи :D

    .
    Јас многу се нервирам кога некој што седи во кола, посебно на сувозачко, без потреба ми суфлира што и како да направам. Татко ми е страшно добар шофер и повеќе од тоа, ама едноставно тенки живци има, и на првото возење со него само збореше како ќе се учукам со некој ретровизор лево десно и ми се наби страв дека стварно ќе се удрам со некого, за на следното возење со него се зачукам со ретровизори.
    После се до положување прекинав да возам-вежбам со него, и најубаво ми е сама, најлесно се навикнав и на кола и на улици и на вожња- сама.
    Едноставно ме нервираат суфлирања и темни сценарија од било кој во кола, посебно од сувозачко, затоа ти предлагам сама вози си без некоја цел, седни и вози си сама со музика, затерај на некој слободен широк пат- автопат, за сама да се навикнеш на колата и да ја осеќаш,секако доколку се сметаш за стабилен возач со знаења од знаци, правила и сл. :)
     
    На wolf4e му/ѝ се допаѓа ова.
  10. maja8

    maja8 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2010
    Пораки:
    2.847
    Допаѓања:
    2.158
    Возачка дозвола (и се е можно). Какви возачи сте Вие?


    На почеток воопшто немаш осет за она што се случува околу тебе, ни како работи колата, ни ништо, баш затоа што мислиш на тоа да не згрешиш нешто... Вози низ населени места прво кај што нема многу сообраќај, така подобро да се опуштиш.

    Јас многу немам возено со татко ми, па затоа првите возења на само бев во хаос. Бев толку сконцентрирана да ги следам автомобилите околу мене каде се движат, да не заборавам да погледнувам редовно во ретровизор, па така на моменти скроз заборавив дека има и пешаци во сообраќајот :x За среќа не направив некој инцидент затоа што по природа имам многу добри рефлекси. Пу пу пу... :lol:

    Почни сама да возиш, на твојата улица прво, до продавница, до блиски места оди сама со кола. Така се учи. Ако некој цело време ти мрчи над глава само ќе се напнеш и повеќе грешки ќе правиш.

    И еден екстра совет од мене - најмногу што треба да пазиш е кога менуваш лента. Знаеш дека ако има кола во лентата до тебе не можеш да ја видиш на ретровизорот. Мене и ден денес ова ме нервира затоа што треба со глава да се свртам позади да видам дали има некој!

    Ќе биде се, трпение само, време и возење.
     
    На wolf4e му/ѝ се допаѓа ова.
  11. melani-melani

    melani-melani Активен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2012
    Пораки:
    52
    Допаѓања:
    6
    Возачка дозвола (и се е можно). Какви возачи сте Вие?

    Најдобро е срцка да се ослободуваш сама,никој со тебе во кола и нема мрчење ;)
     
  12. melani-melani

    melani-melani Активен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2012
    Пораки:
    52
    Допаѓања:
    6
    Возачка дозвола (и се е можно). Какви возачи сте Вие?

    за мене викаат дека сум нервозен возач т,е дека возам брзо и ми сметаат тие што возат 30 на саат кога нема потреба од тоа :)
     
  13. wizardess

    wizardess Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јули 2012
    Пораки:
    79
    Допаѓања:
    46
    Возачка дозвола (и се е можно). Какви возачи сте Вие?

    Девојки, утре полагам тестови. Сакав да ве прашам, што да заокружам? Нели некои тестови се погрешно одговорени во клучот, па дали треба и јас да го заокружам тој погрешен одговор или да си ги одговорам точно, како што треба да бидат, според правилата, без оглед на дадените одговори? Фала!!!
     
  14. Antolinaa

    Antolinaa Популарен член

    Се зачлени на:
    2 октомври 2012
    Пораки:
    2.790
    Допаѓања:
    17.755
    Возачка дозвола (и се е можно). Какви возачи сте Вие?

    Тоа што е точно. Зашто и јас кога полагав на некој од тестовите едно од прашањата(со раскрсниците за предност на минување) на тестот од кој учев беше со друг одговор, а кога полагав на тестот на сликата имаше сообраќаен знак плус на раскрсницата, со што одма се менува одговорот.
    Решавај според правилата.. Тука јас се зезнав :)
     
    На wizardess му/ѝ се допаѓа ова.
  15. wizardess

    wizardess Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јули 2012
    Пораки:
    79
    Допаѓања:
    46
    Возачка дозвола (и се е можно). Какви возачи сте Вие?

    Благодарам за одговорот.
    Поминав на тестовите. Сега уште тешкиот дел, возењето. За тоа ми е повеќе страв, искрено. Велат ретко кој од прв пат да положи. Ќе видиме што ќе биде.
     
  16. Kathlin

    Kathlin Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 октомври 2012
    Пораки:
    153
    Допаѓања:
    232
    Возачка дозвола (и се е можно). Какви возачи сте Вие?

    Ја возим а остале се моле :D
     
    На Spidy му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Spidy

    Spidy Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    4.183
    Допаѓања:
    10.790
    Пол:
    Женски
    Возачка дозвола (и се е можно). Какви возачи сте Вие?

    После 5 часа со инструкторот, мислам дека ќе ме биде :lol:
    Ама апел до тие позади мене на семафори, да не ми свират кога ќе ми изгаси колата. Греота сум бе па, уште се учам, смилувајте ми се, немојте да ме паничите... :sweat:
     
    На Yipman2 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.011
    Пол:
    Женски
    Возачка дозвола (и се е можно). Какви возачи сте Вие?

    ^не се нервирај ама ИЧ.
    мене за 36/38ч. колку се само 1 ми има изгасено-ама денета не беше мојата кола на која учев да возам.
    И исто ми свире...пошто на сите им се брза некаде,ама да ти кажам право апсолутно не им се замарав,ако се брзаат ете им лева лента нека претицаат.Жими се ја незнам имаат ли памет тие што им свират безпотребно на учениците.
     
  19. Rubiii

    Rubiii Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    2.616
    Допаѓања:
    5.416
    Пол:
    Женски
    Возачка дозвола (и се е можно). Какви возачи сте Вие?

    Ние сме ти дива лига народ!
    Скоро видов девојче вежбаше со инструктор во кола, и кај Судска палата на семафорите да сврти, кога и се здаде една кола абе се уби од свирење, колкав натпис дека е автошкола треба да се стави за да се има разбирање????
    Изгледа ги прескокнале почетните часови и директ се пребациле во искусни шоферишта па сега глумат по улициве!

    Ма гонете ги, терајте си право по патот пред вас, што вика татко ми уво нека не те боли ако ти свири, игнор тотален!

    Ај да возат правилно, ама 80% возат како дивјаци и по свои правила, такада релакс ;)
     
    На Annath и Hopeful им се допаѓа ова.
  20. Mrs.Bass

    Mrs.Bass Популарен член

    Се зачлени на:
    7 април 2012
    Пораки:
    897
    Допаѓања:
    7.317
    Возачка дозвола (и се е можно). Какви возачи сте Вие?

    јас имав многу желба за возење арно ама благодарение на комисијата паднав незнам колку пати :D и изгубив желба тоталка..положив и не седнав во кола да возам едно добри 3години ...е сега :!: купивме со мм ми кола а и на работа имам службена и почнав пак да возам (од зорт повеќе) и сега сум си супер...внимавам многу пошто разно разни лудаци возат по скопјево...и почнувам да сакам да возам пак и да имам желба како порано :inlove: