1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Возачка дозвола (и сè е можно). Какви возачи сте вие?

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од Mandarinna88, 15 јуни 2010.

  1. citiesinflames

    citiesinflames Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2012
    Пораки:
    272
    Допаѓања:
    391
    Пол:
    Женски
    извини вака но ова ич не ти држи место. повекјето не возат како што треба и си признаваат. но, има доста исклучоци што возат(не само автомобил) подобро од машките ;) :)
     
    На Daleron му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Daleron

    Daleron Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јули 2014
    Пораки:
    2.996
    Допаѓања:
    16.411
    Пол:
    Женски
    Лапни еден дијазепам пред полагање. За дијазепам се шалам земи 2 таблетки Б6 и ако можеш мисли си дека си со инструкторката, буквално не размислувај дека си пред комисија. Нема никој да ти се дере не се плаши. Опуштено само, затоа што ако се стегаш повеќе грешки ќе правиш.Со среќа.
     
    На Juuuuulie и cvetce93 им се допаѓа ова.
  3. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.071
    Едноставно исклучи се. Не размислувај за нив, преправај се дека не постојат.
    Мене ми беа тотално неприметливи, си ќутеа двајцата позади, тој напред само ми даваше насоки, друг збор не се слушна ни меѓу нив, ни мене да ме прашуваат нешто. Во принцип е таква комисијата, несмеат да ти прават муабет ниту пак да ти се дерат. Ако згрешиш ќе паднеш, тие нема ништо да ти речат ниту да ти се дерат. Не се возбудувај многу и јас бев иста ама кога влегов во кола си гледав пред мене и си мислев само убаво да извозам без грешки, воопшто не им обрнав внимание. Без паника вози си полека, пази на коли, пешаци и знаци и опуштено. Припреми се психички од дома, убеди се и повторувај си во себе дека ќе успееш да положиш и дека нема да ти биде страв ни трема од комисијата, гледај се себе си како веќе да си положила.
     
    На cvetce93 и Daleron им се допаѓа ова.
  4. cvetce93

    cvetce93 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јануари 2011
    Пораки:
    1.434
    Допаѓања:
    575
    ^ Ви благодарам девојки, се надевам дека нема толку да имам трема, првиот пат беше катастрофа ама ете сега знам од прилика како изгледа..
     
  5. dzivdzy

    dzivdzy Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2012
    Пораки:
    58
    Допаѓања:
    22
    јас положив од четврти пат , ах таа трема , а бе нозе ми се тресат не можам да газам на тоа педаљите :) , а инструкторот ми вика ти супер возиш,не знам зашто те буткаат толку пати,технички се ок,ама психички имаш проблем и последниот пат музика во кола пуштено ,они седнаа јас не знам да намалам и смеа кога ме фати и супер извозев и положив и после си викам зошто толку сум се нервирарала ,плачела за глупости , а комисијата малце глуми така строгоќа :) леле па една женска што има занес потрес :) ама на игнор се стави и речи си други работи се важни за нервирање ,после ке се смееш на ова :) држам среќа (y)
     
    На cvetce93 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.071
    Jas od prva poloziv, a prethodno site me plasea demek nema sansi da polozis od prva, site gi butkaat prv pat ama ete ne e taka!
     
    На Hipster, mackica1, SwanMay и 2 други им се допаѓа ова.
  7. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.549
    Допаѓања:
    80.602
    Пол:
    Женски
    И јас исто @mims-89. A немав некое претходно искуство со возење, дома татко ми ме подучуваше одвреме навреме, ама целата работа ја оставивме на инструкторот и номално, мојот труд и работа.

    Според мене, најбитно е да се сконцентрираш само на возењето во тој момент додека си пред комисија и да не мислиш на ништо друго, дури и на нив.
    Ушите ти работат само за да ги слушаш наредбите од инструкторот, си возиш, внимавање на знаци, пешаци, семафори и други ситни нешта каде што можат да те пикираат и да ти замерат и тоа е тоа.

    Мене добро ми оди со исклучување од светот, тоа бев приморана да го извежбам :lol: и немав толку проблем.
    Повеќе ме мачеше помислата дека ако не положам ќе го разочарам татко ми, толку имаше верба во мене, дури ме изненади колку беше позитивен додека земав часови.
    Јас до толку се занесов додека возев, што дури ми се испушти и пцовка несакајќи, кога се присвестив што кажав пропаднав од срам додека чекав да ми светне зелено на семафор и нормално, ми прокоментираа нешто во стил „ситна, ама динамитна уште од старт“. :rofl:(facepalm)

    Мене тремата ме надвладеа додека чекав да се договорат дали ќе ме пуштат. Инструкторот ми беше многу позитивен, ама јас нормално си наоѓав глупости и си правев теории во глава.
    Кога ми честитаа, малку фалеше да заплачам од среќа. :lol:
     
    На Candid, koritsaki, cvetce93 и 2 други им се допаѓа ова.
  8. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    17.819
    Допаѓања:
    102.673
    Пол:
    Женски
    Жени да не отворам нова тема , сакам нешто да прашам во врска со возачка дозвола. Па вака , јас живеам Гр па ме интересира ако извадам возачка дозвола во Мк дали ќе може со неа да возам и овде. Значи зборам за постојано возење. Инаку незнам дали има некаква врска ама немам нивно државјанство само таа дозволата за престој и на пример ако ме запре полиција и ако им ја покажам таа дозвола дали некој проблем ќе ми прават? Пробав пред 3 години да извадам возачка овде но не успеав само си губев време а и доста пари , иако знам солидно јазик неможев воопшто да се снајдам со тие прашања (неможев ништо да разберам) :whew: сега сакам да пробам во мк , може ли некој да ми објасни се како што иде и дали постои некој забрзан процес за да се полага ?
     
  9. black-angel

    black-angel Praefectus Vigilum Член на тимот

    Се зачлени на:
    14 декември 2009
    Пораки:
    2.634
    Допаѓања:
    4.451
    Пол:
    Женски
    Најубаво прашај во АМСМ , би требало да знаат да ти кажат како иде таа процедура
     
    На koritsaki му/ѝ се допаѓа ова.
  10. do-re-mi

    do-re-mi Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2013
    Пораки:
    1.053
    Допаѓања:
    15.937
    @koritsaki можеби е подобро да прашаш во соодветната институција во Грција, пред да полагаш во Македонија.

    Претпоставувам дека нема општо правило на ниво на ЕУ, туку е регулирано со билатерални договори.

    Овде, каде што јас живеам (ЕУ држава), македонската возачка дозвола е признаена, но м о р а да се замени со соодветниот локален документ или со други зборови не се полага, само се оди со македонската дозвола во соодветната институција и ти издаваат возачка со истиот датум кога ти била издадена македонската дозвола. Единствено бараат ново лекарско уверение, ако се работи за дозвола издадена од поодамна. Ова со датумот го нагласувам затоа што, барем овде, е доста важно за осигурителните компании.

    Знам дека директно не ти одговарив на прашањето, но решив да споделам затоа што можеби и во Грција е слично. Затоа најубаво прашај си таму, кај вас.
     
    На koritsaki му/ѝ се допаѓа ова.
  11. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.071
    @koritsaki ако извадиш возачка дозвола во МК за да возиш во друга земја ќе мораш да извадиш и меѓународна возачка дозвола, не се плаќа многу за тоа околу 1000, а ти важи 3 години. Дечко ми секогаш си вади за кога одиме во странство, посебно во земји на ЕУ.
    Значи слободно можеш да дојдеш да си полагаш во МК, штом си земеш тука возачка дозвола, одиш веднаш во АМСМ да ти извадат и документ за меѓународна возачка дозвола. Се пополнува некое барање и слики од тебе и тоа е тоа.
    Во однос на убрзана постапка за полагање на возачка дозвола можеш да направиш само ако се договориш со некоја од авто школите, ако на пример си зимала часови во ГР и знаеш да возиш, тука да ти напишат дека си извозела 36 часа (што мора според закон, ама може и да ти ги напишат, побогу кој ќе знае :^)), а тебе доколку ти се потребни да си земеш само неколку часа. Така процедурата би се скратила за месец дена сигурно. Во меѓувреме можеш да си пријавиш тестови, а полигон и градска во исти ден и тоа е тоа. Обично закажуваат за една недела, баш овој период нема многу гужви ама во Септември им е најфул.
    Одкако ќе положиш возачата ја издаваат во рок од две недели.
     
    На koritsaki му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Samer

    Samer Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 август 2014
    Пораки:
    224
    Допаѓања:
    168
    Пол:
    Женски
    Женски до колку коњски сили може да се вози кола првите две години ?
     
  13. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.777
    Допаѓања:
    22.415
    Пол:
    Женски
    @Samer
    Возач - почетник кој поседува возачка дозвола од "Б" категорија не смее да управува со возило чија сила на моторот е поголема од 75 киловати(100 коњски сили).
     
    На Samer му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.777
    Допаѓања:
    22.415
    Пол:
    Женски
    Уште паралелно паркирање неам асално устручено, за друго сум супер.
    Рикверц ко рикверц, со малку поише вежбање се учи иаку никогаш нема да ми биде омилен.
    Неам проблем со баланс на угорница, дури и без рачна ги владеам икау мислев дека е невозможно.
    Само паркирањево морам да го доусовршам, посрбно во тесните и хаотични центарски паркинзи.

    Кој тврди дека од жена не може да биде добар возач се лаже, јас бев благоужасна кога почнав ама со пракса се се успева. Возење во сите услови, и ноќе и дење и на најголем снег и дожд.
     
  15. BoyL

    BoyL Популарен член

    Се зачлени на:
    1 март 2015
    Пораки:
    1.337
    Допаѓања:
    7.268
    Пол:
    Машки
    Со пракса се стигнува до титула врвен возач..без пракса..ништо..и секако со желба за возење..и со малце мозок у глава додека се вози..:)
     
    На mackica1 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. kala21

    kala21 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2013
    Пораки:
    1.895
    Допаѓања:
    15.405
    Пол:
    Женски
    Има ли некој искуство со инструкторот Масар од АМСМ ?
     
  17. princess5

    princess5 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 април 2010
    Пораки:
    4.842
    Допаѓања:
    34.110
    Пол:
    Женски
    Значи кога почнав првиот час во Асуц мислев дека ке сум анти талент но со самото влегување во кола и почнување да се вози на игнор беа и тие што знае да свират и се останато го прашував инструкторот за се и сешто додека возев за ситуации и слично за на крајот да положам тестови полигон и гратска од прва, иако дента отидов со надеж полигон да положам па ке се доспремам за гратска со некој час плус (советот најдобар на свет-немај трема и вози како што возиш со мене до крај безразлика на се вроди со плод)Среќно на сите но не заборавајте искористете го секој час за усовршување вежбите од полигон ги применував и низ град за на крај да можам да возам Топ!
     
  18. black-angel

    black-angel Praefectus Vigilum Член на тимот

    Се зачлени на:
    14 декември 2009
    Пораки:
    2.634
    Допаѓања:
    4.451
    Пол:
    Женски
    Мене ми беше инструктор , искрено човеков е легенда :D песни си пеевме , цело Скопје го вртев затој час што го имав дента , и плус можеш да му речеш сакам таму да возам не прави проблем
     
    На kala21 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Babushka

    Babushka Популарен член

    Се зачлени на:
    11 декември 2011
    Пораки:
    218
    Допаѓања:
    5.030
    http://www.mfa.gr/usa/en/services/services-for-greeks/driving-license-conversion.html
    greece.angloinfo.com/transport/driving-licences/non-eu-issued-licence/

    Според ова што го пишува на овој greece.angloinfo сајт (не знам колку е веродостоен, побарај подобро релевантни информации на грчки), македонската возачка би ти важела само 6 месеци во Грција. Конвертирање на дозволата во грчка важи само за одредени земји, не и Македонија, според сајтов на министерство за надворешни на Грција. Така да после 6 месеци пак би требала да преполагаш.

    Кај мене беше потполно истиот случај (живеам во друга ЕУ држава), по 6 месеци морав да преполагам. Во МК положив се од прв пат, а тука праксата ја преполагав 4 пати (facepalm). Мене лично ми беше мана тоа што имав возачка од МК и бев навикната на градско возење. Искрено во Скопје инструкторката, па ни за време на полагањето, никој не ми приговараше за тоа колку гледам во ретровизори. Овдека 2 пати паѓав со изговор од комисијата: "Не гледаш доволно наоколу, јас живеам во овој град, утре моето дете ќе вози точак на оваа улица, па нема да го видиш кога ќе вртиш." (а задолжително е прво нели визуелна контрола напред/лево/десно, внатрешен+надворешен реторвизор+преку рамо, жмигавец, сортирање, последна контрола, па дури тогаш вртење). И секако има право човекот, најпрво почитување на правилата, а поголема сигурност се стекнува понатака со пракса.
     
    На princess5 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Bonx

    Bonx Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 мај 2015
    Пораки:
    38
    Допаѓања:
    44
    Пол:
    Женски
    Секогаш велам. Ако јас положам, сите можат, и „сакати“ и „ќорави“. Значи толку сум разочарана од самата себе за тоа возење,што нема до каде.Ми доаѓа да рикнам на цел глас.Кој ѓавол ме тера и јас да започнам со тоа полагње. (facepalm)
    Од една страна несакам моите да ги разочарам, а и стално ме напнуваат за тоа.. од друга страна, немам бе желба, вољја, да седам пак во таа кола, на таа инструкторка!! Значи немам.
    Полоша инстукторка, амин!! Или полош шовер,..(од мене) незнам..
    Положив тестови..ајде.. Е сега бе полигон?! Како?!Пооооооојма немам.Ќе повежбам неколку часа пред полагање, ама јас уште од сега имам трема.А веќе минаа и доста месеци од часовите како ги возев..ама..до мене е.:worried:
    Жива ќе се изедам!!Кога (ако) ќе положам еден ден, сите ќе ги частам, сите.8-|
     
    На Juuuuulie му/ѝ се допаѓа ова.