Вошки. Како се справувате со нив?

Дискусија во 'Коса' започната од sara.kiss, 31 август 2011.

  1. sara.kiss

    sara.kiss Нов член

    Се зачлени на:
    1 август 2011
    Пораки:
    43
    Допаѓања:
    0
    Дали сте имале вошки? И како се справувате со нив?
    Веќе три години се мачам никако неможам, се имам пробувано..!
     
  2. anastasijaki

    anastasijaki Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    2.035
    Допаѓања:
    1.707
    Пол:
    Женски
    ПОМОШ::

    Ти ова сериозно? :?: :|
     
    На tHeBeAuTyFoReVeR му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    5.641
    Допаѓања:
    22.699
    ПОМОШ::

    Леле само што прочитав,се зачешав.
    Како бе 3 години?! Па има шампон и чешел,за кратко се чистат.Нема човек што немал,ама за вака постојано,мора да имаш извор од некаде од каде што се полниш цело време.

    Леле беља ми направи,почна цела глава да ме чеша.Кога бев мала фатив вошки и после се плашев да не ми ги видат во автобус или на гости,цело време и викав на мајка ми,мамо види,ми се гледа,дури и кога ме исчисти.Се опседнав со вошките! :D
     
    На LittlePinky и kitfox2010 им се допаѓа ова.
  4. Plavusa.17

    Plavusa.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    4.101
    Допаѓања:
    5.912
    ПОМОШ::

    Шампонот Милион ли како се викаше не знам не запамтив добро, ама иам слушнато дека многу не помагал. Значи, хидрогенот ги уништува, ама потоа остануваат суви гниди по прамените и тоа ќе ти требаат нерви да ги извадиш зошто се залепени на влакното, ама барем знаеш - мртви се. Мој предлог, офарбај се барем најблиску до твојата природна и стави само во коренот, не мора и влакната зошто тие нели во коренот се моткаат. Со среќа!
     
    На FotoLina3 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Ashling

    Ashling Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 декември 2010
    Пораки:
    1.191
    Допаѓања:
    2.400
    ПОМОШ::

    Ишишај се.
     
  6. martinuska

    martinuska Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2010
    Пораки:
    3.112
    Допаѓања:
    3.688
    ПОМОШ::

    Шампон, чешел и ако не успее тоа нека те седне некој и нека ти ги вади од коса :!: .

    И јас се зачешав. Пу пу пу скраја било, далеку било :geek:
     
    На tHeBeAuTyFoReVeR му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Asterion

    Asterion Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 март 2011
    Пораки:
    271
    Допаѓања:
    972
    Како бре луѓе? :o Ова возможно е ???

    Ишишај се кратка коса и земи си од оној шампонот против вошки и специјалниот чешал и нема шанса да не ги истребиш.

    Се сеќавам како мала 2 пати фаќав вошки. И уште тогаш имав долга коса и мајка ми ќе ми се измиеше со оној специјалниот шампон, и на земја ќе постелеше бел шаршав и така со мокра коса ќе ме наведнеше и ќе започнеше да ме чешла. Имаше дожд од вошки тогаш мајке ми, кога ќе се сетам ! :rofl: :rofl:
     
    На LittlePinky му/ѝ се допаѓа ова.
  8. sanjaeva

    sanjaeva Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    1.214
    Допаѓања:
    1.739
    Има еден гел, се вика М-ГЕЛ. Го има речиси во сите аптеки, Се става на коса, убаво и рамномерно насекаде. Треба да стои 24 часа. Нема да ти биде никаков проблем и да излезеш бидејќи не се приметува дека нешто имаш ставено. И после чешлање.

    Гелов се користи и превентивно кај школски деца кои најчесто се изложени да и донесат на мама полни раце работа :)

    Арно ме потсети да направиме една превенција пред првиот час.

    И налет!!!! Ме одкорна главава од чешање.

    п.с. многу ме вадат од кожа родителите кои се прават на тошо и мува не ги лази што децата им се како подвижен инсектариум кој има тенденција да се прошири и во соседното главче.
     
    На FotoLina3 и Nath10 им се допаѓа ова.
  9. INSIDIOUS

    INSIDIOUS Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јули 2011
    Пораки:
    705
    Допаѓања:
    499
    леле ме насмеа истата сум и јас
    кога бев мала повеке пати се имам напунето вошки и после и коа ги исчистам пак ме чеша :lol: од тогаш со никој “глава у глава' си ја слушам мајками :D

    инаку фајде не знам :worried: се секавам мене ми ставаа една смрдлива вода забораив како се викаше (да нне беше етер :?: или не :?: ) не беше за коса ама фајде имаше И вошките неможеа да ја поднесат смрдлавата :D :D
    и ти така 3 години си ги чуваш а :D алал да ти е , арно главата не ти ја изедоја :)
     
  10. RainBow

    RainBow Форумски идол Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    12.610
    Допаѓања:
    12.750
    Пол:
    Женски
    Абе човек и да се исчисти џабе е ако другите не се исчистат. Ние имавме таков проблем како деца. Чисти, чисти, а еден не се дочистил и пак сите.
    Уф кога ќе ми текне на периодот :x Само шампони, чешли, натаму-наваму. И тама пораснала косата ајде ножиците пропратено со плачење ;(
    Лошо, лошо... Ама среќа период беше.
     
    На FotoLina3 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    5.641
    Допаѓања:
    22.699
    Ама најкомично беше кога и мајка ми ќе ја префатеше и ко мајмуни дома,она мене,татко ми неа,онака вовче,а мене ми спие душата,а она чисти ли чисти.Ма ни шампон,ни чешел не помагаше кога ќе се умножеа ради негрижливи родители кои не си ги чистеа децата. :D
    И така еден сончев ден на мајка ми и прекипе и собра родителска у маало да им каже на родителиве дека ситуацијава е неподнослива зошто имав и инцидент на едно јавно место ни крива,ни дужна (уствари и така почнав да прашувам дали ми се гледа нешто на глаата :D ),а башка што и она фати,вика одам на работа,колешките ќе ги напунам,само јас имам мало дете во канцеларија,плус само шампони едно цело лето се купуваа.Видоа-не видоа,засрамени по дома и си ги спастрија децата,ама јас го изедов стапот наречен јавен срам заради малите гадови наречени вошки! :D
     
    На AIT и kitfox2010 им се допаѓа ова.
  12. kristii

    kristii Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 април 2010
    Пораки:
    1.297
    Допаѓања:
    349
    Има различни шампони кои би ти помогнале.Но и чешел,и тоа специјален,се купува во аптека со тесни и многу запци вистина е поскап,ние пред неколку години го земавме 800 денари али сега не знам колку е.Тој е многу ефикасен ги ваѓа дури и гнидите.
     
  13. Gea

    Gea Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    949
    Допаѓања:
    8.286
    Со било кој шампон за вошки тие се чистат, меѓутоа гнидите не се уништуваат и тие пак стануваат вошки.Најефикасен лек против гниди и вошки е ракијата „Мастика“.Значи се втрива длабоко во коренот и низ целата коса,потоа се става најлон кеса на главата и врз него се мота стар пешкир.Така намачкана главата треба да стои 2 часа и потоа да се измие.
    Работам со деца и постојано се соочуваме со овој проблем,а ова е пробано и докажано.
     
    На Jojoba му/ѝ се допаѓа ова.
  14. RainBow

    RainBow Форумски идол Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    12.610
    Допаѓања:
    12.750
    Пол:
    Женски
    Ау јас ова не сум го знаела со ракијава. Мада мислам дека татко ми на времето не би ја трошел ракијата за вакви работи :lol:
    Ние дури по некое време откривме кое е девојчето што не го чистат. Па после се реши проблемот и конечно се отарасивме од нив.
     
  15. Doozy

    Doozy Популарен член

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    2.312
    Допаѓања:
    16.637
    Како бе три години имаш вошки, па јас досега на лекар ќе одев! :o Со хируршка интервенција ако треба
    ќе си ги извадев. :x Три години, човече, па не е малку. Мислам, како сфаќам дека не се предвидува ова, но донекаде е и твоја вина. Три години, се запрепастив. :x

    Имаш шампони, чешли, триста чуда. Ај сфаќам да живееме пред сто години, се драпале сите, ама денес барем се имаш. Ќе се измиеш убаво со шампонот. Ќе се исчешлаш. Навлаки од перници менувај секој ден, тоа гнидите паѓаат таму. Некој нека те треби секој ден, мајка, сестра, татко.. Не се оставај така. ОДИ на лекар бре, нека ти даде нешто. И ишишај се, жити се. Немој да речеш дека имаш долга, руса коса... Божее. :tmi:

    Ц ц ц, стварно. Стварно на газ паднав од темава. Не сакам да ти се потсмевам, немој да ме сфатиш погрешно, но три години да живееш со гости на глава.... :o
     
    На soki.poki и mims-89 им се допаѓа ова.
  16. Gunshine

    Gunshine Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 мај 2010
    Пораки:
    820
    Допаѓања:
    600
    Па немам потреба да се справувам ако се земе во предвид фактот дека не ги оддржувам многу многу...

    Иако, периоди вошливи имало...
    И ми навлегло во психата и нејќам сеа да ми буричка некој во глава.
     
  17. n.a.t.t.y

    n.a.t.t.y Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2011
    Пораки:
    603
    Допаѓања:
    735
    Не сум имала неколку години, пу пу, да не се урочам, од кога ја отворив темава мислам дека имам стадо вошки на глава.
    Инаку мама им ја зимаше мерката. :D
     
  18. angel4e121

    angel4e121 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 август 2010
    Пораки:
    687
    Допаѓања:
    281
    Јас со вошките се запознав по неполн месец,од многу луѓе што иде да ме гледаат,и имал некој и она се залетала во мене а јас 5 влакна имав на косата,и постојано сум носела капчина и сум почнала да се нервирам да се гибам на глава и си мислеле моите дека ме нервира капата и мајками кога ми ја вадела видела дека имам една вошка,само една била и ми ја извадила,а друг пат имам последно фатено кога бев забавиште,тогаш сите во школото фаќаа вошки,дури и на вести кажувале,ова беше пре точно 9 години,од тогаш фала му на бога немам фатено.
    А иначе да кажам како се справив со нив,мајками купи од аптека шампон за против вошки и чешел,прво ме чешлаше за да паднат неколку и после ми ја изми косата со ѓампонот и стави најлон на глава памтам да ми постои шампонот и по некое време кога ја миев косата сами паѓаа вошките.


    Каде ја видов брее темава сега ме чеша главата :sweat: :lol: :lol: :lol:
     
  19. x.Daisy.x

    x.Daisy.x Популарен член

    Се зачлени на:
    24 август 2010
    Пораки:
    1.451
    Допаѓања:
    1.730
    Мислам дека самата тема ми направи вошки во главата. :fubar:
     
    На princess3 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Jojoba

    Jojoba Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 април 2011
    Пораки:
    868
    Допаѓања:
    690
    Потврдувам. Како мала често фаќав вошки од градинка, а имав долга коса и не давав да ми ја чепнат. Не шампони, не прашоци ништо не ги уништуваше скроз. И тетка ми тогаш работеше како воспитувачка во градинка и кажа на мајка ми за мастикава, стварно делува уште одма. На ќесата имаше памтам умрени вошки :x
    Како и да е сега ме зачеша, фала!!! :D Инаку редовно ја терам мајка ми да ме проверува, и стално се мршти али се возам по автобуси едно др шубе ми е!
     

Сподели ја оваа страница