1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Гибаница

Дискусија во 'Рецепти' започната од mime87, 25 јануари 2013.

  1. mime87

    mime87 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2010
    Пораки:
    3.956
    Допаѓања:
    6.949
    Пол:
    Женски
    Ајде жени кажете рецепти за гибаница :) ?
     
  2. Guillotine

    Guillotine Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2013
    Пораки:
    74
    Допаѓања:
    75
    Гибаница со сирење,јогурт и јајца

    Потребни состојки:
    -500 гр. кори
    -300-500 гр сирење (ова 300 до 500 грама по желба кој колку сака мастрав)
    -5 јајца + 2
    - 1 филџан јогурт (200 мл) + 100 мл
    - 1 филџан масло
    - 1 филџан кисела вода

    Постапка:

    Изматете ги јајцата,јогуртот и киселата вода во подлабок сад и посолете (солта зависи од соленоста на сирењето).
    Во четвртаста тепсија намачкана со масло наредете една третина од корите (околу 5,зависи од дебелината) но секоја кора попрскајте ја со врело масло.
    Истурете половина од смесата со сирење додека да ги покриете корите,а потоа уште еднаш истата постапка со втората третина кори (кои пак засебно ги прскате зо врело масло),и повторно ги прекривате со втората половина смесата од јајца,сирење и јогурт.
    На крајот наредете ги останатите кори по истата постапка со врело масло и рамномерно исечете ја гибаницата на коцки со големина по желба.
    Останатите 2 јајца и 100 мл јогурт изматете ги до степен да немаат грутки и полијте ја гибаницата.
    Печете на загреана рерна од 180 степени 35 минути или зависи (секоја релна е различна)
    И на крај кркајте со јогурт и со сласт :) :)

    На здравје нека ви е,ние дома редовно ја правиме и совршена е...Добар апетит
     
  3. mime87

    mime87 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2010
    Пораки:
    3.956
    Допаѓања:
    6.949
    Пол:
    Женски
    Ти благодарам за рацептот ќе направам имам пробано и префкусна ми беше :$
     
    На Guillotine му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Guillotine

    Guillotine Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2013
    Пораки:
    74
    Допаѓања:
    75
    Нема да згрешиш.
    Јас пред неколку години викав бфффф гибаницааа. :puke:
    И мајками едно сабајле направила пита(гибаница) и се пукнав од јадење кога ми кажа што е лелеле поголем мајстор немаше од мене и во јадење ,а еве неколку години подоцна и во правење баш на овој истиов рецепт,ем брз ем вкусен. ;)
     
  5. Chupe

    Chupe Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2011
    Пораки:
    656
    Допаѓања:
    421
    Јас гибаницата ја правам на следниов начин
    Во подлабок сад за матење ставам
    4 јајца
    250 грама урда или сирење,
    250 милилитри јогурт,
    200 милилитри кисела вода
    100 милилитри масло за јадење
    и една лажичка пециво.
    Сето ова го матам со вилушка и кога ќе се соедини земам една по една кора , значи ја ставаш кората во садот во кој што матеше и ја наквасуваш цела, ја гужваш во топка (нормално со неправилен облик) и ја ставаш во тавче кое претходно е намрсено со масло или маргарин. Ја повторуваш постапката со секоја кора и на крај тоа што ќе ти остане од зајрето го потураш врз корите. се пече на 200 степени околу 25-30 минути. Гибаница за мерак искача
     
    На joy1 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. imelda

    imelda Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    1.622
    Допаѓања:
    10.343
    Корите од што тесто се? Дали можам сама да ги спремам?
    Или ако може да ми кажете кој ги произведува, да ги прогуглам па да барам некои слични готови.
     
  7. majicka

    majicka Популарен член

    Се зачлени на:
    21 ноември 2009
    Пораки:
    298
    Допаѓања:
    954
    Пол:
    Женски
    ^ Имелда јас ја правам истата пита со кори специјални за пита,паковани се во пакетче четвртасто и на него пиши Кори за пита и има цена-50ден ;) Корите ти се исти како оние за баклава сама мала работа подебели,пошто нели за пита се :D Треба да ги има сегде,јас ги купив од локалната продавница,цената е иста сегде,втисната на кесичката,50 денари ;)
     
  8. artemis

    artemis Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јуни 2010
    Пораки:
    358
    Допаѓања:
    324
    Пол:
    Женски
    Горниве рецепти се слични какомојов (денес правев, пак супер испадна)

    Состојки:
    - 3-4 јајца
    2 филџани (средни) зејтин
    4 филџани кисела вода
    1 филџан јогурт
    300-400 гр сирење
    1 печиво
    кичевски кори (најубави се за гибаница, ги има во Тинекс и Тедико)

    Ги матите јајцата, па ставате зејтин, к. вода, јогурт, сирење (сечкано на парченца ситни), печиво.
    Тавата ја премачкувате со зејтин. Ставате 2 кори и оставете краеви на работ на тавата за на крај да покриете. Другите кори ги гужвате, ги ставте во смесата и зафаќате со рака и ги редите како топчиња во тавата. Оставете две кори за да покриете (ама онака растресено) и на крајот со рабовите од најдолните кори покријте. Издупчете ги горните кори за да не бидат суви. Печете околу половина час на 180 степени. Кога горните кори ќе добијат убава жолто-кафена боја, гибаницата е готова.
    Најдобро од се е што подготовката трае 15 минути.
    Бон апетит!!!
     
    На gorda му/ѝ се допаѓа ова.
  9. gorda

    gorda Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 август 2012
    Пораки:
    134
    Допаѓања:
    76
    Ja napraviv po ovoj recept na artemis, super ispadna, so pate d'or kori za pita